враќање – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 10 Sep 2020 13:32:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png враќање – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Власта во време на корона удри по хронично болните, и тие ќе мора да се вратат на работа https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vlasta-vo-vreme-na-korona-udri-po-hronichno-bolnite-i-tie-kje-mora-da-se-vratat-na-rabota/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vlasta-vo-vreme-na-korona-udri-po-hronichno-bolnite-i-tie-kje-mora-da-se-vratat-na-rabota/#respond Thu, 10 Sep 2020 13:32:35 +0000 https://kurir.mk/?p=401640

Прво беше донесена одлуката дека хронично болните мора да се вратат на работа и беа ставени пред свршен чин, па отпосле беше закажана средбата на министерот за здравство Венко Филипче со нивни претставници, односно нивните здруженија со цел тие да ги дадат нивните предлози за нивно враќање на работа. Ова е односот на власта кон оние кои се најзагрозени и може многу лесно да дојде до компликација па дури и до губење на нивниот живот во случај да се заразат со коронавирус на нивните работни места. Иако тие до владата доставија барање за пред да се вратат на работа да се изготви листа на коморбидитети кои се појавуваат кај лицата починати од КОВИД-19 со цел да се процени ризикот и да се утврди кои од нив може безбедно да се вратат на работа, а оние кои се со највисок ризик на смртност и понатаму да останат дома. Ваквото враќање на оваа категорија на лица беше критикувана и од страна на стручни лица како што е и професорот на Медицинскиот факултет, Никола Пановски кој во интервју за Канал 5 ТВ зборувајќи за отварањето на градинките и одлуката за враќање на хронично болните на работа ја нарече тотална неподготвеност на институциите. -Училиштата требаше да се отворат многу порано, а за прво одделение и прва година средно со физичко присуство, за да се запознаат со наставниците. Сепак, ова е тотална неподготвеност и плус со тоа кога ќе ја додадете и одлуката за враќање на работа на хронично болните лица, изјави Пановски. После ваквите избрзани одлуки без претходна анализа со цел безбедно враќање на хронично болните на работа, се поставува прашањето дали и кој ќе сноси одговорност доколку враќањето на работа на оваа деликатна категорија на граѓани резултира со губење на животот на некој од нив?]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vlasta-vo-vreme-na-korona-udri-po-hronichno-bolnite-i-tie-kje-mora-da-se-vratat-na-rabota/feed/ 0
Владата одлучи: Хронично болните се враќаат на работа https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-odluchi-hronichno-bolnite-se-vrakjaat-na-rabota/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-odluchi-hronichno-bolnite-se-vrakjaat-na-rabota/#respond Wed, 09 Sep 2020 17:23:47 +0000 https://kurir.mk/?p=401258

Владата на денешната трета седница го усвои предлогот на Комисијата за заразни болести за враќање на работа на хронично болните, со исклучоци. – Вработените лица кои се ослободени од работа врз основа на утврдената листа на хронични болести да се вратат на своите работни места и на редовно извршување на работните задачи. Исклучок од ова ќе бидат само лицата (пациенти) кај кои болеста е во фаза на егзацербација (влошување) и за оние со малигна болест, за кои ќе биде дадена потврда со наод и мислење од лекар специјалист, врз основа на која потврда овие лица ќе користат боледување, информираат од владината прес-служба. Во рамки на седницата е одлучено бремените жени да продолжат да ги користат владините мерки. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-odluchi-hronichno-bolnite-se-vrakjaat-na-rabota/feed/ 0
Реакции на одлуката за враќање на хронично болните на работа – 80% од починатите се со коморбидитет https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/reakcii-na-odlukata-za-vrakjanje-na-hronichno-bolnite-na-rabota-80-od-pochinatite-se-so-komorbiditet/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/reakcii-na-odlukata-za-vrakjanje-na-hronichno-bolnite-na-rabota-80-od-pochinatite-se-so-komorbiditet/#respond Mon, 07 Sep 2020 20:00:27 +0000 https://kurir.mk/?p=400393

