врсничко насилство – Kurir.mk
https://arhiva.kurir.mk
Најнови вестиThu, 28 Sep 2023 17:36:34 +0000mk-MK
hourly
1 https://wordpress.org/?v=6.3.3https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.pngврсничко насилство – Kurir.mk
https://arhiva.kurir.mk
3232Ученици претепале врсник, па видеото го објавиле на Инстаграм: Најшокантна во случајов е изјавата на директорот!
https://arhiva.kurir.mk/svet/region/uchenitsi-pretepale-vrsnik-pa-videoto-go-objavile-na-instagram-najshokantna-vo-sluchajov-e-izjavata-na-direktorot/
https://arhiva.kurir.mk/svet/region/uchenitsi-pretepale-vrsnik-pa-videoto-go-objavile-na-instagram-najshokantna-vo-sluchajov-e-izjavata-na-direktorot/#respondThu, 28 Sep 2023 17:36:34 +0000https://kurir.mk/?p=882957Неколку ученици од една гимназија во Загреб претепале врсник, а потоа отвориле профил на Инстаграм на кој е објавено видео од тепањето, пишува „24 сата“.
Профилот собрал околу 3800 следбеници за 48 часа.
Средношколецот побарал од администраторот на профилот да го отстрани видеото, по што му било кажано дека мора да плати доколку сака да се отстрани.
Мајката на средношколецот потоа отишла во полиција и пријавила се, но и покрај ова, профилот на Инстаграм со ужасното видео и понатаму бил активен.
Новинарите од „24 сата“ разговараа со директорот на училиштето.
Неговата изјава во најмала рака е вознемирувачка и шокантна.
-Не го оправдувам нивното насилство, но зад секој напад се истражува заднината. Не го удриле од чиста мира, очигледно имало нешто претходно меѓу нив. Во среда имаме состанок на наставничкиот совет на кој ќе одлучиме дали еден или двајцата ќе бидат казнети или ќе бидат казнети и некои други ученици. Видете, не можете само да исфрлите дете од училиште, евентуално да му наметнете некаква мерка, рекол директорот на гимназијата во која учат и жртвата и напаѓачите.]]>Неколку ученици од една гимназија во Загреб претепале врсник, а потоа отвориле профил на Инстаграм на кој е објавено видео од тепањето, пишува „24 сата“.
Профилот собрал околу 3800 следбеници за 48 часа.
Средношколецот побарал од администраторот на профилот да го отстрани видеото, по што му било кажано дека мора да плати доколку сака да се отстрани.
Мајката на средношколецот потоа отишла во полиција и пријавила се, но и покрај ова, профилот на Инстаграм со ужасното видео и понатаму бил активен.
Новинарите од „24 сата“ разговараа со директорот на училиштето.
Неговата изјава во најмала рака е вознемирувачка и шокантна.
-Не го оправдувам нивното насилство, но зад секој напад се истражува заднината. Не го удриле од чиста мира, очигледно имало нешто претходно меѓу нив. Во среда имаме состанок на наставничкиот совет на кој ќе одлучиме дали еден или двајцата ќе бидат казнети или ќе бидат казнети и некои други ученици. Видете, не можете само да исфрлите дете од училиште, евентуално да му наметнете некаква мерка, рекол директорот на гимназијата во која учат и жртвата и напаѓачите.]]>https://arhiva.kurir.mk/svet/region/uchenitsi-pretepale-vrsnik-pa-videoto-go-objavile-na-instagram-najshokantna-vo-sluchajov-e-izjavata-na-direktorot/feed/0Над 20 пораки на мејл адресите на МОН за пријавување насилство
https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nad-20-poraki-na-mejl-adresite-na-mon-za-prijavuvane-nasilstvo/
https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nad-20-poraki-na-mejl-adresite-na-mon-za-prijavuvane-nasilstvo/#respondMon, 22 May 2023 12:12:49 +0000https://kurir.mk/?p=837419Министерот за образование и наука, Јетон Шаќири изјави дека на мејл адресите на кои може да се пријавува насилство во училиштата, досега се стигнати повеќе од 20 пораки.
-Бројот на пријавите достигна повеќе од 20. Ова значи дека имаме повеќе од 20 различни мејлови. Имаше и добри искуства, препораки од различните страни кои ги имаат решено проблемите. Кога зборуваме за насилство, имаме и позитивни ситуации. Да ги искористиме и добрите и лошите искуства, рече Шаќири во одговор на прашање пред почетокот на денешната дебата „Насилство кај децата“.
Прашан дали до сега имало поплаки во однос на училишта кои не реагирале во случај на булинг, Шаќири потврди дека имало и такви случаи.]]>Министерот за образование и наука, Јетон Шаќири изјави дека на мејл адресите на кои може да се пријавува насилство во училиштата, досега се стигнати повеќе од 20 пораки.
