врање – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 20 Mar 2023 10:48:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png врање – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ДЕТАЛИ ЗА ТРАГЕДИЈАТА ВО ВРАЊЕ- 25 годишното македонско момче загинало откако си заминале од кафеана, па се вратиле по мобилен телефон https://arhiva.kurir.mk/svet/region/detali-za-tragedijata-vo-vrane-25-godishnoto-makedonsko-momche-zaginalo-otkako-si-zaminale-od-kafeana-pa-se-vratile-po-mobilen-telefon/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/detali-za-tragedijata-vo-vrane-25-godishnoto-makedonsko-momche-zaginalo-otkako-si-zaminale-od-kafeana-pa-se-vratile-po-mobilen-telefon/#respond Mon, 20 Mar 2023 10:48:52 +0000 https://kurir.mk/?p=814082

Дваесет и петгодишен Македонец загинал во сообраќајната незгода што вчера се случила во близина на Врање, пренесуваат српските медиуми. Како што објавија тие, момчето и неговите пријатели биле во кафеана во Врање и тргнале кон Македонија, но по пат се сетиле дека заборавиле мобилен телефон во кафеаната, па се вратиле да го земат. Токму тогаш се случила незгодата, откако со автомобилoт удриле во насип на патот. Во незгодата 25-годишното момче загинало, а останатите патници се повредени.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/detali-za-tragedijata-vo-vrane-25-godishnoto-makedonsko-momche-zaginalo-otkako-si-zaminale-od-kafeana-pa-se-vratile-po-mobilen-telefon/feed/ 0
Ужасно насилство во училиште во Врање: Ученици биле тепани и врзувани, принудени да шетаат голи во училница https://arhiva.kurir.mk/svet/region/uzasno-nasilstvo-vo-uchilishte-vo-vranje-uchenici-bile-tepani-i-vrzuvani-prinudeni-da-shetaat-goli-vo-uchilnica/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/uzasno-nasilstvo-vo-uchilishte-vo-vranje-uchenici-bile-tepani-i-vrzuvani-prinudeni-da-shetaat-goli-vo-uchilnica/#respond Thu, 10 Nov 2022 12:18:02 +0000 https://kurir.mk/?p=758599

Невиден случај на насилство меѓу ученици се случил во училиште во Врање, дознава „Новости“. Од обвинителството во Врање за „Новости“ потврдија дека возрасен ученик од околината на Бујановац се товари за кривично дело злоупотреба и тортура, додека малолетник е обвинет за насилничко однесување. Насилниците потоа ги принудувале малолетните ученици да се соблекуваат и да шетаат голи низ училницата и сето тоа го снимиле со своите мобилни телефони. Според сознанијата на порталот, случајот кај надлежните органи бил пријавен во вторник на 10-ти ноември, а за се е известен и Центарот за социјална работа. Случајот се случил во училницата, кога најпрвин малолетниот ученик удрил малолетник и го принудил да удри со главата во училишната клупа, додека на друг ученик му стегнал јаже околу вратот, додека друг возрасен ученик го удрил во пределот на главата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/uzasno-nasilstvo-vo-uchilishte-vo-vranje-uchenici-bile-tepani-i-vrzuvani-prinudeni-da-shetaat-goli-vo-uchilnica/feed/ 0
ЖИТЕЛИТЕ НА ВРАЊЕ ПРАВАТ ЗАЛИХИ ОД МАКЕДОНИЈА – овој производ е поевтин во нашата земја, „вријат“ маркетите после граница https://arhiva.kurir.mk/svet/region/zitelite-na-vranje-pravat-zalihi-od-makedonija-ovoj-proizvod-e-poevtin-vo-nashata-zemja-vrijat-marketite-posle-granica/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/zitelite-na-vranje-pravat-zalihi-od-makedonija-ovoj-proizvod-e-poevtin-vo-nashata-zemja-vrijat-marketite-posle-granica/#respond Wed, 14 Sep 2022 10:25:00 +0000 https://kurir.mk/?p=732599

