врски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 14 Aug 2023 19:02:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png врски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Прозорец кон машкиот свет: Три сурови вистини кои секоја жена треба да ги знае https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/prozorets-kon-mashkiot-svet-tri-surovi-vistini-koi-sekoja-zhena-treba-da-gi-znae/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/prozorets-kon-mashkiot-svet-tri-surovi-vistini-koi-sekoja-zhena-treba-da-gi-znae/#respond Mon, 14 Aug 2023 19:02:25 +0000 https://kurir.mk/?p=866721

Еве три клучни сознанија за мажите кои ги сподели психологот Викторија Кристи. Ако вашата врска трае со години, но бракот никогаш не е тема - вашата заедничка иднина е под знак прашалник Во врска сте неколку години, но никогаш не сте разговарале за иднината како пар. Секогаш кога ќе покренете прашање за вашата заедничка перспектива, тој ја избегнува дискусијата. Можеби ве привлекува, но веројатно не доволно за да ве запроси. Тој е таму со вас додека не дојде „вистинската“. Размислете за ова и одете напред. Ако навистина се грижи, ќе се погрижи  Ако ретко ве контактира или не покажува знаци дека сака да се сретнете - не чувствува длабок интерес за вас. Дури и најсрамежливите мажи ќе преземат чекори за да ви го покажат својот интерес, да ве придобијат на некој начин. Ако не преземе такви чекори - едноставно не сте личност која му го привлекува вниманието. „Не сакам сериозна врска во моментов“ значи „не сакам врска со тебе“ Ако мажот каже дека не е подготвен за сериозна врска во моментов поради „кризата во земјата“, „младоста“, „незавршениот факултет“, „недостатокот на работа“ - тоа значи дека не е подготвен да преземе одговорност. Иако може да биде тешко и болно да се сфати, вистината е дека ако ве сака, тој би бил подготвен да ги надмине сите пречки.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/prozorets-kon-mashkiot-svet-tri-surovi-vistini-koi-sekoja-zhena-treba-da-gi-znae/feed/ 0
Војната ги прекина односите меѓу украинската и руската мафија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vojnata-gi-prekina-odnosite-megu-ukrainskata-i-ruskata-mafija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vojnata-gi-prekina-odnosite-megu-ukrainskata-i-ruskata-mafija/#respond Sun, 11 Jun 2023 07:59:26 +0000 https://kurir.mk/?p=844539

