Вселенски Патријарх Вартоломеј – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 12 Jun 2022 12:34:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Вселенски Патријарх Вартоломеј – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Архиепископот Стефан го замоли патријархот Вартоломеј да ја признае Охридската архиепископија за автокефална https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/arhiepiskopot-stefan-go-zamoli-patrijarhot-vartolomej-da-ja-priznae-ohridskata-arhiepiskopija-za-avtokefalna/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/arhiepiskopot-stefan-go-zamoli-patrijarhot-vartolomej-da-ja-priznae-ohridskata-arhiepiskopija-za-avtokefalna/#respond Sun, 12 Jun 2022 12:33:10 +0000 https://kurir.mk/?p=689865

Добро ви е познат копнежот на нашата јерархија и на нашиот православен народ, и тоа не го сокриваме од Вас и пред Вас, и пред членовите на свештената јерархија на Вашата Црква и на верниот народ што ѝ принадлежи – да ја видиме Охридската Архиепископија возобновена и уредена како автокефална Црква, истакна архиепископот г.г. Стефан во обраќањето до вселенскиот патријарх Вартоломеј по денешната нивна заедничка Патријаршиска и синодална литургија во Соборниот храм „Св. Георгиј“ во Истанбул. – Но, Господ ни е сведок, дека колку ни е надежта голема, уште поголема е нашата полна доверба во Вашиот суд, во Вашето расудување за времето кога треба да се случи уредувањето на овие работи. Вам Ви го оставаме судот на времето, но Ве молиме – не заборавајте нѐ, помагајте ни да растеме…. , рече меѓу другото г.г Стефан. Како што јави известувачот на МИА од Истанбул, тој му порача на Вартоломеј дека во него е одговорноста на Мајката Црква за добробитот и преуспевањето на православното семејство. – При Вас се принадлежностите и правата и не молиме повеќе и поинаку од она како што постапивте со доделувањето на автокефалиите низ историјата, па и во современието. Без да поставуваме аналогија со зборовите на Мудриот Соломон, а имајќи го предвид одговорното и служечко првенство и привилегиите и авторитетот на Константинополската катедра, ќе речеме: „Имаш голема сила, и кој може да се дигне против силата на Твојата мишка? …сите ги милуваш… сè запазуваш …ги сакаш душите“, рече архиепископот Стефан. Тој натаму нагласи дека нашиот завет е дека „упорно ќе работиме на своето издигнување и дека трпеливо ќе го чекаме тоа благопријатно време, кога радосната објава на Великата Христова Црква за нас, пропратена со веселото биење на црковните камбани, ќе ги преисполни со неопислива радост срцата на нас современите и ќе ги смири духовите на упокоените“. Вселенскиот патријарх Вартоломеј од своја страна изјави дека на крајот на денешното историско сослужување со Вас, во овој наш Сечесен Патријаршиски Храм, „го насочуваме нашето слово, нашиот ум и срце кон сите наши возљубени чеда од Најсветата Охридска Архиепископија во државата Северна Македонија, водачите и водените, овде присутните и оние што се наоѓаат таму“. – Особено се радуваме за личното присуство на Превосходниот Претседател на Владата на Северна Македонија г. Димитар Ковачевски и заедно со него министрите и останатите негови соработници, како и за големиот број на верни чеда од Црквата на оваа благословена земја, кои го наполнија овој славен Храм и му дадоа друга димензија на денешниов празник на Педесетницата – како соборна, така и лична за нас, додаде патријархот Вартоломеј. Тој изрази верба дека овој настан значи потполно разбирање од наша страна за големината на дарот на Мајката Црква кон нашиот народ, но и за одговорноста која се понесува, влегувајќи од денес во Сеправославниот Свет. – Огноосветлени од благодатта на Утешителот, Го молиме, Го умолуваме и просиме од животворниот Свет Дух, обновителниот и сесилниот, слаткиот и Кој ги лекува раните, Кој ги надополнува човечките недостатоци, Кој ги испитува нашите срца – да ве утврди во вистината, да ве умножи во верата, да ве умудрува во борбата за Црквата, та и ние, вашиот заеднички отец и застапник, првиот и последниот помеѓу Епископите на Источната Света Христова Црква, да можеме духовно да се радуваме за вас и за вашите дела; та во нив да се прослави сечесното и великолепно име на Отецот и Синот и Светиот Дух, постојано, сега и секогаш и во вечни векови. Амин, истакна