ВРМО-ДПМНЕ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 19 Jul 2023 07:05:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png ВРМО-ДПМНЕ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 „Каква е поврзаноста на СДС и ДУИ со израелско македонската фирма која го развила шпионскиот софтвер Предатор, а сега е на црната листа на САД?“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kakva-e-povrzanosta-na-sds-i-dui-so-izraelsko-makedonskata-firma-koja-go-razvila-shpionskiot-softver-predator-a-sega-e-na-tsrnata-lista-na-sad/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kakva-e-povrzanosta-na-sds-i-dui-so-izraelsko-makedonskata-firma-koja-go-razvila-shpionskiot-softver-predator-a-sega-e-na-tsrnata-lista-na-sad/#respond Wed, 19 Jul 2023 07:05:12 +0000 https://kurir.mk/?p=857916

Каква е поврзаноста на СДС и ДУИ со израелско македонската фирма која го развила шпионскиот софтвер Предатор, а сега е на црната листа на САД?, ова денеска преку соопштение до јавноста го прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ. -САД ја ставија на црна листа фирмата Сајтрокс, која во Скопје го развивала шпионскиот софтвер Предатор, за кој канадската универзитетска организација Ситизен Лаб откри дека се користел за незаконско следење на граѓани. Причината за ставање на црната листа како што се наведува е нарушување на сајбер-безбедноста. САД сметаат дека фирмата користела софтвер за да добие пристап до информациски системи, а со тоа, ја нарушувала безбедноста на поединци и организации ширум светот. Според грчки истражувачи неодамна беше нотирано дека Македонија го има купено софтверот за шпионажа Предатор. Ковачевски немаше реакција, велат од партијата. Од таму додаваат дека загрижувачки е што сите информации кои излегоа во јавноста од меѓународните истражувачи кажуваат дека софтверот за следење на комуникациите Предатор бил незаконски развиен во Скопје од страна на компанијата Сајтрокс и комплексна мрежа од фирми поврзани со израелски бизнисмен. Дополнително на тоа е нотирано дека истиот подоцна е продаван ширум светот. „Зошто ЈО молчи за ваквиот скандал, и дали властите и обвинителството повторно ќе тврдат дека од соопштението на САД дознале за шпионскиот софтвер? Дали шпионскиот софтвер е набавен со амин на Ковачевски и дали истиот е користен за незаконско шпионирање на граѓаните?“, стои во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kakva-e-povrzanosta-na-sds-i-dui-so-izraelsko-makedonskata-firma-koja-go-razvila-shpionskiot-softver-predator-a-sega-e-na-tsrnata-lista-na-sad/feed/ 0
Мицкоски: Работиме на коалицискиот потенцијал и окрупнување на опозицијата, разговараме и со други партии https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-rabotime-na-koaliciskiot-potencijal-i-okrupnuvanje-na-opozicijata-razgovarame-i-so-drugi-partii/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-rabotime-na-koaliciskiot-potencijal-i-okrupnuvanje-na-opozicijata-razgovarame-i-so-drugi-partii/#respond Mon, 19 Oct 2020 18:26:07 +0000 https://kurir.mk/?p=418277

