вселенска патријаршија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 10 Apr 2023 08:44:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png вселенска патријаршија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Вселенската Патријаршија им додели високи свештенички достоинства на свештеници на МПЦ-ОА https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vselenskata-patrijarshija-im-dodeli-visoki-sveshtenichki-dostoinstva-na-sveshtenitsi-na-mpts-oa/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vselenskata-patrijarshija-im-dodeli-visoki-sveshtenichki-dostoinstva-na-sveshtenitsi-na-mpts-oa/#respond Mon, 10 Apr 2023 08:44:27 +0000 https://kurir.mk/?p=822326

На празникот Цветници, свештеници на Охридската Архиепископија беа удостоени со највисока чест и со свештени достоинства од страна на вселенскиот патријарх. г.г. Вартоломеј. Удостојувањето се одржа на островот Имврос, под пастирско раководство на митрополитот на Имврос и на Тенедос, г. Кирил, во храмот на „Светиот Великомаченик Георгиј Победоносец“, каде од рацете на патријархот Вартоломеј, а со благослов на неговото блаженство г.г. Стефан и на надлежниот митрополит, г. Тимотеј, во високото достоинство, чинот протопрезвитери (протојереи-ставрофори) на Вселенскиот патријаршиски престол беа назначени веќе произведените протојереи Никола Христоски, секретар на Дебарско-кичевската епархија и отците Димче Ѓорѓиевски и Кирил Јовановски од Дебарско-кичевската епархија. Јеромонасите Кирил Деловски и Анатолиј Лазески од Бигорскиот манастир беа ракопроизведени во највисоката монашка титула во Црквата, архимандрити на Вселенскиот патријаршиски престол, а свештениците Бобан Митевски од Скопската епархија, Александар Димовски од Дебарско-кичевската епархија и Симеон Кантурски од Струмичката епархија, пак, беа удостоени со чинот протопрезвитери на Вселенскиот патријаршиски трон. Во обраќањето по свештените ракопроизведувања и одликувања, патријархот Вартоломеј упати повик до свештенството да застане околу светата Трпеза на Сечесниот патријаршиски храм и да се причести со пречистите Тајни, објавувајќи го на тој начин единството на верата во врската на љубовта. - Денеска во нашето село, во нашево место, во Имврос, имаме одбрани посетители, браќа од странство, од Охридската Архиепископија, од Република Северна Македонија. Дојдоа, за да ја принесат својата почит кон Светата Велика Христова Црква, во лицето на вселенскиот патријарх, Црква, која како вистинска Мајка, го прегрна и тој народ и таа Црква, која речиси седумдесет години беше отсечена од телото на останатото Православие, без општење со другите православни Цркви, порача вселенскиот патријарх. Г.г. Вартоломеј потенцира дека во случајот со нашата Црква, Вселенската Патријаршија повторно „како што направи и во којзнае колку соодветни случаи низ историјата, го востанови општењето со овие наши браќа и сестри, Христијаните од Северна Македонија, да ги воведе во заедништво со останатиот православен свет“. - Тоа се случи минатата година, на 9 мај 2022 година. Потоа, по Вселенската Патријаршија, и други цркви започнаа да ја признаваат нивната каноничност, да ги примаат во општење со нив. И сега, се наоѓаме во стадиум на подготовка на доделувањето и на оваа Црква, под одредени услови, на статусот на автокефалија. Се наоѓаме на добар пат, разговорите продолжуваат. Најглавното беше тоа што возмогнавме и служувавме заедно и се пречисетивме од истиот свет Путир, потенцира патријархот Вартоломеј. Тој потсети дека ова чествување се случи минатата година на празникот на Педесетницата во Истанбул, кога архиепископот г.г. Стефан, „многувозљубениот брат дојде од Скопје во Вселенската Патријаршија и служевме заедно и се причестивме заедно и заедно го дадовме својот благослов на народот Божји“. - Тоа беше еден велик и историски ден. Сега, останатите работи се второстепени, подробности, додаде патријархот. Возвратна благодарност кон неговата сесветост, упати епископот стобиски г. Јаков, кој ја предводеше црковната делегација на Имврос. - Ваша Сесветост, браќа архијереи и благословен народе Божји, Ви го пренесувам поздравот од нашиот Блаженејши Архиепископ Стефан и на сите други епископи на нашата света Охридска Архиепископија, коишто Вашето срце многу добро ги знае, а коишто имаат нераскинлива врска со Светата Гора – Атонска, којашто е под Ваша духовна и молитвена закрила. Се молиме Бог да Ве укрепи во Вашиот подвиг, на сите да им станете сè и да се надминат веќе сите поделби и во се да биде Христос, потенцира епископот Јаков. Тој се заблагодари во име на отците за доделените одликувања, нагласувајќи дека патријархот не ги одликувал само нив, туку и „сите генерации на свештеници и на отци коишто ја чуваа чистотата на верата апостолска и светоотечка во Охридската Архиепископија“. - Се надеваме на Вашите свети молитви, а Вие сте веќе во нашите секојдневно, додаде епископот стобиски Јаков. Инаку, на турскиот островот Имврос, покрај многубројните значајни личности за црковната историја, е роден и сегашниот вселенски патријарх и архиепископ на Константинопол, г.г. Вартоломеј. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vselenskata-patrijarshija-im-dodeli-visoki-sveshtenichki-dostoinstva-na-sveshtenitsi-na-mpts-oa/feed/ 0
Висок претставник на Вселенската патријаршија во посета на Бигорски манастир https://arhiva.kurir.mk/makedonija/visok-pretstavnik-na-vselenskata-patrijarshija-vo-poseta-na-bigorski-manastir/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/visok-pretstavnik-na-vselenskata-patrijarshija-vo-poseta-na-bigorski-manastir/#respond Sun, 19 Feb 2023 08:50:41 +0000 https://kurir.mk/?p=802235

Во посета на Свештена бигорска обител вчера допатува високопреосвештениот митрополит на Имврос и Тенес г. Кирил, висок претставник на Вселенската патријаршија. - Владиката Кирил го посети Бигорскиот манастир како голем пријател на нашата Црква и претставник на Неговата божествена сесветост, вселенскиот патријарх г. г. Вартоломеј, носејќи ги неговите поздрави и благослови за именденот на владиката г. Партениј. Владиката Кирил доаѓа од Имврос, родното место на Вселенскиот Патријарх, каде што ја извршува својата архиерејска должност, рече за МИА отец Кирил. Високопреосветениот Митрополит г. Кирил бил пречекан согласно древното манастирско правило за пречек на архиереј. Во храмот на Свети Јован Крстител во Бигорски, по предвидената церемонија, кон високиот гостин се обратил игуменот на манастирот, епископот г. Партениј.