-Бројот на пријавите достигна повеќе од 20. Ова значи дека имаме повеќе од 20 различни мејлови. Имаше и добри искуства, препораки од различните страни кои ги имаат решено проблемите. Кога зборуваме за насилство, имаме и позитивни ситуации. Да ги искористиме и добрите и лошите искуства, рече Шаќири во одговор на прашање пред почетокот на денешната дебата „Насилство кај децата“.
Прашан дали до сега имало поплаки во однос на училишта кои не реагирале во случај на булинг, Шаќири потврди дека имало и такви случаи.]]>https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nad-20-poraki-na-mejl-adresite-na-mon-za-prijavuvane-nasilstvo/feed/0Српската Влада формираше Совет за спречување врсничко насилство
https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srpskata-vlada-formirashe-sovet-za-sprechuvane-vrsnichko-nasilstvo/
https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srpskata-vlada-formirashe-sovet-za-sprechuvane-vrsnichko-nasilstvo/#respondThu, 11 May 2023 16:56:41 +0000https://kurir.mk/?p=833172Владата на Србија на денешната седница формираше Советот за спречување на врсното насилство, чија задача меѓу другото ќе биде да обезбеди организирање мобилни тимови за спречување врсничко насилство преку протоколи меѓу центрите за социјална работа и други служби, како образовни и здравствени установи и полиција, која итно ќе реагира ако се случи таков вид насилство.
Со Советот ќе раководи претседателката на Владата на Србија, Ана Брнабиќ, а заменик-претседател на Советот ќе биде министерката за семејна грижа и демографија, Дарија Кисиќ, се наведува во владиното соопштение.
Советот го сочинуваат и министрите за внатрешни работи, правда, здравство, информации и телекомуникации, министерот за труд, вработување, социјала, потоа за државна администрација и локална самоуправа, за човекови и малцински права и социјален дијалог, министерот за туризам и млади, претставник од Министерството за образование, УНИЦЕФ, Здружението „Мајките се закон“ и Центарот за исчезнати и злоупотребени деца.
Владата на Сртбија донесе Одлука за формирање Работна група за поддршка на менталното здравје и безбедност на младите, чија задача е да подготви предлог за програма за поддршка на менталното здравје и безбедноста на младите, со посебен акцент на воспоставување на повеќесекторска соработка која би вклучила образовни и здравствени институции и други организации и општествени заедници кои се занимаваат или имаат влијание врз менталното здравје на таа популација.
Тие програми бараат пристап на повеќе нивоа со различни платформи како што се дигитални медиуми, здравствени или социјални институции, училишта или други заедници, како и различни стратегии за пристап и комуникација со адолесцентите, додека главна цел на овие програми е да се зајакне поединецот капацитет да се регулираат емоциите, да се подобрат алтернативите на ризичното однесување, да се изгради отпорност за управување со тешки ситуации и неволји и да се промовира социјална средина во која адолесцентот се чувствува безбедно и заштитено.
Членовите на владата на Србија донесоа и Одлуката за формирање Работна група за безбедност на децата на интернет, која во наредниот месец ќе го разгледа воведувањето мерки за забрана за пристап до сајтови како ДаркНет и слично, кои содржат совети за тоа како да се изврши убиство, да се набави дрога или огнено оружјеа.]]>Владата на Србија на денешната седница формираше Советот за спречување на врсното насилство, чија задача меѓу другото ќе биде да обезбеди организирање мобилни тимови за спречување врсничко насилство преку протоколи меѓу центрите за социјална работа и други служби, како образовни и здравствени установи и полиција, која итно ќе реагира ако се случи таков вид насилство.
Со Советот ќе раководи претседателката на Владата на Србија, Ана Брнабиќ, а заменик-претседател на Советот ќе биде министерката за семејна грижа и демографија, Дарија Кисиќ, се наведува во владиното соопштение.
Советот го сочинуваат и министрите за внатрешни работи, правда, здравство, информации и телекомуникации, министерот за труд, вработување, социјала, потоа за државна администрација и локална самоуправа, за човекови и малцински права и социјален дијалог, министерот за туризам и млади, претставник од Министерството за образование, УНИЦЕФ, Здружението „Мајките се закон“ и Центарот за исчезнати и злоупотребени деца.
Владата на Сртбија донесе Одлука за формирање Работна група за поддршка на менталното здравје и безбедност на младите, чија задача е да подготви предлог за програма за поддршка на менталното здравје и безбедноста на младите, со посебен акцент на воспоставување на повеќесекторска соработка која би вклучила образовни и здравствени институции и други организации и општествени заедници кои се занимаваат или имаат влијание врз менталното здравје на таа популација.