Во едно кафуле во украинскиот пристанишен град Одеса, локален шверцер пуши додека објаснува како војната ги уништила одамна воспоставените врски меѓу руското и украинското подземје. „Огромното мнозинство украински криминалци застана на страната на Украина“, рече 59-годишниот Кирим, кој побарал да биде ословуван под псевдоним. „Но, има и такви кои продолжуваат да соработуваат со Русија“, забележа тој, започнувајќи ја својата приказна дури откако келнерот ги донесе кафињата и се оддалечи од масата. Прекуграничната мрежа за трговија со дрога, оружје и луѓе што се разви меѓу Украина и Русија од урнатините на Советскиот Сојуз се сметаше за една од најмоќните во светот. Овие врски се прекинати, но тие продолжуваат да постојат. Кога московските трупи ја нападнаа Украина во февруари 2022 година, тоа доведе до прекин на каналот за шверц што се протегаше стотици километри на запад до Европа од руската граница. Операциите на организираниот криминал меѓу двете земји - споделувајќи културни, јазични и историски врски - процветаа од 1990-тите, заедно со неконтролираната корупција. „Тоа беше еден од најсилните криминални екосистеми во Европа. Тие беа едно исто“, изјави Реитано, заменик директор на невладината Глобална иницијатива против транснационалниот организиран криминал. „Патриотски“ криминалци Војната подигна физички бариери во форма на борби и контролни пунктови на фронтот, а исто така генерираше гнев поради масовното уништување и страдање што ги предизвика руската инвазија на Украина. „Чувството ние против нив - е силно во Украина, па дури и криминалците се чувствуваат патриотски“, рече Реитано. Кирим се опишува себеси како патриот и тврди дека ги прекинал сите свои шверцерски врски со Русите, притоа истакнувајќи дека некои криминалци дале пари за војната или за добротворни цели. Некои од нив, наводно, се приклучиле на борбите на првата линија, но Реитано забележува дека криминалците може да ја искористат војната за да се обидат да се преквалификуваат или да добијат попустливост од властите во замена за поддршка. Друг претставник на подземјето на Одеса, исто така, тврди дека е патриот кој одбил да работи со Русите. Сепак, 40-годишниот наплатувач на долгови под псевдоним Александар, рече дека кривичниот законик забранува секаква соработка со државата, која тој ја опиша како суштински корумпирана. „Не сакам да се борам за нив (армијата), но ќе се борам за мојот град“, додаде тој, пиејќи го своето второ пиво пред ручек, со очите скриени зад авијатичарските очила за сонце. И двајцата, самонаречени соработници на подземјето на Одеса, рекоа дека украинските безбедносни служби им рекле на криминалците да ги прекинат операциите кога Русија извршила инвазија и го поздравиле доставувањето информации за Русите. Некои од нив очигледно не го следеле овој совет. Украинската служба за безбедност изјави за АФП дека во пролетта 2022 година „неутрализирала“ моќна криминална група во Одеса која соработувала со непријателот и ги „тероризирала и заплашувала локалните жители“. „Одеса е Одеса“ Со избувнувањето на војната, високи личности и меѓународни организирани криминални групи ги напуштија Русија и Украина и се упатија кон Централна Азија, Персискиот Залив и на други места. „Знаеме дека сè уште постои голема соработка меѓу руското подземје и украинското подземје надвор од Украина“, рече Реитано. Европол, исто така, посочи дека постои многу голема веројатност гангстерите од двете земји да продолжиле да соработуваат. Европската полициска служба забележа дека никогаш не постои единствена рута за шверц, така што затворањето не го запира трајно протокот на шверц, а меѓународните криминални групи се разновидни и флексибилни по природа. „Тие гледаат на профитот, па дури и во војна го продолжуваат својот криминален бизнис и ја бараат најдобрата можност“, рече извршната директорка на Европол, Кетрин де Бол. „Во моментов не гледаме поделба меѓу руската и украинската мафија“, додаде таа. Без разлика дали се со Руси или не, и покрај воените пречки за нивните рекетарски активности, криминалците продолжуваат да оперираат по улиците на пристанишниот град. „Сепак, сè продолжува. Одеса е Одеса“, рече шверцерот Кирим, благо кревајќи ги рамениците. ссм/ ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vojnata-gi-prekina-odnosite-megu-ukrainskata-i-ruskata-mafija/feed/ 0
Токсични фрази кои несвесно ги изговараме, а ни ја уништуваат врската: Дали ги користите? https://arhiva.kurir.mk/magazin/ljubov-i-seks/toksichni-frazi-koi-nesvesno-gi-izgovarame-a-ni-ja-unishtuvaat-vrskata-dali-gi-koristite/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/ljubov-i-seks/toksichni-frazi-koi-nesvesno-gi-izgovarame-a-ni-ja-unishtuvaat-vrskata-dali-gi-koristite/#respond Mon, 13 Mar 2023 10:51:17 +0000 https://kurir.mk/?p=811278

