Враќањето на Дороти – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 09 Feb 2018 14:51:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Враќањето на Дороти – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Во прилепскиот театар се подготвува „Враќањето на Дороти“ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vo-prilepskiot-teatar-se-podgotvuva-vrakjanjeto-na-doroti/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vo-prilepskiot-teatar-se-podgotvuva-vrakjanjeto-na-doroti/#respond Fri, 09 Feb 2018 14:51:12 +0000 http://kurir.mk/?p=20055

Во прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“ во тек се подготовките на претстава за деца „Враќањето на Дороти“ (Дороти се враќа) во режија на Кирил Петрески. Ова е втор дел на популарната претстава „Волшебникот од Оз“. Според режисерот Петрески, претставата е продолжување на авантурите на Дороти во Оз, која се враќа кај своите пријатели. - Секогаш е задоволство и уживање да се работи претстава за деца, затоа што станува збор за специфична публика чија фантазија, колку и да се трудиме, нема да ја надминеме, но затоа можеме да ја разбрануваме, да ја поттикнеме. Но, е и голема обврска, зашто со овие претстави, би рекол, инвестираме 20 години во иднината и ја формираме нашата идна публика, вели Петрески. Во претставата ќе играат Марија Спиркоска – Илиеска, Ангела Наумоска, Александар Тодески, Михајло Миленкоски, Димитар Георгиевски, Јасмина Мицовска –Станкоска и Катерина Чакмакоска – Клинческа. Премиерата е наскоро, а овој проект Центарот за култура го реализира со сопствени средства. Инаку, прилепскиот театар до Министерството за култура за оваа година пријави шест претстави кои сака да ги работи: „Пиреј“ од Петре М.Андреевски  во режија на Љупчо Ѓорѓиоски,  „Галеб“ по текстот на Чехов во режија на Нела Витошевиќ, сатиричната комедија „Демократија“ на Јосиф Бродски во режија на Кирил Петрески, „Обнова на крпен живот“ во режија на  Андреј Цветаноски,  Кристина Димитрова треба да ја режира преставата „Антигона“ од Софокле како и  детската престава „Пинокио“, која треба да ја режира Дарко Ковачевски. Министерството за култура кое деновиве ќе ја објави програмата, вообичаено финансира годишно три до четири претстави на театарот во Прилеп.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vo-prilepskiot-teatar-se-podgotvuva-vrakjanjeto-na-doroti/feed/ 0