врба – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 07 Dec 2021 08:00:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png врба – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Седум нови трофеи за „Врба“ на Манчевски https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/sedum-novi-trofei-za-vrba-na-manchevski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/sedum-novi-trofei-za-vrba-na-manchevski/#respond Tue, 07 Dec 2021 08:00:05 +0000 https://kurir.mk/?p=605103

„Врба“ на Милчо Манчевски изминатава недела освои вкупно 7 трофеи - три награди и четири почесни признанија, а имаше и грчка и француска премиера на Маратонскиот филмски фестивал во Атина и на „Европа околу Европа“ (L'Europe Autour de l'Europe) во Париз. „Врба“ беше прогласен за најдобар филм на Маратонскиот филмски фестивал во Атина, a aктерката Наталија Теодосиева беше наградена за најдобра споредна женска улога. Филмот во Атина доби и уште четири почесни признанија - за Милчо Манчевски како најдобар режисер, за најдобра споредна улога на актерката Сара Климоска, за најдобар кинематографер за Тамаш Добош и за најдобар филм во избор на публиката. Теодосиева, исто така изминатата недела, е добитничка и на наградата за најдобра главна женска улога во „Врба“ на фестивалот на независен филм „Околу глобусот“ (Across the Globe Film Festival) во Њујорк. Филмот „Врба“ има интензивен фестивалски живот дури и две години после светската премиера, во октомври 2019 на Римскиот филмски фестивал. Досега, освои вкупно тринаесет трофеи, меѓу кои и најдобра режија на Реинденс во Лондон, најдобар филм на Синеквест во Калифорнија, Сребрена палма во Валенсија... „Врба“ собори рекорди во кино и тв прикажувањето дома, забележа извонредни критики во светските медиуми („Суптилен и длабок“ - Варајати), се прикажа на четириесетина фестивали на четири континенти, беше вброен и во потесниот избор за наградите на Европската филмска академија и е еден од малкуте европски филмови со редовна дистрибуција во САД. Манчевски цела есен го монтира неговиот седми филм „Кајмак“, „безобразна комедија“. Продуцентската куќа „Банана филм“ го најавува „Кајмак“ како безмилосна критика на лицемерието и малограѓанштината, црна комедија (или среќна трагедија) за две семејства, кои се пристојни на почетокот, а среќни на крајот. „Кајмак“ е европска копродукција во која 54 проценти од буџетот го финансираат филмските фондови на Данска, Холандија, Хрватска и европскиот фонд Еуроимаж, а 46 проценти се од Македонија, од Агенцијата за филм и Македонската радио телевизија (МРТВ), која е копродуцент. Се снимаше летово во Скопје и околината, а во меѓународната екипа беа вклучени филмски работници од Македонија, Англија, Италија, Данска, Холандија, Србија, Бугарија и Хрватска. Копродуценти се Иан Прајор, Мета Луиз Фолдагер, Мете Борч, Елс Вандеворст, Изабел Депевиг и Синиша Јуричиќ. Продуцент е Јане Ќортошев, директор на фотографија Улрик Боел Бенцен, дизајнер Дејвид Манс, дизајнер на шминка Марио Микисанти, музика Дениш стринг квартет, монтажа Емил Нунинга, а костимограф Жаклина Крстевска. Во главните улоги се Камка Тоциновски, Сара Климоска, Александар Микиќ, Симона Спировска, Ана Стојановска и Филип Трајковиќ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/sedum-novi-trofei-za-vrba-na-manchevski/feed/ 0
„Врба“ со Мариово и Трескавец во трка за наградата Најдобра филмска локација во Европа https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/vrba-so-mariovo-i-treskavec-vo-trka-za-nagradata-najdobra-filmska-lokacija-vo-evropa/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/vrba-so-mariovo-i-treskavec-vo-trka-za-nagradata-najdobra-filmska-lokacija-vo-evropa/#respond Fri, 11 Dec 2020 09:36:12 +0000 https://kurir.mk/?p=441913

