вселена – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 04 Oct 2023 15:27:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png вселена – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ФОТО: Чадот од големиот пожар во Осиек се гледа и од вселената, се шири кон БиХ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/foto-chadot-od-golemiot-pozhar-vo-osiek-se-gleda-i-od-vselenata-se-shiri-kon-bih/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/foto-chadot-od-golemiot-pozhar-vo-osiek-se-gleda-i-od-vselenata-se-shiri-kon-bih/#respond Wed, 04 Oct 2023 15:27:21 +0000 https://kurir.mk/?p=885183

Пожарот што избувна нешто пред еден час по полноќ во дворот на осиекската компанија Драва Интернационал во населбата Бријест се уште не е саниран, а толку е интензивен што може да се види и од вселената. Сите расположливи противпожарни сили се на терен, како и багери од градски фирми, со цел да се направи коридор и да се спречи ширење на пожарот. Поконкретно, на терен се околу 100 пожарникари со 50 возила. Се молат граѓаните на Осиек да не излегуваат од домовите за да се заштитат од можни последици од загадениот воздух. Што не е чудно бидејќи Иван Бабоселац, од Хрватскиот метеоролошки завод, објави дека чадот од пожарот се гледа од сателитот и дека тој се преселил во Босна и Херцеговина. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/foto-chadot-od-golemiot-pozhar-vo-osiek-se-gleda-i-od-vselenata-se-shiri-kon-bih/feed/ 0
Моди: Индија е сега на Месечината https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/modi-indija-e-sega-na-mesechinata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/modi-indija-e-sega-na-mesechinata/#respond Wed, 23 Aug 2023 14:25:10 +0000 https://kurir.mk/?p=870102

„Индија сега е на Месечината“, среќно извика индискиот премиер Нарендра Моди, обраќајќи им се на присутните во контролната соба на ИСРО, притоа честитајќи му на персоналот на контролната соба и на другите Индијци за ова значајно достигнување. Откако индиското летало го постигна историскиот успех со безбедното слетување на Месечината, сега сите се прашуваат што тоа ќе прави таму и што ќе случува со „Чандрајан- 3“ во следните часови и денови. Прво, вселенското летало ќе чека неколку часа за целосно да слегне лунарната прашина.Потоа, панелите на една од неговите страни ќе се отворат и ќе биде поставена рампа за лунарниот ропвер “Праџиан“ (Pragiaan), да може да се лизга по површината. Роверот потоа ќе истражува околу карпите и кратерите на Месечината, собирајќи клучни податоци и фотографии за да ги испрати назад на Земјата за анализа. Леталото и роверот носат пет научни инструменти кои ќе помогнат да се откријат „физичките карактеристики на површината на Месечината, атмосферата блиску до површината и тектонската активност за проучување на она што се случува под површината“. Датумот на слетување, исто така, беше внимателно избран за да се совпадне со почетокот на лунарниот ден - што е еднакво на 28 дена на Земјата - бидејќи на вселенското летало и батериите на роверот ќе им треба сончева светлина за да се наполнат и функционираат, јавува Би-би-си. Со ова Индија стана првата земја која успешно слетала вселенско летало во близина на јужниот пол на Месечината. с]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/modi-indija-e-sega-na-mesechinata/feed/ 0
„Луна-25“ ги испрати првите слики од Вселената https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/luna-25-gi-isprati-prvite-sliki-od-vselenata/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/luna-25-gi-isprati-prvite-sliki-od-vselenata/#respond Wed, 16 Aug 2023 11:46:12 +0000 https://kurir.mk/?p=867406

