врнежи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 25 Jul 2023 05:35:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png врнежи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Врнежите од јуни и јули ќе се одразат врз вториот турнус во градинарството, велат производителите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vrnezhite-od-juni-i-juli-ke-se-odrazat-vrz-vtoriot-turnus-vo-gradinarstvoto-velat-proizvoditelite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vrnezhite-od-juni-i-juli-ke-se-odrazat-vrz-vtoriot-turnus-vo-gradinarstvoto-velat-proizvoditelite/#respond Tue, 25 Jul 2023 05:35:02 +0000 https://kurir.mk/?p=859635

Екстра квалитет, добар пласман и солидни цени, вака помина првиот годинашен турнус во градинарството, велат производителите. Но, вториот, што се очекува во август, се уште е неизвесен, пред се од аспект на приносот. Можно е честите поројни врнежи што ја зафатија земјава кон крајот на јуни и почетокот на јули, да се одразат врз квалитетот и да го намалат родот. Покрај нестабилното време, земјоделците како многу посериозен и долгорочен го посочуваат проблемот со се помалиот број површини под градинарски култури. Како што истакнуваат, површините се преполовени, производството главно се сведува на зелка и индустриски пипер, а значително, речиси двојно, е намален и бројот на производители. -Задоволен сум од пласманот на првиот производен циклус, пиперот беше 60 - 70 денари, доматот во сезона одеше по 60 – 65 денари, додека розовиот домат ќе биде околу 50 денари. Во август се очекува вториот турнус, а какви ќе бидат цените ќе покаже времето. Стравувавме дека ако продолжат интензивните, поројни врнежи, ќе биде лошо. Тоа секако ќе се одрази врз квалитетот, посебно кај оние површини кои навреме не беа заштитени. Сепак, останува да видиме, вели Ристо Велков, земјоделец и претседател на Сојузот на синдикати на земјоделски производители. Тој укажува дека поголем проблем од овој со временските услови е тоа што веќе, како што оценува, нема кој да работи. -Нема веќе кој да работи, тоа е проблемот. Малку се сади. Површините се сигурно намалени за 40 проценти, а можеби и за 50 отсто. Интерес нема, посебно не за домат и краставица, зашто овие две култури бараат повеќе работа. Претежно се сади зелка и индустриски пипер, истакнува Велков. Според производителот и претседател на Потсекторската група градинарство Драги Памуков, во моментов речиси нема зеленчук во земјава. При крај се количините од првиот турнус домати, пипер, краставици. -Засега, конкретно годинава, најголем проблем беа поројните врнежи и невремето кое го зафати струмичкиот регион, но долгорочно, проблем е тоа што има се помал интерес кај земјоделците за градинарство. Повеќето од нив се иселуваат, работата е тешка, но не и доволно исплатлива. Ако пред три години во струмичката Подрачна единица на Министерството за земјоделство имаше 8 500 апликанти за поддршка, сега има околу 4 500. Бројот е преполовен. Земјоделците генерално си одат во странство, нагласува Памуков. Негова оценка е дека првиот годинашен производен циклус имаше турбулентни ситуации, „кога долу, кога горе“. -Замрзнатите цени и целата таа наметната ситуација, доведоа до тоа да ги продаваме градинарските производи под производна цена. Ако производната цена, на пример, на доматот беше 80 денари, ние го дававме за 60. Слично е и со краставицата која беше во помал обем. На пиперот, пак, производната цена му е 40 денари, а сега се продава по 30 – 35 денари. Врнежите што зафатија одредени делови од државата повторно морам да ги спомнам зашто, секако, негативно ќе се одразат врз производството. Не само што ќе се намали квалитетот, туку можно е да се редуцираат и количините. На 5 јули имаше цунами во Струмичкиот регион, а земјоделците го извлекоа подебелиот крај. Кај пиперот може да дојде до сушење, но ајде да почекаме, па ќе видиме, објаснува Памуков. Негова оценка е дека увозот не може да се запре, само може да се контролира. -Тоа е посебно изразено сега, со Отворен Балкан, кога границите практично се отворија. Годинава имаше повторно увоз на краставици од Албанија, но траеше кратко и не го наруши пазарот, вели Памуков. Пласманот на зеленчукот најмногу во Србија, БиХ и Хрватска, но се извезува и во Романија, Албанија, Грција, Турција, Полска,... Во првите четири месеци од годината, до кога се и обработени