Тие програми бараат пристап на повеќе нивоа со различни платформи како што се дигитални медиуми, здравствени или социјални институции, училишта или други заедници, како и различни стратегии за пристап и комуникација со адолесцентите, додека главна цел на овие програми е да се зајакне поединецот капацитет да се регулираат емоциите, да се подобрат алтернативите на ризичното однесување, да се изгради отпорност за управување со тешки ситуации и неволји и да се промовира социјална средина во која адолесцентот се чувствува безбедно и заштитено.
Членовите на владата на Србија донесоа и Одлуката за формирање Работна група за безбедност на децата на интернет, која во наредниот месец ќе го разгледа воведувањето мерки за забрана за пристап до сајтови како ДаркНет и слично, кои содржат совети за тоа како да се изврши убиство, да се набави дрога или огнено оружјеа.]]>https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srpskata-vlada-formirashe-sovet-za-sprechuvane-vrsnichko-nasilstvo/feed/0Социјалните мрежи поттикнуваат врсничко насилство, сметаат надлежните, МОН предлага да се направи итна проценка на безбедносните ризици
https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sotsijalnite-mrezhi-pottiknuvaat-vrsnichko-nasilstvo-smetaat-nadlezhnite-mon-predlaga-da-se-napravi-itna-protsenka-na-bezbednosnite-rizitsi/
https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sotsijalnite-mrezhi-pottiknuvaat-vrsnichko-nasilstvo-smetaat-nadlezhnite-mon-predlaga-da-se-napravi-itna-protsenka-na-bezbednosnite-rizitsi/#respondSun, 07 May 2023 08:08:47 +0000https://kurir.mk/?p=831464По последните случувања во соседна Србија каде беа убиени 17 деца и возрасни и ранети околу 20 лица, надлежните институции во земјава веќе преземаат мерки со цел превенција на вакви несакани настани. Откако во петокот беа отворени електронски адреси за пријавување врсничко насилство, вчера Министерството за образование и наука соопшти дека ќе и предложи на Владата итна проценка на состојбите и безбедносните ризици, што во голема мера се потхрануваат од одредени социјални мрежи, како ТикТок.
Според министерот Шаќири, имајќи предвид дека тие социјални мрежи не треба да се користат во училишна средина, МОН веќе изработува протоколи и насоки за стручните служби на училиштата и наставниците, како тие ризици би се минимизирале, а нивната употреба да се ограничи или целосно да се оневозможи.
Министерот ги повика сите наставници и родители на поотворен дијалог, надминување на шокот и неверувањето, промоцијата на разбирањето и позитивните согледувања, со цел да се помогне на своето дете, како и на децата околу нас, бидејќи тие се најзагрозената категорија во моментот.
Во консултација со експертската заедница од повеќе институции и факултети, пак, ќе се зајакнат дополнително превентивните програми за борба против булингот, промоција на ненасилството и дијалогот, како клучни елементи за образование и развој на нашите ученици.
На средба со министерот за образование и наука Јетон Шаќири, беа и претставници на Сојузот на средношколци кој е на став дека мора да се делува брзо и ефикасно за да се превенираат и избегнат негативните ефекти, а истовремено спроведените мерки да дадат конкретни и видливи резултати на терен.
На средбата на која учествуваа и универзитетски професори од областа на педагогијата, психологијата, социологијата, правото и безбедносните науки е прва фаза од консултациите за креирање мерки и надополнување на постоечките механизми за детекција и спречување на меѓуврсничкото насилство во училиштата.
Имено, Сојузот на средношколци има четири предлози, кои на средбата ги образложи нивниот претседател Лука Павиќевиќ. Првиот предлог е МОН да стапи во меѓуинституционална соработка со Министерството за внатрешни работи со цел засилено обезбедување на училиштата најдоцна до крајот на оваа учебна година.
Сојузот исто така предлага нов модел на работа на училишните психолози. Оттаму сметаат дека нивните канцеларии треба да бидат отворени за средношколците, а тие треба да го имаат правото да закажат тет-а-тет средба со својот училиштен психолог.
За ваква промена, според Сојузот, ќе бидат потребни обуки и доквалифакации за стручните служби и сметаат дека тие треба да се спроведат што поскоро, односно штом биде изготвен протоколот кој ќе го дефинира новиот модел. За да се избегне докажаната неуспешност на обуките, Сојузот предложи и спроведување на тестирања кои ќе ги мерат знаењата стекнати од овие обуки.
Според нив, покрај е-адресите треба да се размисли и за отворање на бесплатна телефонска линија и профили на социјалните медиуми, со цел пријавувањето на врсничкото насилство да биде поблиску до целната група – средношколците и учениците воопшто.
На 16. Конгрес на Либерално-демократската младина, пак, претседателката на ЛДП и пратеничка Моника Зајкова нагласи дека време е да се реагира и дејствува со конкретни превентивни мерки и акции, наместо да коментираме на социјалните мрежи.