г. Вартоломеј . На литургијата присуствуваше и владина делегација предводена од премиерот Димитар Ковачевски, во чиј состав беа и шефот на дипломатијата Бујар Османи, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, министерката за одбрана Славјанка Петровска, директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи Даријан Сотировски, пратеници и околу 700 верници од државава кои самоорганизирано допатуваа во Истанбул да присуствуваат на овој историски чин. Премиерот Ковачевски ја проследи Патријаршката и Синодална Света Литургија каде на македонски јазик ги прочита Симболот на верата и молитвата „Оче наш“. По заедничката Литургија ќе се одржи и Вечерна богослужба која се служи само еднаш во годината по повод денешниот празник Педесетница – Слегување на Светиот Дух. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/arhiepiskopot-stefan-go-zamoli-patrijarhot-vartolomej-da-ja-priznae-ohridskata-arhiepiskopija-za-avtokefalna/feed/ 0
Патријархот Вартоломеј на архиепископот Срефан му го предаде Патријаршискиот акт за примање во богослужбено и канонско единство на ОА https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/patrijarhot-vartolomej-na-arhiepiskopot-srefan-mu-go-predade-patrijarshiskiot-akt-za-primanje-vo-bogosluzbeno-i-kanonsko-edinstvo-na-oa/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/patrijarhot-vartolomej-na-arhiepiskopot-srefan-mu-go-predade-patrijarshiskiot-akt-za-primanje-vo-bogosluzbeno-i-kanonsko-edinstvo-na-oa/#respond Fri, 10 Jun 2022 10:09:14 +0000 https://kurir.mk/?p=689197

Вселенскиот патријарх г. Вартоломеј вчера на нашиот архиепископ г. Стефан му го предаде Патријаршискиот и синодален акт на Вселенската патријаршија за примање на Охридската Архиепископија во богослужбено и канонско единство со останатите православни цркви, со кој се отстранува повеќедецениската шизма наложена врз нашата Црква. – Денеска, браќа мои, кога наскоро ќе се исполни великиот ден на Педесетница, стаса и многукопнежниот час на решение за еден долг и болен раскол во Телото на Едната, Света, Соборна и Апостолска Црква. Денеска помеѓу нас стојат овде.. најсвештениот во Христа брат, архиепископот охридски г. Стефан и неговата чесна придружба, за да го примат од нашите раце Патријаршискиот и синодален акт за востановување на црковното општење на нивната Мајка, Великата Христова Црква со нив, а од неа и преку неа со останатите помесни, свети Божји Цркви, преку врската на љубовта, единството и евхаристиското зближување преку взаемна почит, истакна патријархот Вартоломеј во обраќањето при предавањето на Актот, на крајот на вечерната богослужба во ставропигијален манастир „Балаклија” во Истанбул, што се одржа по повод споменот на Светите Апостоли Вартоломеј и Варнава и празникот на иконата на Мајката Божја „Достојно ест“ и воедно именден на вселенскиот патријарх. Тој нагласи дека станува забор „голема радост на небото, зашто одамна скинатата риза на Господа се обновува, цела и неповредена, со иглата на Светиот Дух“ и „мноштвата на православните се радуваат за враќањето на христоносниот народ во прегратките на Мајката Црква“. – Денеска се уверуваме во точноста на нашата вера, зашто најјасно се покажува вредноста на црковната двонасочност и нераскинливата врска помеѓу нејзините Ороси и Канони. Денеска, значи, уште еднаш се покажува вредноста не само на Оросот на светиот Четврти вселенски собор во Халкидон, но и на каноните кои го запазуваат единството и целоста на Господовото Тело, преку поставувањето на тешки и свештени одговорности врз рамената на секој архиепископ константинополски, истакна патријатхот Ватоломеј. Тој додаде дека се одговорноста на архиепископот константинополски за Еклитон (апелациското прибегнување) по молбата за апелација на нашиот Синод до Вселенската Патријаршија од пред четири години, за него „не претставува привилегија, но жртва и исцрпување, заради спасението на верните…“ – Свештенејши архиепископе г. Стефане, Мајката Црква Константинополска болуваше, се молеше, долго трпеше, очекуваше, се надеваше, советуваше и се подготвуваше за наоѓање решение за проблемот што ја засегаше Вашата помесна Црква… Ги разбираме вашите потешкотии, искрснатите дилеми, внатрешните соображенија, променливите различни мислења; но решенијата сакаат жртва и храброст. Така ја