Недостигот на млеко последниве денови во Србија ги натера жителите на Врање уште еднаш да ја искористат близината на граничниот премин со Северна Македонија, па некои, како што пред поскапувањето полнеа таму гориво, сега одат да купуваат млеко. Млекото е поскапо е за десет динари (пет денари), но, како што велат, го има доволно во маркетите. Како што пишува белградската „Нова.рс“, свежо млеко сè уште нема и во најснабдените маркети во Врање, нема ниту стерилизирани млеко, само повремено на некои маркети може да се најде пакување, кое, како што велат продавачите, „набрзина се разграбува“. -Луѓето прават залихи, зашто неколку пати наишле на празни рафтови поради оние кои панично купуваат, и сега дури и тие што купиле некои вообичаени, нормални количини, купуваат по неколку пакувања ако наидат на некоја количина, изјави за „Нова.рс“ вработена во познат ланец на маркети. Многу врањанци кои имаа можност викендов купуваа млеко во соседна Северна Македонија или роднини и познаници на минување им носеа залихи на млеко. -На мојата роднина и донесов неколку пакети затоа што пред да дојдеме на гости ми кажа дека овде нема млеко. Колку што знам во Скопје го има доволно и чудно ми е затоа што претежно тоа е млеко од Босна и Херцеговина или Србија, рече потрошувачка од Скопје за „Нова.рс“ и додаде дека нема забележано оти луѓето во паника прават залихи и оцени дека луѓето што тоа го прават во Србија создаваат дополнителни проблеми. Стерилизирано млеко во Северна Македонија чини околу 70 денари (околу 140 динари), а жителите од Србија кои го купуваат таму ризикуваат да имаат проблеми на границата поради транспорт на тој вид храна, пишува „Нова.рс“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/zitelite-na-vranje-pravat-zalihi-od-makedonija-ovoj-proizvod-e-poevtin-vo-nashata-zemja-vrijat-marketite-posle-granica/feed/ 0
ВАЖНА ИНФОРМАЦИЈА ЗА СИТЕ МАКЕДОНЦИ: Здравствениот центар Врање одобри трета доза и за нашите граѓани https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vazna-informacija-za-site-makedonci-zdravstveniot-centar-vranje-odobri-treta-doza-i-za-nashite-gragjani/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vazna-informacija-za-site-makedonci-zdravstveniot-centar-vranje-odobri-treta-doza-i-za-nashite-gragjani/#respond Fri, 19 Nov 2021 11:37:03 +0000 https://kurir.mk/?p=597362

Од вчера одобрено е давање трета бустер доза вакцина за граѓаните на Република Македонија, соопштија од Здравствениот центар Врање. Како што јави дописникот на МИА од Белград, од Здравствениот центар соопштија дека примарно е имунизацијата на српските граѓани да се одвива непречено. -Вакцинацијата ќе се врши согласно важечките епидемиолошки мерки против Ковид-19. Исто така, потсетуваме дека сите граѓани заинтересирани да ја примат вакцината „Модерна“ можат да се обратат во главниот пункт за вакцинација на ЗЦ Врање, за да бидат евидентирани (име, презиме, контакт и дали е во прашање прва или трета доза), додаваат од Здравствениот центар Врање. Сите тие ќе бидат дополнително известени за примање на вакцината, согласно важечките правила за вакцинација со вакцината „Модерна“. Инаку, бустер дозата на вакцината против Ковид-19 во Србија се дава на сите лица кај кои е завршена примарната вакцинација и тоа: најмалку пет месеци по втората доза, кај лица кои претходно примиле две дози mRNК (Pfizer-BioNTech) или векторска вакцина (Гам-Ковид-Вак, Астра Зенека), најмалку четири месеци по втората доза, кај лица кои претходно примиле две дози инактивирана вакцина (SARS-CoV2 (Vero Cell) Inactivated-Sinopharm), најмалку пет месеци од давањето на дополнителната, трета доза, кај лица со примарни и секундарни имуноинсукции (лица кои најмалку 28 дена од втората доза примиле mRNК вакцина, како дополнителна, трета доза). Се остава можност лицето кое ќе се вакцинира да го избере типот на вакцината што ќе ја прими како бустер доза. Ако вакцината Гам-КОВИД-Вак се применува како бустер доза, тогаш се дава првата компонента од споменатата вакцина. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vazna-informacija-za-site-makedonci-zdravstveniot-centar-vranje-odobri-treta-doza-i-za-nashite-gragjani/feed/ 0
Над 13.000 македонски граѓани се вакцинирале во Врање https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nad-13-000-makedonski-gragjani-se-vakcinirale-vo-vranje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nad-13-000-makedonski-gragjani-se-vakcinirale-vo-vranje/#respond Sat, 16 Oct 2021 11:55:48 +0000 https://kurir.mk/?p=580156