Според Зајкова, оваа спирала на насилство извршена од млади лица мора да го вклучи црвениот аларм и кај нас и потребно е преземање на итни и ефикасни превентивни мерки за да се спречи врсничкото насилство, грозоморните слики од убиени и повредени.
ЛДП има низа предлози кои ќе ги достави и до Владата, а иницијативите се однесуваат на најостра контрола на издавањето и поседувањето на огнено оружје, проверка кој се поседува оружје, контрола и забрана малолетни лица да вежбаат во стрелишта и казни за родителите кои ги мотивираат децата да ракуваат со вакви убиствени направи.
Оттаму сметаат дека Министерство за правда треба да ја разгледа состојбата и предложи заострување на казнената политика со намалување на возраста за кривична одговорност согласно европското законодавство и практики, како и поголема контрола во училиштата и ангажирање на психолози и педагози за превенирање на булингот во образовниот процес.
Зајкова нагласи оти особено е потребна забрана на „Тик-ток“ како и останатите социјални мрежи кои поттикнуваат насилство бидејќи и во нашата земја сведочевме на жртви од користењето на овие мрежи. Понатаму, забрана и контрола на симнување на игри, содржини и апликации кои експлицитно покажуваат и поттикнуваат насилство, а исто така и преглед и контрола на филмови кои можат особено кај помладите луѓе да поттикнат насилство, манипулативно да бидат употребени во пропагандистички цели со величење на насилството. Според Зајкова, ова нема да значи цензура на уметноста.
Е-адресите „[email protected]“ и „[email protected]“ се достапни од петокот на иницијатива на МОН, а нивната цел е да се превенираат несакани настани како оние што ја потресоа соседна Србија во изминатите два дена.
По секоја пријава на овие е-адреси веднаш ќе се постапува.
Министерот завчера најави дека ќе се направат и законски измени во системот за образование доколку за тоа се увиди потреба.
Во Србија во основно училиште во Белград малолетник со пиштол уби осум ученици и припадник на училишното обезбедување и рани седум ученици, а во селото Дубона кај Младеновац, 21-годишно момче уби осум лица и рани 14 луѓе.
Во скопски Чаир завчера малолетник извадил пластичен пиштол (играчка) и го вперил кон соучениците. Полициски службеници во присуство на родители, педагог, психолог и директорката на училиштето извршиле службен разговор со малолетникот. Полицијата вчера приведе и 16-годишен малолетник - ученик, постапувајќи по пријава од директорот на училиштето поради објава на социјална мрежа чија содржина е со закани по живот кон професори.]]>По последните случувања во соседна Србија каде беа убиени 17 деца и возрасни и ранети околу 20 лица, надлежните институции во земјава веќе преземаат мерки со цел превенција на вакви несакани настани. Откако во петокот беа отворени електронски адреси за пријавување врсничко насилство, вчера Министерството за образование и наука соопшти дека ќе и предложи на Владата итна проценка на состојбите и безбедносните ризици, што во голема мера се потхрануваат од одредени социјални мрежи, како ТикТок.
Според министерот Шаќири, имајќи предвид дека тие социјални мрежи не треба да се користат во училишна средина, МОН веќе изработува протоколи и насоки за стручните служби на училиштата и наставниците, како тие ризици би се минимизирале, а нивната употреба да се ограничи или целосно да се оневозможи.
Министерот ги повика сите наставници и родители на поотворен дијалог, надминување на шокот и неверувањето, промоцијата на разбирањето и позитивните согледувања, со цел да се помогне на своето дете, како и на децата околу нас, бидејќи тие се најзагрозената категорија во моментот.
Во консултација со експертската заедница од повеќе институции и факултети, пак, ќе се зајакнат дополнително превентивните програми за борба против булингот, промоција на ненасилството и дијалогот, како клучни елементи за образование и развој на нашите ученици.
На средба со министерот за образование и наука Јетон Шаќири, беа и претставници на Сојузот на средношколци кој е на став дека мора да се делува брзо и ефикасно за да се превенираат и избегнат негативните ефекти, а истовремено спроведените мерки да дадат конкретни и видливи резултати на терен.
На средбата на која учествуваа и универзитетски професори од областа на педагогијата, психологијата, социологијата, правото и безбедносните науки е прва фаза од консултациите за креирање мерки и надополнување на постоечките механизми за детекција и спречување на меѓуврсничкото насилство во училиштата.
Имено, Сојузот на средношколци има четири предлози, кои на средбата ги образложи нивниот претседател Лука Павиќевиќ. Првиот предлог е МОН да стапи во меѓуинституционална соработка со Министерството за внатрешни работи со цел засилено обезбедување на училиштата најдоцна до крајот на оваа учебна година.