- Вашето присуство тука преставува за нас топла прегратка на Мајката црква, кон која пред речиси пет години прибегна нашата света Црква, користејќи го правото на апелација на првиот Престол во Православието со седиште во Константинопол. И како што му е познато на сето потсончевие, молбите и молитвите на нашата Црква, држава и народ не останаа празни. Сесветиот Вселенски Патријарх г. г. Вартоломеј, тој велик и историски патријарх, заедно со светите архиереи на Свештениот Синод на Вселенската Патријаршија, на 9 мај 2022 година ја донесе епохалната одлука со која беше прекината повеќедецениската изолација на Охридска Архиепископија и таа повторно беше примена во литургиско и канонско единствено со целата православна екумена, после што уследија одлуки и на други помесни Цркви да влезат во единство со неа и да препознаат во нејзината свештена јерархија една Црква зрела за автокефалност, рекол меѓу другото владиката Партениј. Во своето возвратно обраќање, митрополитот Кирил од Вселенската Патријаршија истакнал дека доаѓа како претставник на Вселенскиот Патријарх г. г. Вартоломеј, носејќи ги неговите благослови и поздрави. - Ја имам таа особена чест и тој голем благослов да се наоѓам овде, како претставник на Неговата Божествена Сесветост, нашиот многу почитуван господин и владика, Вселенскиот Патријарх г. г. Вартоломеј. Ја имам особената возвишена чест да ги пренесам на вашата Црква, Охридската Архиепископија, на вашиот Блаженејши Архиепископ г. Стефан, на архиереите, на свештениците и на целиот верен народ, а особено на Вашата личност, свет брате, татковските и патријаршиски благопожелби, благослови, љубов и грижа од Мајката Црква. Ваше Преосвештенство, многу добро ги знаете зборовите на Апостолот Павле кого го споменавте, кој вели: ‘Да не ми даде Бог да се фалам со нешто друго...’, така и јас велам: Да не ми даде Бог да се пофалам со нешто друго, освен со Крстот Господов. И Вие, свет брате, заедно со јерархијата Ваша и клириците и православните браќа лаици, на вашите рамена го носевте тој Христов крст долги, долги години. Но сите знаеме дека по Голгота доаѓа празниот Гроб – Воскресението. И така, Преосветен брате, чувствувам дека Сесветиот Патријарх со тоа што го направи, на сите овдешни браќа ви ја подари радоста на Воскресението. А за да биде таа радост ненамалена, треба да го направиме она за кое пееме на Воскресението: Да простиме сè со Воскресението, рекол митрополитот Кирил. Освен посетата на Митрополитот на Имврос и на Тенедос, во Бигорскиот манастир, по повод празникот на Свети Партениј Лампсакиски и именденот на игуменот епископ г. Партениј, во Бигорски допатува и познатиот атински хор по источно православно црковно пеење „Тропос“, кој важи за еден од најдобрите хорови во православниот свет.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/visok-pretstavnik-na-vselenskata-patrijarshija-vo-poseta-na-bigorski-manastir/feed/ 0
Романска православна црква очекува Вселенската патријаршија да издаде конечен томос за признавање на автокефалноста https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/romanska-pravoslavna-tsrkva-ochekuva-vselenskata-patrijarshija-da-izdade-konechen-tomos-za-priznavane-na-avtokefalnosta/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/romanska-pravoslavna-tsrkva-ochekuva-vselenskata-patrijarshija-da-izdade-konechen-tomos-za-priznavane-na-avtokefalnosta/#respond Wed, 15 Feb 2023 10:03:31 +0000 https://kurir.mk/?p=800734

Откако на 9 овој месец, Светиот Синод на Романската православна црква соопшти дека „го одобрува признавањето на автокефалност доделена на Православната црква во Република Северна Македонија од Патријаршијата на Србија преку нејзиниот синодален томос издаден на 5 јуни 2022 година“, на својот официјален портал basilica.ro, Патријаршијата на Романија објави дообјаснување на ваквата одлука. - За време на синодското заседание беше земена предвид одлуката на Вселенската патријаршија од 9 мај 2022 година за востановување на канонското и евхаристичко општење со Православната црква во Република Северна Македонија, водена од архиепископот Стефан. Дополнително, Вселенската патријаршија на Црквата на Србија и го препушти регулирањето на административните аспекти што се однесуваат на организирањето на новата Црква во Северна Македонија, се наведува во образложението. РПЦ посочува дека друга тема што била разгледана од страна на романските јерарси на заседанието, било прашањето на автокефалноста и начините на кои таа се доделува и признава, коа било анализирано во текот на неколку работни состаноци на Меѓуправославниот комитет за подготовка на Светиот и велик собор на Православната црква. - Ставот на Романската православна црква по однос на автокефалноста, кој исто така беше презентиран и на Средбата на подготвителниот Комитет за Светиот и велик собор во Шамбези (2011), е следниот: „Светиот Синод на мајката Црква е канонскиот авторитет што може да додели автокефалност на ќерка Црква преку синодален томос потпишан од поглаварот на мајката Црква, заедно со сите епископи од тој Свет синод. Правото на признавање на новата автокефалност и припаѓа на целата Православна црква, а се остварува преку томос за признавање на автокефалноста, потпишан без исклучок, од сите поглавари на автокефалните православни цркви по редот на диптисите во рамки на Синаксисот на поглаварите на православните цркви“, се наведува во образложението. Светиот Синод на Романската православна црква појаснува дека имајќи го предвид претходно наведеното, „ги почитува одлуките на Вселенската патријаршија да ги прими во евхаристичко општење јерарсите, клириците, монасите и верниците раководени од архиепископот Стефан и да остави на Патријаршијата на Србија да ги регулира административните аспекти помеѓу двете цркви“. - По признавањето на првичниот синодален томос издаден на 5 јуни 2022 година од страна на Патријаршијата на Србија со кој се доделува автокефалност на Православната црква во Република Северна Македонија, Светиот Синод на Романската православна црква очекува Вселенската патријаршија да иницира (консултации) и да издаде конечен томос за автокефалност за да изрази сеправославен консензус по прашањето за признавање на автокефалноста, се додава во текстот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/romanska-pravoslavna-tsrkva-ochekuva-vselenskata-patrijarshija-da-izdade-konechen-tomos-za-priznavane-na-avtokefalnosta/feed/ 0