Велат дека делата зборуваат погласно од зборовите, што е најчесто случај, но велат и дека изговорениот збор „не се враќа“. За жал, во партнерските односи, повеќето не се грижат за она што го кажуваат, особено во екот на гневот. Одредени зборови можат да ни го повредат духот и да остават долгорочни последици за нашата ментална состојба, а понекогаш можат да болат повеќе од физичка повреда. Ајде да ги погледнеме најчесто користените фрази кои долгорочно може да го влошат нашето партнерство: 1. „Ако така се чувствуваш – подобро да раскинеме“ Оваа реченица обично ја кажуваме среде кавга, кога не можеме да се справиме со обвинувањата и незадоволството од партнерот. Во тие моменти треба да се потсетиме дека бракот е спој на две личности кои заедно треба да бараат решение и компромис. Наместо често да се закануваме дека ќе раскинеме, можеме да го пробаме следново: – Во моментов се чувствувам лут, разочаран или погрешно разбран и тешко ми е да бидам покрај тебе. Те сакам ама ми треба простор, ќе разговараме кога ќе се „оладам“. 2. „Зборуваш глупости“ Чести се моментите кога мислиме дека нешто што ни го кажува другата половина е ирационално или бесмислено, но наместо да ги користиме токму тие фрази, посегнуваме по грдиот збор „глупав“. Ова е особено погрешно бидејќи го прави нашиот партнер да се чувствува токму така – „глупав“ и може да го спречи да споделува идеи, соништа или стравови со нас во иднина. Поинаква перспектива на гледање на нештата е нормална, дури и пожелна. 3. „Не сакам да зборувам за тоа“ Понекогаш ни треба пауза за време на дискусијата за да ја процениме ситуацијата, да ги оладиме главите и да размислиме за идните чекори. Но, ако целосно го игнорираме „слонот во собата“, односно проблемот во нашиот брак или врска, тој може да стане почетна капсула за катастрофа. Недоразбирањето е една од најчестите причини за прекинување на меѓучовечките односи, па затоа е многу важно да се разговара, без разлика колку е непријатна или болна одредена тема. Нагласете дека сè уште не сте подготвени да започнете разговор, но не го отфрлајте целосно. 4. „Ти си ист/а како татко ти/мајка ти“ Ова е големо, големо НЕ затоа што навистина може да повреди човек. Ако нашиот партнер ни верува доволно за да го сподели со нас своето детство или работи кои го мачат за неговите родители, никогаш не смееме да го злоупотребуваме тоа против него, без разлика колку сме лути. 5. „Само опушти се“ Во превод – престанете да размислувате за тоа. Реченица која всушност создава сосема спротивно чувство, доколку некоја личност ви ги искаже своите негативни чувства, а вие на овој начин ја предизвикате, генерално ќе предизвикате зголемен гнев.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/ljubov-i-seks/toksichni-frazi-koi-nesvesno-gi-izgovarame-a-ni-ja-unishtuvaat-vrskata-dali-gi-koristite/feed/ 0
Многу жени ги прават: Пет кобни грешки во врските и состаноците после 30-тата година! https://arhiva.kurir.mk/magazin/ljubov-i-seks/mnogu-zeni-gi-pravat-pet-kobni-greshki-vo-vrskite-i-sostanocite-posle-30-tata-godina/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/ljubov-i-seks/mnogu-zeni-gi-pravat-pet-kobni-greshki-vo-vrskite-i-sostanocite-posle-30-tata-godina/#respond Wed, 21 Dec 2022 15:04:50 +0000 https://kurir.mk/?p=778686

Влегувате во игра која не ја познавате со доволно самодоверба дека ќе си го најдете патот. Некаде на средина ќе откриете дека одите голи и боси по трње и дека сте го делеле срцето со сите, а никој не знаел како да го спаси. За некои ваши одлуки засекогаш ќе жалите, а некои ќе се важни животни лекции. Но, чудната работа кај грешките е што тие имаат тенденција да се повторуваат ако не се препознаат како такви. Иако можеби сте во 30-тите, сепак можеби правите некои грешки кои ве спречуваат да ја пронајдете вашата вистинска љубов. Се чека совршен тајминг Дали некогаш сте се фатиле себеси како чекате совршен тајминг во вашиот љубовен живот? Чекате работите да си дојдат на свое место, да бидете финансиски стабилни, целосно ослободени од долгови и слично. Ќе ве разочараме, но не постои нешто како „совршено време“. Само си ги отежнувате работите. Додека го чекате совршениот момент, животот ќе ве одмине. Далеку од тоа дека треба да се задоволите со првиот тип што ќе ви пријде, но не чекајте ниту да се наредат сите коцки, бидејќи тоа е невозможно. Запознавање со истиот тип на маж Сите ние имаме тип на личност која нè привлекува. Ова е сосема нормално и разбирливо. Меѓутоа, проблемот со тоа е што ако не излезете од тој маѓепсан круг во кој се наоѓате, всушност ќе „рециклирате“ момче со кое веќе сте раскинале. Ако продолжите да го избирате истиот човек во еден куп момци, не е тешко да се каже како ќе заврши. Потрудете се малку да погледнете од страна и дајте шанса на некој нов. Можеби ќе бидете пријатно изненадени. Премногу директен пристап Иако на секој чекор сигурно ви велат дека треба да бидете силна и самоуверена жена која знае што сака и не се плаши да каже, кога се во прашање мажите треба да изберете малку помалку директен пристап. Колку и да изгледаат бестрашни, тие всушност се плашат од премногу директни жени. Постојат сите шанси вашиот директен пристап да го поврзат со агресивност, што секако не било ваша намера. Запомнете: суптилната директност и женственоста се совршен микс. Постојана опсесија со совршенството Навистина е време засекогаш да се откажете од таа бесмислена идеја за совршенство во вашите 30-ти. Никој не е совршен, вклучително и вие. Па, како можете да го очекувате тоа од вашето идно момче? Навистина, поставувате нереални стандарди за некој со кој би можеле да имате прекрасна иднина, водени од некоја луда идеја дека се потребни двајца совршени луѓе за да се создаде совршена врска. Не, токму спротивното. Потребни ви се двајца несовршени луѓе кои се подготвени да дадат се од себе за врската да функционира. Самосожалување Што и да ви се случува во животот, никогаш не треба да се сожалувате, а особено да не дозволувате такво размислување да влезе во вашите врски. Самосожалувањето е една од најголемите грешки што ги прават жените во нивните 30-ти, што може да гарантира пропаст на секоја врска. Нема причина да мислите дека не сте доволно добри за некого и да паднете во депресија поради тоа. Истакнувањето на вашите маани пред потенцијалните партнери е големо не, запомнете го тоа.