Филмот „Врба“ на Милчо Манчевски со Мариово и Трескавец во Прилепско е меѓу петте финалисти за наградата Најдобра филмска локација во Европа. Оваа награда ја доделува Европската мрежа на филмски комисии (EUFCN), а областа на Прилепско, каде што се снимаше „Врба“, влезе меѓу топ 5 во конкуренција со локации од 28 земји. – Локацијата е апсолутно лик во приказната, така е во сите филмови на Манчевски. Има два вида динамика за тоа како употребата на локациите се доживува од публиката – македонската публика се гордее со неговите филмови и ги доживува дури и како дел од националниот идентитет. Публиката во странство ги гледа филмовите на Манчевски – и локациите – како претставување на оваа мала земја, но исто така и како нешто универзално, вели продуцент на „Врба“, Јане Ќортошев во преставувањето на финалистот „Врба“. На официјалната страница на EUFCN е отворено гласање за петте финалисти кое ќе трае до 12 јануари 2021, а за „Врба“ може да се гласа на линкот: https://eufcn.com/eufcn-location-award-finalist-prilep-area/?fbclid=IwAR0BD5YXutm6dpCzzn0mIRPO3RcA3iI7lo8DsLazyE2DkpopYRnLdQRrUeU – „Врба“ е македонскиот кандидат за Оскар за 2021 година. За една година од светската премиера на Римскиот филмски фестивал, „Врба“ освои вкупно пет трофеи, постигна рекорди во кино и ТВ-прикажувањето дома, доби одлични критики во светските медиуми, над 20 фестивали на четири континенти, а филмот го продолжува фестивалскиот поход со несмалено темпо што времено беше запрено поради пандемијата, соопшти продукцијата. Останатите финалисти за наградата Најдобра филмска локација во Европа се: Банска Штјавница од словачкиот филм „Дракула“, Езерото Резија близу Курон од италијанскиот филм „Курон“, замокот Моритсбург од германскиот филм „Ангелите на Чарли“, црквата Пажаисли и манастирскиот комплекс околу неа во Литванија од филмот „Катерина Велика“. Наградата на победникот ќе му биде врачена во февруари на Берлинале. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/vrba-so-mariovo-i-treskavec-vo-trka-za-nagradata-najdobra-filmska-lokacija-vo-evropa/feed/ 0
„Врба“ на Милчо Манчевски – македонски кандидат за Оскар во 2021 https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/vrba-na-milcho-manchevski-makedonski-kandidat-za-oskar-vo-2021/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/vrba-na-milcho-manchevski-makedonski-kandidat-za-oskar-vo-2021/#respond Mon, 16 Nov 2020 15:20:38 +0000 https://kurir.mk/?p=430292

Филмот „Врба“ на режисерот Милчо Манчевски ќе биде кандидат на Република Македонија за „Оскар“ за најдобар долгометражен интернационален филм за 2021 година, соопшти Друштвото на филмските работници на Македонија (ДФРМ). Одлуката ја донесе Комисијата за избор на македонски кандидат за наградата „Оскар“ при ДФРМ, во состав: Игор Иванов – режисер и претседател на Комисијата, Дејан Лилиќ – актер, Тамара Котевска – режисер, Самир Љума – кинематографер, Мартин Иванов – монтажер, Иван Ѓоршев – мајстор на светло и Сања Арсовска – актерка. Во конкуренција за кандидатурата биле и филмовите: „Ефектот на среќата“ во режија на Борјан Зафировски, „Исчезнатиот“ на Арбен Тачи, „Кеиф“ на Блаже Дулев и „Незо“ во режија на Мерита Чочоли. ДФРМ соопшти дека кандидатурата на „Врба“ за наш национален претставник во трката за најпознатата филмска награда е прифатена и одобрена од Американската академија за подвижни слики, уметност и наука. Поради КОВИД-пандемијата, 93-тата церемонија за доделување на наградите „Оскар“ ќе се одржи подоцна од вообичаено, односно на 25 април 2021 (недела) во Лос Анџелес.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/vrba-na-milcho-manchevski-makedonski-kandidat-za-oskar-vo-2021/feed/ 0