Сојузот исто така предлага нов модел на работа на училишните психолози. Оттаму сметаат дека нивните канцеларии треба да бидат отворени за средношколците, а тие треба да го имаат правото да закажат тет-а-тет средба со својот училиштен психолог.
За ваква промена, според Сојузот, ќе бидат потребни обуки и доквалифакации за стручните служби и сметаат дека тие треба да се спроведат што поскоро, односно штом биде изготвен протоколот кој ќе го дефинира новиот модел. За да се избегне докажаната неуспешност на обуките, Сојузот предложи и спроведување на тестирања кои ќе ги мерат знаењата стекнати од овие обуки.
Според нив, покрај е-адресите треба да се размисли и за отворање на бесплатна телефонска линија и профили на социјалните медиуми, со цел пријавувањето на врсничкото насилство да биде поблиску до целната група – средношколците и учениците воопшто.
На 16. Конгрес на Либерално-демократската младина, пак, претседателката на ЛДП и пратеничка Моника Зајкова нагласи дека време е да се реагира и дејствува со конкретни превентивни мерки и акции, наместо да коментираме на социјалните мрежи.
Според Зајкова, оваа спирала на насилство извршена од млади лица мора да го вклучи црвениот аларм и кај нас и потребно е преземање на итни и ефикасни превентивни мерки за да се спречи врсничкото насилство, грозоморните слики од убиени и повредени.
ЛДП има низа предлози кои ќе ги достави и до Владата, а иницијативите се однесуваат на најостра контрола на издавањето и поседувањето на огнено оружје, проверка кој се поседува оружје, контрола и забрана малолетни лица да вежбаат во стрелишта и казни за родителите кои ги мотивираат децата да ракуваат со вакви убиствени направи.
Оттаму сметаат дека Министерство за правда треба да ја разгледа состојбата и предложи заострување на казнената политика со намалување на возраста за кривична одговорност согласно европското законодавство и практики, како и поголема контрола во училиштата и ангажирање на психолози и педагози за превенирање на булингот во образовниот процес.
Зајкова нагласи оти особено е потребна забрана на „Тик-ток“ како и останатите социјални мрежи кои поттикнуваат насилство бидејќи и во нашата земја сведочевме на жртви од користењето на овие мрежи. Понатаму, забрана и контрола на симнување на игри, содржини и апликации кои експлицитно покажуваат и поттикнуваат насилство, а исто така и преглед и контрола на филмови кои можат особено кај помладите луѓе да поттикнат насилство, манипулативно да бидат употребени во пропагандистички цели со величење на насилството. Според Зајкова, ова нема да значи цензура на уметноста.
Е-адресите „[email protected]“ и „[email protected]“ се достапни од петокот на иницијатива на МОН, а нивната цел е да се превенираат несакани настани како оние што ја потресоа соседна Србија во изминатите два дена.
По секоја пријава на овие е-адреси веднаш ќе се постапува.
Министерот завчера најави дека ќе се направат и законски измени во системот за образование доколку за тоа се увиди потреба.
Во Србија во основно училиште во Белград малолетник со пиштол уби осум ученици и припадник на училишното обезбедување и рани седум ученици, а во селото Дубона кај Младеновац, 21-годишно момче уби осум лица и рани 14 луѓе.
Во скопски Чаир завчера малолетник извадил пластичен пиштол (играчка) и го вперил кон соучениците. Полициски службеници во присуство на родители, педагог, психолог и директорката на училиштето извршиле службен разговор со малолетникот. Полицијата вчера приведе и 16-годишен малолетник - ученик, постапувајќи по пријава од директорот на училиштето поради објава на социјална мрежа чија содржина е со закани по живот кон професори.]]>https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sotsijalnite-mrezhi-pottiknuvaat-vrsnichko-nasilstvo-smetaat-nadlezhnite-mon-predlaga-da-se-napravi-itna-protsenka-na-bezbednosnite-rizitsi/feed/0МОН отвори електронски адреси за пријавување на врсничко насилство
https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mon-otvori-elektronski-adresi-za-prijavuvane-na-vrsnichko-nasilstvo/
https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mon-otvori-elektronski-adresi-za-prijavuvane-na-vrsnichko-nasilstvo/#respondFri, 05 May 2023 13:56:04 +0000https://kurir.mk/?p=831007Министерството за образование и наука информира дека почнаа консултации за креирање мерки и надополнување на постоечките механизми за детекција и спречување на врсничко насилство, промена на пристапот за работа со деца со асоцијално однесување, за работа со нивните семејства и слично.
