временски непогоди – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 08 Mar 2022 17:51:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png временски непогоди – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 4,5 милиони евра ќе се исплатат за штети од временски непогоди, информира МЗШВ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/4-5-milioni-evra-kje-se-isplatat-za-shteti-od-vremenski-nepogodi-informira-mzshv/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/4-5-milioni-evra-kje-se-isplatat-za-shteti-od-vremenski-nepogodi-informira-mzshv/#respond Tue, 08 Mar 2022 17:51:54 +0000 https://kurir.mk/?p=643535

Владата на денешната седница донесе одлука за исплата на штетите од елементарни непогоди што ги претрпеа земјоделците во 2016, 2017 и 2018 година. Висината на обештетувањето ќе биде 10 отсто од вкупно проценетата вредност. Со одлуката се опфатени 35 елаборати поднесени од 29 општини, ќе бидат обештетни над 9.100 граѓани и правни субјекти, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Владата дополнително донесе одлука и за исплата на обештетување за штети од елементарни непогоди врз земјоделските посеви во 2021 година во општините Росоман, Демир Капија, Ранковце, Карбинци и Богаданци. Вкупниот процент за обештетување за сите 5 општини е 10 отсто од проценетата штета. Со одлуката ќе бидат исплатени 1.072 физички лица и правни субјекти. За оваа намена, вкупно за сите општини каде што имало временски и елементарни непогоди од Буџетот ќе се исплатат околу 4,5 милиони евра. Од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство посочуваат дека земјоделците никогаш нема да бидат оставени сами во состојби кога поради временски непогоди претрпуваат штети врз производството. Дополнително, имајќи предвид дека осигурувањето претставува гарантирање на производството, одржување на земјоделските насади и правилно планирање на земјоделскиот развој, МЗШВ веќе работи на воспоставување на „Земјоделски осигурителен пул“ како нов модел на земјоделско осигурување. Овој пул преставува систем кој што ќе има за цел да ги заштити земјоделците од штети од елементарни непогоди од една страна, и од друга страна да го забрза процесот на обештетување на самите земјоделци што би преставувало една позитивна промена земајќи го сегашниот процес на обештетување на земјоделците кој од настанувањето на штетата до обештетувањето трае и до година и повеќе, стои во соопштението.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/4-5-milioni-evra-kje-se-isplatat-za-shteti-od-vremenski-nepogodi-informira-mzshv/feed/ 0
Полициски службеници спасија девет лица кои се изгубиле на Попова Шапка https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/policiski-sluzbenici-spasija-devet-lica-koi-se-izgubile-na-popova-shapka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/policiski-sluzbenici-spasija-devet-lica-koi-se-izgubile-na-popova-shapka/#respond Sun, 09 Jan 2022 13:40:48 +0000 https://kurir.mk/?p=617199

Денеска (9 јануари) во 10 часот и 30 минути, двајца тетовци на возраст од 15 и 19 години во СВР Тетово пријавиле дека поради неповолните временски услови и густата магла на Попова Шапка, во близина на новиот ГЕ ски-лифт, каде се искачиле да скијаат, се изгубиле и потоа не знаеле каде точно се наоѓаат. Полициски службеници од Полициското одделение Попова Шапка и екипи од "Елем Турс' веднаш презеле соодветни мерки за нивно пронаоѓање и ги пронашле двајцата тетовци, како и уште 7 други лица од Скопје, Куманово и соседно Косово кои, исто така, се изгубиле во тој реон. Деветте лица на возраст од 15 до 45 години, околу 12 часот и 30 минути се безбедно вратени.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/policiski-sluzbenici-spasija-devet-lica-koi-se-izgubile-na-popova-shapka/feed/ 0
Десетте најголеми временски непогоди во 2018 предизвикале 85 милијарди долари штета https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/desette-najgolemi-vremenski-nepogodi-vo-2018-predizvikale-85-milijardi-dolari-shteta/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/desette-najgolemi-vremenski-nepogodi-vo-2018-predizvikale-85-milijardi-dolari-shteta/#respond Thu, 27 Dec 2018 18:04:52 +0000 https://kurir.mk/?p=145866

Десетте најкатастрофални временски непогоди во 2018 година предизвикале вкупна штета од 84,8 милијарди долари, соопшти хуманитарната организација „Кришчан Ејд“. Во соопштението се посочува дека во годинава на заминување сите населени континенти на Земјата се соочиле со временски непогоди предизвикани од климатските промени, што ја наметнува неопходноста од итни мерки во справување со глобалното затоплување. – Податоците укажуваат дека во моментов климатските промени имаат катастрофални последици врз животот и егзистенцијата на многу луѓе, изјави претставникот на „Кришчан Ејд“, Кет Крамер. Според податоците на организацијата, најголеми штети во износ од 32 милијарди долари предизвикале урагните Флоренс и Мајкл, при минувањето низ САД, Карипскиот Регион и Централна Америка. Во САД дополнитечни штети од најмалку девет милијарди долари предизвикале и шумските пожари во Клаифорнија, при што загинаа десетици лица и беа уништени илјадници домови. Налетот на тајфунот Џеби во Јапонија предизвикал штета од над 9,3 милијарди долари, додека сумата е надополнета и од сушите во Европа, поплавите во Индија и ударите на тајфунот Мангхут на Филипините и во Кина. Штетите се пресметани врз основа на податоци добиени од владите, банките и осигурителните компании, но во некои случаи со нив се опфатени само метеријалните загуби, но не и човечките.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/desette-najgolemi-vremenski-nepogodi-vo-2018-predizvikale-85-milijardi-dolari-shteta/feed/ 0