Руското вселенско летало „Луна-25“ ги испрати првите фотографии направени на својот пат кон јужниот пол на Месечината. Во петокот, на 10 август, од космодромот „Восточни“, источна Русија, руската државна вселенска агенција Роскосмос ја лансираше ракетата „Сојуз 2.1“, којашто го пренесе вселенското летало во Вселената. Ова е првата сонда во историјата на современа Русија испратена на Месечината, по речиси 50 години. Според официјалните наводи, „Луна-24“ полета кон нашиот природен сателит во 1976 година и на Земјата донесе мал примерок од реголит, т.е. месечева почва. „Овие фотографии покажуваат елементи од дизајнот на вселенско летало кое засекогаш ја напуштило Земјата, а во позадина е Месечината до којашто наскоро ќе стигне“, соопшти Роскосмос. Луна-25 ги сними своите први фотографии од вселената во неделата на 13 август и ѝ ги испрати на контролата на мисијата на Земјата. Тие беа објавени од рускиот Институт за вселенски истражувања при Руската академија на науките (ИКИ РАН). На снимките се гледа леталото со Месечината во позадина. Видливи се и руското знаме и ознаката „Луна-25“. Фотографиите се направени на оддалеченост од околу 310.000 километри од Земјата. Во просек, Месечината е оддалечена 384.400 километри од нашата планета, што значи дека „Луна-25“ била при крајот од своето патување. „Сите системи на вселенското летало функционираат совршено нормално, комуникацијата со станицата е стабилна, а енергетскиот биланс е позитивен“, соопшти ИКИ РАН. Леталото треба да слета на месечевиот јужен пол на 22 август. Русија, според официјални податоци, е првата земја што испрати сонда на Месечината. Тоа беше „Луна-2“ во 1959 година. „Луна-9“ пак, беше првата со меко слетување на површината на Земјиниот природен сателит во 1966 година. Официјално, првото слетување со човечки екипаж е мисијата „Аполо 11“ на САД, т.е. НАСА, во 1969 година. Русија сега има за цел да биде првата што успешно ќе изврши меко слетување на месечевиот јужен пол пред мисијата на НАСА - „Артемис III“ предвидена најрано за 2025 година. И во оваа мисија, екипажот ќе биде испратен на јужниот пол. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/luna-25-gi-isprati-prvite-sliki-od-vselenata/feed/ 0
Компанија нуди свадби во вселената https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/kompanija-nudi-svadbi-vo-vselenata/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/kompanija-nudi-svadbi-vo-vselenata/#respond Tue, 09 May 2023 09:28:34 +0000 https://kurir.mk/?p=832154

Џејн Појнтер е една од основачите на компанијата за вселенски патувања, „Спејс перспектив“ (Space Perspective), и сака таа да биде првата што ќе понуди можност за венчавки во вселената. - Веќе има заинтересирани да се венчаат во вселената, а свадбите ќе се изведуваат на вселенското летало „Нептун“. Има двојки кои сакаат да бидат првите што ќе се венчаат во вселената, па ќе видиме кој ќе биде тоа, рече Појнтер за „Кул даун“ (The Cool Down). „Нептун“ е одржливо и безбедно летало за на или над планетата Земја. Се состои од „Вселенски балон“, „Резервен основен систем“ и „Капсулата Нептун“. За разлика од другите вселенски бродови каде што делот со екипажот се одвојува од другите делови при летот, капсулата тука останува поврзана со „Вселенскиот балон“ во текот на целиот лет, од полетувањето до слетувањето, со што нуди безбеден и удобен лет. „Спејс перспектив“ сака да овозможи вселенско патување за што повеќе луѓе. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/kompanija-nudi-svadbi-vo-vselenata/feed/ 0
Астрономите забележале монструозна и невидена експлозија во вселената https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/astronomite-zabelezhale-monstruozna-i-nevidena-eksplozija-vo-vselenata/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/astronomite-zabelezhale-monstruozna-i-nevidena-eksplozija-vo-vselenata/#respond Wed, 05 Apr 2023 09:00:50 +0000 https://kurir.mk/?p=820415

Експлозијата која се случила во галаксија оддалечена 180 милиони светлосни години, го доведува во прашање нашето разбирање за начинот на кој ѕвездите умираат, а изгледа дека претставува најрамната експлозија од ваков вид досега забележана, пишува „Science Alert“. Монументалната експлозија, наречена AT2018cow, припаѓала на исклучително ретка класа на космички експлозии познати како брзи сини оптички транзиенти или FBOT. Меѓутоа, за разлика од другите четири FBOT откриени до денес, изгледа дека AT2018cow од некоја причина само експлодирала странично. Резултатот е ерупција која нема форма на сфера, како што би можеле да очекуваме од експлозијата на топчест објект како ѕвезда, туку повеќе во облик на диск. А тој детал особено ги изненадил астрономите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/astronomite-zabelezhale-monstruozna-i-nevidena-eksplozija-vo-vselenata/feed/ 0
Телескопот „Евклид“ подготвен за испраќање во Вселената https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/teleskopot-evklid-podgotven-za-isprakane-vo-vselenata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/teleskopot-evklid-podgotven-za-isprakane-vo-vselenata/#respond Fri, 10 Mar 2023 08:27:22 +0000 https://kurir.mk/?p=810288