чувствуваме и радоста на сите вас за настанатиот развој. Од денеска, кога добивате положба и служба во сесвештеното Тело на Црквата, се надеваме дека ќе се покажете еднакво достојни на благонаклонетоста на Великата Христова Црква кон вас… Го благословуваме Народот на најсветата Архиепископија Охридска. Ја поздравуваме видливата, добра и братољубива расположба на најсветата Црква на Србија кон вас. Очекуваме и официјално известување од вас за напредокот на дијалогот помеѓу вас. На крај, ви го врачуваме востановителниот за црковното општење Патријаршиски и Синодален Акт и го претвкусуваме сослужението со вас на претстојната недела на Педесетница, а Бог на мирот нека биде со сите вас, амин, истакна патријархот Вартоломеј. На чинот на примопредавањето на Актот на кој присуствуваа и нашите митрополити преспаснко-пелагониски г. Петар и дебарско-кичевски г. Тимотеј и епископите г. Климент Хераклејски и г. Партениј Антаниски, архиепископот г. Стефан, кој во своето обраќање кон патријархот Вартоломеј, нагласи дека дошле кај него, време во кое тој го слушнал крикот на нашето срце и го почувствувал копнежот на нашите души. – Дојдовме при Вас и сме многу радосни поради тоа. Дојдовме да го изразиме нашиот копнеж по Христа, кој, како православни Христијани, го имаме, и да ги изразиме почитта, честа и благодарноста пред Вашиот престол – да ги објавиме гласно, овде, од под куполата на Константинополската Црква, пред сечесниот Вселенски престол, нашата љубов кон целата Вселена, истакна неговото блаженство г. Стефан. Затоа, додаде тој, стоејќи денес пред Вас и со привилегијата да стоиме со Вас, дојдовме да Ви кажеме едно големо благодарам. – Еве, токму во оваа благословена вечер, во која се собрани многу благодатни добрини: празникот на апостолите Вартоломеј и Варнава и соборот на првата светогорска икона ‘Достојно ест”; оваа ставропигија во која се наоѓаме и живата вода која се роди од Живоносниот источник; мртвите во гробовите и мртвите што воскреснавме; еклитонот кој кон Вас го упативме и преку чие оправдување нè прифативте во општење со Вас и со сиот православен свет; и Вие, Архиепископе Константинополски, Вашите привилегии и Вашето срце полно со љубов, нагласи архиепископот Стефан. По богослужбата, архиепископ г. Стефан, во знак на благодарност отслужи Трисагија пред гробот на патријархот Димитриј, за покојните цариградски пастири погребани на истите гробишта. Делегацијата на Охридската Архиепископија, кој од вчера престојува во Истанбул, в недела на роденденот на Црквата, Педесетница, во храмот на Вселенската Патријаршија во Фанар ќе присуствува на заедничката патријаршиска и синодална света литургија на патријархот г. Вартоломеј и архиепископот г. Стефан. Одлуката на Светиот патријаршиски синод за отстранување на шизмата и примање на Охридската Архиепископија во богослужбено и канонско единство со останатите православни цркви беше донесена на синодското заседание на 9 мај, со што практично Вселенската Патријаршија ја призна црковната јерархија предводена од архиепископот Стефан за канонска и валидна во сеправославниот свет и воспостави канонско и литургиско општење со неа. – Светиот и Свештен Синод, кој заседаваше денеска, понеделник, 9 мај 2022 година, под претседателство на Неговата Божествена Сесветост, Вселенскиот Патријарх г. г. Вартоломеј, исцрпно дискутираше за црковниот проблем во Скопје и, оценувајќи го во конечна фаза апелациското прибегнување (еклитон) на тамошната Црква до Мајката Црква, како и повторените повици од државата на Северна Македонија, го одлучи следново: Ја прима во евхаристиско општење јерархијата, клирот и народот на оваа Црква под Архиепископот г. Стефан, лекувајќи ја раната на расколот и излевајќи „вино и елеј“ врз раната на нашите тамошни, православни браќа. Кон ова се издава и соодветен Патријаршиски и синодален акт, беше наведено во одлуката на Вселенскиот синод, во која се додава дека како име на нашата Црква го признава „Охридска, имајќи ја на ум како област на нејзина јурисдикција владението во границите на државата Северна Македонија“. Вселенската патријаршија во одлуката наведе и дека остава на „Црквата на Србија да ги уреди управните прашања што ги има помеѓу неа и Црквата во Северна Македонија, во рамките на светоканонскиот чин и црковното предание“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/patrijarhot-vartolomej-na-arhiepiskopot-srefan-mu-go-predade-patrijarshiskiot-akt-za-primanje-vo-bogosluzbeno-i-kanonsko-edinstvo-na-oa/feed/ 0