статистичките податоци, во Србија се извезени 618 742 килограми домати, свежи и разладени, во вредност од 896 185 евра, а за Полска отишле 623 398 килограми од што се инкасирани 1 307 112 евра. Увоз, пак, е реализиран од Албанија, 512 434 килограми вредни 515 943 евра, од Грција 897 919 килограми или 414 736 евра, како и од Турција 2 332 997 килограми или 879 049 евра. Во истиот период, од јануари заклучно со април, зелка и сличен зеленчук, свеж и разладен, се извезени во Србија 6 171 517 во вредност од 1 587 461 евра, Романија 10 181 363 килограми или 2 156 714 евра, Полска 9 696 286 килограми или 6 149 486 евра, БиХ 1 125 945 килограми или 407 447 евра, Хрватска 1 396 669 килограми или 870 862 евра, Молдавија 1 809 383 килограми или 942 589 евра, Бугарија 2 678 998 килограми или 944 804 евра, Австрија 697 052 килограми или 447 356 евра, Литванија 1 078 007 килограми или 722 490 евра, Латвија 812 676 килограми или 449 381 евра. Се извезувало и во Норвешка 398.745 килограми, на Косово 387.091, Украина 8 092 681, Словенија 411 526 и Шведска 843 262 килограма, како и во Финска и Чешка. Увоз на зелка и сличен зеленчук е регистриран од Албанија, вкупно 221 302 килограми во вредност од 105 352 евра. Извозот на овошје и зеленчук во првите четири месеци од 2023 година изнесувал 89 828 890 килограми или 67 780 824 долари, додека увозот бил 56 925 243 килограми или 55 255 628 долари. Лани, во истиот овој период, извозот бил 101 834 784 килограми или 61 470 526 долари, а увозот изнесувал 61 287 119 или 50 476 044 долари. Податоците од Агенцијата за храна и ветеринарство покажуваат дека до сега се увезени 13.083 пратки или 73 341 138 килограми зеленчук, овошје и преработки од овошје и зеленчук, а минатата година до овој период биле увезени 15 969 пратки или 136 695 355 килограми. Исплатени 224,4 милиони денари поддршка за градинарските култури На 30 јуни годинава Платежната агенција соопшти дека се исплатени близу 224,4 милиони денари за градинарски култури предадени во преработувачки капацитети на 3 821 корисник. Свежи органски домати, краставици, пиперки, рукола, зелка, компири, органски јаболков оцет, маџун и кашкавал, се само дел од палетата производи кои ќе може да се купат на првиот Пазар за орга Висината на директните плаќања изнесува три денари по килограм за сите градинарски култури. Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства кои имаат засадени површини со градинарски култури и се корисници на подмерка 1.4 на оваа уредба, оствареното производство да е предадено во преработувачки капацитети за зеленчук директно или преку еден регистриран откупувач во период од 26 декември 2021 година до 25 декември 2022 година, вклучително и производените градинарски култури за потребите на сопствениот преработувачки капацитет, запишани во Регистарот на откупувачи на земјоделските производи. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vrnezhite-od-juni-i-juli-ke-se-odrazat-vrz-vtoriot-turnus-vo-gradinarstvoto-velat-proizvoditelite/feed/ 0
Евакуација и откажани летови во Јужна Кореја поради обилни врнежи https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evakuatsija-i-otkazhani-letovi-vo-juzhna-koreja-poradi-obilni-vrnezhi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evakuatsija-i-otkazhani-letovi-vo-juzhna-koreja-poradi-obilni-vrnezhi/#respond Fri, 14 Jul 2023 12:11:19 +0000 https://kurir.mk/?p=856690

Обилните врнежи во Јужна Кореја доведоа до откажување на повеќе од сто летови и илјадници домови без струја. Откажани се повеќе од 130 летови, а до 17 часот одложени се околу 270 летови. Прекини на струја се регистрирани во повеќе од 4.000 домаќинства во главниот град Сеул, а повеќе од 130 лица се евакуирани низ целата земја, соопшти Министерството за внатрешни работи. Се додава дека едно лице е исчезнато, а друго е повредено поради обилните дождови.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evakuatsija-i-otkazhani-letovi-vo-juzhna-koreja-poradi-obilni-vrnezhi/feed/ 0
Облачно и врнежливо време, попладне поројни дождови и грмежи https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/oblachno-i-vrnezhlivo-vreme-popladne-porojni-dozhdovi-i-grmezhi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/oblachno-i-vrnezhlivo-vreme-popladne-porojni-dozhdovi-i-grmezhi/#respond Wed, 03 May 2023 05:31:15 +0000 https://kurir.mk/?p=829947

