вредности – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 20 Oct 2020 13:10:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png вредности – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Луѓето кои се блиски со семејството се најсреќните луѓе на светот, ова се причините https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/lugjeto-koi-se-bliski-so-semejstvoto-se-najsrekjnite-lugje-na-svetot-ova-se-prichinite/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/lugjeto-koi-se-bliski-so-semejstvoto-se-najsrekjnite-lugje-na-svetot-ova-se-prichinite/#respond Tue, 20 Oct 2020 13:10:32 +0000 https://kurir.mk/?p=418534

Љубовта на семејството е најголемиот благослов во животот. Можеби ќе пораснете на различни гранки од семејното дрво, но затоа вашиот корен секогаш ќе остане ист. Дури и во оние моменти кога се чувствувате најтешко и кога мислите дека нема излез и решение, вашите најблиски се тука да ви ја вратат надежта, да ви дадат поддршка и да стават насмевка на вашето лице. Затоа, никогаш немојте да се откажувате од своето семејството и држете го покрај себе колку што можете подолго, бидејќи нема ништо повредно во животот од најмилите и тоа што можете да го постигнете со нив. Во продолжение прочитајте ги 8-те причини зошто луѓето кои се блиски со своите семејства се и најсреќните луѓе на светот. 1. Ја разбираат радоста која може да произлезе од малите нешта. Како и секое дете кое расте, така и тие ги сакаат играчките, патувањата и изненадувањата. Но, тие гледаат среќа и во наједноставните нешта: Долгите ноќи поминати на трпезариската маса, смеењето во автомобилските возења кои би требало да бидат долги и досадни и многу други работи кои би биле обични и заборавни, ако не беше семејството. 2. Можат да пронајдат добро во секоја личност. Да се биде блиску со семејството не значи дека нема кавги и расправии. Но, она што ќе го научите е дека независно колку некој може да ве изнервира, сепак секој има и убави и добри квалитети кои ќе ги увидите во оној момент кога вашата лутина ќе се смири. 3. Нивните приоритети се едноставни. Работите како богатството и стабилната кариера можат да бидат одлични додатоци на животот. Но, најважното нешто се најмалите работи: Семејниот ручек, одморот поминат со најмилите, здравјето, смеењето, довербата, лојалноста. Она што ги прави луѓето кои се блиски со семејството најсреќни, се оние нешта кои се наоѓаат токму пред нив. 4. Свесни се за себе уште од мала возраст. Растењето со браќата, сестрите и родителите ви помага да разберете кои квалитети, карактеристики и однесувања најмногу ги цените кај другите и како продолжение на тоа, каква личност сакате да бидете и самите вие. 5. Знаат дека е во ред да побараат помош кога им е потребна. Формирањето на длабоки врски со најмилите ве учи дека што и да се случи, независно дали сте во право или сте виновни, вашето семејството секогаш ќе направи сѐ за да ви помогне. 6. Знаат како да се забавуваат и во најобичните моменти. Купувањето, чистењето или што и да е друго, тие ќе најдат начин да го направат смешно и интересно. Дури и оние најсериозни моменти можат да бидат забавни кога сте опколени од луѓето кои ве прават да се чувствувате како да сте дома. 7. Тие постојано се потсетуваат себеси дека треба да бидат благодарни. Тие знаат дека поважно од сопствената спална, бања, големиот и удобен кревет и недостатокот од одговорности се деновите кои ги поминувате со семејството. Луѓето кои се блиски со своите најмили секогаш се обидуваат да бидат благодарни за сите оние работи кои им се дадени во животот. 8. Добиваат енергија од среќата на другите. За нив ништо не е толку возбудливо како знаењето дека луѓето за кои се грижат и ги сакаат се среќни. И кога ќе се порадувате на нешто такво, тогаш немојте да со сомневате дека сте навистина среќни.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/lugjeto-koi-se-bliski-so-semejstvoto-se-najsrekjnite-lugje-na-svetot-ova-se-prichinite/feed/ 0
ЕП ја повика Бугарија целосно и безусловно да ги почитува вредностите на ЕУ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ep-ja-povika-bugarija-celosno-i-bezuslovno-da-gi-pochituva-vrednostite-na-eu/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ep-ja-povika-bugarija-celosno-i-bezuslovno-da-gi-pochituva-vrednostite-na-eu/#respond Fri, 09 Oct 2020 07:41:55 +0000 https://kurir.mk/?p=414220