-Како да му објаснам на мојот колега медицински техничар кој има три стента, дијабет, ХОББ и други заболувања дека од утре ќе може безбедно да доаѓа секое утро на работа со автобус и ќе може да ги боцка пациентите со 40 температура, а мојата драга медицинска сестра млада и потполно здрава треба да седи дома до крајот на годината. Ова прашање го поставува доктор Нико Беќаровски од Токсикологија по предлогот на Комисијата за заразни болести - хронично болните и лицата со малигни заболувања да се вратат на работа. Беќаровски вели дека кога тој го полагал испитот Епидемија пред 33 години, професорот ги учел дека треба да бидат изолирани ризичните категории а останатите ќе ја победат епидемијата порано или подоцна. – Ние денес, младите ги чуваме дома, пензионерите ни висат пред маркетите и банките а хронично болните ги враќаме на работните места, пишува докторот. Ковид статистиката покажува дека дури 80 проценти од починатите од корона вирусот имале коморбидитети. Здравствените власти пак, лицата со астма, ХОББ, дијабет, срцева слабост и рак на бели дробови ги враќаат на работа бидејќи листата на заболувања била многу долга. Речиси 6 месеци беа ослободени од работни обврски поради ризик од компликации а сега ќе бидат во работните простории и тоа во време на есенскиот бран што го најавуваат, реагираат граѓани по социјалните мрежи. Кардиоваскулар ните заболувања се само дел од палетата на дијагнози кај кои корона вирусот може да предизвика сериозни компликации. -Утврдено е дека корона вирусот предизвикува компликации на кардиоваскуларниот систем и затоа пациентите кои имаат хронични промени се поосетливи на комликации доколку дојдат во контакт со вирусот. Затоа и беа ослободени од работа. За да се заштитат на работните места условот е строго почитување на протоколите и мерките на заштита. Доколку тоа не се почитува тие луѓе ќе бидат со зголемен ризик, вели др. Антонио Антовски кардиолог во ГОБ 8-ми септември. Дали има прогресија на заболувањето со која хроничниот болесник ќе биде ослободен од работа, доктор Антовски вел идека лекарите ќе мора индивидуално да проценуваат. -Тоа всушност се акутни влошувања кај пациенти со хронични болести. На пример, кај срцева слабост ако добро се придржува на терапијата, лековите му влијаат, тој е во добра состојба, што пак не е исто кај оној кој има влошена состојба, вели др. Антовски. На листата на дијагнози согласно која хронично болните досега беа ослободени од работа се – ХОББ, астма, фиброза, акутен миокарден инфаркт, венска тромбоза, дијабетес, состојба по трансплантација на бубрег, лупус, и сите малигни заболувања.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/reakcii-na-odlukata-za-vrakjanje-na-hronichno-bolnite-na-rabota-80-od-pochinatite-se-so-komorbiditet/feed/ 0
План за детокс: 5 начини за враќање на енергијата https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/plan-za-detoks-5-nachini-za-vrakjanje-na-energijata/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/plan-za-detoks-5-nachini-za-vrakjanje-na-energijata/#respond Tue, 25 Aug 2020 13:44:57 +0000 https://kurir.mk/?p=395271

И на телото му треба чистење од време на време, затоа немојте да бидете мрзливи, бидејќи за тоа ви треба само малку волја, а придобивките што ги добивате се многу значајни – една од првите добри работи е обновување на енергија. Прејадувањето со специјалитети и пиењето вино влијае не само на вашата фигура, туку и на кожата на лицето. Се разбира, не сакаме да кажеме дека мора да се откажете од добра храна и да „се фрлите“ на енергичен тренинг, но со овие пет трикови ќе го забрзате метаболизмот и ќе изгледате и ќе се чувствувате подобро. 1. Во текот на денот, пијте околу 1,5 литар вода со малку свежо исцеден лимон. 2. Негувајте ја уморната кожа на лицето со маска – едноставно направете ја од јогурт, малку банана и лажица мед или маслиново масло. 3. Брза прошетка – половина час е доволен, а доколку имате еден час слободен, поминете го на свеж воздух. Ова ќе ви помогне да се ослободите од надуеноста. 4. Јадете овошје – навистина ви требаат витамини. Портокалите и мандарините се одличен избор затоа што се полни со витамин Ц. 5. Направете 30 скока „jumping jack“ (скокајте додека ги кревате рацете над главата и ги ширите нозете нанадвор). Ова ќе ја стимулира циркулацијата и ќе ја врати бојата на образите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/plan-za-detoks-5-nachini-za-vrakjanje-na-energijata/feed/ 0
Бакајоко близу до враќање во Милан https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/bakajoko-blizu-do-vrakjanje-vo-milan/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/bakajoko-blizu-do-vrakjanje-vo-milan/#respond Sun, 23 Aug 2020 12:14:16 +0000 https://kurir.mk/?p=394144