Владика од Вселенската патријаршија за Иванден во Бигорскиот манастир https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladika-od-vselenskata-patrijarshija-za-ivanden-vo-bigorskiot-manastir/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladika-od-vselenskata-patrijarshija-za-ivanden-vo-bigorskiot-manastir/#respond Thu, 07 Jul 2022 06:23:04 +0000 https://kurir.mk/?p=701382

На манастирската слава во Бигорскиот манастир по повод раѓањето на Свети Јован Крстител – Иванден, допатува епископот Аморејски г. Никифор, кој е владика од клирот на Вселенската Патријаршија и актуелен игумен на манастирот Влатадон во Солун. Владиката Никифор молитвено претстоеше на сеноќното бдение во Бигорски, а утрово ќе сослужува на Литургијата со која ќе чиноначалствува Дебарско-кичевскиот Митрополит г. Тимотеј. Пред Литургијата петмина браќа од Бигорскиот манастир ќе примат монашки чин. При свечениот манастирски пречек, свое обраќање кон гостинот од Вселенската Патријаршија, имаше игуменот на Бигорскиот манастир, епископ Антаниски г. Партениј. -Вашето доаѓање тука, во десетвековната Светиња на Крстителот Господов, не е случаен настан. Тоа е, всушност, сесветол зрак од Фенерот на Православието, милост и грижа од Мајката Црква во Константинопол, показ на единството во Христа преку Великата Христова Црква, Вселенската Патријаршија. Впрочем, Вие сте првиот архиереј кој доаѓа да сослужува со нас овде, во нашиот Манастир, по историската одлука на Првопрестолната Вселенската Патријаршија од 9 мај оваа година, со која Охридската Архиепископија беше примена во богослужбено и канонско единство со едната, света, соборна и апостолска Црква, по што следеше и помирувањето со Православната Црква на Србија и нејзината препорака за автокефалност. Неслучајно Чесниот Претеча Ве избрал токму Вас, затоа што Вие, низ изминатите години, додека сè уште бевме во длабока изолација од останатите помесни православни Цркви, покажавте сочувство и љубов кон нас, бевте наш сострадалник, докажавте дека имате искрена грижа за единството на Црквата Христова и на секој начин помогнавте да биде исцелена нашата повеќедецениска рана. Со благослов на Неговата Сесветост, Архиепископот на Новиот Рим и Патријархот Вселенски г. г. Вартоломеј, Вие посредувавте за средби и за остварување на добри врски меѓу претставници од нашата помесна Црква и од Вселенската Патријаршија, а Вашиот Свештен Патријаршиски Манастир, во чудесно убавиот и историски центар на градот Солун, го отворивте за наобразба и за школување на наши монаси и студенти, рече владиката Партениј. Од своја страна, епископ г. Никифор, ја изрази својата благодарност за срдечниот пречек во манастирот. -Притекнавме наваму, во оваа Света Обител на Чесниот Претеча, со срдечна радост и сето ова го сметаме за голема чест и благослов, по чудото што го доживеавме за време на пасхалниот период: да Го исповедаме Господа Христа Кој се јави во тело со заедничката чаша на животот и така навистина да станеме едно. Ние, всушност, сме едно, зашто еден е Христос. И како што знаете, Свети епископе Антаниски, од моментот кога Ве запознав, моето срце беше поробено од Вашата љубов, како и од љубовта на овие добри деца тука, така што не можев, а да не станам Ваш сопатник при тој тежок крст што Вие го подигнавте. И доколку случајно нешто добро сум направил, тоа беше само мое послушание, моја служба, којашто требаше да ја извршам. Затоа што вистината треба да излезе на површина и да биде прифатена. Имајќи ги овие размисли, а и повторно изразувајќи ги своите благодарности за честа со која нè пречекавте, верувам дека оваа чест му се оддава имено на великиот водач и предводник на Православните, Вселенскиот Патријарх. Оти, од првиот момент кога Му ги пренесов нашите разговори, тој го прими сето тоа во својот благозвучен ум, бидејќи во своето срце ја чувствуваше тежината од поделеноста и секогаш во своите молитви се застапуваше за да се реши ова прашање. Мислам дека истото тоа Ви го искажа и Вам. Следствено, на тој човек, кому сиот живот, целиот животен тек, му е едно себежртвување за Црквата, му ги оддаваме сите празнувања и почести. Навистина, предминатата недела додека бев во Фанар, кога му соопштив дека ќе дојдам кај Вас, со голема радост ми рече: Да му ги пренесеш мојот татковски благослов и молитви на Светиот Антаниски, на неговото братство, на неговите монашки заедници, сестринствата во женските манастири, но и на сите духовни чеда што ги возложиле своите срца во неговите раце, изјави г. Никифор. Од Бигорски истакнуваат дека оваа година за празникот Иванден дошле бројни архимандрити, свештеници, монаси и верници од соседните православни Цркви на Албанија, Бугарија, Грција и Србија, а православни Христијани допатувале специјално за бигорската слава дури и од Франција.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladika-od-vselenskata-patrijarshija-za-ivanden-vo-bigorskiot-manastir/feed/ 0
