врв – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 05 Oct 2023 17:01:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png врв – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Мон Блан се намали за повеќе од два метри https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/mon-blan-se-namali-za-poveke-od-dva-metri/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/mon-blan-se-namali-za-poveke-od-dva-metri/#respond Thu, 05 Oct 2023 17:01:21 +0000 https://kurir.mk/?p=885704

Највисокиот врв во Западна Европа, Мон Блан, изгуби повеќе од два метри во височина во последните две години, објавија француските истражувачи. Тим експерти кои ги вршат мерењата на секои две години на прес-конференција во Шамони на француските Алпи изјавија дека планината сега е висока 4.805,59 метри, што е помалку од последното мерење од 4.807,81 метри во септември 2021 година. Експертите рекоа дека сега останува на климатолозите, глациолозите и другите научници да ги разгледаат собраните податоци и да дојдат до какви било теории што би го објасниле феноменот, пренесува Ројтерс. Додека светскиот аларм расте поради топењето на глечерите, официјалната висина на Мон Блан паѓа повеќе од една деценија. Мерењето во 2007 година беше 4.810,90 метри. Глечерите во Швајцарија ја претрпеа својата втора најлоша стапка на топење оваа година по рекордните загуби во 2022 година, намалувајќи го нивниот вкупен волумен за 10 отсто во изминатите две години, соопшти на почетокот на овој месец мониторинг телото GLAMOS.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/mon-blan-se-namali-za-poveke-od-dva-metri/feed/ 0
Кумановец го искачи највисокиот врв Дамаванд во Иран и Мала Азија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kumanovec-go-iskachi-najvisokiot-vrv-damavand-vo-iran-i-mala-azija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kumanovec-go-iskachi-najvisokiot-vrv-damavand-vo-iran-i-mala-azija/#respond Mon, 24 Oct 2022 07:48:00 +0000 https://kurir.mk/?p=749745