Во резолуцијата усвоена со 358 гласа за, 277 против и 56 воздржани, европратениците ја изразуваат својата „недвосмислена поддршка за бугарскиот народ во нивните барања и легитимни аспирации за правда, транспарентност, одговорност и демократија“, јави дописникот на МИА. -Владеењето на правото значи поделба на власта, но обвинувањата за судска корупција и политички мотивирани гонења се зголемуваат. Владеењето на правото значи слобода на медиумите, но гледаме дека владата врши се поголемо влијание врз јавните медиуми и прибегнува кон клиентализам кога станува збор за приватни медиуми. Владеењето на правото значи да се залагаме за граѓанските права, но ние сме сведоци на полициско насилство и сузбивање на малцинските права, рече известувачот и предлагачот на резолуцијата Хуан Фернандо Лопез Агилар (социјалисти и демократи, Шпанија) рече: Усвоената резолуција другото се фокусира на постојаните системски проблеми во правдата, вклучувајќи го и недостатокот на механизми за отчетност на Високиот судски совет и на Главниот обвинител и неуспехот да се почитуваат повеќе од 79 пресуди на Европскиот суд на правдата. Така во резолуцијата се повикуваат бугарските власти на спроведување на релевантните пресуди на Европскиот суд за човекови права, при што се наведени меѓу другото и пресудите кои се однесуваат на неможноста на македонското непризнато малцинство во Бугарија да регистрира свое здружение или политичка партија : пресудата од 19 јануари 2006 година, Обединета македонска организација Илинден и други (апликација бр. 59491/00); пресуда од 18 октомври 2011 година, Обединетата македонска организација Илинден и други (бр. 2) (апликација бр. 34960/04); пресуда од 11 јануари 2018 година, Обединета македонска организација Илинден и други (бр. 3) (апликација бр. 29496/16); пресуда од 11 јануари 2018 година, Јордан Иванов и други (апликација бр. 70502/13). Притоа се бара од бугарските власти да ги осудат сите акти на насилство и говорот на омраза против малцинствата. Резолуцијата се однесува на значителното влошување на почитувањето на принципите во врска со владеењето на правото, демократијата и основните права, особено независноста на судството, поделбата на власта, борбата против корупцијата и слободата на медиуми . Исто така, како и на постојаните системски прашања во правдата, вклучувајќи го и недостатокот на механизми за отчетност на Високиот судски совет и на Јавниот обвинител. Другите проблеми околу кои постои загриженост меѓу европратениците за Бугарија се однесуваат на: уставните реформи, кои треба да бидат во согласност со меѓународните стандарди; можните измени во изборниот закон, неколку месеци пред следните законодавни избори; усвојување на законодавство преку забрзани процедури; недостаток на резултати од истраги за корупција на високо ниво; состојбата на основните права во Бугарија, особено во врска со говорот на омраза, сексот и половата дискриминација, како и правата на Ромите и барателите на азил. Европратениците ги осудуваат кампањите на клевета и насилните инциденти против новинарите. Тие се многу загрижени за влошувањето на слободата на медиумите, транспарентноста и недостатокот на разновидност во сопственоста на медиумите, како и повластената распределба на средствата на ЕУ за провладините медиуми. Европратениците ја повторија потребата од построга контрола врз начинот на трошење на средствата на ЕУ и повикуваат на итни одговори на загриженоста дека парите на даночните обврзници се користат за збогатување на оние поврзани со владејачката партија. -Парламентот испраќа силен сигнал дека не можеме да замижуваме кон земјите на ЕУ кои имаат проблем со владеењето на правото и основните права. Народот на Бугарија заслужува да живее во европска земја ослободена од корупција и каде што нивните права се загарантирани со владеењето на правото , рече европратеничката од Зелените, Ска Келер. Гласањето на Европскиот парламент е необврзувачко, но има за цел да изврши притисок врз бугарската влада по повеќемесечните антивладини протести, во време кога институциите на ЕУ го мерат механизмот за поврзување на исплатата на средствата на ЕУ со критериумите за владеење на правото. Опозициските политичари и демонстранти го обвинуваат Борисов дека дозволил олигархиска мафија да изврши влијание преку клучните институции како што се судството, медиумите и безбедносните служби.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ep-ja-povika-bugarija-celosno-i-bezuslovno-da-gi-pochituva-vrednostite-na-eu/feed/ 0