Вселенскиот телескоп „Евклид“ на Европската вселенска агенција (ЕСА), сѐ уште е во стерилна просторија во Кан, Франција, па според предвиденото, за неколку месеци ќе оди во Вселената, заради обид да се расветлат двете големи мистерии - темната материја и темната енергија. Тие два теоретски и невидливи елементи сочинуваат 95 отсто од универзумот, претпоставува науката, но речиси ништо не се знае за нивната точна природа. Раководителот на мисијата Џузепе Рача го опишува недостатокот на знаење за ова како „космичка непријатност“. Се верува дека темната материја објаснува зошто, меѓу другото, галаксиите не се распрснуваат во ѕвездени јата... Што се однесува до темната енергија - идните научни сознанија се неопходни за да се објасни забрзаното ширење на универзумот. Во обид „да се отстрани превезот“ од овие мистерии, мисијата на ЕСА ќе создаде тридимензионална мапа на универзумот, којашто ќе вклучува две милијарди галаксии. Но, само третина од сѐ тоа е видливо за луѓето. Научниците велат дека третата димензија на мапата ќе биде времето. На некој начин, „Евклид“ ќе нурне и во далечното минато на универзумот, којшто е создаден пред 13,8 милијарди години.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/teleskopot-evklid-podgotven-za-isprakane-vo-vselenata/feed/ 0
Кина лансираше оптички сателит „Гаофин-11 04“ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kina-lansirashe-optichki-satelit-gaofin-11-04/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kina-lansirashe-optichki-satelit-gaofin-11-04/#respond Tue, 27 Dec 2022 20:17:32 +0000 https://kurir.mk/?p=781377

Кина во вселената лансираше оптички сателит со висока резолуција „Гаофин-11 04“ за набљудување на Земјата, пренесува агенцијата Анадолија. Според новинската агенција Синхуа, сателитот бил лансиран од сателитскиот центар „Тајуен“ во провинцијата Шанкси со ракета „Лонг Марч 4Б“. Се додава дека сателитот се сместил во планираната орбитална позиција по лансирањето. Ова е 457. успешно лансирање на ракетите „Лонг Марч“. Сателитот е наменет за следење на ресурсите на тло, урбанистичко планирање, проектирање на патната мрежа, прогнозирање на жетвата и следење на природни катастрофи. ​​​​​​​Кина првпат започна со производство на сателити „Гаофин“ во 2010 година за појасно и попрецизно да ја набљудува Земјата, а првиот сателит „Гаофин-1“ беше испратен во вселената во 2013 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kina-lansirashe-optichki-satelit-gaofin-11-04/feed/ 0
Снимки од вселената направени со десет милијарди долари вреден телескоп https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/snimki-od-vselenata-napraveni-so-deset-milijardi-dolari-vreden-teleskop/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/snimki-od-vselenata-napraveni-so-deset-milijardi-dolari-vreden-teleskop/#respond Mon, 26 Dec 2022 11:05:21 +0000 https://kurir.mk/?p=780525

Вселенскиот телескоп „James Webb“ е лансиран пред точно една година, на католички Божиќ. Биле потребни три децении за планирање, проектирање и изградба на овој десет милијарди долари вреден телескоп кој треба да даде досега невиден увид во вселената. Многумина се прашувале дали може овој наследник на славниот вселенски телескоп „Hubble“ навистина да ги оправда очекувањата. Моравме да почекаме неколку месеци додека неговото епско примарно огледало од 6.5 м да биде активирано и фокусирано, а останатите системи се тестирани и калибрирани. Првата работа која треба да ја знаете за „James Webb“ е дека е инфрацрвен телескоп. Го гледа небото на бранови должина на светлина кои се надвор од тоа што нашите очи можат да го видат. Астрономите ги користат неговите различни камери за истражување на делови од вселената, како кули од гас и прашина.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/snimki-od-vselenata-napraveni-so-deset-milijardi-dolari-vreden-teleskop/feed/ 0
ЕСА планира да одобри тригодишна студија за пренос на енергија од вселената на Земјата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/esa-planira-da-odobri-trigodishna-studija-za-prenos-na-energija-od-vselenata-na-zemjata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/esa-planira-da-odobri-trigodishna-studija-za-prenos-na-energija-od-vselenata-na-zemjata/#respond Tue, 22 Nov 2022 09:59:13 +0000 https://kurir.mk/?p=764624