Вартоломеј: Историски момент е отстранувањето на повеќедецениската шизма https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vartolomej-istoriski-moment-e-otstranuvanjeto-na-povekjedeceniskata-shizma/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vartolomej-istoriski-moment-e-otstranuvanjeto-na-povekjedeceniskata-shizma/#respond Wed, 25 May 2022 07:30:09 +0000 https://kurir.mk/?p=681193

Историски момент е што шизмата која траеше речиси шест децении, по иницијатива на Вселенската патријаршија, заврши, беше отстранета и влегуваме во нов период, рече вселенскиот патријарх Вартоломеј во синоќешното интервју за грчката телевизија ЕРТ и изрази задоволство од последните случувања во црковното прашање, јави дописничката на МИА од Атина. Вартоломеј објасни дека уште пред одлуката на Вселенската патријаршијата постоел дијалог меѓу црквите на Северна Македонија и Србија. -Во изминатиот период, пред нашата одлука, беше започнат дијалог со црквата на Скопје, но нашата одлука ѝ олесни на црквата на Србија и во четвртокот на 19 мај, Неговото Блаженство патријархот Порфириј, поглаварот на СПЦ го покани поглаварот на Охридската црква и имаа заедничка литургија во Белград. Ова нè исполнува со задоволство. Тоа е историски момент. Една шизма што траеше околу шест децении, по иницијатива на Вселенската патријаршија, заврши, беше отстранета и влегуваме во нов период. Оваа заедничка литургија на 19 мај, Србија ја нарече литургија за помирување и драго ни е за овие случувања, вели вселенскиот Патријарх. Во интервјуто објаснува дека конкретното прашање со шизмата, многу години било во фокусот на Патријаршијата, а доста често доаѓале делегации од нашата црква за консултации, но и барања и од политичкото раководство. -Се обидовме да им помогнеме. Во некој момент го одредивме неговото блаженство архиепископот на Албанија Анастасиос да има медијаторска улога. Се обиде, отиде, се врати, разговараше со двете страни, не успеа поради реакциите, во главно од страна на српската црква и официјално со писмо, во некој момент го врати мандатот. Но, обидите и молитвите на Вселенската патријаршија не беа прекинати, открива вселенскиот патријарх. Посочи дека по „апелациското прибегнување (еклитон) на таа црква кон мајката црква, која според одлуката на четвртиот екуменски собор на Халкидон го има ова неотуѓиво право да одлучува за такви случаи на највисоко ниво“, била отстранета шизмата. -Врз оснава на овој еклитон ја отстранивме шизмата, прогласивме дека влегуваме во евхаристиска заедница со нив. Ја нарековме нивната црква Охридска архиепископија, го исклучивме терминот „македонска црква“ и било каков изведен збор од зборот „Македонија“. Ги ограничивме границите на јурисдикцијата во границите на територијата на Северна Македонија, како што се вика денес и сите дополнителни административни прашања ѝ ги доделивме на Светата црква на Србија, со предуслов, овие останати работи да бидат врз основа на светоканонскиот чин и вековните пракси на целата православна црква, истакна вселенскиот патријарх. Додаде дека Српската црква постапила правилно да се придружува кон одлуката на Вселенската Патријархија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vartolomej-istoriski-moment-e-otstranuvanjeto-na-povekjedeceniskata-shizma/feed/ 0
Писмо од претседателот Пендаровски до Вселенскиот Патријарх Вартоломеј https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pismo-od-pretsedatelot-pendarovski-do-vselenskiot-patrijarh-vartolomej/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pismo-od-pretsedatelot-pendarovski-do-vselenskiot-patrijarh-vartolomej/#respond Wed, 18 May 2022 09:56:10 +0000 https://kurir.mk/?p=678297