На вечерашниот Live chat, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на поставените прашања во врска со потенцијални коалициски окрупнувања во следниот период, истакна дека она што ВМРО-ДПМНЕ како најголема политичка партија ќе го прави во следниот период е токму тоа. -Доколку има лица кои имаат ставови кои што не обединуваат, а не обединуваат против заедничкиот политички противник, а тоа е оваа Влада која е реалност во Македонија и овие политичари кои се во Владата, и сето она останато кое во минатото сме го имале како разлики со одредени политички партии или личности треба да бидат во втор план, истакна Мицкоски. Претседателот Мицкоски посочи дека приоритетно треба да биде обединување заради спас на Македонија од деструктивните и криминално, погрешни политики на Владата предводена од Зоран Заев и СДСМ. -Веќе започнавме еден процес на окрупнување до сега структури како дел од политичката партија Интегра преминаа во ВМРО-ДПМНЕ, изминатиот викенд членови на дел од движењето ФРОДЕМ исто така преминаа во ВМРО-ДПМНЕ и во периодот кој што следи ќе има и други структури на политички партии кои ќе преминуваат во ВМРО-ДПМНЕ, и она што е најважно е дека работиме на коалицискиот потенцијаал, обединување и окрупнување и наоѓање на заедничка сврзна точка, тоа е понатамошното пљачкање на државата и политичката мафија која владее во Македонија, истакна Мицкоски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-rabotime-na-koaliciskiot-potencijal-i-okrupnuvanje-na-opozicijata-razgovarame-i-so-drugi-partii/feed/ 0
Стојаноска: Никој не може да ме убеди дека дебата во живо во Собрание може да се замени со онлајн https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stojanoska-nikoj-ne-moze-da-me-ubedi-deka-debata-vo-zivo-vo-sobranie-moze-da-se-zameni-so-onlajn/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stojanoska-nikoj-ne-moze-da-me-ubedi-deka-debata-vo-zivo-vo-sobranie-moze-da-se-zameni-so-onlajn/#respond Thu, 15 Oct 2020 18:34:34 +0000 https://kurir.mk/?p=416949

Мислам дека има и кривична одговорност има ако се прекршат правилата предвидени за болни од корона вирус. Ако некој е позитивен оди во изолација и нема тука простор за изнаоѓање на решение за доаѓање и слично, рече Дафина Стојаноска, пратеничка и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на гостувањето на телевизија Телма во емисијата „Вин вин“. Според неа на пратениците им е даден мандат од граѓаните да одат во Собрание и да расправаат. -Тоа е и уставна категорија. Уставот вели присуство и дебатирање, одлучување во Собрание, кажа Стојаноска. Стојаноска посочи дека можеби и треба да се дизајнираат начини за работа на пратениците во одредени услови како на пример сега оваа со корона кризата. -Но, не може никој да ме убеди дека директната дебата треба да се замени, тоа е клучот на нашата работа како пратеници, посочи Стојаноска. Пратеничката Стојаноска укажа дека на координациите на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ се функционира по сите протоколи со дистанца, распоред со договорено присуство и слично. -Доколку сите се задаржиме на тоа, функционирањето е возможно, вели Стојаноска.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stojanoska-nikoj-ne-moze-da-me-ubedi-deka-debata-vo-zivo-vo-sobranie-moze-da-se-zameni-so-onlajn/feed/ 0
Стојаноска: Тенкото мнозинство е причина за желбата на СДСМ Собранието да работи онлајн https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stojanoska-tenkoto-mnozinstvo-e-prichina-za-zelbata-na-sdsm-sobranieto-da-raboti-onlajn/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stojanoska-tenkoto-mnozinstvo-e-prichina-za-zelbata-na-sdsm-sobranieto-da-raboti-onlajn/#respond Thu, 15 Oct 2020 17:57:01 +0000 https://kurir.mk/?p=416932

Парламентот не е компанија туку институција која работи согласно устав закони деловник и ние се наоѓаме во специфична ситуација. За да работиме онлајн треба да се менуваат сите акти. Како ќе разграничиме отсутни поради корона и отсуство поради други причини. Тоа воопшто не е едноставно како што се зборува или изгледа. Дополнително има и тенко мнозинство и сето ова се користи како параван. Кај тенкото мнозинство лежи се, тука е поентата, рече Дафина Стојаноска, пратеничка и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на гостувањето на телевизија Телма во емисијата „Вин вин“. Според неа ако се тргне во оваа насока ќе излегуваат многу проблеми. -Многу е поразлично да се работи со физичко присуство во Собранието, отколку онлајн. Тука е и прашањето дали секој може да се вклучи онлајн. Вака како што сме почнале, имаме нефункционално Собрание, до каде ќе оди ситуацијава, нели беше важно да има функционални институции, кажа Стојаноска. Стојаноска посочи дека власта е таа која треба да си обезбеди мнозинство во Собранието, а не дека опозицијата ја опструира работата на парламентот. -Зошто не помислите да поднесете закони кои се реформски и ќе имаат поддршка од опозицијата, посочи Стојансока.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stojanoska-tenkoto-mnozinstvo-e-prichina-za-zelbata-na-sdsm-sobranieto-da-raboti-onlajn/feed/ 0
ВМРО-ДПМНЕ: Отфрлањето на тужбата на Русковска е нејзин тежок блам https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-otfrlanjeto-na-tuzbata-na-ruskovska-e-nejzin-tezok-blam/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-otfrlanjeto-na-tuzbata-na-ruskovska-e-nejzin-tezok-blam/#respond Tue, 13 Oct 2020 15:56:44 +0000 https://kurir.mk/?p=415853

