врховен судија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 09 Jun 2022 05:35:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png врховен судија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Уапсено лице кое сакало да убие судија на Врховниот суд на САД https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uapseno-lice-koe-sakalo-da-ubie-sudija-na-vrhovniot-sud-na-sad/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uapseno-lice-koe-sakalo-da-ubie-sudija-na-vrhovniot-sud-na-sad/#respond Thu, 09 Jun 2022 05:49:49 +0000 https://kurir.mk/?p=688601

Американското Министерство за правда синоќа обвини лице задржано во близина на домот на Брет Кавано, судија на Врховниот суд на САД, кое се заканувало дека ќe го нападне и киднапира судијата. Николас Џон Роске (26), допатувал до домот на судијата во Мериленд, а поттоа се јавил во службата за итна помош и кажал дека има самоубиствени намери и дека носи пиштол во ташната. Ова било причина за негово задржување, се наведува во тужбата. На истражителите тој им рекол дека дошол од Калифорнија да убие „одреден судија на Врховниот суд“. Според документите од истрагата се дознава дека Роске бил вознемирен од протекувањето на документ на Врховниот суд поврзан со информации за правото на абортус, за случај кој наскоро треба да се разгледува за контрола на оружјето во САД и масакрот во училиште во Јувалде Тексас. -Роске изјави дека судијата што тој се обидел да го убие би гласал за намалување на првата од Вториот амандамн. Тој размислувал како да го даде животот за некаква цел и кауза и одлучил дека може да го убие судијата на Врховниот суд, се наведува во тужбата. Тој би го сторил тоа со провалување во домот на судијата, а потоа планирал да изврши самоубиство. Според ФБИ, во ташната на Роске биле најдени спреј со солзавец, два магазина со муниција, пиштол „Глок“, и зип лисици. Тој носел и чекан, штрафцигер, шипка, полесен пиштол и салотејп.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uapseno-lice-koe-sakalo-da-ubie-sudija-na-vrhovniot-sud-na-sad/feed/ 0
Ејми Кони Берет положи заклетва за судија на Врховен суд на САД https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ejmi-koni-beret-polozi-zakletva-za-sudija-na-vrhoven-sud-na-sad/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ejmi-koni-beret-polozi-zakletva-za-sudija-na-vrhoven-sud-na-sad/#respond Tue, 27 Oct 2020 08:29:26 +0000 https://kurir.mk/?p=421049

Ејми Кони Берет положи заклетва за судија на Врховниот суд на САД, откако Сенатот ја потврди нејзината номинација со 52 гласа „за“ и 48 „против“. Републиканската сенаторка Сузан Колинс од Мејн е единствената која им се придружила на сите демократи во Сенатот, гласајќи против номинацијата на Берет. Таа изјавила дека не може да го даде својот глас за Берет, имајќи предвид колку се блиску следните претседателски избори. Ниту еден друг судија на Врховниот суд на САД досега, во изминатите 150 години, не е потврден, а да не освоил ниту еден глас на малцинската партија. Берет е трет судија во деветчлениот суд, која е номинирана од американскиот претседател Доналд Трамп и значително го поместува идеолошкиот баланс кон конзервативното мнозинство од шест наспроти три. Кандидатката на Трамп, која го пополни испразнетото место поради смртта на Рут Бејдер Гинзберг, потенцијално отвора нова ера на пресуди за абортусот, Законот за попристапна здравствена заштита, познат како „Обамакер“, па дури и изборите. Берет положи заклетва пред судијата на Врховниот суд Кларенс Томас на свеченост во Белата куќа. – Ова е ден од огромно значење за Америка, изјави Трамп на церемонијата на полагање заклетва, на која присуствувале околу 200 гости. Берет изјавила дека преку „ригорозниот процес на потврда“ научила дека „работата на судијата е да се спротивстави на своите политички преференции“. Таа вети дека ќе работи „без страв и непристрасно“ (MИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ejmi-koni-beret-polozi-zakletva-za-sudija-na-vrhoven-sud-na-sad/feed/ 0