врска – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 20 Oct 2023 16:08:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.2 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png врска – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Не сте среќни и сакате да се разделите, но останувате заедно: Психолозите откриваат три причини за овој феномен! https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ne-ste-srekni-i-sakate-da-se-razdelite-no-ostanuvate-zaedno-psiholozite-otkrivaat-tri-prichini-za-ovoj-fenomen/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ne-ste-srekni-i-sakate-da-se-razdelite-no-ostanuvate-zaedno-psiholozite-otkrivaat-tri-prichini-za-ovoj-fenomen/#respond Fri, 20 Oct 2023 16:08:34 +0000 https://kurir.mk/?p=891395

Кога дивата страст станува токсична, а тие двајца се уште се таму. Немаат сила, волја или нешто друго да ја прекинат врската, па остануваат во неа до крај. Експертите од оваа област се обидоа да најдат одговор зошто е тоа така. Психолозите велат дека постојат три главни причини за ова: Инвестиција Кога некој ќе вложи многу од своите емоции, труд и време во врската, нема само да ја прекине. Ќе вложат максимални напори таа инвестиција на крајот да се покаже како „профитабилна“. Кога двојката има десет години брак зад себе, заедничка емотивна историја, две деца и заеднички недвижен имот, ќе биде многу потешко да се одлучи за раскинување отколку пар кој дели куче и стан под кирија. Манипулација Еден од партнерите е на прагот да ја прекине врската, но останатиот успева преку манипулации да го принуди да се откаже. Ветувањата за тоа како ќе се променат, дури и оние кои постојано биле прекршени, во комбинација со драматични изјави на љубов или романтични гестови, крајно празни и површни, можат да ја измамат „жртвата“ на одреден временски период. Песимизам „Зошто би ја прекинал оваа врска кога сум прилично сигурен дека и онака нема ништо подобро за мене“. Веројатно ви се познати ваквите изјави. Луѓето кои се песимисти по природа, или љубовната историја ги направила такви, едноставно не гледаат поента да прекинат нешто лошо.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ne-ste-srekni-i-sakate-da-se-razdelite-no-ostanuvate-zaedno-psiholozite-otkrivaat-tri-prichini-za-ovoj-fenomen/feed/ 0
Топ 10 причини зошто мажите раскинуваат https://arhiva.kurir.mk/magazin/ljubov-i-seks/top-10-prichini-zoshto-mazhite-raskinuvaat/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/ljubov-i-seks/top-10-prichini-zoshto-mazhite-raskinuvaat/#respond Wed, 04 Oct 2023 07:42:37 +0000 https://kurir.mk/?p=884907

Факт е дека огромен број на врски завршуваат неуспешно. Сигурно ќе поминете или веќе сте поминале низ барем неколку врски пред да го запознаете вистинскиот. Најверојатно сте скршиле нечие срце и/или некој го скршил вашето. Во моментите кога оној со кого сте во врска решил да ви каже збогум, веројатно сте се запрашале која е причината, особено ако таа не била очигледна. Еве дел од најчестите причини поради кои мажите решаваат да им раскинат на своите партнерки: Манипулација преку „љубовни игри“. И мажите не се невини кога се работи за користењето на тактики за зачувување на доминацијата во врската и изнудување на нешто, но жените почесто се служат со тактики за манипулација или за казнување на партнерот за некоја лоша постапка. Имено, жените преку молчење или воздржување од секс често се обидуваат да им одржат лекции на мажите. Понекогаш ваквите женски постапки се причина за мажите да стават крај и да заминат. Отсуство на сексуални односи. Раскинувањето поради отсуство на секс е толку често што ако не ви се случило вам, тогаш сигурно ѝ се случило на ваша пријателка. Реалноста вели дека огромен број на мажи ги напуштаат своите девојки затоа што тие не се подготвени да им се предадат. Некои одат и дотаму што ги уценуваат своите