Милан се приближува кон обезбедување нов заем за играчот од средниот ред на Челси, Тиемуе Бакајоко, објавија Џанлука Ди Марцио и Фабрицио Романо. По долги преговори меѓу двата клуба поради категоричната позиција на тимот од Лондон да го продаваат играчот трајно, во последните часови ситуацијата се смени. „Сините“ сега се подготвени да ја задоволат желбата на „росонерите“ за отстапување со опција за купување, а целата операција ќе изнесува 30-32 милиони евра. За Бакајоко, преселбата во Милан е приоритет, и покрај интересот за него од англиските тимови. Тој чека трпеливо и нема да биде проблем да ги договори неговите лични услови. Французинот веќе помина едногодишен заем кај гигантите од Милано во сезоната 2018/19 година, кога одигра 31 натпревар. (MИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/bakajoko-blizu-do-vrakjanje-vo-milan/feed/ 0
Манчини е незадоволен од евентуалното враќање на Липи во раководството на италијанската фудбалска федерација https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/manchini-e-nezadovolen-od-eventualnoto-vrakjanje-na-lipi-vo-rakovodstvoto-na-italijanskata-fudbalska-federacija/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/manchini-e-nezadovolen-od-eventualnoto-vrakjanje-na-lipi-vo-rakovodstvoto-na-italijanskata-fudbalska-federacija/#respond Thu, 23 Jul 2020 11:12:13 +0000 https://kurir.mk/?p=380236

Селекторот на Италија, Роберто Манчини е незадоволен што не бил консултиран за одлуката Марчело Липи да биде вклучен во работата на Италијанската фудбалска федерација (ФИГЦ). – Манчини е разочаран што претседателот на ФИГЦ, Габриел Гравина не го информираше за идејата за враќање на Липи. Враќањето на Липи се заканува да го поткопа влијанието на Манчини, кому му беше дозволено да се консултира со раководителите на младите селекции, објави „Кориере дело спорт“. Манчини, наводно, добил три понуди од клубовите во Премиер лигата па неизвесно е дали и во иднина ќе остане селектор на Италија. Претходно беше објавено дека 72-годишниот Липи може да стане технички директор на италијанските репрезентации. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/manchini-e-nezadovolen-od-eventualnoto-vrakjanje-na-lipi-vo-rakovodstvoto-na-italijanskata-fudbalska-federacija/feed/ 0
Во Австрија издадена уредба за постепено враќање на економијата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-avstrija-izdadena-uredba-za-postepeno-vrakjanje-na-ekonomijata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-avstrija-izdadena-uredba-za-postepeno-vrakjanje-na-ekonomijata/#respond Fri, 10 Apr 2020 09:07:31 +0000 https://kurir.mk/?p=330096

Во Австрија од 14 април ќе бидат отворени продавниците за градежни и градинарски материјали, како и сите други продавници со максимална површина до 400 метри квадратни. Тоа е предвидено со уредба издадена од министерот за здравство Рудолф Аншобер, која се однесува на постепено повторно придвижување на економијата, односно отворање на продавниците кои беа затворени поради рестриктивни мерки во борбата против коронавирусот. Според таа уредба, продавниците ќе работат од 07:40 до 19 часот. Трговските центри ќе останат затворени до мај, како што беше претходно најавено во планот за постепено враќање во нормала.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-avstrija-izdadena-uredba-za-postepeno-vrakjanje-na-ekonomijata/feed/ 0
Одбраната бара од Апелација враќање на пасошот на Орце Камчев https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odbranata-bara-od-apelacija-vrakjanje-na-pasoshot-na-orce-kamchev/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odbranata-bara-od-apelacija-vrakjanje-na-pasoshot-na-orce-kamchev/#respond Thu, 23 Jan 2020 15:30:18 +0000 https://kurir.mk/?p=293725

Јордан Камчев веќе неколку пати ја користел претходно издадената времена исправа за патување, што покажува дека нема да се даде во бегство, додека понудената гаранција од над 3 милиони евра е многу сериозна, особено што се однесува на враќање на патна исправа, а не на мерката притвор. Ова го наведе одбраната на осомничениот во „Империја“ бизнисменот Јордан Камчев, образложувајќи ја денеска пред Апелацискиот суд во Скопје, жалбата за укинување на мерката претпазливост и одземање на патна исправа, со предлог хипотека. Адвокатот Антонион Апостолски, образложувајќи ја жалбата, рече дека судот претходно му определил времена исправа за патување и обвинетиот неколку пати ја користел, што покажува дека не држи наводот дека ќе се даде во бегство, како и дека е доставена дополнителна гаранција со вкупна вредност од 3,18 милиони евра. – Не е направно вештачење и наведената штета се само наводи на обвинителството. Можеа овие година и нешто колку трае истрагата да направат проценка за судот точно да знае, изјави Апостолски. Дополнително, посочи дека понудената гаранција од над 3 милиони евра е многу сериозна, особено што се однесува на враќање на патна исправа, а не на мерката притвор. Јавен обвинител од Вишото обвинителство, образложи дека, немало суштествена повреда на постапката и дека останува на писменото барање за отфрлање на жалбата како неоснована. Судот, во образложението на одлуката, наведува дека се уште постојат причините поради кои е одземена патната исправа, имајќи ја предвид тежината на делото за кое се терети, двојното државјанство и тоа дека понудената гаранција е помала од имотно-правната корист со која се стекнал. Одлуката ќе биде соопштена преку првостепениот суд.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odbranata-bara-od-apelacija-vrakjanje-na-pasoshot-na-orce-kamchev/feed/ 0
За пола Македонија ова е јавна тајна, само Царовска нема абер за враќање на минималната плата кај газдите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/za-pola-makedonija-ova-e-javna-tajna-no-carovska-nema-aber-za-vrakjanje-na-minimalnata-plata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/za-pola-makedonija-ova-e-javna-tajna-no-carovska-nema-aber-za-vrakjanje-na-minimalnata-plata/#respond Fri, 17 Jan 2020 13:07:17 +0000 https://kurir.mk/?p=291220

