врховен суд – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 25 Oct 2023 12:28:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png врховен суд – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Амбасадорката на САД во посета на Врховниот суд https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ambasadorkata-na-sad-vo-poseta-na-vrhovniot-sud/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ambasadorkata-na-sad-vo-poseta-na-vrhovniot-sud/#respond Wed, 25 Oct 2023 12:28:01 +0000 https://kurir.mk/?p=892935

Претседателката на Врховниот суд на Република Северна Македонија, Беса Адеми, оствари средба со амбасадорката на САД во Република Северна Македонија, Ангела Агелер. На средбата на која присуствуваа и судиите на Врховниот суд на Република Северна Македонија се говореше за повеќе прашања кои се однесуваат на независноста и самостојноста на судството. Во таа насока, на средбата беше истакнато дека независноста на судството е најсилната гаранција за владеењето на правото и дека интегритетот на судиите претставува клучен фактор за остварување на принципите на независното судство. Судството не смее да биде под притисок на политиката и не треба да се дозволи мешање на другите власти во донесувањето на судските одлуки кои мора да се засновани на законите. Потребно е да се почитува уставното начело на поделба на власта, а судиите да бидат ослободени од какви било влијанија. Суштинска улога за независноста на судството има и транспарентноста како еден од најважните фактори за јавната перцепција и доверба. Од големо значење е и доследната примена на европските стандарди и почитувањето на правните вредности. Амбасадорката на САД во Република Северна Македонија, Ангела Агелер, истакна дека потребно е да се даде силна поддршка на ваквите заложби за независно и транспарентно судство и дека активностите на Врховниот суд во таа насока даваат клучен придонес во реформскиот процес. ...]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ambasadorkata-na-sad-vo-poseta-na-vrhovniot-sud/feed/ 0
Врховен суд: Донесувањето на законски измени без транспарентен процес е спротивно на европските стандарди https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vrhoven-sud-donesuvaneto-na-zakonski-izmeni-bez-transparenten-protses-e-sprotivno-na-evropskite-standardi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vrhoven-sud-donesuvaneto-na-zakonski-izmeni-bez-transparenten-protses-e-sprotivno-na-evropskite-standardi/#respond Wed, 13 Sep 2023 16:07:58 +0000 https://kurir.mk/?p=877757

Донесувањето на законски измени без транспарентен процес е спротивно на европските стандарди, е заклучокот на денешната седница на Одделот за казниви дела при Врховниот суд, во врска со измените на Кривичниот законик, а за кои не било побарано мислење од врховните судии. Од Врховниот суд известуваат дека на денешната седница беа разгледани и измените во врска со злоупотребата на службената положба и овластување. - Подготвувањето на законски измени кои имаат влијание врз судските постапки мора да биде спроведено низ транспарентен процес преку јавна дебата и стручна расправа. Во Врховниот суд од страна на Министерството за правда не беа доставени на мислење предметните измени на Кривичниот законик. Со тоа беше оневозможено Врховниот суд да даде мислење за донесените законски измени кои претставуваат прашање од висок јавен интерес. Врховниот суд смета дека донесувањето на законски измени без транспарентен процес преку јавна дебата и стручна расправа е спротивно на заложбите за реформи на законодавството во согласност со европските стандарди, потенцираат од Врховниот суд. Оттаму истакнуваат дека Врховниот суд секогаш давал поддршка на законски решенија кои придонесуваат за ефикасна борба против корупцијата и криминалот и поаѓајќи од тие заложби и во минатото немал забелешки за висината на казните за предметните кривични дела, ниту предложил нивно ублажување.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vrhoven-sud-donesuvaneto-na-zakonski-izmeni-bez-transparenten-protses-e-sprotivno-na-evropskite-standardi/feed/ 0
Белата куќа разочарана од одлуката на Врховниот суд да го блокира укинувањето на долговите за студентски кредити https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/belata-kuka-razocharana-od-odlukata-na-vrhovniot-sud-da-go-blokira-ukinuvaneto-na-dolgovite-za-studentski-krediti/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/belata-kuka-razocharana-od-odlukata-na-vrhovniot-sud-da-go-blokira-ukinuvaneto-na-dolgovite-za-studentski-krediti/#respond Sat, 01 Jul 2023 20:10:02 +0000 https://kurir.mk/?p=851654