девојки и им поставуваат ултиматуми. Чести љубоморни сцени. Колку и да сакате некој, ако тој секојдневно страда од испади на љубомора, го контролира секој ваш чекор и постојано ве испрашува, еден ден ќе ви дојде преку глава. Истото се случува и кај мажите. Љубоморните сцени кога се ретки се слатки, но кога ќе зачестат се вистински убиец на страста и на хармоничните односи. Секојдневен дожд од критики. Секој сака да се чувствувате ценет и од време на време да слуша комплименти и пофалби. Па, ако недостигаат вашите мили зборови и секојдневно врз него истурате дожд од критики, тој може да посака да се префрли во друга прегратка каде што ќе се чувствува ценет онаков каков што е. Преголема самостојност. Мажите сакаат да се чувствуваат корисни, сакаат да ги „спасуваат“ жените кога се во неволја и да бидат еден вид на херои. Доколку ѝ пристапувате на врската со ставот „Сè можам да направам сама“, еден ден тој може да се запраша: „Зошто сака маж кога не ѝ е потребен?“. Мажите имаат потреба да го хранат своето его. Преголема зависност. Преголема независност и преголема зависност – двете крајности можат да го натераат да се откаже од врската, колку и да го привлекувате. Мажите сакаат да се во врска со жена која ќе им го разубавува животот и која си има сопствен живот настрана од врската. Илјадници жени откако ќе влезат во врска, целосно се фокусираат на партнерот и забораваат на своите пријатели, хобија и интереси, па со тек на време стануваат премногу зависни од него, не можат да донесуваат самостојни одлуки и редовно се консултираат со него буквално за сè. Мажите сакаат да се грижат за својата партнерка и да можат да ѝ помагаат, но кога барањата за помош се во границите на умереното. Фобија од обврзување. Некои мажи едноставно не сакаат да се во долги врски и имаат страв од обврзување. Тие се подготвени да ѝ раскинат дури и на девојка која ќе им влезе под кожа, само и само за да ја избегнат долгата врска. Во нивната глава е зацртано дека им е рано за обврзување и се подготвени на сè за да си ја зачуваат својата слобода. Отсуство на физичка привлечност. На крајот на краиштата мажите се визуелни суштества и копнеат пред себе да имаат жена која ќе ги привлекува и возбудува. Во некои случаи физичката привлечност може да не е пресудна за одржување на врската, затоа што факт е дека луѓето со текот на годините се менуваат, но за жал, на многумина привлечноста им е пресудна. Вмешување на пријателките во врската. Жените имаат потреба да дискутираат за својата врска со пријателките. Но, тие разговори мора да имаат граница. Не треба секое случување во врската веднаш да станува тема на разговор со пријателките, а уште помалку секој нивни совет со брзина на светлината да биде имплементиран во вашата врска. Не можете да ѝ дозволите на пријателката која никогаш не славела два родендени со исто момче да ви соли памет што треба да правите кога имате љубовни проблеми. Мажите до одреден степен го разбираат женското пријателство, но кога ќе почувствуваат дека тоа им создава премногу главоболки, го избираат полесниот пат. Здодевност и монотонија во врската, чувство дека има и подобро. Скоро сите врски започнуваат бурно, исполнети со страст и забава, но кога огнот ќе згасне, треба да знаете како повторно да го запалите. Ако тој почувствува здодевност и кај него исчезне возбудата, ќе започне да размислува дека може да му биде подобро со некоја друга, односно дека заслужува подобро.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/ljubov-i-seks/top-10-prichini-zoshto-mazhite-raskinuvaat/feed/ 0
Кои се четирите главни токсични особини кои можат да ја уништат љубовната врска? https://arhiva.kurir.mk/magazin/ljubov-i-seks/koi-se-chetirite-glavni-toksichni-osobini-koi-mozhat-da-ja-unishtat-lubovnata-vrska/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/ljubov-i-seks/koi-se-chetirite-glavni-toksichni-osobini-koi-mozhat-da-ja-unishtat-lubovnata-vrska/#respond Thu, 28 Sep 2023 20:05:43 +0000 https://kurir.mk/?p=882941