Од почетокот на вакцинацијата, па до вчера, во Спортската сала во Врање се вакцинирани вкупно 100.066 граѓани од Врање, од другите градови во Србија и државјани на Северна Македонија и други држави, соопшти денеска Здравствениот центар (ЗЦ) во Врање. Како што јави дописникот на МИА од Белград, според порталот Врање њуз, прва доза вакцина во овој град е аплицирана на 13.657 македонски државјани, на 24.161 граѓанин на Врање и останати места во Србија и на девет државјани на БиХ. Што се однесува до втората доза, неа во Врање ја примиле 11.966 македонски државјани, 32.416 српски и 13 граѓани на БиХ. Трета доза на некои од вакцините, во Врање досега е дадена на вкупно 7.733 лица.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nad-13-000-makedonski-gragjani-se-vakcinirale-vo-vranje/feed/ 0
Македонки уапсени заради лажирање на вакцинација во Врање https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonki-uapseni-zaradi-laziranje-na-vakcinacija-vo-vranje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonki-uapseni-zaradi-laziranje-na-vakcinacija-vo-vranje/#respond Mon, 27 Sep 2021 14:05:19 +0000 https://kurir.mk/?p=568961

Две државјанки на Република Македонија ги доведоа во заблуда здравствените работници во Србија, успевајќи да добијат потврда за вакцинација, иако не ја примиле вакцината, јави дописникот на МИА од Белград. Инцидентот се случил во саботата околу 12 часот во Спортската сала во Врање на главниот пункт за вакцинација во тој град, потврдија од Основното јавно обвинителство во тој град. Две државјанки на Република Македонија од Скопје, на возраст од 54 и 40 години, по лекарскиот преглед и добивањето потврда за вакцинација ја напуштија Спортската сала, иако не беа вакцинирани. Според Миодраг Стојановиќ, портпарол на Основното јавно обвинителство во Врање, државјанките на Македонија биле запрени на граничниот премин Прешево, кога биле уапсени за кривично дело наведување на заверка на лажна содржина и сослушани и казнети со уплата за хуманитарни потреби од по 60.000 динари (510 евра) секоја. -Двете државјанки на Македонија (54) и (40), од Скопје, дојдоа во Спортската сала во Врање, а потоа ги доведоа во заблуда здравствените работници за да им дозволат да ја пополнат согласноста за вакцинација против Ковид-19, така што по медицинскиот преглед и добивањето потврда за вакцинација се оддалечија од Спортската сала без да ја примат вакцината, по што беа запрени на граничниот премин Прешево, кога беа уапсени за кривично дело наведување на заверка на лажна содржина и сослушани, а по примената на принципот на опортунитет ја исполнија наложена основа со уплата за хуманитарни потреби од по 60.000 динари, се наведува во соопштението на портпаролот на Основното јавно обвинителство во Врање, Миодраг Стојановиќ. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonki-uapseni-zaradi-laziranje-na-vakcinacija-vo-vranje/feed/ 0
Во Врање вакцинирани 13.300 Македонци, ревакцинирани вкупно 11.106 наши државјани https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-vranje-vakcinirani-13-300-makedonci-revakcinirani-vkupno-11-106-nashi-drzavjani/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-vranje-vakcinirani-13-300-makedonci-revakcinirani-vkupno-11-106-nashi-drzavjani/#respond Fri, 27 Aug 2021 11:48:32 +0000 https://kurir.mk/?p=555616