Премиера на „Врба“ во Романија, во август и во Кина https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/premiera-na-vrba-vo-romanija-vo-avgust-i-vo-kina/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/premiera-na-vrba-vo-romanija-vo-avgust-i-vo-kina/#respond Fri, 31 Jul 2020 13:13:53 +0000 https://kurir.mk/?p=384393

Филмот „Врба“ на Милчо Манчевски вечер ќе има романска премиера на најстариот и најголем романски интернационален фестивал – Трансилванија во Клуж-Напока. -Ова е еден од првите фестивали во светот кој ќе се одржи во услови на пандемија – филмовите ќе се прикажат пред публика на отворени простори, соопшти продукцијата „Банана филм“. „Врба“ во август ќе има и кинеска премиера, на фестивалот во Пекинг, каде што ќе биде прикажан во престижната официјална програма за награди. Во програмата „Под ѕвездите“ на интернационалниот филмски фестивал во Нанси, Франција, во август ќе биде прикажан и претпоследниот филм на Манчевски, „Бикини Мун“. Светската премиера на „Врба“ беше на Римскиот филмски фестивал во октомври минатата година, каде што беше забележан со исклучително позитивни критики. Потоа филмот два и пол месеца беше прикажуван во кината низ земјава, а беше и дел од официјалните програми на светските фестивали во Тајпеј, Талин, ФЕСТ во Белград, Бенгалуру во Индија, Синеквест во Калифорнија, Сараево, Софија… „Врба“ ја освои и наградата за најдобар филм во програмата „Недела на режисерите“ на 40. Филмски фестивал „Фантаспорто“ во Порто, Португалија, како и наградата за најдобар филм на камерниот фестивал на независни филмови во Велингтон, Нов Зеланд. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/premiera-na-vrba-vo-romanija-vo-avgust-i-vo-kina/feed/ 0
„Врба“ на фестивалска турнеја во Европа и САД https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/vrba-na-festivalska-turneja-vo-evropa-i-sad/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/vrba-na-festivalska-turneja-vo-evropa-i-sad/#respond Fri, 24 Jan 2020 14:39:09 +0000 https://kurir.mk/?p=294237

Филмот „Врба“ на Милчо Манчевски ја продолжува фестивалската турнеја со прикажување на уште четири познати европски и светски фестивали – ФЕСТ во Белград, „Синеквест“ во САД, „Фантаспорто“ во Португалија и на фестивалот во Софија. На претстојниот 48. Меѓународен филмски фестивал ФЕСТ во Белград (од 28 февруари до 8 март), „Врба“ е во главната натпреварувачка програма, со прва проекција на 2 март и уште две на 3 и 4 март. Потоа ќе биде прикажан на 40. Меѓународен филмски фестивал „Фантаспорто“ во Порто, Португалија (од 28 февруари до 8 март), еден од 20-те водечки во светот, каде филмот ќе биде прикажан на 6 март во програмата „Недела на режисери“. Во март „Врба“ ќе ја има и американската премиера – во натпреварувачката програма на „Синеквест,“ еден од најстарите и најреномирани фестивали во САД (од 3 до 15 март) во Сан Хозе и Редвуд Сити, Калифорнија, Исто така во март „Врба“ ќе биде прикажан и на 24. Интернационален филмски фестивал во Софија, кој ќе се одржува од 12 до 22 март. По светската премиера на Римскиот филмски фестивал, „Брба“ беше дел од официјалните програми на фестивалите во Тајпеј и Талин. Продукцијата соопшти дека поради голем интерес „Врба“ повторно се враќа во киното „Синеплекс“, а игра и во Кинотека и ќе продолжи да се прикажува во кината низ земјава.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/vrba-na-festivalska-turneja-vo-evropa-i-sad/feed/ 0