Психолозите открија кои четири главни „токсични“ особини можат да ги „уништат“ односите. 1. Критика Пред сè, треба да знаете дека постои разлика помеѓу критики и приговори. Критиката претставува напад на личноста или некоја нејзина карактерна особина. Сосема е различно ако се жалите на нечие однесување кое ве мачи. Важно е да обрнете внимание на тонот и да размислите што сакате да кажете пред да проговорите. 2. Презир Презирот е јасен знак на непочитување на партнерот. Најчесто во текот на расправијата кажувате работи кои покажуваат презир кон партнерот и затоа е важно кога ќе почувствувате дека расправијата се вжештува, да се повлечете и да размислите за следниот чекор. 3. Механизам за одбрана Друга карактеристика со која се борат паровите е механизмот за одбрана. Ако постојано наоѓате изговори, не преземате одговорност и се обвинувате еден со друг – тоа е дефанзивност. Отворената комуникација и активното слушање можат да направат разлика – наместо веднаш да се браните, слушајте што има да ви каже партнерот. 4. Молчење Ова се случува кога некое лице избегнува расправија и директно соочување со проблемот. На тој начин личноста смета дека ја прави вистинската работа за да ја смири ситуацијата. Но, ова на крајот доведува до тоа партнерите едноставно да веруваат дека другиот не се грижи доволно за да го реши проблемот со кој се соочуваат.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/ljubov-i-seks/koi-se-chetirite-glavni-toksichni-osobini-koi-mozhat-da-ja-unishtat-lubovnata-vrska/feed/ 0
Кои се најчестите несигурности во една љубовна врска? https://arhiva.kurir.mk/magazin/ljubov-i-seks/koi-se-najchestite-nesigurnosti-vo-edna-lubovna-vrska/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/ljubov-i-seks/koi-se-najchestite-nesigurnosti-vo-edna-lubovna-vrska/#respond Tue, 05 Sep 2023 13:40:34 +0000 https://kurir.mk/?p=874811

Дали понекогаш се чувствувате несигурно кога станува збор за вашата љубовна врска? Несигурностите се неизбежни за секое човечко битие и тие често можат да навлезат во нашите односи и да делуваат како пречки за интимност и поврзаност. Во продолжение прочитајте за најчестите несигурности во љубовната врска: 1. Дали сум доволно добар/добра? Една од најчестите несигурности во врските е стравот дека не сте доволно добри. Оваа длабоко вкоренета несигурност често произлегува од лични искуства, трауми од минатото или општествени притисоци. За да се реши оваа несигурност, од клучно значење е поединците да работат на градење на сопствената самодоверба и самопочит. Освен тоа, подеднакво важна е и отворената и искрена комуникација меѓу партнерите со цел создавање на средина каде што и двајцата ќе се чувствуваат ценети и сакани. 2. Љубомора и страв од неверство Љубомората е уште една вообичаена несигурност што може да предизвика хаос во односите. Стравот од неверство, без разлика дали е заснован на минати искуства или лични несигурности, може да доведе до посесивност, контрола и постојано сомневање. Ваквите однесувања ја нагризуваат довербата и создаваат токсична средина што ја задушува личната слобода. Градењето доверба е постепен процес кој вклучува транспарентност, доследност и сигурност. И двајцата партнери треба да работат на негување чувство на сигурност во врската и промовирање на индивидуалниот раст и независност. 3. Страв од отфрлање Стравот од отфрлање може да се манифестира како интензивна потреба за постојано уверување, страв од ранливост или одбегнување на вистинските чувства. За да го надминат стравот од отфрлање, поединците треба да научат да ја прифаќаат ранливоста. Клучно е да се создаде безбеден простор во врската каде и двајцата партнери се чувствуваат удобно да ги изразат своите емоции. Активното слушање, емпатијата и разбирањето се од суштинско значење за поттикнување на средина каде што поединците можат да ги споделат своите стравови и несигурности без да наидат на осудување. 