временска зона – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 01 Mar 2023 14:07:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png временска зона – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Дали сте се запрашале колку е часот на Месечината? Наскоро ќе добие своја временска зона https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/dali-ste-se-zaprashale-kolku-e-chasot-na-mesechinata-naskoro-ke-dobie-svoja-vremenska-zona/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/dali-ste-se-zaprashale-kolku-e-chasot-na-mesechinata-naskoro-ke-dobie-svoja-vremenska-zona/#respond Wed, 01 Mar 2023 14:27:16 +0000 https://kurir.mk/?p=806655

Вселенските организации размислуваат да и дадат на Месечината своја временска зона, пишува Sky News. Европската вселенска агенција (ESA) потврди дека се планирани десетици мисии на Месечината, вклучувајќи ги и оние за изградба на бази на Месечината. На крајот на минатата година, во технолошкиот центар ESTEC на ESA во Холандија започнаа дискусии за мерење на времето на Месечината. „Се согласивме за важноста и итноста од дефинирање на заедничко референтно време на Месечината, кое е меѓународно прифатено и на кое сите лунарни системи и корисници можат да се повикаат. Сега се започнуваат заеднички меѓународни напори за да се постигне ова“, рече Пјетро Џордано, ЕСА. инженер – навигациски систем. Досега, секоја мисија на Месечината работеше на сопствена временска скала, со антени во вселената што се користат за синхронизирање на хронометарот на леталото со времето на Земјата. Покрај тоа што може да се каже времето на Месечината од страна на астронаутите и контролорите на земјата, потребата за стандардно мерење на времето во вселената е исто така суштинска за водење и навигација. Се уште се дебатира кој ќе го одреди лунарното време Исто како што ГПС системите на Земјата бараат прецизна координација и тајминг, слични потреби постојат и за инфраструктурата изградена и управувана на Месечината. Инаку, Gateway станицата на НАСА ќе служи како повеќенаменска станица која орбитира околу Месечината кога ќе почне да работи некаде по ноември 2024 година. Ќе биде отворена за престој на астронаутите и ќе ги поддржува луѓето да се вратат на површината на Месечината. Во меѓувреме, ЕСА ќе слета сопствено вселенско летало Аргонаут на Месечината. Овие мисии не само што ќе работат на или околу Месечината во исто време, туку и ќе комуницираат и потенцијално ќе пренесуваат комуникации и ќе вршат заеднички набљудувања. ЕСА потврди дека разговара дали една организација треба да биде одговорна за поставување и одржување на лунарното време и дали тоа треба да се постави на независна основа или да се синхронизира со Земјата. Тие нагласија дека меѓународниот тим кој работи на оваа тема ќе се соочи со „значителни технички проблеми“. „Договорениот систем мора да биде практичен за астронаутите“ Еден од предизвиците е тоа што часовниците на Месечината работат побрзо од нивните еквиваленти на Земјата, бидејќи часовниците отчукуваат побавно во посилните гравитациони полиња. Дополнително, нивната точна брзина зависи од нивната положба на Месечината, отчукувајќи со различна брзина на површината на Месечината отколку кога се во орбитата. „Се разбира, договорениот временски систем исто така ќе мора да биде практичен за астронаутите. Ова ќе биде доста предизвик на планетарната површина каде во екваторијалниот регион секој ден трае 29,5 дена, вклучително и две недели ледени лунарни ноќи, додека целата Земја е само мал син круг на темно небо“, вели Бернхард Хуфенбах, член на Дирекцијата за човечки и роботски истражувања на ESA. „Но, штом ќе воспоставиме систем на работно време за Месечината, можеме да продолжиме да го правиме истото и за другите планетарни дестинации“, заклучи тој.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/dali-ste-se-zaprashale-kolku-e-chasot-na-mesechinata-naskoro-ke-dobie-svoja-vremenska-zona/feed/ 0
Македонија и она на „С“ во различни временски зони https://arhiva.kurir.mk/kolumni/makedonija-i-ona-na-s-vo-razlichni-vremenski-zoni/ https://arhiva.kurir.mk/kolumni/makedonija-i-ona-na-s-vo-razlichni-vremenski-zoni/#respond Mon, 27 Sep 2021 10:03:33 +0000 https://kurir.mk/?p=568777