Вицепремиерката Мила Царовска нема поим за јавната тајна дека работниците враќаат дел од минималната плата во голем дел од државата. Такви информации немало, тврди Царовска. -Засега добро тече исплатата на покачената минимална плата на 14.500 денари и тоа е поврзано со мерката за субвенционирање на раст на плати. Сигурна сум дека доколку имаме целосен мандат од четири години ќе постигнеме минимална плата од 16.000 денари, тврди денеска предизборно вицепремиерката. -Во суштина со мерката за субвенционирање на раст на плати работодавачите порано ги покачија платите и ја постигнаа минималната плата. До мене не е стигната информација дека некој не ја исплаќа минималната плата и засега нема одредена реакција од здруженијата и синдикатите. Имав завчера состанок со стопанските комори и сите синдикати и вакво прашање не беше отворено. Сепак, не можеме да очекуваме 100-процентна реализација на која и да е мерка во државата, но досега не е подигнат аларм. Ако има такво нешто сакам веднаш да се согледа и да се реагира од Трудовиот инспекторат, рече Царовска во одговор на прашање на денешната прес-конференција во Владата. Од друга страна, додека Царовска тврди дека нема поим за такво нешто, на социјалните мрежи врие од вакви податоци, особено во источниот дел од земјата, каде јавна тајна е дека работниците се принудени на работодавачите да им враќаат дел од платата за да останат на работа. Факт е дека работниците се плашат да пријават, но власта треба да стори и нешто за да го истражи тоа, секако, доколку газдите на фабриките не се нивни финансиери. Сепак, ваква информација до сега на дошла до Мила Царовска, социоогот кој сега е вицепремиер за економија и која денеска оддржа промотивен, преизборен прес за големите економски успеси на оваа влада.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/za-pola-makedonija-ova-e-javna-tajna-no-carovska-nema-aber-za-vrakjanje-na-minimalnata-plata/feed/ 0
Германија обезбеди договори со 14 земји за брзо враќање на мигрантите https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanija-obezbedi-dogovori-so-14-zemji-za-brzo-vrakjanje-na-migrantite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanija-obezbedi-dogovori-so-14-zemji-za-brzo-vrakjanje-na-migrantite/#respond Sat, 30 Jun 2018 12:37:45 +0000 https://kurir.mk/?p=71497

Германската канцеларка Ангела Меркел обезбеди договори со 14 земји за брзо враќање на мигрантите кои се обидуваат да влезат во Германија, се наведува во документот во кој имала увид агенцијата ДПА. Меркел ги објавила договорите во писмо на осум страници испратено до партиските лидери на нејзините два коалициски партнера. Барателите на азил кои пристигнуваат во Германија и кои се прво регистрирани во други земји од ЕУ, ќе бидат префрлени во поголеми прифатни центри, каде ќе се разгледуваат нивните апликации, наведува Меркел во документот. Унгарија, Полска и Чешка се меѓу земјите кои се согласиле за брзо враќање на баратели на азил, кои прво се регистрирале на нивна територија, а потоа се обиделе да влезат во Германија. Овие три држави се големи критичари на миграциската политика на германската канцеларка. Останатите земји, кои се согласиле за враќање на мигранти, се Белгија, Данска, Естонија, Финска, Франција, Литванија, Летонија, Луксембург, Холандија, Португалија и Шведска. Германскиот министер за внатрешни работи Хорст Зехофер и даде рок на канцеларката Меркел до следниот месец да најде начин за спречување на приливот на мигранти во Германија, во спротивно таа ќе се соочи со распаѓање на коалициската Влада. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanija-obezbedi-dogovori-so-14-zemji-za-brzo-vrakjanje-na-migrantite/feed/ 0