Претседателот Стево Пендаровски упати писмо до Неговата Сесветост Вартоломеј, Архиепископ Цариградски – Нов Рим и Вселенски Патријарх, по повод признавањето на каноничноста на нашата Црква од страна на Вселенската патријаршија. Во писмото претседателот Пендаровски оценува дека со примањето на нашата Црква во канонско единство и во евхаристиско општење е исправена историската неправда нанесена врз Црквата и нејзините верници. Претседателот Пендаровски изрази надеж и очекување за скорешно конечно решавање на административниот статус на Нашата црква преку доделување на Томос за автокефалност од страна на Вселенската патријаршија, истакнувајќи дека целосното заокружување на автокефалноста на Нашата црква е од врвен национален интерес, бидејќи отвора можност за нов и необременет духовен раст на Охридската Архиепископија и напредок и помирување во македонското општество. Во продолжение го проследуваме интегралниот текст од писмото на претседателот Пендаровски до Вселенскиот Патријарх Вартоломеј. Ваша Сесветост, Со големо задоволство ја примив веста за историската одлука од 9 мај 2022 година на Светиот и Севишен Синод на Вселенската Патријаршија. Примајќи ја нашата Црква во канонско единство и во евхаристиско општење, Вие ја исправате историската неправда нанесена врз Црквата и нејзините верници и ги исцелувате длабоките рани предизвикани од децениската изолација. Особено важно е што на нашата Црква и го признавате и нејзиниот историски континуитет со древната Охридска Архиепископија која низ вековите била прибежиште и извор на духовна сила и надеж за православните верници. Вашата Сесветост ужива голем углед и почит кај огромното мнозинство  македонски граѓани, независно од нивната етничка, верска, политичка и генерациска припадност. Со овој праведен и мудар чекор вие ја оправдувате надежта на моите сограѓани од православна христијанска вероисповед дека токму Вселенската Патријаршија може да и помогне на нашата Црква конечно да го завземе своето вистинско место во православниот свет. И со тоа, да ги избришете вештачки создадените поделби и да го отворите просторот за градење на духовно единство на православните верници. Во овој клучен период, навремените одлуки на Вселенската Патријаршија можат решавачки да влијаат на духовниот идентитет на сегашните и идни генерации, а со тоа и на духовниот и општествен амбиент во Република Северна Македонија. Оттука, не е сеедно дали нашето единство со православниот свет ќе се темели врз живата реалност на нашата Црква, или врз анахрони решенија, наметнати од надвор кои се спротивни на волјата на бројните верници. Имајќи го предвид историското и канонско право на Вселенската Патријаршија, заедно со моите сограѓани од православна вероисповед искрено се надевам и го очекувам скорото конечно решавање на административниот статус на Нашата црква преку доделување на Томос за автокефалност од Ваша страна. Целосното заокружување на автокефалноста на Нашата црква е од врвен национален интерес за нас бидејќи отвора можност за нов и необременет духовен раст на Охридската Архиепископија и напредок и помирување во македонското општество. На крај, Ваша Сесветост, ја користам оваа прилика Вам и на Светиот и Севишен Синод на Вселенската Патријаршија да ви ги пренесам изразите на моето највисоко почитување.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pismo-od-pretsedatelot-pendarovski-do-vselenskiot-patrijarh-vartolomej/feed/ 0
Вселенскиот патријарх повика на прекин на војната во Украина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vselenskiot-patrijarh-povika-na-prekin-na-vojnata-vo-ukraina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vselenskiot-patrijarh-povika-na-prekin-na-vojnata-vo-ukraina/#respond Sun, 24 Apr 2022 07:35:44 +0000 https://kurir.mk/?p=667282

Вселенскиот патријарх Вартоломеј повика на итен прекин на војната во Украина. „Војната го поткопува човечкото достоинство и е провокативно кршење на Божјата заповед да се сака ближниот“, рече Вартоломеј за време на велигденската честитка. Оваа година, во ноќта кон Велигден во цела Украина беше во сила полициски час поради страв од провокација на руските војници. „Непријателот е подмолен, а најважна за нас е безбедноста на луѓето“, објаснува шефот на Киевската регионална воена управа Ал Пављук. На многу места, на луѓето им беше забрането да ги посетуваат храмовите на Велигденската ноќ поради опасноста од целни напади од Русите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vselenskiot-patrijarh-povika-na-prekin-na-vojnata-vo-ukraina/feed/ 0