ВИДЕО: Во Вселенската патријаршија се одржува богослужба на македонски јазик https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/video-vo-vselenskata-patrijarshija-se-odrzuva-bogosluzba-na-makedonski-jazik/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/video-vo-vselenskata-patrijarshija-se-odrzuva-bogosluzba-na-makedonski-jazik/#respond Sun, 12 Jun 2022 10:57:59 +0000 https://kurir.mk/?p=689830

Во Вселенската патријаршија во Истанбул, вселенскиот патријарх г. Вартоломеј и архиепископот охридски г. Стефан заеднички ја одржуваат првата Патријаршиска и синодална света литургија по примањето на Охридската Архиепископија во богослужбено и канонско единство со останатите православни цркви, со што се отстрани повеќедецениската шизма наложена врз нашата Црква. Сослужувањето на патријархот Вартоломеј и архиепископот Стефан во соборниот храм „Свети Георгиј Победоносец“ во Фанар (Истанбул) се одвива и на македонски јазик, што претставува голем историски момент. На литургијата присуствува и владина делегација на чело со премиерот Димитар Ковачевски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/video-vo-vselenskata-patrijarshija-se-odrzuva-bogosluzba-na-makedonski-jazik/feed/ 0
Црковна делегација предводена од архиепископот Стефан во посета на Вселенската патријаршија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/crkovna-delegacija-predvodena-od-arhiepiskopot-stefan-vo-poseta-na-vselenskata-patrijarshija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/crkovna-delegacija-predvodena-od-arhiepiskopot-stefan-vo-poseta-na-vselenskata-patrijarshija/#respond Thu, 09 Jun 2022 05:25:26 +0000 https://kurir.mk/?p=688591

Делегација на МПЦ – Охридска Архиепископија, предводена од неговото блаженство, архиепископот г.г. Стефан престојува во Истанбул, каде в недела на роденденот на Црквата, Педесетница, во храмот на Вселенската Патријаршија во Фанар ќе одржи заедничка патријаршиска и синодална света литургија со вселенскиот патријарх г.г. Вартоломеј. Во пресрет на заедничката литургија, патријархот Вартоломеј и архиепископот Стефан попладнево ќе одржат богослужба на која на нашата Црква официјално ќе и биде предаден Патријаршискиот и синодален акт на Светиот синод на Вселенската патријаршија со кој се отстранува повеќедецениската шизма наложена врз древната Охридска Архиепископија. Одлуката на Светиот патријаршиски синод за отстранување на шизмата беше донесена на синодското заседание на 9 мај, со што практично Вселенската Патријаршија ја призна црковната јерархија предводена од архиепископот Стефан за канонска и валидна во сеправославниот свет и воспостави канонско и литургиско општење со неа. – Светиот и Свештен Синод, кој заседаваше денеска, понеделник, 9 мај 2022 година, под претседателство на Неговата Божествена Сесветост, Вселенскиот Патријарх г. г. Вартоломеј, исцрпно дискутираше за црковниот проблем во Скопје и, оценувајќи го во конечна фаза апелациското прибегнување (еклитон) на тамошната Црква до Мајката Црква, како и повторените повици од државата на Северна Македонија, го одлучи следново: Ја прима во евхаристиско општење јерархијата, клирот и народот на оваа Црква под Архиепископот г. Стефан, лекувајќи ја раната на расколот и излевајќи „вино и елеј“ врз раната на нашите тамошни, православни браќа. Кон ова се издава и соодветен Патријаршиски и синодален акт, беше наведено во одлуката на Вселенскиот синод, во која се додава дека како име на нашата Црква го признава „Охридска, имајќи ја на ум како област на нејзина јурисдикција владението во границите на државата Северна Македонија“. Вселенската патријаршија во одлуката наведе и дека остава на „Црквата на Србија да ги уреди управните прашања што ги има помеѓу неа и Црквата во Северна Македонија, во рамките на светоканонскиот чин и црковното предание“. Одлуката на Синодот на Вселенската Патријаршија уследи откако по повеќедеценискиот спор со СПЦ и меѓународната изолација и непризнавање на нашата Црква од православниот свет, во април 2018 година нашиот Синод едногласно испрати молба за апелација до Вселенската Патријаршија, која единствена на сеправославно ниво има историски и канонски права и привилегии да прифаќа апелација и да доделува автокефалност. Молбата од Синодот на Охридската Архиепископија веднаш беше земена предвид и според јавното соопштение од мај истата година Вселенската Патријаршија, „Мајка Црква на сите православни одлучи да се заземе за ова (т.е. за решавање на канонското прашање на нашата Црква) и да ги преземе потребните чекори, според неприкосновените права на историските и канонски надлежности и привилегии на првопрестолната Вселенска Патријаршија“. Оттогаш и државниот врв на земјава упати неколку писма и молби до вселенскиот патријарх Вартоломеј за уважување на молбата за апелација. Одлука за отстранување на шизмата не значи томос за автокефалност со кој официјално се регулира меѓународното име и статус на нашата Црква, туку е израз на татковска љубов и грижа од страна на Вселенската Патријаршија и претставува објава дека таа повеќе не е во шизма и раскол со севкупната православната Црква и нејзините свештенослужители можат да сослужуваат со свештенослужители од другите помесни православни цркви, додека за утврдување на конечниот статус ќе следуваат дополнителни преговори. Ваквиот потег на патријархот Вартоломеј и на Вселенската Патријаршија претставува историски настан, бидејќи со него конечно се исправи долгата неправда нанесена врз нашата Црква и со признавањето на нејзината каноничноста се стави крај на речиси седумдесетгодишната изолација на возобновената Охридска