-На моја иницијатива денеска имавме дискусија со повеќе академски професори и експерти од областа на педагогијата, психологијата, социологијата, безбедносните науки, со цел да дискутираме што е тоа што можеме да го интегрираме во нашиот образовен систем, за да превенираме несакани настани како во соседна Србија. Ова е сериозен предизвик за сите нас, имавме плодна дискусија и сите сме согласни дека промени мора да се случуваат, затоа што новото време ја менува динамиката на живот, се менуваат трендовите, се менува однесувањето на младите. Овие предизвици бараат и соодветен одговор, изјави по средбата министерот за образование Јетон Шаќири.
Процесот на креирање мерки за јакнење на воспитно-образовниот систем за справување со насилство ќе биде инклузивен и во него ќе се вклучат повеќе институции и поединци. Со цел вклучување на сите засегнати министерства, ќе следат и средби со МТСП, МВР и Министерството за здравство.
Како прва активност, иницирано е отворање на електронски адреси каде младите, родителите и воопшто граѓаните ќе можат да пријавуваат врсничко насилство: [email protected] и [email protected] на албански јазик. Адресите се веќе активни и министерот најави дека по секоја пријава веднаш ќе се постапува.
Во рамки на постечките механизми за справување со меѓуврсничко насилство и девијантни однесувања на децата и младите, делуваат стручните служби во училиштата, Педагошката служба и Просветниот инспекторат, а МОН има конструктивна соработка со службите на МВР.]]>Министерството за образование и наука информира дека почнаа консултации за креирање мерки и надополнување на постоечките механизми за детекција и спречување на врсничко насилство, промена на пристапот за работа со деца со асоцијално однесување, за работа со нивните семејства и слично.
-На моја иницијатива денеска имавме дискусија со повеќе академски професори и експерти од областа на педагогијата, психологијата, социологијата, безбедносните науки, со цел да дискутираме што е тоа што можеме да го интегрираме во нашиот образовен систем, за да превенираме несакани настани како во соседна Србија. Ова е сериозен предизвик за сите нас, имавме плодна дискусија и сите сме согласни дека промени мора да се случуваат, затоа што новото време ја менува динамиката на живот, се менуваат трендовите, се менува однесувањето на младите. Овие предизвици бараат и соодветен одговор, изјави по средбата министерот за образование Јетон Шаќири.
Процесот на креирање мерки за јакнење на воспитно-образовниот систем за справување со насилство ќе биде инклузивен и во него ќе се вклучат повеќе институции и поединци. Со цел вклучување на сите засегнати министерства, ќе следат и средби со МТСП, МВР и Министерството за здравство.
Како прва активност, иницирано е отворање на електронски адреси каде младите, родителите и воопшто граѓаните ќе можат да пријавуваат врсничко насилство: [email protected] и [email protected] на албански јазик. Адресите се веќе активни и министерот најави дека по секоја пријава веднаш ќе се постапува.
Во рамки на постечките механизми за справување со меѓуврсничко насилство и девијантни однесувања на децата и младите, делуваат стручните служби во училиштата, Педагошката служба и Просветниот инспекторат, а МОН има конструктивна соработка со службите на МВР.]]>https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mon-otvori-elektronski-adresi-za-prijavuvane-na-vrsnichko-nasilstvo/feed/0Нанев: Околу 25 до 30 отсто од средношколците вршат одредено врсничко насилство покажува анкета на невладиниот сектор
https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nanev-okolu-25-do-30-otsto-od-srednoshkoltsite-vrshat-odredeno-vrsnichko-nasilstvo-pokazhuva-anketa-na-nevladiniot-sektor/
https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nanev-okolu-25-do-30-otsto-od-srednoshkoltsite-vrshat-odredeno-vrsnichko-nasilstvo-pokazhuva-anketa-na-nevladiniot-sektor/#respondThu, 04 May 2023 09:39:47 +0000https://kurir.mk/?p=830479Околу 25 до 30 отсто од средношколците вршат одредено врсничко насилство спрема нивни врсници, покажува анализа на невладиниот сектор направена минатата година во државата, вели во изјава за МИА, професор доктор Лазар Нанев, претседател на Основен суд Кавадарци и претседател на државниот Совет за превентива против малолетничка деликвенција.
-Според таа загрижувачка анализа, дури 14 отсто од децата потврдуваат дека биле жртви на врсничко насилство или булинг и тоа подолг временски период, нагласува Нанев.
Проблемот за врсничкото насилство е долгогодишен, а особено актуелен, по вчерашното убиство на неколку лица во училиште во Србија и информациите во јавноста дека и самиот малолетен убиец, претходно бил жртва на врсничко насилство.