Бобан Стефановски, планинар од Куманово го искачи највисокиот планински врв Дамаванд во Иран и Мала Азија. Тој веќе десет години е планинар. Првпат на планината бил на покана на пријатели и го засакал планинарството. – Откако знам за себе, отсекогаш сум ја сакал природата. Љубовта кон планините и природата била отсекогаш присутна, меѓутоа, моментот кога првпат отидов на планина беше сосема случајно договорен претходниот ден со мои пријатели пред десетина години. И оттогаш не застанав, вели Стефановски. Трпеливост, кондиција, дисциплина и страст е потребно да се искачат врвовите. Стефановски вели дека одредени врвови имаат специфична мистичност која дополнително го привлекува, како што е случај со Дамаванд. – Секое искачување, секоја планина и секој врв се посебни на свој и единствен начин. Фактот дека Дамаванд е највисокиот врв во Иран и во Мала Азија, највисокиот стратовулкан во Азија, како и третиот највисок вулкан во источната хемисфера го прави да биде посебен, бидејќи е доста ретко искачуван од луѓето од наши простори, но и дека е познат како планината на гас и сулфур – на самата планина, близу кратерот на вулканот испарува сулфур, кој многу го отежнува искачувањето, посебно ако ветерот дува во вашиот правец и го носи непријатниот мирис накај вас, раскажува Стефановски. Искачувањето на Дамаванд, што е со височина од 5.609 метри, траело четири дена. Во искачувањето учествувале само тројца планинари од земјава. Врвот е специфичен, изгаснат вулкан од кој може да се забележи испарување на сулфур.
Пред да го освојат Дамаванд, македонските планинари искачиле уште еден врв, Колумбастак висок 4.135 метри. Инаку, качувањето почнува од 3.000 метри. Првиот ден, планинарите пешачат до 4.200 метри, каде е првиот базен камп, одмараат, а вториот ден се искачува до 4.800 метри, процес кој е неопходен за телото да се климатизира. Потоа, повторно се спуштаат до 4.200 метри, преспиваат и веќе третиот ден се освојува врвот. Стефановски вели дека постојано тренира и ги искачува врвовите овде во државата и надвор. Речиси секој викенд во зависност од работните обврски е на планина. – Никогаш доволно од планина, вели кумановецот. Тој наведува неколку врвови кои ги искачил, Дамаванд (5.609 м. во Иран), Арарат (5137 м. во Турција), Мон Блан (4.810 м. Алпи), Зумштајн (4.563 м. Алпи), Брајтхорн (4.164 м. Алпи), Колун Бастак (4.137 м. во Иран), Гран Парадизо (4.061 м. Алпи), Мусала (2.925 м. на Рила), Митикас (2.918 м. Олимп), Вихрен (2.914 м. Пирин), Триглав (2.864 м. во Словенија), Боботов Кук (2.523 м. Дурмитор, во Црна Гора), Кораб (2.764м. Кораб), Титов Врв (2.747 м. Шар Планина). На прашањето зошто некои врвови се пониски, а потешки за искачување објаснува дека ѝ покрај тоа што одредени врвови се релативно пониски, предизвик е да се искачат, бидејќи зависи од конфигурацијата на теренот, видот на планина, степенот на стрмност, висинска разлика и должина на патеката, како и од периодот од годината кога се искачува. – Предизвик ми е искачувањето на високи планини и долги експедиции. Преку искачувањето на планините, се спознавам себеси, своите психо-физички способности и осознавам до каде се моите граници и до каде можам да одам. Откако знам со себе, постојано сум физички активен и се занимавам со некоја физичка активност. Освен, планинарење, долги години, уште од основна училишна возраст, рекреативно се занимавам со играње кошарка. Кошарката е ставена на пауза само одреден период пред некоја важна експедиција, со цел да ја избегнам можноста од некоја несакана повреда, која би ми ја загрозила експедицијата, вели Стефановски. Тој е лиценциран водич при ФПСМ (Федерација за планинарство на Северна Македонија) од 2015 година, како и лиценциран планинарски маркацист, член на комисијата за планинарски патеки при ФПСМ и член на младинската комисија при ФПСМ.
Стефановски смета дека може уште повеќе да се искористи потенцијалот кој го има земјава богата со околу 40-тина планини и планински масиви. – Според ова, имаме огромен потенцијал за планински туризам и сите туристички гранки кои влегуваат во овој вид на туризам. Добро е целосно да се искористи потенцијалот, да се инвестира, да се промовира планинарството, планините, природата. А, посебно би обрнал внимание и би дал акцент на колективната свест за чување и зачувување на природата, планините, флората и фауната. Последните години, откако почна короната, сè повеќе и повеќе луѓе ги посетуваат планините, и овој тренд нема да застане во блиска иднина. Колку повеќе луѓе на планина, толку повеќе ѓубре се остава. Немаме доволно развиена колективна еколошка свест, вели Стефановски. Искусниот планинар и дипломиран филолог, преведувач и толкувач на англиски јазик, повикува соодветен кадар да работи на промоција на планинскиот туризам, соодветно да се одбележат и утврдат планинарски патеки според Законот за планински патеки, да се обезбедат спасувачки служби на сите планини, обучени, оспособени и искусни планинарски водичи од сите делови на државата, со цел водичка покриеност за секоја планина. МИА
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kumanovec-go-iskachi-najvisokiot-vrv-damavand-vo-iran-i-mala-azija/feed/ 0
Ова е највисоката планина на која никој не се искачил https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ova-e-najvisokata-planina-na-koja-nikoj-ne-se-iskachil/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ova-e-najvisokata-planina-na-koja-nikoj-ne-se-iskachil/#respond Sun, 31 Jan 2021 18:59:00 +0000 https://kurir.mk/?p=462354

Мучу Чиш не е највисоката планина во светот, за неа не гледаме документарци на ТВ, но тоа што ја прави уникатна е фактот дека е највисоката планина на светот на која никој не се искачил. Сместена е на северот на Пакистан и висока е 7.452 метри надморска височина како дел од планинскиот венец Каракорам. На нејзиниот врв сè уште нема развиорено знаме ниту се направени фотографии. -Мислам дека најголемата и најинтересна работа што се однесува до првите искачувања на џиновските планини како оваа, на која во основа сте астронаут, е токму тоа – да се дојде до тоа место на кое никогаш претходно никој не бил, вели Џејсон Мартин, директор на Американскиот алпски институт. -Уште еден елемент е секако дополнителниот предизвик, бидејќи практично нема информации за тоа како да се направи, додава тој. Уште еден азиски врв, Гангкар Пунсум, висок 7.570 метри, и понатаму е највисоката непосетена планина на Земјата, но со оглед дека планинарењето во Бутан е забрането од 2003 година, овој планински врв е повлечен од планинарските експедициски планови.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ova-e-najvisokata-planina-na-koja-nikoj-ne-se-iskachil/feed/ 0
Дали знаевте зошто се става ѕвезда на врвот на елката – колку е силна нејзината симболика https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/dali-znaevte-zoshto-se-stava-dzvezda-na-vrvot-na-elkata-kolku-e-silna-nejzinata-simbolika/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/dali-znaevte-zoshto-se-stava-dzvezda-na-vrvot-na-elkata-kolku-e-silna-nejzinata-simbolika/#respond Wed, 16 Dec 2020 11:07:18 +0000 https://kurir.mk/?p=443947