Вселенскиот патријарх Вартоломеј заразен со коронавирусот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vselenskiot-patrijarh-vartolomej-zarazen-so-koronavirusot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vselenskiot-patrijarh-vartolomej-zarazen-so-koronavirusot/#respond Fri, 24 Dec 2021 17:57:29 +0000 https://kurir.mk/?p=612796

Вселенскиот патријарх Вартоломеј тестиран е позитивно на Ковид-19 и има благи симптоми на болеста, соопшти денеска Патријаршијата во Истанбул. Патријархот (81), кој неодамна имаше операција на срцето, е целосно вакциниран, се вели во соопштението. Се додава дека неговата „општа состојба е добра“. Патријархот ги повика луѓето да се вакцинираат и да ги следат препораките на лекарите. Вартоломеј помина една ноќ во болница во САД кон крајот на октомври на почетокот на неговата посета на таа земја, а подоцна беше опериран во САД каде му беше ставен стент за да се отвори затнатата коронарна артерија. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vselenskiot-patrijarh-vartolomej-zarazen-so-koronavirusot/feed/ 0
На Вселенскиот патријарх Вартоломеј му е вграден стент https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/na-vselenskiot-patrijarh-vartolomej-mu-e-vgraden-stent/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/na-vselenskiot-patrijarh-vartolomej-mu-e-vgraden-stent/#respond Thu, 04 Nov 2021 07:29:18 +0000 https://kurir.mk/?p=590602

На вселенскиот патријарх Вартоломеј му е ставен стент во болницата „Маунт Синај“ во Њујорк, откако се почувствувал лошо за време на неговата посета на САД, пренесоа француските медиуми. Вселенскиот патријарх денеска ќе биде отпуштен, откако ноќта ја мина во болница на Менхетен, се наведува во соопштението на Грчката православна црква во кое се нагласува дека „поставувањето стент е вообичаена процедура која има за цел да го врати протокот на крв во срцето во затнатите артерии“. Пред медицинската интервенција Вселенскиот патријарх според програмата на неговата посета се сретна со новоизбраниот градоначалник на Њујорк, Ерик Адамс. Ова беше второ заминување во болица на Вартоломеј за време на неговата посета на САД, бидејќи првично беше примен во болница во Вашингтон, откако се почувствувал лошо по долгиот прекуокеански лет. Неколку часа откако беше пуштен од болницата во Вашингтон, на 25 октомври, Вартоломеј се сретна со претседателот Џо Бајден во Белата куќа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/na-vselenskiot-patrijarh-vartolomej-mu-e-vgraden-stent/feed/ 0
Хоспитализиран Вселенскиот патријарх https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/hospitaliziran-vselenskiot-patrijarh/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/hospitaliziran-vselenskiot-patrijarh/#respond Sun, 24 Oct 2021 16:41:28 +0000 https://kurir.mk/?p=584702

Вселенскиот патријарх Вартоломеј е примен во болница за „медицинско набљудување“ во Вашингтон, откако се почувствувал лошо. Вартоломеј се почуствувал лошо денеска непосредно пред да замине на служба во катедралата „Света Софија“, поради долгиот лет и напорниот распоред на настани кои следеле по неговото пристигнување во САД. Неговиот лекар го советувал да се одмори, а од превентивни причини бил пренесен во Универзитетската болница „Џорџ Вашингтон“. Вселенскиот патријарх пристигна во Вашингтон синоќа и беше срдечно пречекан од членовите на грчко-американската заедница и црковни претставници, што е негова прва посета од 2009 година. Неговиот авион слета во воздухопловната база „Ендрјус“. Предвидено е Вартоломеј да се сретне со претседателот на САД, Џо Бајден, државниот секретар Ентони Блинкен и претседателката на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/hospitaliziran-vselenskiot-patrijarh/feed/ 0
Пендаровски на средба со Вселенскиот Патријарх Вартоломеј https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-na-sredba-so-vselenskiot-patrijarh-vartolomej/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-na-sredba-so-vselenskiot-patrijarh-vartolomej/#respond Fri, 18 Jun 2021 12:18:22 +0000 https://kurir.mk/?p=525144

Претседателот Стево Пендаровски утре ќе оствари средба со Неговата Сесветост Вартоломеј, Архиепископ Цариградски – Нов Рим и Вселенски Патријарх. Од Кабинетот на Пендаровски информираат дка средбата е во рамки на работната посета на Република Турција. Истата ќе се одржи во Истанбул.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-na-sredba-so-vselenskiot-patrijarh-vartolomej/feed/ 0