Почна снимањето на „Врба“, новиот филм на Манчевски https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/pochna-snimanjeto-na-vrba-noviot-film-na-manchevski/ https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/pochna-snimanjeto-na-vrba-noviot-film-na-manchevski/#respond Thu, 25 Oct 2018 11:11:45 +0000 https://kurir.mk/?p=119360

Љубовен, за денешни и дамнешни души е шестиот долгометражен игран филм „Врба” на Милчо Манчевски чие снимање почна денеска во близина на прилепското село Крушевица. Манчевски е автор и на сценариото, а по девет години, ова е прв филм што го работи во Македонија. -„Врба“ раскажува три испреплетени приказни за љубов и доверба, едната од македонското средновековие, другите современи, но се огледуваат и се во контраст една со друга. Иако ги раздвојуваат векови, ликовите во „Врба” имаат слични грижи, радости и соништа. Не е важно која е темата или пораката на едно уметничко дело, важно е тоа да те допре, расплаче, насмее или налути, вели режисерот Манчевски. Главните улоги им се доверини на младите актери: Никола Ристески, Сара Климоска, Наталија Теодосиева, Ненад Нацев и на веќе искусната Камка Тоциновски. Покрај нив во филмот играат и Петар Мирчевски, Благој Чоревски, Ратка Радмановиќ, Ана Костовска, Лазе Манасковски, Катина Иванова, Кире Ѓоревски, Адем Карага, Јелена Јованова Периќ,… Снимањето на филмот ќе трае до првата половина од декември и ќе се снима на локации во живописните мариовски села Штавица, Дуње и Зович, на Трескавец, во Преспанскиот регион и на различни локации низ Скопје. Во Крушевица за потребите на снимањето се изградени два филмски сета со автентични сценографски решенија во духот на времето, кое режисерот сака да го долови во филмот, а во Штавица ќе се користат веќе постоечки ресурси со дополнително преуредување. Директор на фотографија е Унгарецот Тамаш Добош (Támas Dobos), дизајнер на продукција е долгогодишниот соработник на Манчевски, Британецот Дејвид Манс (David Munns), за костимите се задолжени Жаклина Крстевска и Ѓерѓи Сакач (Györgui Szakács) од Унгарија, асистент на режија е Никола Ивановиќ од Србија, а кастинг директорка е Милка Анчевска.  Продуцент е Јане Ќортошев, а извршен продуцент е Ник Пауел (Nik Powell) од Велика Британија, легендарниот коосновач на „Вирџин рекордс“ заедно со Ричард Брансон. „Врба“ е во продукција на „Банана филм“ и е македонско – унгарско – белгиска копродукција, со учество и на Албанија. Пред девет години Манчевски го сними неговиот последен македонски филм, наградуваниот „Мајки“. Во меѓувреме работеше во Њујорк на „Бикини Мун“, неговиот последен филм (кој во март годинава ја имаше македонската премиера, а овој месец и њујоршката), е американско-германска копродукција без учество на Македонија. Манчевски е добитник на над 40 меѓународни награди и признанија, меѓу кои и почесен докторат од универзитетот ВГИК во Москва, Златен лав во Венеција, номинација за Оскар, Индепендент спирит, Давид ди Донатело, ФИПРЕСЦИ, УНЕСКО, Сребрен кондор, ЕМ-ТИ-ВИ и други. „Њујорк тајмс“ го вброи „Пред дождот“ меѓу најдобрите илјада филмови на сите времиња. Неговите филмови се предаваат на бројни универзитети на сите пет континенти, а влезени се и во наставната програма на средните училишта во Италија и Турција. Користени се и во наставата во Јужна Кореја. За неговите филмови се одржани две академски конференции, во Фиренца и во Лајпциг.  МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/pochna-snimanjeto-na-vrba-noviot-film-na-manchevski/feed/ 0