4. Несигурност за физичкиот изглед Во денешното општество фокусирано на изгледот, не е невообичаено поединците да се чувствуваат несигурни за својот физички изглед. Оваа несигурност може да доведе до проблеми со имиџот на телото и сомнеж во себе. Притисокот за исполнување на општествените стандарди за убавина може да ја поткопа самодовербата и да создаде чувство на несоодветност. За да се реши оваа несигурност, и двајцата партнери треба да се фокусираат на негување емоционални врски, нагласувајќи ја важноста на личноста, карактерот и заедничките вредности наместо само да се фокусираат на физичкиот изглед. 5. Финансиска несигурност Финансиските несигурности можат да ги заострат односите, што доведува до борба за моќ, незадоволство и стрес. Разликата во приходите, долгот или финансиската нестабилност може да предизвика чувство на несоодветност или зависност. Финансиската сигурност е важна за поединците да се чувствуваат стабилни и сигурни во врската. За справување со финансиските несигурности, клучна е отворената и транспарентна комуникација. Паровите треба да разговараат за финансиските цели, очекувања и одговорности. Дополнително, меѓусебната поддршка во финансиските напори, барањето професионален совет кога е потребно, емпатијата и разбирањето можат да придонесат за поздрава финансиска динамика во врската. 6. Несигурност за емоционалната достапност Некои поединци може да се борат со несигурности околу емоционалната достапност, кои потекнуваат од минати трауми или страв од ранливост. Оваа несигурност може да се манифестира како емоционална дистанца, тешкотии во изразувањето емоции или страв од длабоки емоционални врски. Надминувањето на емоционалната недостапност бара трпение, разбирање и отворена комуникација. Еден од најважните чекори во овој случај е создавањето безбеден простор каде што емоциите можат слободно да се искажат. Откако прочитавте за најчестите несигурности во љубовната врска, можеби ќе сакате да прочитате и кои 5 знаци укажуваат на нездрава љубомора во љубовната врска.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/ljubov-i-seks/koi-se-najchestite-nesigurnosti-vo-edna-lubovna-vrska/feed/ 0
6 знаци дека вашето токсично однесување полека ја уништува врската https://arhiva.kurir.mk/magazin/ljubov-i-seks/6-znatsi-deka-vasheto-toksichno-odnesuvane-poleka-ja-unishtuva-vrskata/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/ljubov-i-seks/6-znatsi-deka-vasheto-toksichno-odnesuvane-poleka-ja-unishtuva-vrskata/#respond Thu, 17 Aug 2023 13:30:18 +0000 https://kurir.mk/?p=867917

Секоја врска поминува низ кризи и тешки моменти, а секој има право некогаш да погреши, но што кога тоа несвесно ќе премине во навика? Независно колку сакате некого, тоа не значи дека некогаш не може да влезете во бурна дискусија и човечки е да имате различни ставови и несогласувања. Сепак, постои голема разлика помеѓу мали несогласувања одвреме-навреме кои на добар начин се решаваат и помеѓу оние однесувања кои ја прават врската токсична. Доколку во одреден момент се „фатите“ себеси дека не го почитувате партнерот и постојано повторувате исти грешки, можеби вие сте тие што ја уништуваат врската. Во продолжение неколку знаци на токсично однесување кои ја прават врската неподнослива: Секогаш го обвинувате партнерот дури и ако потсвесно знаете дека вината е во вас и без да размислите. Секогаш му поставувате ултиматуми и го уценувате да прави работи, независно дали се големи или ситници. Го срамите и омаловажувате пред други обидувајќи се да бидете над него. Не знаете како да го контролирате импулсивното однесување и секогаш му се истурате на него. Се грижите само за сопствените потреби независно дали се мали или големи и правите сè за да биде како што сте наумиле. За секоја ситница правите драма или уште полошо, ги премолчувате работите наместо да ги кажете додека е време и да се решат.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/ljubov-i-seks/6-znatsi-deka-vasheto-toksichno-odnesuvane-poleka-ja-unishtuva-vrskata/feed/ 0
