вселенски истражувања – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 29 Jun 2020 09:00:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png вселенски истражувања – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Бретон: ЕУ вложува во вселенските истражувања https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/breton-eu-vlozuva-vo-vselenskite-istrazuvanja/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/breton-eu-vlozuva-vo-vselenskite-istrazuvanja/#respond Mon, 29 Jun 2020 09:00:46 +0000 https://kurir.mk/?p=364857

Европскиот комесар за внатрешен пазар Тиери Бретон најави дека во следниот буџет на Европска Унија ќе бидат одвоени 16 милијарди евра за вселенски истражувања. – ЕУ ќе вложи повеќе пари во лансирање на ракети, сателитската комуникација и истражување на Вселената, со цел да ги зачува своите успеси во Вселената и да биде во чекор со американските и кинеските амбиции, изјави еврокомесарот за внатрешен пазар Бретон. Во изминатите децении ЕУ се обидуваше да изгради независен пристап за Вселената, како што се ракетите Аријана или сателитот Галилео, што е „ривал“ на ГСП. Најновото појавување на американскиот конкурент „Спејс икс“ и неговите ракети за повеќекратна употреба, како и брзиот напредок на Кина, вклучително и првото слетување на темната страна на Месечината, ги поттикнува европските амбиции. – Вселената е една од силните точки на Европа и даваме средства за нејзино забрзување, истакна Бретон, под чија надлежност е и вселенскиот сектор. ЕУ првпат ќе потпише договор на една милијарда евра со „Аријанаспејс“. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/breton-eu-vlozuva-vo-vselenskite-istrazuvanja/feed/ 0