вратоврска – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 26 Jul 2023 17:50:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png вратоврска – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Талибанците сакаат да ја забранат вратоврската – го претставувала христијанскиот крст https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/talibantsite-sakaat-da-ja-zabranat-vratovrskata-go-pretstavuvala-hristijanskiot-krst/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/talibantsite-sakaat-da-ja-zabranat-vratovrskata-go-pretstavuvala-hristijanskiot-krst/#respond Wed, 26 Jul 2023 17:50:57 +0000 https://kurir.mk/?p=860426

Вратоврската што ја носат мажите го симболизира крстот во христијанската вера, рече висок талибански функционер во Авганистан, нагласувајќи дека треба да се забрани. „Понекогаш кога одам во болница или во некоја друга институција, среќавам лекари или инженери, авганистански муслимани кои носат вратоврски“, рече Мохамад Хашим Шахид Врор, шеф на владиниот оддел задолжен да го oбучува населението како најдобро да ги почитува исламските принципи. Симболиката на вратоврската е јасна во исламот, рече тој на прес-конференцијата што ја емитуваше „ТВ Толо“. „Што е вратоврска? Тоа е христијански крст. Шеријатот (исламскиот закон) ви наредува да ја симнете“, додаде тој. Откако се вратија на власт, Талибанците не наметнаа никакви правила за тоа како мажите треба да се облекуваат. Во исто време, жените мора да бидат целосно покриени кога ќе ги напуштат своите домови. Речиси сите талибански функционери носат шалвар, широки панталони и традиционална туника со елек и турбан на главата. Западната облека е поретка во Авганистан откако Талибанците ја презедоа власта, но кошули и вратоврски сè уште се носат во некои професии. Дури и претходно, авганистанските администрации се обидоа да наметнат кодекси за облекување на населението или барем на државните службеници. За време на деценијата на советската окупација, по инвазијата во 1979 година, државните службеници беа охрабрувани да носат костуми наместо традиционални носии. Поранешниот претседател Ашраф Гани, кој избега од земјата во 2021 година кога Талибанците пристигнаа во Кабул, носел западна облека кога бил во странство и традиционални носии дома.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/talibantsite-sakaat-da-ja-zabranat-vratovrskata-go-pretstavuvala-hristijanskiot-krst/feed/ 0
Никогаш не било полесно! Најбрзиот начин за врзување вратоврска (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/nikogash-ne-bilo-polesno-najbrziot-nachin-za-vrzuvane-vratovrska-video/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/nikogash-ne-bilo-polesno-najbrziot-nachin-za-vrzuvane-vratovrska-video/#respond Thu, 16 Feb 2023 11:19:19 +0000 https://kurir.mk/?p=801234

Пребарувајќи на Интернет наидовме на најлесниот и набрзиот начин за врзување вратоврска - погледнете во видеото.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/nikogash-ne-bilo-polesno-najbrziot-nachin-za-vrzuvane-vratovrska-video/feed/ 0
Вратоврската на Милош Биковиќ крие моќна симболика: Ја носеше за Видовден, а ОВА многу потсетува на Џони Деп https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/vratovrskata-na-milosh-bikovikj-krie-mokjna-simbolika-ja-noseshe-za-vidovden-a-ova-mnogu-potsetuva-na-dzoni-dep/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/vratovrskata-na-milosh-bikovikj-krie-mokjna-simbolika-ja-noseshe-za-vidovden-a-ova-mnogu-potsetuva-na-dzoni-dep/#respond Thu, 30 Jun 2022 14:24:25 +0000 https://kurir.mk/?p=697899

Актерот Милош Биковиќ пред два дена беше одликуван со Орден, а стајлингот што го избра за оваа пригода крие силна симболика. Симболиката е поточно во неговата вратоврска. Бидејќи орденот му беше врачен на Видовден, дизајнот на вратоврската беше со украсен мозаичен мотив од столбовите на Св. Симеон и св. Данило Столпник во храмот на Свети Сава. Да потсетиме, за време на една посета на Србија, актерот Џони Деп на подарок доби автентична вратоврска со детали од апостолската облека од куполата на Храмот, а тоа Биковиќ прв го откри пред јавноста. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/vratovrskata-na-milosh-bikovikj-krie-mokjna-simbolika-ja-noseshe-za-vidovden-a-ova-mnogu-potsetuva-na-dzoni-dep/feed/ 0
ФОТО: Освен името, Ципрас ја зеде и вратоврската на Заев за трофеј https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-osven-imeto-cipras-ja-zede-i-vratovrskata-na-zaev-za-trofej/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-osven-imeto-cipras-ja-zede-i-vratovrskata-na-zaev-za-trofej/#respond Sun, 17 Jun 2018 09:30:54 +0000 https://kurir.mk/?p=66610

Грчкиот премиер Алексис Ципрас како трофеј ја подигна вратоврската на македонскиот колега Зоран Заев по потпишувањето на Договорот за промена на името во Република Северна Македонија. По потпишувањето, Заев ја извади својата вратоврска за заедничката фотографија со претставниците на меѓународната заедница и му ја подари на Ципрас. Тој како трофеј по голема победа ја подигна во воздухот, по што заедно се фотографираа. Овој чин беше проследен го аплауз од страна на присутните.

На почетокот на следната недела, како што информираат од Владата, на владина седница треба да се усвои законот за ратификација на договорот, по што треба да биде испратен во Собранието, каде треба да биде ратификуван. По ратификацијата следува негово потпишување од страна на претседателот на државата Ѓорге Иванов, кој најави дека нема да го поддржи. Откако ќе биде доставен до Собранието пратениците треба да гласаат и да го усвојат со обично мнозинство, односно со мнозинство од присутните пратеници. Минимален кворум за работата на законодавниот дом е 61 пратеник, што значи дека 31 треба да гласаат „за“, за договорот биде ратификуван. Потоа следува негово испраќање до претседателот Иванов, кој има рок од седум дена да го потпише. Доколку Иванов го употреби правото на вето, договорот повторно оди во собраниска процедура, но тогаш ќе мора да биде изгласан со апсолутно мнозинство, 61 пратеник треба да гласа „за“. Договорот во тој случај повторно се испраќа до претседателот, кој според Уставот е обврзан да го потпише. Имплементацијата на договорот ќе се случува етапно. Ќе стапи во сила откако двете страни ќе го прифатат согласно внатрешни процедури, но доколку која било од страните не го прифати договорот согласно внатрешните процедури тоа ќе значи дека договорот не важи. За договореното, конечниот збор ќе го имаат македонските граѓани на референдумот, кој треба да се одржи во септември или октомври.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-osven-imeto-cipras-ja-zede-i-vratovrskata-na-zaev-za-trofej/feed/ 0