-Врсничкото насилство е тема на која изминатиот период и се посветува внимание, од страна на правници, психолози, педагози, особено од страна на невладиниот сектор. Ова насилство настанува како резултат на искривување на вредностите во општеството. Децата сторители на ваков вид насилство обично сакаат да привлечат внимание. Најпрвин имаше само вербално и физичко врсничко насилство, со исмејување, но сега има и психичко насилство со закани, насилство преку социјални мрежи. Тоа врсничко насилство, ако не се препознае и спречи трае се додека жртвата на булингот не се јави со соодветна реакција. Понекогаш, таа реакција може исто така да биде сериозна, како и самиот булинг. Затоа е неопходно да се делува превентивно во семејствата, училиштата, да се препознава евентуалното врсничко насилство и навреме да се реагира, појаснува Нанев.
Тој додава дека жртвите на врсничко насилство најчесто чувствуваат загрозеност и срам и се повлекуваат. Многу често не биле навреме препознати, се додека проблемот не ја надмине црвената линија.
Нанев нагласува дека на решавање на проблемите со врсничкото насилство, мора да има еден стратешки пристап. Мора да работи стручната фела, преку едукативни програми. Брзо и ефикасно да се препознае врсничкото насилство од кадарот во училиштата и соодветно да се делува. Родителите пак, да обрнат поголемо внимание околу тоа, како се однесуваат нивните деца. (МИА)]]>Околу 25 до 30 отсто од средношколците вршат одредено врсничко насилство спрема нивни врсници, покажува анализа на невладиниот сектор направена минатата година во државата, вели во изјава за МИА, професор доктор Лазар Нанев, претседател на Основен суд Кавадарци и претседател на државниот Совет за превентива против малолетничка деликвенција.
-Според таа загрижувачка анализа, дури 14 отсто од децата потврдуваат дека биле жртви на врсничко насилство или булинг и тоа подолг временски период, нагласува Нанев.
Проблемот за врсничкото насилство е долгогодишен, а особено актуелен, по вчерашното убиство на неколку лица во училиште во Србија и информациите во јавноста дека и самиот малолетен убиец, претходно бил жртва на врсничко насилство.
-Врсничкото насилство е тема на која изминатиот период и се посветува внимание, од страна на правници, психолози, педагози, особено од страна на невладиниот сектор. Ова насилство настанува како резултат на искривување на вредностите во општеството. Децата сторители на ваков вид насилство обично сакаат да привлечат внимание. Најпрвин имаше само вербално и физичко врсничко насилство, со исмејување, но сега има и психичко насилство со закани, насилство преку социјални мрежи. Тоа врсничко насилство, ако не се препознае и спречи трае се додека жртвата на булингот не се јави со соодветна реакција. Понекогаш, таа реакција може исто така да биде сериозна, како и самиот булинг. Затоа е неопходно да се делува превентивно во семејствата, училиштата, да се препознава евентуалното врсничко насилство и навреме да се реагира, појаснува Нанев.
Тој додава дека жртвите на врсничко насилство најчесто чувствуваат загрозеност и срам и се повлекуваат. Многу често не биле навреме препознати, се додека проблемот не ја надмине црвената линија.
Нанев нагласува дека на решавање на проблемите со врсничкото насилство, мора да има еден стратешки пристап. Мора да работи стручната фела, преку едукативни програми. Брзо и ефикасно да се препознае врсничкото насилство од кадарот во училиштата и соодветно да се делува. Родителите пак, да обрнат поголемо внимание околу тоа, како се однесуваат нивните деца. (МИА)]]>https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nanev-okolu-25-do-30-otsto-od-srednoshkoltsite-vrshat-odredeno-vrsnichko-nasilstvo-pokazhuva-anketa-na-nevladiniot-sektor/feed/0Совети за справување со врсничкото насилство
https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/soveti-za-spravuvanje-so-vrsnichkoto-nasilstvo/
https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/soveti-za-spravuvanje-so-vrsnichkoto-nasilstvo/#respondFri, 02 Dec 2022 12:30:27 +0000https://kurir.mk/?p=770126Како родителите да препознаат дали нивното дете е жртва на врсничко насилство? Психологот Лиза Елиот за „Чекап њусрум“ (Checkup Newsroom) говори за сѐ почестите проблеми со насилството во училиштата.
– Родителите треба да разберат дека, со оглед на нашата култура, децата за жал, сѐ повеќе ќе се однесуваат насилно, бидејќи таквото однесување се обликува и од денешните содржини на телевизијата, интернет и социјалните мрежи. Пандемијата само го влоши проблемот со злоупотребата. Короната, изолацијата и зголемената употреба на социјалните медиуми дефинитивно имаа влијание врз тормозењето, а бројот на несакани настани ширум светот значително се зголеми, изјави д-р Елиот.
Како да препознаете дека детето е жртва на насилство?