Вкупниот број на вакцинирани граѓани од Врање, Србија, С. Македонија и други земји во Спортската сала Врање од почетокот на вакцинацијата до четврток, 26 август, изнесува 83.905, соопштија денеска од Здравствениот центар (ЗЦ) Врање, јави дописникот на МИА од Белград. Доколку се земат предвид сите достапни вакцини, првата доза на Македонците им е дадена на 13.300, лица, на граѓаните на Врање и Србија на 29.510 лица и 9 дози на граѓаните на БиХ, соопшти порталот „Врање њус“. Што се однесува до втората доза, на македонските државјани дадени им се 11.106 дози, на српските државјани 28.583 дози и на граѓаните на БиХ 12. Трета доза на некои од вакцините, досега се дадени вкупно на 1.267 лица. Ако се земат предвид вкупните бројки, најчесто е аплицирана кинеска вакцина Синофарм – вкупно 52.956 пати за сите три дози (прва 26.432 пати, втора 25.470 и трета 954). Потоа следи Фајзер, кој бил даден во вкупно 23.825 случаи (прва доза 12.787, втора 10.752 и трета 286). Рускиот Спутник В даден е во 6.292 дози (прва 3.155, втора 3.110 и трета 27). Астра Зенека, која не беше достапна долго време, аплицирана е во 932 случаи (455 + 477). Што се однесува до граѓаните на С.Македонија, во четвртокот во Врање 17 Македонци ја примиле првата доза од некои од достапните вакцини, а втората 16 лица.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-vranje-vakcinirani-13-300-makedonci-revakcinirani-vkupno-11-106-nashi-drzavjani/feed/ 0
Во Врање повеќе се вакцинираат македонски отколку српски државјани https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-vranje-povekje-se-vakciniraat-makedonski-otkolku-srpski-drzavjani/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-vranje-povekje-se-vakciniraat-makedonski-otkolku-srpski-drzavjani/#respond Wed, 28 Jul 2021 11:28:59 +0000 https://kurir.mk/?p=543031

Во Врање продолжува трендот македонските државјани повеќе да се вакцинираат против Ковид-19 од граѓаните на Врање, јави дописникот на МИА од Белград. Според податоците на Здравствениот центар (ЗЦ) од Врање, вчера во овој град во јужна Србија се аплиицрани вкупно 213 вакцини, од кои прва доза примиле 70 македонски граѓани, за разлика од 38 српски. Втора доза, пак, примиле 58 македонски државјани, за разлика од 47 Срби. Прва доза Фајзер примиле 70 лица, а втора – 56 граѓани. Прва доза на кинескиот Синофарм е дадена во 38 случаи, а втора во 49 случаи. Руската вакцина Спутник В и Астра Зенека во Врање не беа аплицирани вчера, наведуваат од ЗЦ во Врање. Според податоците, вкупниот број вакцинирани граѓани на Врање и од други градови во Србија, Македонија и други земји во Спортската сала во Врање од почетокот на вакцинацијата до 27 јули е 77.736 лица. Доколку се земат предвид сите достапни вакцини, првата доза им била дадена на граѓани од Србија во 28.106 случаи, лица од Македонија примиле 12.258 дози, а државјаните на БиХ шест дози. Што се однесува до втората доза, на Србите им се дадени 27.524 дози, на македонските државјани 9.717 и на државјаните на БиХ седум. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-vranje-povekje-se-vakciniraat-makedonski-otkolku-srpski-drzavjani/feed/ 0
Во Врање досега вакцинирани 12.006 македонски граѓани со прва доза и 9.392 со втора доза https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-vranje-dosega-vakcinirani-12-006-makedonski-gragjani-so-prva-doza-i-9-392-so-vtora-doza/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-vranje-dosega-vakcinirani-12-006-makedonski-gragjani-so-prva-doza-i-9-392-so-vtora-doza/#respond Sat, 24 Jul 2021 09:47:53 +0000 https://kurir.mk/?p=541240