Архиепископија. По одлуката на Синодот на Вселенската Патријаршија, патријархот Вартоломеј во интервју за грчката телевизија ЕРТ оцени дека таа претставува историски момент, бидејќи со неа заврши „шизмата која траеше речиси шест децении“ и започнува нов период во односите. Тој истакна дека „конкретното прашање со шизмата“, многу години било во фокусот на Патријаршијата и доста често доаѓале делегации од нашата Црква за консултации, а имало „барања и од политичкото раководство“ на земјава, додавајќи дека уште пред одлуката на Патријаршијата постоел дијалог „меѓу црквите на Северна Македонија и Србија“. – Се обидовме да им помогнеме. Во некој момент го одредивме неговото блаженство архиепископот на Албанија, Анастасиос да има медијаторска улога. Се обиде, отиде, се врати, разговараше со двете страни, не успеа поради реакциите, пред се од страна на српската црква и официјално со писмо, во некој момент го врати мандатот. Но, обидите и молитвите на Вселенската патријаршија не беа прекинати, додаде вселенскиот патријарх во интервјуто. Според Вартоломеј, со апелациското прибегнување (еклитон) на нашата Црква кон Мајката црква, која според одлуката на четвртиот екуменски собор на Халкидон го има неотуѓивото право да одлучува за такви случаи на највисоко ниво, конечно е отстранета шизмата. – Врз оснава на овој еклитон ја отстранивме шизмата, прогласивме дека влегуваме во евхаристиска заедница со нив, додаде патријархот Вартоломеј. По отстранувањето на шизмата, на 16 мај Соборот на Српската православна црква одобри канонско единство со МПЦ – Охридска архиепископија, прифаќајќи го „општопризнатиот канонски статус на најширока можна автономија, односно целосна внатрешна независност на МПЦ доделен во 1959 година“, по што следуваше заедничка архијерејска литургија за воспоставување литургиско и канонско општење на МПЦ-ОА и СПЦ во соборниот храм „Свети Сава“ во Белград со која сослужуваа српскиот патријарх Порфириј и архиепископот охридски и македонски Стефан. Архиепископот Стефан тогаш оцени дека овој настан „е правда за Охрид – словенскиот Ерусалим“. – Сега и Света Софија Охридска, врз кој се видливи сите наши лузни, ќе продолжи да биде храм на заедничките евхаристички радости да се напластува единството со сите православни цркви, порача г.г. Стефан во беседата по заедничката архиерејска литургија во Белград. На втората заедничка литургија на двајцата поглавари, овој пат во Соборниот храм во Скопје на 24 мај, патријархот Порфириј упати благослов за автокефалност на МПЦ-ОА, по што архиепископот Стефан оцени дека „дочекавме да ја слушнеме одамна посакуваната и очекувана вест“. По ова на, 6 јуни патријархот Порфириј на архиепископот Стефан во Белград му врачи акт со кој се потврдува одлуката на СПЦ да ја одобри и да упати благослов за автокефалност на МПЦ-ОА, најавувајќи дека документот ќе биде доставен и до другите православни црква. Во документот се наведува дека тоа е полна автокефалност и дека се однесува на матичната земја каде што делува МПЦ, како и на дијаспората. Архиепископот Стефан потенцираше дека сега процесот продолжува со посетата на Вселенската патријаршија, изразувајќи надеж дека и останатите православни цркви ќе ја прифатат автокефалноста на МПЦ-ОА. – Веруваме дека примерот на СПЦ кон нас ќе го подржат и останатите сестрински православни цркви, а Вие ваша светост направивте чекор со историско значење, како за нашата МПЦ, така веруваме за целото православие, рече архиепископот Стефан. Во пресрет на посетата на црковната делегација на Вселенската патријаршија, вчера се огласи Светиот синод на Православната црква на Грција, која соопшти дека Атинската Архиепископија „со задоволство го прими писмото од Вселенската Патријаршија во кое се известува за исцелението на расколот од 1967 година и востановувањето на црковното општење“ на светата Охридска Архиепископија, под водство на неговото блаженство архиепископот г. Стефан. Истовремено, Светиот архиерејски синод на Атинската архиепископија изразува сериозна загриженост поради писмото од Патријаршијата на Србија, пред сè, „поради користењето на името „Македонска православна црква“, бидејќи на тој начин се навлегува во внатрешните работи на Црквата на Грција која, исто така, под своја јурисдикација има област наречена Македонија“. – Дополнително, загриженоста на Атинскиот синод е уште поголема и поради наводното доделување на автокефалија од страна на Црквата на Србија, бидејќи единствената надлежна институција за доделување автокефалност е Сечесната Вселенска Патријаршија, се додава во соопштението на Православната црква на Грција, во кое о посакува на „Свештената Охридска Архиепископија под неговото блаженство архиепископот г. Стефан, конструктивно да го исползува нејзиното враќање во црковното единство и подигањето на шизмата“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/crkovna-delegacija-predvodena-od-arhiepiskopot-stefan-vo-poseta-na-vselenskata-patrijarshija/feed/ 0
СПЦ го официјализираше прифаќањето на автокефалноста на МПЦ-ОА, се чека томосот од Вселенската патријаршија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/spc-go-oficijalizirashe-prifakjanjeto-na-avtokefalnosta-na-mpc-oa-se-cheka-tomosot-od-vselenskata-patrijarshija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/spc-go-oficijalizirashe-prifakjanjeto-na-avtokefalnosta-na-mpc-oa-se-cheka-tomosot-od-vselenskata-patrijarshija/#respond Mon, 06 Jun 2022 05:34:02 +0000 https://kurir.mk/?p=687033