Европската вселенска агенција (ЕСА) планира во текот на оваа недела да одобри тригодишна студија за да утврди дали големите соларни фарми во вселената можат да бидат функционални и исплатливи на Земјата. Во следните три години, откако ќе биде прифатен планот, „вселенските газди“ ќе истражуваат како безжично да пренесуваат електрична енергија од вселената до милиони домови на планетата Земја. Крајната цел е да има гигантски сателити во орбитата, секој од нив способен да произведе иста количина на електрична енергија како електрана. Инаку, станува збор за иницијатива наречена Соларис, која доколку биде усвоена од ЕСА, би била првата што ќе ги постави основите за практичен план за развој на вселенски систем за производство на обновлива енергија. Жозеф Ашбахер, кој е генерален директор на ЕСА, за Би-Би-Си изјави дека верува дека сончевата енергија од вселената може да биде од „огромна“ помош во решавањето на идниот недостиг на енергија. Тој ја нагласи потребата од намалување на фосилните горива, наведувајќи дека верува оти е можно во вселената да се произведува електрична енергија за домаќинствата на Земјата. Сончевата енергија може многу поефикасно да се собира во вселената бидејќи нема ниту ноќ, ниту облаци. Идејата постои повеќе од 50 години, но беше премногу тешка и премногу скапа за спроведување. До сега. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/esa-planira-da-odobri-trigodishna-studija-za-prenos-na-energija-od-vselenata-na-zemjata/feed/ 0
Снимена необјаснива појава на кинеското небо, тврдат дека е НЛО: Снимката е автентична, а пристигна и стручно толкување (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/snimena-neobjasniva-pojava-na-kineskoto-nebo-tvrdat-deka-e-nlo-snimkata-e-avtentichna-a-pristigna-i-struchno-tolkuvanje-video/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/snimena-neobjasniva-pojava-na-kineskoto-nebo-tvrdat-deka-e-nlo-snimkata-e-avtentichna-a-pristigna-i-struchno-tolkuvanje-video/#respond Thu, 17 Nov 2022 17:05:43 +0000 https://kurir.mk/?p=762541

На Инстаграм се појави видео од Кина на кое се гледа необјаснива појава на небото, слична на НЛО, која ги оставила очевидците без зборови. Очевидци во централната кинеска област Минкуин снимиле видео од објект на небото кој зад себе оставил многу необична трага која наликува на полноглавец. Според Newsflare, снимката била направена во таа област на 12 ноември. Ли Ланг, професор по астрономија во Пекинг, за медиумите изјавил дека најверојатно станува збор за „лансиран вештачки астрономски објект“. Оваа појава секако предизвикала шок кај корисниците на социјалните мрежи. Многумина се прашувале што би можело да биде тоа, а голем број од нив претпоставиле дека се работи за неидентификуван летечки објект.
Без разлика на одговорите, повеќето корисници на Инстаграм се согласиле дека глетката изгледа неверојатно. Меѓутоа, некои биле и премногу љубопитни. „Добро, може ли некој да ми каже што е тоа за да можам да заспијам вечерва?“, гласи еден од коментарите. „Тоа зајдисонце мора да било прекрасно, но ова е шлаг на тортата“, гласи друг коментар. Во меѓувреме, трет корисник вели: „Тоа е лансирање ракета, во последната секунда може да се види одвојувањето на првата фаза и палењето на моторот на втората. Меѓутоа, тоа би можело да биде некаков тест на балистичка ракета“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/snimena-neobjasniva-pojava-na-kineskoto-nebo-tvrdat-deka-e-nlo-snimkata-e-avtentichna-a-pristigna-i-struchno-tolkuvanje-video/feed/ 0