И додека Папата во МАНУ го метна на колена Зоче и воспитно го замлати, ДИК удри во гонгот и Македонија влезе во изборна кампања. Таа Заевата на „С“ пак, која НАТО ја брани, а ЕУ ја храни, одамна е во кампања поради другата временска зона во која се наоѓаат, како и се’ друго. Да, имаме тотално различни вредности, состојба на умот, однос кон македонштината, патриотизмот и љубов кон татковината, проекции за иднината, чувство за одговорност и сосема инакво чувство за почит кон великаните и историјата. Па чуму не и различна временска зона, тоа би било наједноставното објаснување. И онака егзистираме во некои паралелни диманзии. Со Њујорк сме 6 часа разлика, со Лондон еден,  а со Заевци 72 години. Тие се’ уште живеат во 1949-та... Соочени со временската разлика, на една страна имате освестени Македонци, а на другата  лукративна северна банда која припадноста кон македонскиот народ ја користи само како средство за да дојде до пари и моќ. А им затребаат и „замањкаат“ истите, поради кусокот во џебот и на конто, глумат инстант Македoнци, кои на дело ги нема никаде. Докажаа, со односот кон името, двојазичноста, уставот, со историја бришење и редица други злодејанија. Презентираа ачик и јавно дека немаат ниту абер, ни трунка македонштина во себе. Дури и БЦ покажа дека Заевци се нововерци, секта. А тоа опортунистичкото „помакедончување“ и трансформација најмногу и најчесто им се случува пред и на избори. Кога им требаат гласови. Ах, да, сега де. Та наеднаш им светнува дека се Македонци, за да пак бидат избрани и пак да крадат, лажат и угнетуваат Македонци и македонштина да ништат. Парадоксално, нели? Уште погрдо, некој и им верува? Јок, и тие „беливерите“ или „верувачите“, само сакаат да се омрсат... Тоа лажното помакедончување, пак, секогаш оди во пакет со мито, корупција, закани, заплашувања, лажни ветувања и најголемата лага за демек инвестиции и подобар живот. Да, порано „носеа“ и бесплатно здравство во ЕУ, па и датум со тоа дигнатите палчиња во авиончето „донесоа“ пред три ипол години. Знаете колку е контрадикторно и грдо кога некој некого лаже дека ќе му донесе повеќе пари само за да му земе уште повеќе пари на истиот??? Бедно, дно, нели... Па сега, на Зоче му текна дека ќе носел инвестиции, та синхронизирано со Алија глумеа идилични семејни луѓе попишувајќи се со фамилија, а тетовската трагедија ја ишкаат као ѓавол темјан, оти таа толку многу и најдобро зборува за нивната основна животна филозофија. Пари и моќ. Без скрупули, емпатија, срам и перде. Брзи и лесни, ама пари. По секоја цена. Многу  пари. И толку... Игрите ќе траат. Овие 20 дена ќе потрошат баснословни, украдени од вас суми за да ве убедат да го дадете својот глас за нив за да го продолжат пељешењето и националниот погром, ќе дубат на глава и на трепавици, ќе ви досадуват по дома и во секое маало, телевизор не ќе се пушта, интернет уште помалу... Да беше пред 10-на години, ќе ви речев да ги ставите на игнор со кампањскиот атак врз сите сетила, но сега не морам. Знам дека знаете со кои антимакедонски црпнати дилајли си имаме работа, нема потреба од објаснувања и предупредувања, се’ се гледа од авион. Исклучете се и чекајте го 17-ти, па на Заевче да му ја тргнеме насмевката од лице...]]>

https://arhiva.kurir.mk/kolumni/makedonija-i-ona-na-s-vo-razlichni-vremenski-zoni/feed/ 0