https://arhiva.kurir.mk/magazin/ljubov-i-seks/mnogu-zeni-gi-pravat-pet-kobni-greshki-vo-vrskite-i-sostanocite-posle-30-tata-godina/feed/ 0
Украинската безбедносна служба ги претресува црквите осомничени за врски со Москва https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukrainskata-bezbednosna-sluzba-gi-pretresuva-crkvite-osomnicheni-za-vrski-so-moskva/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukrainskata-bezbednosna-sluzba-gi-pretresuva-crkvite-osomnicheni-za-vrski-so-moskva/#respond Wed, 14 Dec 2022 15:15:49 +0000 https://kurir.mk/?p=775576

Украинската служба за безбедност (СБУ) денеска соопшти дека презема „контраразузнавачки мерки“ во православните верски објекти под управување на Руската црква. Деветнаесет манастири, катедрали и цркви што и припаѓаат на Православната црква под Московската патријаршија се загрижени од овие мерки, чија цел, како што наведува СБУ, „е да се спротивстават на субверзивните активности на руските тајни служби во нашата земја“. Верските центри се наоѓаат во регионите на Закарпатие, Черновци, Ривне, Волин, Л’вов, Житомир, Миколаев, Херсон и Суми, посочи СБУ. Службата дополнително објасни дека на овој начин сака да го „заштити населението од провокации и терористички напади, како и да ја спречи употребата на верските заедници како центар на ’рускиот свет’“. Концептот на „рускиот свет“ беше измислен од Москва за да се обиде да ја оправда руската инвазија врз Украина со потребата да се анектира земјата кон Русија со цел да се формира русофонски и православен ентитет. СБУ изврши претреси во верските објекти со цел „да ги идентификува лицата кои би можеле да бидат вклучени во незаконски дејствија на штета на суверенитетот на Украина“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukrainskata-bezbednosna-sluzba-gi-pretresuva-crkvite-osomnicheni-za-vrski-so-moskva/feed/ 0
ЖЕНИТЕ КОНЕЧНО ПРИЗНАА: Ова се четирите најголеми лаги кои редовно им ги кажуваат на мажите https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/zenite-konechno-priznaa-ova-se-chetirite-najgolemi-lagi-koi-redovno-im-gi-kazuvaat-na-mazite/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/zenite-konechno-priznaa-ova-se-chetirite-najgolemi-lagi-koi-redovno-im-gi-kazuvaat-na-mazite/#respond Sun, 30 Oct 2022 18:01:49 +0000 https://kurir.mk/?p=752814

Мажи, ако сте се запрашале дали постојат универзални лаги кои ги кажуваат речиси повеќето жени, а најчесто пред самото раскинување, одговорот е „ДА“! Девојката по име Били Бренд на социјалните мрежи редовно споделува интересни совети за посилниот пол. Били овој пат откри кои реченици жените ги кажуваат најчесто, а кои имаат сосема спротивно и неточно значење. Првата е: „Не е до тебе, до мене е“, објаснила Били и открила дека тоа пред се значи дека не ја интересираш или дека не и си привлечен. „Обично не правам вакви работи со некого“, беше следната реченица. А според мислењето на овој експерт за машко-женски односи, тоа најмногу се однесува на интимни односи за една вечер, што јасно покажува дека тој не оставил некој посебен впечаток на жената. „Не сум љубоморна“ е уште една лага која повеќето жени сакаат да ја кажат. Понекогаш навистина нема да изгледа љубоморно, но според Били, секоја жена има свои граници кои вешто ќе ги крие, додека не се разгорат. И на крај, уште една позната реченица гласи: „Воопшто не сакам да те променам“. Тоа не е вистина.