Американскиот претседател Џо Бајден синоќа соопшти дека одлуката на Врховниот суд да ја блокира неговата уредба за простување на студентските долгови е погрешна. Републиканците пак сметаат дека таа е правилна. Бајден изјави дека „борбата за ова не е завршена“. -Планот на мојата администрација за олеснување на долговите би било појас за спасување за десетици милиони Американци кои напорно заработуваат за леб во време кога се обидуваат да се опороват од пандемијата кој се случува еднаш во столетие. Речиси 90 отсто од простеното според нашиот план би отишло на зајмувачите кои зарабатуваат 75 илјади долари годишно, ништо од тоа не би отишло кај луѓето кои заработуваат повеќе од 125 илјади. Со тоа би им се сменил животот на милиони Американци и нивните семејства. И би било добро за економскиот раст, како краткорочно така и во долгорчна перспектива, изјави Бајден. Планот за просутвање на студентските долгови на администрацијата на Бајден беше важна точка во нејзината економска политика и исполнување на предизборните ветувања, посебно пред младите Американци за да им се олесни бремето од земените и невратени кредити. Според Си-ен-ен, федералниот студентски долг во просек изнесува 37.338 долари по лице, додека приватните студентски кредити се во висина од речиси 55 илјади долари по лице. Во САД околу 45 милиони луѓе должат студентски кредити, од кои 92 отсто се федерални заеми. Дел од републиканците, учесници во претседателската кампања за 2024 година ја подржаа одлуката на Врховниот суд. Мајк Пенс, поранешен потпретседател во администрацијата на Доналд Трамп, изјави дека планот на Белата куќа за простување на долговите на Американците со пониски плати всушнпст е „помошта со која се субвенционира образованието на елитите на сметка на трудољубивите Американци“. Поранешната амбасадорка на САД во ОН и поранешен гувернер на Јужна Каролина, Ники Хејли, го нарече планот на Бајден за укинување на студентските долгови „узурпација на власта“ и изјави дека Врховниот суд е во право. -Претседателот не може едноставно да замавне со раката и да ги укине заемите на оние студенти кои тој ги претпочита, не земајќи ги в предвид сите останати кои напорно работеле да ги исплатат своите долгови или направиле друг избор во кариерата, рече таа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/belata-kuka-razocharana-od-odlukata-na-vrhovniot-sud-da-go-blokira-ukinuvaneto-na-dolgovite-za-studentski-krediti/feed/ 0
Врховниот суд на Белорусија ја потврди 15-годишната затворска казна за Тихановскаја https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vrhovniot-sud-na-belorusija-ja-potvrdi-15-godishnata-zatvorska-kazna-za-tihanovskaja/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vrhovniot-sud-na-belorusija-ja-potvrdi-15-godishnata-zatvorska-kazna-za-tihanovskaja/#respond Wed, 21 Jun 2023 07:00:42 +0000 https://kurir.mk/?p=848077

Врховниот суд на Белорусија вчера ја потврди казната од 15 години затвор за поранешната претседателска кандидатка Светлана Тихановскаја, која не е во земјата. Судот во Минск на 6 март ги осуди лидерите на белоруската опозиција Тихановскаја и Павел Латушко, кои се надвор од Белорусија, на 15, односно 18 години затвор, по што Тихановскаја поднесе жалба на пресудата. Шефицата на кабинетот на Тихановскаја, Марија Мороз, опозиционерите кои учествуваа во Координативниот совет на белоруската опозиција, Олга Ковалкова и Сергеј Дилевски, кои исто така се во странство, осудени се на 12 години затвор. Тие се обвинети за заговор за преземање на државната власт на неуставен начин, создавање екстремистичка група и нејзино раководење, јавно повикувајќи на санкции и предизвикување омраза. Тихановскаја дополнително беше обвинета за предавство, а Латушко за корупција. По претседателските избори во Белорусија на 9 август 2020 година, на кои Александар Лукашенко победи по шестипат, во земјата се одржаа масовни протести. По протестите против неколку опозициски лидери беа поведени кривични постапки, а голем број претставници на опозицијата засолниште пронајдоа во странство, главно во Полска, Литванија и Украина. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vrhovniot-sud-na-belorusija-ja-potvrdi-15-godishnata-zatvorska-kazna-za-tihanovskaja/feed/ 0
Врховен ја одложи седницата за „Монструм“ за 14 јуни https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vrhoven-ja-odlozhi-sednitsata-za-monstrum-za-14-juni/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vrhoven-ja-odlozhi-sednitsata-za-monstrum-za-14-juni/#respond Wed, 17 May 2023 11:09:06 +0000 https://kurir.mk/?p=835281

