враќање на работа – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 19 Nov 2020 10:07:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.5 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png враќање на работа – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Вработени во Фејсбук ја обвинуваат компанијата дека ги принудувала да се вратат во канцеларија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vraboteni-vo-fejsbuk-ja-obvinuvaat-kompanijata-deka-gi-prinuduvala-da-se-vratat-vo-kancelarija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vraboteni-vo-fejsbuk-ja-obvinuvaat-kompanijata-deka-gi-prinuduvala-da-se-vratat-vo-kancelarija/#respond Thu, 19 Nov 2020 10:07:23 +0000 https://kurir.mk/?p=431629

Повеќе од 200 вработени во Фејсбук ширум светот во отворено писмо ја обвинија компанијата дека ги принудувала да се враќаат во канцелариите и покрај ризикот од коронавирусот. Модераторите на содржина на Фејсбук тврдат дека компанијата „непотребно ги ризикува нивните животи заради профит“. Тие го повикаа Фејсбук да усвои измени во својата деловна политика што ќе му овозможи да продолжи да работи од далечина и други поволности, како што е бонус за ризик, пренесува Би-Би-Си. Фејсбук објави дека повеќето потписници на писмото работат од дома и дека ќе продолжат да работат на тој начин до крајот на пандемијата. „Веруваме во отворен внатрешен дијалог, но таквите разговори мора да бидат искрени“, рече портпаролот на компанијата. Фејсбук во август објави дека вработените во компанијата можат да работат од дома до летото 2021 година. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vraboteni-vo-fejsbuk-ja-obvinuvaat-kompanijata-deka-gi-prinuduvala-da-se-vratat-vo-kancelarija/feed/ 0