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/zenite-konechno-priznaa-ova-se-chetirite-najgolemi-lagi-koi-redovno-im-gi-kazuvaat-na-mazite/feed/ 0
Причината поради која паровите често раскинуваат се занемарува во врските https://arhiva.kurir.mk/magazin/ljubov-i-seks/prichinata-poradi-koja-parovite-chesto-raskinuvaat-se-zanemaruva-vo-vrskite/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/ljubov-i-seks/prichinata-poradi-koja-parovite-chesto-raskinuvaat-se-zanemaruva-vo-vrskite/#respond Fri, 03 Jun 2022 12:50:16 +0000 https://kurir.mk/?p=686223

Колку сте се промениле во текот на врската? Постојат многу причини за раскинување. Како што сите сме различни, така се и нашите емотивни односи. Понекогаш, сепак, причината можеби не е толку очигледна. Се случува партнерите да се „надрастат“ еден со друг. Иако ова можеби не изгледа дека треба да резултира со раскинување, експертите за врски велат дека тоа не е нешто што треба да дозволиме да се случи. Секогаш треба да растеме и да се развиваме, понекогаш партнерите успеваат да созреваат заедно, а понекогаш едниот го надминува другиот, кога ќе се појави проблем. Препознавањето кога тоа се случува во врската може да биде тешко, особено ако врската е инаку добра. Ако едната личност се промени додека другата не, тоа може да предизвика раскинување, вели Маргарет Пол, психолог за односи. – Ако човек е на пат на емоционален и духовен раст, а неговиот партнер воопшто не е заинтересиран, нема да има многу емотивна поврзаност. Не се на истото место на кое можеби биле кога ја започнале врската, а можеби е време да продолжат понатаму – вели психологот. Да останете во врска која ве кочи не е добро. Емоционалните врски треба да нè туркаат да бидеме најдобрата верзија од себе, а не обратно.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/ljubov-i-seks/prichinata-poradi-koja-parovite-chesto-raskinuvaat-se-zanemaruva-vo-vrskite/feed/ 0
НЕ ГИ ИГНОРИРАЈТЕ СИГНАЛИТЕ! Експерт за врски открива 5 знаци кои покажуваат дека губи интерес за вас! https://arhiva.kurir.mk/magazin/ljubov-i-seks/ne-gi-ignorirajte-signalite-ekspert-za-vrski-otkriva-5-znaci-koi-pokazuvaat-deka-gubi-interes-za-vas/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/ljubov-i-seks/ne-gi-ignorirajte-signalite-ekspert-za-vrski-otkriva-5-znaci-koi-pokazuvaat-deka-gubi-interes-za-vas/#respond Tue, 26 Apr 2022 12:41:20 +0000 https://kurir.mk/?p=668066

Ако се однесува на овие неколку начини, за жал веќе не е толку заинтересиран за вас. Понекогаш не е толку лесно да се протолкува нечие однесување, па жените често имаат навика да измислуваат разни изговори за својот посилен пол. Сепак, треба да гледате на работите од објективна дистанца, без изговори и дури тогаш ќе знаете што навистина се случува во вашата врска. Ако вашиот маж се однесува на овие пет начини, тоа значи дека почнал да се „лади“ од вас. Избегнува контакт со очите Како да се плаши дека ако ве погледне во очи, ќе му ги прочитате мислите. Последното нешто што тие сакаат е да ги прашате како навистина се чувствуваат. Престана да се грижи за својот изглед Ако порано имал навика да се средува, па дури и да се фали како изгледа, а тоа веќе не го прави, тоа значи дека повеќе не му е гајле за тоа каков е пред вас. Му треба долго време да одговори на вашата порака Ова е јасен знак дека повеќе не сте негов приоритет. Испраќа мешани сигнали Некогаш многу флертува, а некогаш е многу ладен. Кога флертува, тоа не е поради вас, туку само едниставно му се флертува Често ве изневерува Ве откачува за состанок или нешто што ви е важно. Кога е заинтересиран, нема шанси да го дозволи тоа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/ljubov-i-seks/ne-gi-ignorirajte-signalite-ekspert-za-vrski-otkriva-5-znaci-koi-pokazuvaat-deka-gubi-interes-za-vas/feed/ 0
Пет кавги со кои (порано или подоцна) се соочуваат сите среќни парови https://arhiva.kurir.mk/magazin/ljubov-i-seks/pet-kavgi-so-koi-porano-ili-podocna-se-soochuvaat-site-srekjni-parovi/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/ljubov-i-seks/pet-kavgi-so-koi-porano-ili-podocna-se-soochuvaat-site-srekjni-parovi/#respond Wed, 13 Apr 2022 13:54:23 +0000 https://kurir.mk/?p=662523