Поради барање на одбраната за изземање на двајца судии од Судечкиот совет, денешната јавна седница за случајот „Монструм“ во Врховниот суд се одложи. Според одбраната на обвинетите, двајцата судии, дел од Судечкиот совет, според списите од предметот, веќе одлучувале по истиот. По ова барање, Судот, со објаснување дека нема увид во предметот којшто се однесува на двајцата судии, реши да ја одложи седницата за 14 јуни со цел да изврши увид и донесе решение. Жалбите на петмината обвинети во случајот „Монструм“ беа одбиени како неосновани од Апелација, а првостепената пресуда беше преиначена само по однос на засметувањето на мерката притвор што ја поминале обвинетите. Второстепениот суд ги потврди казните на осудените, односно доживотен затвор за Алил Демири и браќата Агим и Африм Исмаиловиќ. Со правосилната пресуда потврдена е и казната за Хаки Азири кој беше осуден на казна затвор од девет години, а Фејзи Азири на казна затвор од 15 години.  Ослободителна пресуда доби единствено обвинетиот Сами Љута. Петкратното убиство се случи на 12 април 2012 година кај Смилковското Езеро, кога беа убиени Филип Славковски, Александар Наќевски, Цветанчо Ацковски, Кире Трпковски, како и рибарот Борче Стевковски. „Монструм“ имаше две судења, откако во 2017 година, Врховниот суд го врати случајот на почеток кај Специјалното јавно обвинителство. Обвинението го застапуваше обвинителката Фатиме Фетаи.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vrhoven-ja-odlozhi-sednitsata-za-monstrum-za-14-juni/feed/ 0
Врховниот суд ја потврди пресудата за предметот „27 април“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vrhovniot-sud-ja-potvrdi-presudata-za-predmetot-27-april/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vrhovniot-sud-ja-potvrdi-presudata-za-predmetot-27-april/#respond Wed, 03 May 2023 13:11:31 +0000 https://kurir.mk/?p=830171

Врховниот суд ги одби како неосновани барањата за вонредно преиспитување на правосилната пресуда на Основниот кривичен суд Скопје од 2019 година и на пресудата на Апелациониот суд Скопје 2021 година за преметот „27 април“. - Советот за казниви дела при Врховниот суд на Република Северна Македонија донесе пресуда Квп.Кок2. Квп бр.14/22 со која барањата за вонредно преиспитување на правосилната пресуда на Основниот кривичен суд Скопје КОК.бр.40/18 од 15.03.2019 година и на пресудата на Апелациониот суд Скопје КОКЖ.бр.39/19 од 12.02.2021 година, ги одби како неосновани, стои во соопштението од Врховен. За упадот во Собранието на 27 април 2017 година беа обвинети 33 лица. Тие се гонеа за терористичко загрозување на уставниот поредок, 15 од обвинетите беа амнестирани со Законот за амнестија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vrhovniot-sud-ja-potvrdi-presudata-za-predmetot-27-april/feed/ 0
Калајџиев: Системот пука по сите шавови, тој процес почна пред две години со непочитување на одлуките на Врховен https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kalajdziev-sistemot-puka-po-site-shavovi-toj-proces-pochna-pred-dve-godini-so-nepochituvanje-na-odlukite-na-vrhoven/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kalajdziev-sistemot-puka-po-site-shavovi-toj-proces-pochna-pred-dve-godini-so-nepochituvanje-na-odlukite-na-vrhoven/#respond Thu, 18 Aug 2022 12:41:24 +0000 https://kurir.mk/?p=720528

Професорот Гордан Калајџиев во вчерашното гостување во Телма телевизија вели дека уште пред две години укажувал дека правниот систем во земјата пука. За почеток на ваквиот процес, Калајџиев го смета непочитување на донесените одлуки од страна на Врховниот суд. -Гледаме дека системот пука по сите шавови, не е тоа ни најново. Јас укажував уште пред две години дека кога настана тој расцеп помеѓу Врховниот суд од една страна и Обвинителството, а на страната на Обвинителството застанаа Кривичниот суд и Министерството за правда, а наспроти Врховен со негова дисквалификација и непочитување на неговите одлуки. Тоа значеше распад на системот и очигледно продолжува да се распукува. За жал никогаш нема да дознаеме кои биле проблемите за кои постојат сомненија внатре во Финансиската полиција, за што има разни сериозни говорења, вели професорот Калајџиев. За потсетување, Врховниот суд во 2019 година по поднесени иницијативи утврди начелно правно мислење дека СЈО по истекот на рокот од 18 месеци, не е овластен тужител за преземање на јавнообвинителски работи на предистражни и истражни дејствија предвидени со Законот за кривичната постапка. Ваквата одлука на Врховиот суд не беше испочитувана од Обвинителството кое беше поддржано од Кривичниот суд и Министерството за правда во водењето нa противзаконски судски случаи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kalajdziev-sistemot-puka-po-site-shavovi-toj-proces-pochna-pred-dve-godini-so-nepochituvanje-na-odlukite-na-vrhoven/feed/ 0
Њујорк го забрани оружјето на многу јавни места по одлуката на Врховниот суд https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/njujork-go-zabrani-oruzjeto-na-mnogu-javni-mesta-po-odlukata-na-vrhovniot-sud/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/njujork-go-zabrani-oruzjeto-na-mnogu-javni-mesta-po-odlukata-na-vrhovniot-sud/#respond Sat, 02 Jul 2022 12:42:13 +0000 https://kurir.mk/?p=698734