Освен наставниците и професорите, според психологот, голема улога имаат и родителите кои можат да придонесат за намалување на стапката на врсничко насилство. Најчестите знаци се следниве: детето не сака да оди на училиште или често запаѓа во неволја за време на часот, одеднаш добива многу полоши оценки, престанува да зборува за врсниците и училишните активности, губи интерес за активности, се појавуваат т.н. нарушувања на сонот, повлекување и желба за осаменост, поплаки за болка или болест, избегнување контакт со очите, емоционални манифестации (тага, лутина, раздразливост, плашливост, нерасположеност, вознемиреност, агресија)… Натаму, кај детето може да дојде и до самоповредување. Тоа се заканува со насилство врз себе или кон другите, зборува за бегство или самоубиство, одеднаш престанува да користи компјутер или другите уреди на секојдневието…
– Ако ништо друго, родителите може да ги научат своите деца дека насилството не е в ред, а ако тоа им се случува ним – секогаш да го пријават, без разлика дали кај наставник, училиштен психолог или родител, истакна психологот.
Секоја од овие промени, појаснува стручњакот, е предупредувачки знак за да се реагира и да се открие вистинската причина за тоа необично однесување.
– Поттикнувањето емпатија мора да биде прв приоритет во воспитувањето на децата. Посочувањето на потребите и чувствата на другите луѓе ќе придонесе за целокупната среќа на детето, но и ќе му помогне да се справи со можното насилство. Родителите треба отворено да разговараат со своите деца за злоупотребувањето, поставувајќи прашања како „Дали некогаш те тормозат? Како се чувствуваш поради тоа?“… Или пак, да го прашате детето како би се чувствувало кога би доживеало само некакво насилство?, објаснува д-р Елиот.
Таа советува дека е важно родителот да го научи своето дете на сочувство и љубезност, бидејќи децата природно се раѓаат со одредена доза на емпатија.
– Тие не знаат да бидат злобни. Она што се менува со времето, се нештата на коишто децата се најмногу изложени и она што го гледаат кај луѓето околу нив, вели психологот. ]]>Како родителите да препознаат дали нивното дете е жртва на врсничко насилство? Психологот Лиза Елиот за „Чекап њусрум“ (Checkup Newsroom) говори за сѐ почестите проблеми со насилството во училиштата.
– Родителите треба да разберат дека, со оглед на нашата култура, децата за жал, сѐ повеќе ќе се однесуваат насилно, бидејќи таквото однесување се обликува и од денешните содржини на телевизијата, интернет и социјалните мрежи. Пандемијата само го влоши проблемот со злоупотребата. Короната, изолацијата и зголемената употреба на социјалните медиуми дефинитивно имаа влијание врз тормозењето, а бројот на несакани настани ширум светот значително се зголеми, изјави д-р Елиот.
Како да препознаете дека детето е жртва на насилство?
Освен наставниците и професорите, според психологот, голема улога имаат и родителите кои можат да придонесат за намалување на стапката на врсничко насилство. Најчестите знаци се следниве: детето не сака да оди на училиште или често запаѓа во неволја за време на часот, одеднаш добива многу полоши оценки, престанува да зборува за врсниците и училишните активности, губи интерес за активности, се појавуваат т.н. нарушувања на сонот, повлекување и желба за осаменост, поплаки за болка или болест, избегнување контакт со очите, емоционални манифестации (тага, лутина, раздразливост, плашливост, нерасположеност, вознемиреност, агресија)… Натаму, кај детето може да дојде и до самоповредување. Тоа се заканува со насилство врз себе или кон другите, зборува за бегство или самоубиство, одеднаш престанува да користи компјутер или другите уреди на секојдневието…
– Ако ништо друго, родителите може да ги научат своите деца дека насилството не е в ред, а ако тоа им се случува ним – секогаш да го пријават, без разлика дали кај наставник, училиштен психолог или родител, истакна психологот.
Секоја од овие промени, појаснува стручњакот, е предупредувачки знак за да се реагира и да се открие вистинската причина за тоа необично однесување.
– Поттикнувањето емпатија мора да биде прв приоритет во воспитувањето на децата. Посочувањето на потребите и чувствата на другите луѓе ќе придонесе за целокупната среќа на детето, но и ќе му помогне да се справи со можното насилство. Родителите треба отворено да разговараат со своите деца за злоупотребувањето, поставувајќи прашања како „Дали некогаш те тормозат? Како се чувствуваш поради тоа?“… Или пак, да го прашате детето како би се чувствувало кога би доживеало само некакво насилство?, објаснува д-р Елиот.
Таа советува дека е важно родителот да го научи своето дете на сочувство и љубезност, бидејќи децата природно се раѓаат со одредена доза на емпатија.
– Тие не знаат да бидат злобни. Она што се менува со времето, се нештата на коишто децата се најмногу изложени и она што го гледаат кај луѓето околу нив, вели психологот. ]]>https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/soveti-za-spravuvanje-so-vrsnichkoto-nasilstvo/feed/0