Проблемите поврзани со (или) бракот се неизбежни и сосема нормални, како и кавгите кои произлегуваат од проблемите. Затоа не мора да се плашите од гласните дебати со вашиот партнер, бидејќи тоа не мора да биде знак дека нешто не е во ред со вашата љубовна врска. Напротив, кавгите се понекогаш корисни. Ако никогаш не кажувате јасно и гласно дека со нешто не се согласувате, лутината и незадоволството ќе бидат потиснати, а подоцна ќе се манифестираат во вид на одмазливо однесување кое може да ја ослабне врската. Партнерите треба да бидат способни да ги искажат своите грижи и желби. Со овие 5 кавги се соочуваат сите среќни парови, порано или подоцна. 1.Трошење пари Дури и најсложните парови дискутираат за начинот на кој ќе ги трошат тешко заработените пари. Овие кавги се чести поради различен систем на вредности. Планирајте го вашиот буџет за да видите што ви е неопходно, а што е непотребно фрлање на пари и договарајте се околу трошоците однапред. 2. Секс Пар кој нема секс е ранлив пар. Треба да се договорите колку често ќе водите љубов и кои се вашите очекувања. Се разбира, водење љубов не е математика, па не можете да ја одредите точната бројка, но не може да ја избегнувате темата ако гледате дека постојат разлики и треба да се обидувате да го правите тоа почесто. Игнорирањето на овој проблем може да предизвика едниот партнер да изврши прељуба. 3. Гнев Ако едно лице израснало во семејство каде што вообичаениот модел на однесување било изразување на гневот, а потоа заборавање, а другиот партнер, растел во семејство каде што расправиите се избегнувале по секоја цена, во оваа врска тензијата ќе биде неизбежна. 4. Улогата на родителите во вашиот заеднички живот Дали вашиот партнер го излудува кога вашите родители се мешаат во секој сегмент од вашиот живот или обратно? Време е да поставите некои граници. Можеби немате еднакви мислења и ставови за тоа што е добро, а што не, но треба да зборувате за тоа и да ги почитувате ставовите на вашиот партнер. Клучот е никогаш да не го критикувате вашиот партнер, како ни неговото семејство. 5. Домаќинство Еден од разговорите што секој пар треба да го направи е како ќе ги споделите задачите во домаќинството. Зборувајте за тоа кој ќе изврши одредени задачи во домаќинството и имајте распоред за да ги зачувате среќата и мирот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/ljubov-i-seks/pet-kavgi-so-koi-porano-ili-podocna-se-soochuvaat-site-srekjni-parovi/feed/ 0
Работи кои паровите во долги врски ги забораваат https://arhiva.kurir.mk/magazin/ljubov-i-seks/raboti-koi-parovite-vo-dolgi-vrski-gi-zaboravaat/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/ljubov-i-seks/raboti-koi-parovite-vo-dolgi-vrski-gi-zaboravaat/#respond Fri, 14 Jan 2022 07:40:38 +0000 https://kurir.mk/?p=619197

Слатки мали изненадувања се секогаш добредојдени без разлика што веќе не треба да се докажувате или да заведувате како порано Паровите кои се долго време во врска често се случува да заборават на некои работи кои ги правеле со ентузијазам на почетокот на врската. Слатки, мали изненадувања Слатки мали изненадувања се секогаш пожелни без разлика што веќе не треба да се докажувате или да заведувате како порано! Така ќе ја спасите врската од монотонија која дефинитивно барем еднаш ќе затропа на вратата на вашата врска! Експериментирање во кревет По неколку години врска кога сте сигурни дека знаете сè за вашиот партнер и кога сте пробале во сексот сѐ што ви предложила Камасутра, се враќате на сигурни пози и движења без многу фантазија и иновации. Ве разбираме и тоа е сосема во ред! Сепак, замислете да го поминете целиот живот правејќи ги апсолутно истите работи во кревет… Веројатно би ви здосадила самата помисла! Затоа, секогаш треба да внесете малку новости во вашиот кревет.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/ljubov-i-seks/raboti-koi-parovite-vo-dolgi-vrski-gi-zaboravaat/feed/ 0