Убаво е да имате толеранција, но не преминувајте граници – од ОВИЕ работи во врската мора да бегате https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ubavo-e-da-imate-tolerantsija-no-ne-preminuvajte-granitsi-od-ovie-raboti-vo-vrskata-mora-da-begate/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ubavo-e-da-imate-tolerantsija-no-ne-preminuvajte-granitsi-od-ovie-raboti-vo-vrskata-mora-da-begate/#respond Fri, 28 Jul 2023 20:15:32 +0000 https://kurir.mk/?p=861228

Ако ги толерирате овие работи во врска, не ви се пишува добро. Преголема контрола Некои луѓе не веруваат дека треба да го контролираат својот партнер, така што ќе можете да го оставите вашиот мобилен веднаш до нив и да бидете сигурни дека нема ни да го допрат. Сепак, има многу од оние што чекаат секој резервен момент да погледнат во вашето сандаче за пораки. Ако сте во врска со некој кој е толку опседнат со контролата што разгледува низ вашиот мобилен телефон и бара да му кажете со кого сте и каде сте во секое време, дефинитивно сте избрале погрешен. Љубомора Во мали дози, може да функционира како доказ за љубовта, но честопати не знаејќи ја преминуваме линијата и од слатката љубомора стануваме опседнати лудаци. Односот во кој вие не верувате едни на други, може да предизвика само кавги што во никој случај не се добри за опстанокот на врската. Желбата за промена Неизбежно е дека ќе се промениме врската барем малку, но ако сте во врска со некој што сака целосно да се редефинирате за да му одговарате совршено, шансите се дека на крајот ќе го изгубите и момчето што го испробува тоа, но и самите себе. Ако тој не може да ве прифати какви што сте, можеби не сте добар пар. Нерамнотежа во домашните обврски Никој не е премногу луд за чистење на куќата и нормално е да се договорат и споделат одговорностите во една врска, така што сите ќе бидат еднакво задоволни и зафатени. Ако сте во врска каде се чувствувате како слугинка, за жал, не можете да го промените неговото однесување – но можете да го замените. Лаги Слатките мали лаги се сосема во ред, но ако партнерот постојано мами нешто и ја избегнува вистината, ослободете се од тоа што е можно поскоро затоа што ве чека однос полн со стрес и проблеми.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ubavo-e-da-imate-tolerantsija-no-ne-preminuvajte-granitsi-od-ovie-raboti-vo-vrskata-mora-da-begate/feed/ 0
Колку трае врската на просечен пар пред брак? https://arhiva.kurir.mk/magazin/ljubov-i-seks/kolku-trae-vrskata-na-prosechen-par-pred-brak/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/ljubov-i-seks/kolku-trae-vrskata-na-prosechen-par-pred-brak/#respond Sun, 23 Jul 2023 14:54:48 +0000 https://kurir.mk/?p=859071

Модерните двојки прават свои правила кога се во прашање договорите за ексклузивност, заедничко живеење, брак и деца. Новите времиња носат нови начини на кои луѓето решаваат да бидат во врска и сѐ е ок додека сите се среќни и никој не е повреден. Исто така се менува и времето што двојките го поминуваат заедно пред брак, ако се одлучат на таков чекор. Денешните двојки трошат ппомалку пари на свршеничкиот прстен, а повеќе на венчавката, а според најновите истражувања, вложуваат повеќе време во запознавање пред да се заветат на вечна љубов. Популарната веб-страница за планирање венчавки и свадби Bridebook направи анкета на 4.000 испитаници, што откри дека просечната двојка поминува 4,9 години во врска пред брак. Во овој период од половина деценија, на двојките им требаат во просек 17 