Српскиот патријарх Порфириј му врачи акт на поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, г.г Стефан, со кој се потврдува одлуката на СПЦ, објавена на 24 мај по сослужувањето на заедничка литургија во Соборниот храм во Скопје, со која СПЦ ја одобри и упати благослов за автокефалноста на МПЦ – ОА, ставајќи крај на 55-годишниот спор меѓу двете цркви. Патријархот Порфириј најави дека документот ќе биде доставен и до другите православни цркви. Со овој чин на СПЦ се отвори и процесот за стекнување на томос за автокефалност, кој двете сестрински цркви очекуваат да биде доделен од страна на вселенскиот патријарх Вартоломеј. -По благодата Божја имаме прилика да го овенчаме тоа што веќе постои меѓу нас, а тоа е единството, кое во еден период беше нарушено, но е воспоставено во духот на Црквата, а тоа е Македонската црква – Охридската архиепископоија дека има не само услови потребни да се организира во контекст на автокефална црква и дека тоа е најдобар можен начин и метод за животот на нашите православи браќа и сестри во Северна Македонија. Затоа она што веќе го реализиравме преку служењето на литургија во Скопје, денеска чувствуваме и јавно пред сите да го објавиме документот, кој се нарекува Томос, изјави Порфириј по вчерашната литургија во Белград. На архиерејската литургија во Соборниот храм на Свети Архангел Михаил во Белград служеа српскиот патријарх Порфириј и архиепископот на МПЦ –ОА г.г. Стефан, јави дописникот на МИА од Белград. За г.г. Стефан овој настан е правда за Охрид – словенскиот Ерусалим, и најави дека процесот продолжува со посетата на Вселенската патријаршија. -Сега и Света Софија Охридска, врз кој се видливи сите наши лузни, ќе продолжи да биде храм на заедничките евхаристички радости да се напластува единството со сите православни цркви, порача поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, г.г Стефан во беседата по заедничката архиерејска литургија во Белград во Соборниот храм на Свети Архангел Михаил со српскиот патријарх Порфириј. Г.г Стефан потенцираше дека процесот продолжува со посетата на Вселенската патријаршија, каде на Педесетница ќе има литургија со Вселенскиот патријарх, по што се надева дека и останатите православни цркви ќе ја прифатат автокефалноста на МПЦ-ОА. -Веруваме дека примерот на СПЦ кон нас ќе го подржат и останатите сестрински парвославни цркви, а Вие ваша светост направивте чекор со историско значење, како за за нашата МПЦ, така веруваме за целото православие, кажа архиепископот Стефан. Поглаварот на МПЦ-ОА истакна дека со чинот е потврдена реалноста за автокефалниот статус на возобневаната Охридска архиепископија како Македонска Православна Црква. -Еве и денеска додадовте нова радост, радост над сите радости, зошто за она што донеодамна разговаравме и договаравме, за она што нашиот Синод побара, а вашиот Собор архиерејски еднодушно се согласи и прифати, за Вие, ваша светост, на светата литургија во Свети Климентовиот храм во Скопје и го обзнанивте, за сето тоа денес во пишаниот документ во томосот да потврдивте, дека веќе е реалност афтокефалниот статус на возобневаната Охридска архиепископија како Македонска Православна Црква, истакна вчера г.г. Стефан. Тој дополни дека со ова не е само документ со кој се отвора нова страница на вековната Охридска црква, туку е документ со кој се потврдува историјата на таа древна црква, и сите нејзини времиња и невремиња. Како што посочи, се што се случувало изминативе 20 дена ќе биде забележано како исклучителни настани кои што доведоа до нов тек на нашите меѓуцрковни односи, а со тоа и за односите со сите помесни православни цркви. -Евхаристиското единство, благословено со актот на Вселенската патријаршија, а од Вас покажано на дело преку заедничкото сослужување, со што се потврди нашето меѓусебно единство, единство во верата, произлегува од единствениот извор на љубовта и од Светиот дух, порача тој, потецирајќи дека овој настан е правда за Охрид, градот на словенскиот Ерусалим. Во документот со кој Српската православна црква (СПЦ) и доделува автокефален статус на Македонската православна црква- Охридската архиепископија се наведува дека тоа е полна автокефалност и дека се однесува на матичната земја каде што делува МПЦ, како и на дијаспората. Патријархот Порфириј рече дека со тоа се потврдуваат претходните одлуки на Соборот на СПЦ за статусот на сестринската црква, и дека документот ќе биде доставен и до другите православни цркви. Владиката Тимотеј смета дека документот што српскиот патријарх Порфириј му го врачи на поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан, е всушност акт со кој се потврдува написмено она што српскиот патријарх го соопшти во Скопје. Тој вели дека ова е дел од процесот до конечно добивање на официјалниот томос од Вселенскиот патријарх. -Сега почнува процесот. Тие се согласуваат и сега го даваат тоа во писмена форма. Ќе ги информираат сите православни цркви, и почнува процесот, рече владиката Тимотеј. За настанот свое видување има и универзитетскиот професор и поранешен директор на Комисијата за односи со верските заедници Цане Т. Мојаноски кој вели дека доколку се случи БПЦ да не ја признае афтокефалноста на МПЦ-ОА тоа нема да влијае на доделувањето на Томосот од страна на Вселенската патријаршија. -Ако ја погледнеме нивната практика дека се што е до 1944 година го присвојуваат како сопствен дел од историјата, такво поведение е можно. Но, што ќе значи за МПЦ-ОА ако една патријашија не ја прифаќа? Веројатно тоа прашање ќе стои отврено како што стои отворено прашањето за други православни цркви. Тоа нема да ја намали можноста МПЦ да е составен ден од православната екумена, да општи со неа. Во текот на јуни, нашиот архиепископ ќе богослужи на Фанар со вселенскиот патријарх. Да се надеваме дека таква заедничка литургија во иднина ќе стори и Бугарската