Отфрлањето на тужбата на Русковска против ВМРО-ДПМНЕ претставува очекуван потег но и тежок блам на главниот обвинител и извршител на Заев, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата велат дека неспорен факт е дека дури ни руинираното трас-трас судство не може да го покрие самоволието на Заев.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-otfrlanjeto-na-tuzbata-na-ruskovska-e-nejzin-tezok-blam/feed/ 0
Арсовски: Отворените листи и една изборна единица преставува солидна основа за разговори за промена на Изборниот законик, локалните избори да се оддржат во еден изборен круг https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/arsovski-otvorenite-listi-i-edna-izborna-edinica-prestavuva-solidna-osnova-za-razgovori-za-promena-na-izborniot-zakonik-lokalnite-izbori-da-se-oddrzat-vo-eden-izboren-krug/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/arsovski-otvorenite-listi-i-edna-izborna-edinica-prestavuva-solidna-osnova-za-razgovori-za-promena-na-izborniot-zakonik-lokalnite-izbori-da-se-oddrzat-vo-eden-izboren-krug/#respond Mon, 14 Sep 2020 14:36:42 +0000 https://kurir.mk/?p=403129

„Оние кои буквално го разораа судството, не може да ја вратат довербата во судството кај граѓаните. После 4 години власт ниту еден случај за кои тие самите велеа дека е криминален има правна разрешница, но затоа имама десетици други нови случаеви каде криминалот на власта е толериран. Нема да зборуваме за претходните 4 години колку што е на власт Заев и СДСМ, туку ќе зборуваме за месец и половина колку што е новиот мандат на старата криминална влада на Заев“, изјави денес портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски. -За само месец и половина се случи, да пропадне Еуростандард банка, афера тешка 200 милиони евра, а парите да отидат во џебот на струмички фирми блиски до Заеви, се случи афера со панамски пари за бизнис зделки помеѓу Зоран Заев и бизнисменот Дака Давидовиќ за нови 2.000 станови во Тетово, се случија нови седумнаесет катници за развој на урбаната мафија во скопската населба Ѓорче Петров, се случи поскапата струја чиј профит се одлева во една струмичка компанија за обезбедување, или фактот што партиската маша на Зоран Заев, Марко Бислимоски спротивно на закон е првиот човек на Регулаторната комисија. Во однос на предлозите на Маричиќ за една изборна единица и отворени листи треба и официјално да соопштат дали тоа е нивниот конечен став со оглед на тоа што во минатото повеќе работи беа договорени во таа насока, па потоа се предомислија и го променија мислењето. Таквата тргни - застани политика говори за нивниот пазарџиски менталитет, истакна тој. Воедно сметаме дека отворените листи и една изборна единица преставува солидна основа за разговори за промена на Изборниот законик како и нашиот предлог локалните избори да се оддржат во еден изборен круг со цел да се заштедат пари на граѓаните во период на тешка економска криза и да се заштеди време во кое ќе се спроведе изборниот процес. Исто така, бараме, еднаш засекогаш да се регулира гласањето на дијаспората, заклучи Арсовски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/arsovski-otvorenite-listi-i-edna-izborna-edinica-prestavuva-solidna-osnova-za-razgovori-za-promena-na-izborniot-zakonik-lokalnite-izbori-da-se-oddrzat-vo-eden-izboren-krug/feed/ 0