месеци пред да почнат да живеат заедно, 22 месеци заеднички живот пред свршувачка, а потоа уште 20 месеци пред официјално стапување во брак. Исто така, денешните генерации влегуваат во брак подоцна отколку претходните. Просечната невеста (прв пат) се мажи на 30,8 години, а младоженецот на 32,7 години, во споредба со 22,6 години за жените и 24,6 години за мажите во 1971 година. Со оглед на тоа дека чекаат подолго време, најверојатно ќе бидат поискусни и врската ќе биде подолгорочна. Просечните младенци имале две сериозни врски пред да почнат да живеат заедно. Истражувањето исто така покажало дека припадниците на оваа генерација не чувствуваат потреба дека мора задолжително да стапат во брак, за разлика од нивните родители.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/ljubov-i-seks/kolku-trae-vrskata-na-prosechen-par-pred-brak/feed/ 0
Брачни терапевти откриле 3 важни знаци на предупредување дека вашата љубовна врска е на раб на пропаст https://arhiva.kurir.mk/magazin/ljubov-i-seks/brachni-terapevti-otkrile-3-vazhni-znatsi-na-predupreduvane-deka-vashata-lubovna-vrska-e-na-rab-na-propast/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/ljubov-i-seks/brachni-terapevti-otkrile-3-vazhni-znatsi-na-predupreduvane-deka-vashata-lubovna-vrska-e-na-rab-na-propast/#respond Sat, 08 Jul 2023 12:29:43 +0000 https://kurir.mk/?p=854326

Неколку терапевти за парови на „Reddit“ откриле кои се знаците за предупредување дека врската се наоѓа на раб на пропаст, одговарајќи им на паровите на нивните прашања. Префрлање на вината Според нив, првиот знак на којшто треба да обрнете внимание е префрлање на вината за сите проблеми во врска со партнерите. „Секоја врска е партнерство. Многу ретко сум видела дека за ваквите проблеми во врските исклучиво се обвинува една личност. Овие проблеми вообичаено се динамични и од комплицирана природа. Општо сите резултати се когнитивни, емоционални, бихевиорални и интерперсонален образец со меѓусебна интеракција на секој партнер“, напишал еден терапевт. Агресивно однесување Следниот знак на предупредување се однесува на агресивното однесување кое и онака не би требало да биде присутно ни во една врска. Терапевтот објаснил: „Доколку една личност вели дека сака да престане да предизвикува агресивно однесување кај другата личност, тоа е знак на предупредување. Работам со многу парови во кои една личност е агресивна и сака да ја преземе одговорноста и да се смени. Меѓутоа, доколку личноста која е мета ја презема одговорноста за агресија, а агресивниот партнер не презема одговорност, ќе работам со партнерот кој е мета на заминување или почитување на границите“, додал тој. Кршење на границите Следниот знак на предупредување се однесува на кршење на границите. „Доколку малку се тестираат границите, тоа е во ред, но намерно кршење на границите е голем знак на предупредување. Луѓе, познавањето на своите граници, како да ги поставите и како да ги одржувате многу е важно за вашата лична благосостојба. Освен тоа, научете како да ги почитувате границите на другите луѓе“, појаснил терапевтот. Тие додале и дека не се сите граници фиксни во текот на траењето на врската и дека тие можат да се „заслужат или изгубат“. Наведувајќи пример, терапевтот додал: „Доколку одите да спиете во 21 часот и се будите наутро во пет часот, задржете ја праксата. Пристојната личност тоа ќе го почитува, но непристојна личност ќе се обиде тоа да го саботира“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/ljubov-i-seks/brachni-terapevti-otkrile-3-vazhni-znatsi-na-predupreduvane-deka-vashata-lubovna-vrska-e-na-rab-na-propast/feed/ 0
По колку години врска најчесто раскинуваат паровите? Четири бројки се клучни https://arhiva.kurir.mk/magazin/ljubov-i-seks/po-kolku-godini-vrska-najchesto-raskinuvaat-parovite-chetiri-brojki-se-kluchni/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/ljubov-i-seks/po-kolku-godini-vrska-najchesto-raskinuvaat-parovite-chetiri-brojki-se-kluchni/#respond Thu, 29 Jun 2023 09:48:09 +0000 https://kurir.mk/?p=850759