православа црква, вели Мојаноски. Но, додава, без разлика на тоа каков ќе биде ставот на Бугарската православна црква, тоа нема да влијае на доделување на Томосот. -Тоа е прашање кое во јавноста создава забуни. Во православната црква долго време се заговараше идејата автокефалноста да се поврзува со консензусот на сите православни цркви. Тоа решение не стапи во сила што значи дека важечко правило е дека вселенскиот патријарх на основа на поднесокот, во случајот на СПЦ, дека ја поддржува и прифаќа автокефалноста на МПЦ-ОА ги известува другите помесни цркви. Тие потоа, секоја поединечно, ја вклучуваат таа црква во литургиите, вели Мојаноски. На заседанието на Светиот архиерејски синод на СПЦ во мај беше донесена едногласна одлука за прифаќање на автокефалноста на МПЦ. За таа одлука гласаа сите 42 епископи на СПЦ. По заедничката литургија на МПЦ и СПЦ во Скопје, патријархот Порфириј ја соопшти одлуката на Соборот, кој „едногласно и еднодушно излезе во пресрет на барањата на Македонската православна црква – Охридска архиепископија“ и ја прифати нејзината автокефалност. Патријархот потоа рече дека по „заедничкото извршување на техничките и организационите детали ќе бидат информирани сите други православни цркви кои ќе бидат поканети според својот канонски ред и поредок го прифатат автокефалниот статус на МПЦ-ОА “. Вселенскиот патријарх на 9 мај 2022 година објави одлука за враќање на нашата Црква во канонско единство со останатите православни цркви. Познато е дека вселенскиот патријарх Вартоломеј уште во февруари 2022 година испрати писмо до СПЦ со апел да го реши процесот со МПЦ-ОА. Г. г. Стефан на заедничка литургија со патријархот Порфириј во Соборниот храм во Скопје обзнани дека Вселенската патријаршија ја прифатила молбата на МПЦ-ОА за сослужение што ќе се одржи во храмот во Фанар на роденденот Црквата, на празникот Педесетница (12 јуни).]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/spc-go-oficijalizirashe-prifakjanjeto-na-avtokefalnosta-na-mpc-oa-se-cheka-tomosot-od-vselenskata-patrijarshija/feed/ 0
Вартоломеј: Историски момент е отстранувањето на повеќедецениската шизма https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vartolomej-istoriski-moment-e-otstranuvanjeto-na-povekjedeceniskata-shizma/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vartolomej-istoriski-moment-e-otstranuvanjeto-na-povekjedeceniskata-shizma/#respond Wed, 25 May 2022 07:30:09 +0000 https://kurir.mk/?p=681193

Историски момент е што шизмата која траеше речиси шест децении, по иницијатива на Вселенската патријаршија, заврши, беше отстранета и влегуваме во нов период, рече вселенскиот патријарх Вартоломеј во синоќешното интервју за грчката телевизија ЕРТ и изрази задоволство од последните случувања во црковното прашање, јави дописничката на МИА од Атина. Вартоломеј објасни дека уште пред одлуката на Вселенската патријаршијата постоел дијалог меѓу црквите на Северна Македонија и Србија. -Во изминатиот период, пред нашата одлука, беше започнат дијалог со црквата на Скопје, но нашата одлука ѝ олесни на црквата на Србија и во четвртокот на 19 мај, Неговото Блаженство патријархот Порфириј, поглаварот на СПЦ го покани поглаварот на Охридската црква и имаа заедничка литургија во Белград. Ова нè исполнува со задоволство. Тоа е историски момент. Една шизма што траеше околу шест децении, по иницијатива на Вселенската патријаршија, заврши, беше отстранета и влегуваме во нов период. Оваа заедничка литургија на 19 мај, Србија ја нарече литургија за помирување и драго ни е за овие случувања, вели вселенскиот Патријарх. Во интервјуто објаснува дека конкретното прашање со шизмата, многу години било во фокусот на Патријаршијата, а доста често доаѓале делегации од нашата црква за консултации, но и барања и од политичкото раководство. -Се обидовме да им помогнеме. Во некој момент го одредивме неговото блаженство архиепископот на Албанија Анастасиос да има медијаторска улога. Се обиде, отиде, се врати, разговараше со двете страни, не успеа поради реакциите, во главно од страна на српската црква и официјално со писмо, во некој момент го врати мандатот. Но, обидите и молитвите на Вселенската патријаршија не беа прекинати, открива вселенскиот патријарх. Посочи дека по „апелациското прибегнување (еклитон) на таа црква кон мајката црква, која според одлуката на четвртиот екуменски собор на Халкидон го има ова неотуѓиво право да одлучува за такви случаи на највисоко ниво“, била отстранета шизмата. -Врз оснава на овој еклитон ја отстранивме шизмата, прогласивме дека влегуваме во евхаристиска заедница со нив. Ја нарековме нивната црква Охридска архиепископија, го исклучивме терминот „македонска црква“ и било каков изведен збор од зборот „Македонија“. Ги ограничивме границите на јурисдикцијата во границите на територијата на Северна Македонија, како што се вика денес и сите дополнителни административни прашања ѝ ги доделивме на Светата црква на Србија, со предуслов, овие останати работи да бидат врз основа на светоканонскиот чин и вековните пракси на целата православна црква, истакна вселенскиот патријарх. Додаде дека Српската црква постапила правилно да се придружува кон одлуката на Вселенската Патријархија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vartolomej-istoriski-moment-e-otstranuvanjeto-na-povekjedeceniskata-shizma/feed/ 0
Неговата светост г.г. Стефан: На Духовден заедно ќе сослужуваме и во Фанар, во седиштето на Вселенската патријаршија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/negovata-svetost-g-g-stefan-na-duhovden-zaedno-kje-sosluzuvame-i-vo-fanar-vo-sedishteto-na-vselenskata-patrijarshija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/negovata-svetost-g-g-stefan-na-duhovden-zaedno-kje-sosluzuvame-i-vo-fanar-vo-sedishteto-na-vselenskata-patrijarshija/#respond Tue, 24 May 2022 13:35:43 +0000 https://kurir.mk/?p=680926

