вреднување” – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 15 Apr 2020 08:54:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png вреднување” – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Колумна на Марија Апостолова-Николовска: Дигитално ,,вреднување” https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kolumna-na-marija-apostolova-nikolovska-digitalno-vrednuvanje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kolumna-na-marija-apostolova-nikolovska-digitalno-vrednuvanje/#respond Wed, 15 Apr 2020 08:54:17 +0000 https://kurir.mk/?p=332495

Треба ли и сега?! Неопходно ли е и во овие моменти кога ни се случува една ,,заедничка реалност''? И кога сите мораме да се прилагодиме на големата промена во начинот на кој живееме. Продолженото затворање на училиштата секаде во светот и кај нас носи нови предизвици на сите. Но, и притисоци, стрес, вознемиреност, различни искуства и ситуации и на наставниците, родителите, учениците, децата. Ефектите и последиците од оваа реалност можат да се прошират и до крајот на учебната година и ќе се почувствуваат во срцето на системите за образование, но и во срцата на учениците. Затоа и прашањата во врска со дигиталното вреднување, со оценувањето и проценката на напредокот, како и организирање на завршни испити или национални тестови се есенцијален предизвик и во оваа вонредна состојба. Притоа, дигиталните оценки може ќе бидат доделени, заслужени, наградени, изградени... Дали е потребна и оваа ,,реалност" и како ќе се одреди влезот во високото образование, доколку учениците во последната учебна година не се во можност да учат соодветно или да бидат проценети и оценети правилно? Истовремено, дали сите родители можат ефективно и ефикасно да го поддржат учењето на нивните деца? Или пак и ова е, или ќе биде ,,брза" подготовка и за нас и за нашите деца, за да можат да се соочат со дигиталниот свет кој носи и низа опасности - почнувајќи од загрозување на приватноста, преку измама, па сѐ до злоупотреба и онлајн насилство. Оттука, и дигиталното вреднување сепак ќе остави простор и за многу различни правилни или неправилни чекори кои ќе имаат влијание врз понатамошните скалила на образовниот систем.   Марија Апостолова-Николовска, доктор по педагошки науки]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kolumna-na-marija-apostolova-nikolovska-digitalno-vrednuvanje/feed/ 0