Кога ќе запознаеме некој нов, пеперутките во стомакот и почетната енергија не носат низ почетокот на врската. Сепак, по неколку месеци розовите очила бледнеат и почнуваме реално да гледаме на врската што ја имаме. Ова не е нужно негативно, најдобрите односи се развиваат додека парот расте заедно, наоѓајќи нови начини да се сакаат и да се движат низ несовршеностите. Велат дека првата година од запознавањето (или бракот) е најтешка. Сепак, според советникот за парови Ким Полиндер, 3, 7, 11 и 15 години се пресвртниците за раскинување за кои треба да знаете, пишува The List. Полиндер вели дека паровите кои раскинуваат по три години „генерално не научиле како да ги решаваат конфликтите“. Во третата година, најдоброто нешто што еден пар може да го направи е да го преиспита својот борбен јазик и да го разбере стилот на приврзаност. Кога сакате вашиот партнер да биде слушнат и разбран, запомнете дека тој истото го сака и од вас. Секоја година вашата врска расте и се менува. Кога поминувате седум години заедно, најверојатно живеете заедно, а помислата да раскинете со некој со кого живеете може да биде исклучително комплицирана. Според некои истражувања, највисоката стапка на раскинување е околу седум години заедно. Ова е најчестото време кога на паровите почнува да им е досадно во врската и да доживуваат неверство, пишува The List. По една деценија заедно, паровите или се чувствуваат како прилично добро да се сфаќаат или повеќе не можат да најдат забава надвор од монотонијата на постојана врска. Експертот за врски Ким Полиндер сподели на својот TikTok дека до овој момент овие парови „ќе докажат дали вложиле напори да ја надминат таа стагнација“. Ако слушнете дека парот раскинал по 15 години заедно, може да изгледа прилично шокантно. Сепак, оваа година на раскинување е вообичаена, бидејќи паровите вообичаено забораваат како да уживаат еден во друг.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/ljubov-i-seks/po-kolku-godini-vrska-najchesto-raskinuvaat-parovite-chetiri-brojki-se-kluchni/feed/ 0
Истражување тврди: Ова е идеалната разлика во години ако сакате успешна врска https://arhiva.kurir.mk/magazin/ljubov-i-seks/istrazhuvane-tvrdi-ova-e-idealnata-razlika-vo-godini-ako-sakate-uspeshna-vrska/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/ljubov-i-seks/istrazhuvane-tvrdi-ova-e-idealnata-razlika-vo-godini-ako-sakate-uspeshna-vrska/#respond Tue, 30 May 2023 20:51:30 +0000 https://kurir.mk/?p=840595

Според ново истражување разликата во годините всушност може да ја одреди должината на врската помеѓу двајца луѓе. Врските во кои една личност е значително помлада или постара сè уште предизвикуваат контроверзии, а има многу примери на славни парови кои сведочат за тоа. Иако секогаш има исклучоци, истражувањето спроведено од Универзитетот Емори во Атланта тврди дека одредени разлики во годините можат да бидат проблем во врската, односно колку е поголема разликата во годините меѓу партнерите, толку се поголеми шансите за прекин на врската. Истражувањето, кое опфатило 3.000 испитаници, покажало дека паровите со петгодишна разлика во возраста имаат 18 отсто поголеми шанси да раскинат од оние што ги сочинуваат партнери на иста возраст. 39 отсто шанси за разделба имаат парови со 10-годишна разлика во возраста. За оние со 20 години разлика во возраста, истражувањето предвидува дека постои 95 проценти веројатност да раскинат. Научниците веруваат дека најмали шанси да раскинат имаат парови со разлика од само една година, односно само три проценти.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/ljubov-i-seks/istrazhuvane-tvrdi-ova-e-idealnata-razlika-vo-godini-ako-sakate-uspeshna-vrska/feed/ 0