Државата Њујорк усвои закон со кој се забранува носење оружје на многу јавни места, меѓу кои и Тајмс Сквер, додека оние кои бараат дозвола за оружје ќе мора да ги докажат своите вештини за пукање и да им ги дадат на државните службеници профилите на социјалните мрежи за преглед. Овој закон беше усвоен на посебна законодавна седница, а неговото донесување беше поттикнато од минатонеделната одлука на Врховниот суд со која беа поништени стогодишните рестриктивни закони за оружје во Њујорк. Мнозинството конзервативни судии на Врховниот суд за првпат во историјата пресуди дека Уставот на САД го гарантира правото на носење оружје во јавност за самоодбрана. Демократските лидери во Њујорк ја осудија пресудата на Врховниот суд, бидејќи веруваат дека повеќе сопственици на оружје ќе доведат до поголемо вооружено насилство. Тие признаваат дека мора да ги олабават барањата за давање дозволи за да се усогласат со пресудата, но ќе се обидат да задржат што е можно повеќе ограничувања во име на јавната безбедност. Некои од овие ограничувања сигурно ќе бидат предмет на тужби. Врховниот суд одлучи дека барањата за дозвола, кои во Њујорк се на сила од 1911 година, на државните службеници им даваа премногу можност за одбивање да даваат дозволи. Демократската гувернерка на Њујорк, Кети Хочул, свика итна седница и рече дека досегашните закони за оружје во Њујорк резултирале со тоа Њујорк да има петта најниска стапка на смртност од оружје од 50 сојузни држави. „Нашата држава ќе продолжи да ги штити граѓаните на Њујорк, и покрај одлуката на Врховниот суд“, рече таа на конференција, додека пратениците расправаа за законот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/njujork-go-zabrani-oruzjeto-na-mnogu-javni-mesta-po-odlukata-na-vrhovniot-sud/feed/ 0
Врховниот суд на САД ја поништи пресудата со која се легализираше абортусот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vrhovniot-sud-na-sad-ja-ponishti-presudata-so-koja-se-legalizirashe-abortusot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vrhovniot-sud-na-sad-ja-ponishti-presudata-so-koja-se-legalizirashe-abortusot/#respond Fri, 24 Jun 2022 15:30:45 +0000 https://kurir.mk/?p=695332

Врховниот суд на САД денеска ја поништи 50-годишната пресуда со која се легализираше абортусот во целата земја, поради што милиони жени ќе го изгубат законското право на абортус. Судот ја поништи значајната одлука во случајот Роу против Вејд, со која технички беше укинато федералното уставно право на абортус во САД. Сега државите одделно можат да одлучуваат за законитоста на абортусот. „Сметаме дека Уставот не дава право на абортус и овластувањето за регулирање на прашањето за абортусот мора да им се врати на граѓаните и нивните избрани претставници“, се наведува во соопштението. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vrhovniot-sud-na-sad-ja-ponishti-presudata-so-koja-se-legalizirashe-abortusot/feed/ 0
Врховниот суд ги одби барањата на Катица Јанева и Боки 13, осудените остануваат во затвор https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vrhovniot-sud-gi-odbi-baranjata-na-katica-janeva-i-boki-13-osudenite-ostanuvaat-vo-zatvor/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vrhovniot-sud-gi-odbi-baranjata-na-katica-janeva-i-boki-13-osudenite-ostanuvaat-vo-zatvor/#respond Wed, 01 Jun 2022 12:42:17 +0000 https://kurir.mk/?p=684960

Врховниот суд ги одби барањата за вонредно преиспитување на пресудите за случајот „Рекет” на Бојан Јовановски и поранешната шефица на Специјалното јавно обвинителство, Катица Jанева. – Врховниот суд на Република Северна Македонија ја информира јавноста дека на 1 јуни 2022 година постапуваше по предметот КВПКОК2бр.19/21, познат во јавноста под името „Рекет“, оформен по поднесените барања за вонредно преиспитување на правосилна пресуда поднесени од осудените Бојан Јовановски и Катица Јанева и одлучи барањата да ги одбие, велат од Врховен суд. Воедно, во јули минатата година Апелациониот суд – Скопје ја потврди пресудата на Кривичниот суд – Скопје за случајот „Рекет” со кој Јанева е осудена на казна затвор од седум години за „примање награда за противзаконито влијание“ и „злоупотреба на службена положба и овластување, а Јовановски на девет години затвор за кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vrhovniot-sud-gi-odbi-baranjata-na-katica-janeva-i-boki-13-osudenite-ostanuvaat-vo-zatvor/feed/ 0