Ѕвезда, ангел или нешто друго. На врвот на елката луѓето ставаат разни украси, но на крај најважно е да ви се допаѓа вашиот избор. Меѓу различните форми што ги избираат луѓето веројатно најпопуларна е витлеемската ѕвезда. Таа е детаљ што елката ја прави поубава, но дали го знаете одговорот на прашањето зошто баш ѕвезда? Дел од украсите што ги ставаме на врвот на елката, а меѓу кои е и ѕвездата, своите корени ги имаат во религијата. На пример, некои луѓе на врвот на елката ставаат ангели што ги симболизираат ангелите што на овчарите им ја објавиле веста за раѓањето на Исус, додека ѕвездата ја симболизира витлеемската ѕвезда која, според легендата, ги водела трите мудреци до местото на раѓањето на Исус. Приказната за ѕвездата се појавува во Библијата, во Евангелието по Матеј. Тој напишал дека по раѓањето на Исус во Витлеем, три мудреци од истокот дошле во Ерусалим, па се распрашувале каде е новородениот еврејски крал, бидејќи ја виделе неговата ѕвезда како излегува, па дошле да му се поклонат. Кога го слушнал тоа кралот Ирод, се вознемирил, па ги повикал мудреците да ги испита за времето кога се појавила ѕвездата и им рекол да го известат штом го најдат Исус бидејќи и тој сакал да му се поклони. Откако го сослушале кралот, мудреците заминале, а ѕвездата се движела пред нив и застанала на местото каде што се родил Исус. Потоа му се поклониле и го дарувале со злато, темјан и миризлива смола. Многу луѓе веруваат дека ѕвездата била чудесен знак. Според тврдењата на некои теолози, ѕвездата го исполнила пророштвото. Астрономите во повеќе наврати се обидувале да ја поврзат ѕвездата со необични небесни случувања, како што е комета или супернова. Современите научниците не ја сметаат приказната од Библијата за историско случување, туку за побожна фикција. Во секој случај, ѕвездата за многу луѓе е омилен украс што секоја година се наоѓа на врвот на елката.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/dali-znaevte-zoshto-se-stava-dzvezda-na-vrvot-na-elkata-kolku-e-silna-nejzinata-simbolika/feed/ 0
Коронавирусот во Албанија врвот ќе го достигне следната недела https://arhiva.kurir.mk/svet/region/koronavirusot-vo-albanija-vrvot-kje-go-dostigne-slednata-nedela/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/koronavirusot-vo-albanija-vrvot-kje-go-dostigne-slednata-nedela/#respond Sat, 04 Apr 2020 12:50:55 +0000 https://kurir.mk/?p=327246

Во Албанија следната недела се очекува коронавирусот да го достигне врвот. Ова е предвидувањето на експертите за време на онлајн средбата на Техничкиот комитет за епидемија на коронавирусот со премиерот Еди Рама. Раководителката на одделението за епидемиологија на Институтот за јавно здравје, Еугена Томини, оценила дека петтата недела од појавата на нулта пациентот во Албанија, коронавирусот ќе го достигне пикот, поради што се очекува бројот на заразените да се зголеми. Идентичен став изнесол и Тритан Кало, потенцирајќи дека на вирусот му се потребни пет до шест недели за да се развие. -Потребни се најмалку пет до шест недели за да вирусот го покаже вистинското лице, изјавил Кало. Кон ваквите оценки на стручните лица, секако оди и податокот дека бројот на денес дијагностицираните 29 лица е најголем од појавата на опасниот вирус. Во Албанија првите два случаја на инфекција со коронавирус беа потврдени на деветти минатиот месец, а со денес соопштените податоци на Министерството за здравство и социјална заштита тој број е 333 лица. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/koronavirusot-vo-albanija-vrvot-kje-go-dostigne-slednata-nedela/feed/ 0
Смена на врвот на Социјалдемократската партија на Косово по изборниот дебакл https://arhiva.kurir.mk/svet/region/smena-na-vrvot-na-socijaldemokratskata-partija-na-kosovo-po-izborniot-debakl/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/smena-na-vrvot-na-socijaldemokratskata-partija-na-kosovo-po-izborniot-debakl/#respond Sun, 15 Dec 2019 16:20:19 +0000 https://kurir.mk/?p=277894