Времето денеска ќе биде променливо облачно, од изутрина со врнежи од дожд кои попладне повремено ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Ќе дува умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 10, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени, известуваат од УХМР. Во Скопје променливо облачно со повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне 17 степени.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/oblachno-i-vrnezhlivo-vreme-popladne-porojni-dozhdovi-i-grmezhi/feed/ 0
Претежно облачно, кон крајот на денот врнежи од дожд https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pretezhno-oblachno-kon-krajot-na-denot-vrnezhi-od-dozhd/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pretezhno-oblachno-kon-krajot-na-denot-vrnezhi-od-dozhd/#respond Tue, 02 May 2023 05:43:08 +0000 https://kurir.mk/?p=829520

Времето денеска ќе биде претежно облачно, со сончеви периоди во источните делови. Кон крајот на денот и во текот на ноќта почнувајќи од запад ќе има врнежи од дожд. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од јужен и југоисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 15 до 21 степен. Во Скопје претежно облачно, а во текот на ноќта со повремен дожд. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе достигне до 19 степени. Во среда и четврток ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд, на места поинтензивен и проследен со грмежи и засилување на ветерот. Дневната температура ќе се намали. Од петок се очекува посончево и потопло време, со услови за локален краткотраен дожд во попладневните часови.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pretezhno-oblachno-kon-krajot-na-denot-vrnezhi-od-dozhd/feed/ 0
Студено со врнежи во следните два дена – еве кога конечно ќе дојде топло време https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/studeno-so-vrnezhi-vo-slednite-dva-dena-eve-koga-konechno-ke-dojde-toplo-vreme/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/studeno-so-vrnezhi-vo-slednite-dva-dena-eve-koga-konechno-ke-dojde-toplo-vreme/#respond Tue, 04 Apr 2023 10:26:18 +0000 https://kurir.mk/?p=819988

Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени слаби врнежи од дожд, на планините и некои повисоки места врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, кој долж Повардарието повремено ќе засилува. Минималната температура ќе биде од - 2 до 4 степени, а максималната температура од два до 13 степени. Во Скопје променливо облачно, со слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата ќе се движи од 1 до 8 степени. Како што информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во следните два дена времето ќе биде променливо облачно и студено со повремени слаби врнежи кои на повисоките места и на планините ќе бидат од снег. Ќе дува умерен, долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Утринските температури наместа ќе се спуштаат под нула. Најтопло ќе биде в сабота, променливо облачно со слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се движи од -1 до 6 степени, а максималната температура од 10 до 16 степени. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/studeno-so-vrnezhi-vo-slednite-dva-dena-eve-koga-konechno-ke-dojde-toplo-vreme/feed/ 0
Предупредување за возачите: Снег вее на неколку патни правци https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/predupreduvane-za-vozachite-sneg-vee-na-nekolku-patni-pravtsi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/predupreduvane-za-vozachite-sneg-vee-na-nekolku-patni-pravtsi/#respond Sat, 04 Feb 2023 08:06:06 +0000 https://kurir.mk/?p=796011

Врнежи од снег кој не се задржува на коловозот утринава има на Крива Паланка, Страцин, Куманово, Павлешенци, Преод, Струга, Охрид, Ресен, Крушево и на планиските премини Буково, Ѓавато и Железнец. На граничните премини од македонска страна, како што информира Авто мото сојузот на Македонија, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/predupreduvane-za-vozachite-sneg-vee-na-nekolku-patni-pravtsi/feed/ 0
Од утревечер пообилен дожд на пониските и снег на повисоките места https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-utrevecher-poobilen-dozhd-na-poniskite-i-sneg-na-povisokite-mesta/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-utrevecher-poobilen-dozhd-na-poniskite-i-sneg-na-povisokite-mesta/#respond Sat, 21 Jan 2023 11:37:07 +0000 https://kurir.mk/?p=790037