Во Врање од почетокот на вакцинацијата досега со првата доза вакцинирани се 12.006 македонски граѓани, додека со втората доза вакцинирани се 9.392 наши државјани, јави дописникот на МИА од Белград. Како што денеска соопшти Здравствениот центар во овој град, до 23 јули годинава вкупниот број на дадени прва и втора доза на сите достапни вакцини кои се дадени во Спортската сала на српските граѓани, македонските и од други држави лица изнесува 76.899. Од нив, бројот на вакцинирани граѓани на Северна Македонија со првата доза е 12.006, додека бројот на вакцинирани граѓани на БИХ е 6 лица. Бројот на граѓани на Северна Македонија кои се вакцинирале со втората доза изнесува 9.392 и 7 државјани на БИХ. Бројот на вакцинирани граѓани на Србија со првата доза е 27.986, додека со втора доза се вакцинирани 27.385 српски државјани. Ако се земат предвид сите овие бројки, во Врање најчесто е аплицирана кинеската вакцина Синофарм – вкупно 49.058 пати – прва доза 24.952, а втора 24.106. Потоа следува Фајзер, која беше дадена во вкупно 20.653 случаи – првата доза 11.449, а втората 9.204. Рускиот Спутник В е даден во 6.256 дози – прва 3.149, а втора 3.107. Астра Зенека аплицирана е во 932 случаи – 455 + 477. Во петокот вакцинирани се 54 македонски државјани со првата доза и 55 лица со втората доза на вакцините на Синофарм и Фајзер. Тоа е повеќе во однос на граѓаните на Србија, кои примиле по 36 од првата или втора доза на вакцината. Според планот на Здравствениот центар во Врање, во сабота кинеската вакцина (втора доза) треба да ја примат 63 граѓани, а со втората доза на Фајзер че се ревакцинираат 129 лица. Во недела се планирани 31 втора доза на Фајзер и 71 на кинеската вакцина Синофарм.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-vranje-dosega-vakcinirani-12-006-makedonski-gragjani-so-prva-doza-i-9-392-so-vtora-doza/feed/ 0
Бројот на Македонци вакцинирани во Врање над 20.000 – нашите граѓани масовно се вакцинираат во Србија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/brojot-na-makedonci-vakcinirani-vo-vranje-nad-20-000-nashite-gragjani-masovno-se-vakciniraat-vo-srbija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/brojot-na-makedonci-vakcinirani-vo-vranje-nad-20-000-nashite-gragjani-masovno-se-vakciniraat-vo-srbija/#respond Mon, 19 Jul 2021 10:48:35 +0000 https://kurir.mk/?p=538684

Во Врање од почетокот на вакцинацијата досега со првата доза вакцинирани се 11 743 македонски граѓани, додека со втората доза вакцинирани се 9 012 наши државјани, јави дописникот на МИА од Белград. Како што соопшти порталот Врањењуз, повикувајќи се на Здравствениот центар во овој град, до 18 јули годинава вкупниот број на дадени прва и втора доза на сите достапни вакцини кои се дадени во Спортската сала изнесува 75.860. Од нив бројот на вакцинирани граѓани на Република Македонија со првата доза е 11 743, додека бројот на вакцинирани граѓани на БИХ е шест граѓани. Бројот на граѓани на Република Македонија кои се вакцинирале со втората доза изнесува 9 012 и седум државјани на БИХ. Бројот на вакцинирани граѓани на Република Србија со првата доза е 27 781, додека со втора доза се вакцинирани 27 202 српски државјани. Ако се земат предвид сите овие бројки, најчесто е аплицирана кинеска вакцина Синофарм – вкупно 48 586 пати (прва доза 24.771, а втора 23 815), потоа следува Фајзер, која е дадена во вкупно 20.995 случаи (првата доза 11 162, а втората 8 933), рускиот Спутник В е даден во 6.255 дози (прва 3.149, а втора 3.106) и Астра Зенека аплицирана во 932 случаи (455 + 477). За време на викендот во Врање дадени се 581 доза вакцини. Во саботата, бројот на вакцинирани изнесуваше 334, а во неделата 247. Во неделата, најмногу вакцини беа дадени на Фајзер – 33 прва и 117 втора доза. Кинескиот Синофарм аплициран е во 15 случаи (прва) и уште 82 (втора доза). Вакцините Спутник и Астра Зенека не беа дадени за време на викендот. Кога станува збор за вакцинирање на Македонците, во неделата 39 од нив ја примиле првата доза, а 189 втората доза од една од двете достапни вакцини. Ако бројот на вакцинирани Македонци се одземе од вкупниот број на имунизирани лица во недела, може да се види дека бројот на вакцинирани граѓани на Врање е 19 (7,7 отсто). Во саботата, од вкупно 334 вакцинирани, 299 биле македонски државјани (89,5 отсто). (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/brojot-na-makedonci-vakcinirani-vo-vranje-nad-20-000-nashite-gragjani-masovno-se-vakciniraat-vo-srbija/feed/ 0