Претседателот на Социјалдемократската партија на Косово (ПСД) и градоначалник на Приштина, Шпенд Ахмети поднесе денеска оставка од челната функција во ПСД, откако таа партија не успеа да освои ниту едно пратеничко место на октомвриските вонредни парламентарни избори во земјата, јави дописникот на МИА од Приштина. Ахмети за оставката информира преку неговата страница на Фејсбук, нагласувајќи дека нема да преземе ниеден друг ангажман, ниту во партијата ниту во други институции, се до истекот на мандатот на градоначалник на косовскиот главен град. Во образложението на оставката, Ахмети нагласи дека тој лично ја презема одговорноста за неуспехот на партијата на изборите. На седницата на Собранието на ПСД, која досегашниот лидер ја свика по оставката, за нов лидер на партијата е избран досегашниот пратеник Дардан Молиќај, познат во косовската јавност како еден од истакнатите милитантни членови, како во ПСД, така и во неговата претходна партија, Движењето Самоопределување (ВВ). Според соопштението на ПСД, за нов партиски лидер, покрај Молиќај конкурирале уште четири лица, меѓутоа нивниот идентитет не е откриен. Единствената информација што ја објави партијата по завршувањето на седницата која се одржа зад затворени врати, е дека Молиќај е избран на тајно гласање, со освоени 83 отсто од гласовите на 227 присутни делегати. Новиот партиски лидер одби да даде изјава за медиумите. Повеќе од десет истакнати членови на ВВ, меѓу кои и Ахмети и Молиќај, во мај 2018 година ја напуштија партијата на Албин Курти и ја презедоа речиси згаснатата ПСД на некогашната косовска функционерка, а подоцна дисидентка во комунистичка Југославија, Каќуша Јашари. Расколот во ВВ се случи откако Курти, иако во март 2015 година објави дека се повлекува од лидерската функција, во јануари 2018-та реши повторно да ја преземе партијата, која во меѓувреме ја водеше Висар Имери. ПСД формира пратеничка група во последниот собраниски состав и, иако се декларира како опозиција, ја поддржа владата на Рамуш Харадинај во неколку значајни одлуки, како што е усвојувањето на минатогодишниот буџет и формирањето на собраниски тим за преговори со Србија, за чиј копретседател беше именуван нејзиниот лидер Ахмети. На изборите одржани на 6 октомври, ПСД настапи во коалиција со Алијансата за иднината на Косово (ААК) на Харадинај, но доживеа целосен дебакл, затоа што, и покрај тоа што 13 членови од заедничката листа на кандидати освоија пратенички места во новото Собрание, ниеден од нив не е од редовите на ПСД. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/smena-na-vrvot-na-socijaldemokratskata-partija-na-kosovo-po-izborniot-debakl/feed/ 0
Сер Род Стјуарт е најстариот пејач на врвот на топ листата во Велика Британија https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/ser-rod-stjuart-e-najstariot-pejach-na-vrvot-na-top-listata-vo-velika-britanija/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/ser-rod-stjuart-e-najstariot-pejach-na-vrvot-na-top-listata-vo-velika-britanija/#respond Sun, 15 Dec 2019 11:23:08 +0000 https://kurir.mk/?p=277762

Сер Род Стјуарт стана најстариот пејач на врвот на топ листата на најпродавани албуми во Велика Британија, соопшти Би-Би-Си. Стјуарт, кој има 74 години и 11 месеци, за три месеци го надмина досегашниот рекордер, америкнскиот пејач Пол Сајмон. На Стјуарт, меѓутоа, ќе му бидат потребни уште многу години за да го собори и рекордот на најстарата пејачка на врвот на топ листата, Вера Лин, која во 2014 година се најде на првото место на листата на своја 97-годишна возраст.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/ser-rod-stjuart-e-najstariot-pejach-na-vrvot-na-top-listata-vo-velika-britanija/feed/ 0