Веднаш по обзнанувањето на веста на патријархот Порфириј дека Српската црква ја прифаќа автокефалноста на МПЦ-ОА, свој говор одржа и г.г. Стефан, поглаварот на нашата црква. Има се заблагодари од името на архиереите, монаштвото и верниот народ на МПЦ-ОА. – Како да го разбереме ова денешно собрание, ако не со случувањата на воскресението. Црквата од секогаш била една и единствена, обединета од духот свет. Овој историски период кој сите ние го минуваме е празник за сите христијани во Македонија, без разлика на националното. Тие наши претци се радуваат заедно со нас. Верувам дека деновиве конечно се радосни сите што сакаа да ја видат возобновена Охридската Архиепископија. И нашата осумдесетгодишна заложба за самостојна Црква никогаш немала и нема за цел да нè оддели од Телото Христово, туку да ни дозволи и ние, подобно на другите православни народи, слободно да можеме да ја извршуваме својата мисија меѓу својот народ, овде, во Татковината и насекаде по светот, до каде што нѐ има. Овој историски период кој сите ние го минуваме е празник за сите христијани во Македонија, без разлика на национално потекло, кои се внуци на оние што сонуваа да ја видат обновена својата Охридска Архиепископија, да ја видат автокефална, или се правнуци на сите оние кои некогаш живееле обединети под едниот омофор на Охридскиот Архиепископ. Тие наши предци сега од небесната Црква се радуваат заедно со нас, гледајќи ги нашата радост и нашето единство“. Неодамна, во градот на двете реки – во Белград, под оној велелепен свод на Светосавскиот храм, воскликна радоста на народот Божји, и од Македонија и од Србија, та како гласно да се слушна воздишката на олеснување и на нашите предци и на сите нас. И таа радост на братското помирување, која произлезе од мајчинската иницијатива на Мајката Црква – Вселенската Патријаршија и на Неговата Сесветост, а од која произлезе и снисходливоста, полна со љубов и разбирање од сестринската Српска Патријаршија, се случи токму во најрадосниот период од годината – во ова духовна лето на благословената Педесетница. А, еве, и вториот литургиски празник на сослужение, кога Бог ни даде, „со една уста и едно срце“ да Го прославивме Неговото пречесно и великолепно име, повторно промислителски го славиме во значаен момент – на празникот на светите сесловенски просветители Кирил и Методиј“. Еве, и во навечерието на ова торжество на љубовта, ни пристигна уште една радост – блага вест од Царицата на градовите – Константиновиот град: примено е нашето благодарствено писмо и нашата молба за сослужение е прифатена – па на роденденот на Црквата, на Педесетница, ќе сослужуваме во храмот на Вселенската Патријаршија во Фанар. Тогаш, Неговата Сесветост, Вселенскиот Патријарх г. г. Вартоломеј ќе ни го врачи актот за официјално прифаќање на нашата каноничност и за сослужување со сите Помесни православни цркви. Дај Боже да биде вечно делото на љубовта, како што, впрочем, се молеше Господ Христос: да бидат сите едно, како што си Ти, Оче, во Мене, и Јас во Тебе, па така и тие да бидат едно во Нас. Амин-заклучи г.г. Стефан. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/negovata-svetost-g-g-stefan-na-duhovden-zaedno-kje-sosluzuvame-i-vo-fanar-vo-sedishteto-na-vselenskata-patrijarshija/feed/ 0
Грчка Влада: Има одлука од Патријаршијата за црквата на северниот сосед https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/grchka-vlada-ima-odluka-od-patrijarshijata-za-crkvata-na-severniot-sosed/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/grchka-vlada-ima-odluka-od-patrijarshijata-za-crkvata-na-severniot-sosed/#respond Thu, 31 May 2018 07:33:04 +0000 https://kurir.mk/?p=60374

Нова демократија не треба да брза. До овој момент не постои никаков договор, велат од кабинетот на грчкиот премиер во одговор на прашањата од опозициската партија, во однос на вчерашните ставови од премиерот Заев и додаваат дека единствено што за сега постои е одлуката од Вселенската патријаршија во однос на името на македонската црква. - Единствено што постои до овој момент е одлуката на Светиот синод на Вселенската Патријаршија да се спроведе потребното за да се задоволи барањето на премиерот на ПЈРМ за бришење на терминот „Македонија" од името на црквата на нашите северни соседи, пишува во соопштението. Во одговорот до Нова демократија кабинетот на Ципрас ги повторува позициите на грчката Влада во преговорите за името, јави дописничката на МИА од Атина. - Предуслов за решение и интеграција на ПЈРМ во НАТО и ЕУ е договор за сложено име со географска или временска одредница, што ќе важи за сите, нешто за што предуслов е и уставна ревизија, соопштуваат од кабинетот на грчкиот премиер и на опозициската партија и’ порачуваат дека набргу, доколку постои договор, ќе сфати дека ќе треба долго време да бара некаков аргумент за да не го поддржи договорот. Повикувајќи се на вчерашните изјави на македонскиот премиер Зоран Заев на прес конференцијата, Нова демократија побара од грчката Влада да одговори дали Ципрас веќе прифатил признавање на македонски јазик и македонски идентитет, дали се повлекол од националната позиција за ерга омнес име и дали веќе се обврзал да дозволи интеграција на Македонија во НАТО, „без да бидат отстранети од Уставот сите неприфатливи иредентистички наводи“. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/grchka-vlada-ima-odluka-od-patrijarshijata-za-crkvata-na-severniot-sosed/feed/ 0