Од утре во вечерните часови под влијание на нов влажен бран ќе започнат врнежи од дожд, кои пообилни ќе бидат во понеделник во текот на денот и во вторник претпладне (локално над 30 л/м2), најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи. Врнежи од снег ќе има најпрво на планините, каде снежната покривка значително ќе се зголеми, а од понеделник попладне и на некои повисоки места. Во понеделник во источните делови ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Во Скопската Котлина ќе биде облачно со врнежи од дожд, пообилни врнежи ќе има во понеделник попладне и во вторник претпладне.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-utrevecher-poobilen-dozhd-na-poniskite-i-sneg-na-povisokite-mesta/feed/ 0
Променливо облачно со повремени врнежи од дожд https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/promenlivo-oblachno-so-povremeni-vrnezhi-od-dozhd/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/promenlivo-oblachno-so-povremeni-vrnezhi-od-dozhd/#respond Thu, 19 Jan 2023 13:18:58 +0000 https://kurir.mk/?p=789367

Времето попладне и во ноќните часови ќе биде променливо облачно и релативно топло со повремени врнежи од дожд. На повеќе места ќе дува засилен, повремено силен јужен ветер, над 70 километри на час. Како што информираат од УХМР, попладне, во текот на ноќта и утре претпладне на места во источните делови врнежите ќе бидат поројни, над 35 литри на метар квадратен, проследени со грмежи, а локално ќе има услови за краткотрајно невреме. Од ноќните часови поради заладувањето на планините и на некои повисоки места во западните делови врнежите ќе бидат од снег и ќе се формира снежна покривка. Во Скопската котлина во текот на денов ќе дува засилен ветер од југоисточен правец. Ќе има повремени врнежи од дожд кои ќе бидат пообилни во текот на ноќта и утре претпладне. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/promenlivo-oblachno-so-povremeni-vrnezhi-od-dozhd/feed/ 0
ВИДЕО: Евакуација во Монтесито поради обилни дождови и поплави https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-evakuatsija-vo-montesito-poradi-obilni-dozhdovi-i-poplavi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-evakuatsija-vo-montesito-poradi-obilni-dozhdovi-i-poplavi/#respond Tue, 10 Jan 2023 06:47:16 +0000 https://kurir.mk/?p=785312

Целиот град Монтесито во американската сојузна држава Калифорнија синоќа доби наредба да се евакуира поради поројни дождови кои ги поплавија патиштата и предизвикаа излевање на реки. Евакуацијата на 10.000 луѓе се случува на петтата годишнина од лизгањето на земјиштето во кое загинаа 23 луѓе и уништија повеќе од 100 домови во оваа енклава на Пацификот. Шерифот на округот Санта Барбара, Бил Браун, рече дека наредбата за евакуација „се заснова на постојано високи врнежи од дожд, без индикации дека ќе се промени пред вечерта (по локално време). Монтесито, сместен помеѓу брегот на океанот и високите планини, е град во кој живеат побогатите луѓе и познати како војводата и војвотката од Сасекс. По должината на брегот, издадени се наредби за евакуација на околу 32.000 луѓе во округот Санта Круз поради надојдените реки.

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-evakuatsija-vo-montesito-poradi-obilni-dozhdovi-i-poplavi/feed/ 0
ПРОГНОЗА ЗА ВИКЕНДОТ: Пообилни врнежи, засилен ветер и заладување https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prognoza-za-vikendot-poobilni-vrnezi-zasilen-veter-i-zaladuvanje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prognoza-za-vikendot-poobilni-vrnezi-zasilen-veter-i-zaladuvanje/#respond Thu, 03 Nov 2022 10:58:10 +0000 https://kurir.mk/?p=755119

Под влијание на циклонска активност од Медитеранот, викендов ќе преовладува облачно време со поремени врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат поројни и обилни и до над 35 литри на квадратен метар. Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи, врнежливо ќе биде особено од сабота кон крајот на денот до недела претпладне. -Во сабота ќе дува засилен, повремено силен ветер (над 65 километри на час) од југоисточен правец. Дневната температура до недела насекаде ќе опадне за околу 10 степени, соопшти УХМР.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prognoza-za-vikendot-poobilni-vrnezi-zasilen-veter-i-zaladuvanje/feed/ 0