втор бран – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 21 Jan 2021 14:32:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png втор бран – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Втор посмртоносен бран на корона вирус ја погоди Африка https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vtor-posmrtonosen-bran-na-korona-virus-ja-pogodi-afrika/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vtor-posmrtonosen-bran-na-korona-virus-ja-pogodi-afrika/#respond Thu, 21 Jan 2021 14:32:19 +0000 https://kurir.mk/?p=458133

Вториот бран на епидемијата со Ковид-19 се покажа посмртоносен во Африка, каде стапката на смртност го надмина светскиот просек, соопшти денеска Центарот за контрола и превенција на болести на Африка (ЦДЦ Африка). – Стапката на смртност од коронавирусот во Африка сега е 2,5 отсто од забележаните случаи, што е над светскиот просек што изнесува 2,2 проценти, изјави директорот на специјализираната агенција на Африканска Унија (АУ), Џон Нкенгасонг. Бројот на новозаразени лица во Африка минатиот месец бележеше раст од 14 отсто на неделно ниво. Од почетокот на пандемијата во Африка регистрирани се 3,3 милиони случаи и речиси 82.000 смртни случаи. Нкенгасонг истакна дека стапката на смртност укажува на промена во однос на првиот бран, кога смртноста беше под светскиот просек. Во моментот во 21 африканска држава забележана е повисока стапка на смртност од последици од Ковид-19 од светскиот просек. Судан има стапка на смртност од 6,2 проценти, Египет – 5,5, Либерија – 4,4, а Сахарската Арапска Демократска Република – 11,8 отсто. – Порастот на смртноста е поради зголемениот број на заразени што ги преоптовари здравствените системи на континентот, посочи Нкенгасонг, додавајќи дека има потреба и за кислород, што се користи во лекувањето на тешките пациенти. АУ минатата недела соопшти дека порачала 270 милиони вакцини преку системот Ковакс. Во тек се и преговори со Русијаи со Кина за дополнителен број вакцини.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vtor-posmrtonosen-bran-na-korona-virus-ja-pogodi-afrika/feed/ 0
Во Јужна Африка откриена нова верзија на коронавирусот, што го почнала вториот бран https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-juzna-afrika-otkriena-nova-verzija-na-koronavirusot-shto-go-pochnala-vtoriot-bran/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-juzna-afrika-otkriena-nova-verzija-na-koronavirusot-shto-go-pochnala-vtoriot-bran/#respond Fri, 18 Dec 2020 20:08:17 +0000 https://kurir.mk/?p=445408

Во Јужна Африка е идентификувана нова верзија на коронавирусот што предизвикува втор бран на инфекцијата, изјави денеска јужноафриканскиот министер за здравство, Звели Мхизе, и тоа само неколку дена откако Велика Британија соопшти дека пронашла нов подвид на Ковид-19. „Го свикавме овој состанок за да објавиме дека нашите генетичари идентификуваа нова варијанта на вирусот САРС-КОВ-2, што во моментов ја нарекуваме варијанта 501.V2, напиша на Твитер министерот за здравство. Британските медиуми пренесуваат дека, според него, собрани се доволно докази што силно сугерираат дека овој вид го предизвикува вториот бран од пандемијата во неговата земја. Во Јужна Африка досега се пријавени над 900.000 инфекции со Ковид-19 и 24.000 смртни случаи. Во последните неколку дена во земјата има по околу 10.000 нови инфекции дневно, во споредба со околу 1.200 на почетокот на ноември. Светската здравствена организација (СЗО) денеска соопшти дека е во постојан контакт со јужноафриканските експерти кои ја идентификуваа оваа нова варијанта на коронавирусот. СЗО додава дека досега нема индиции дека имало промена во однесувањето на новиот вид на вирусот. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-juzna-afrika-otkriena-nova-verzija-na-koronavirusot-shto-go-pochnala-vtoriot-bran/feed/ 0
Шведска го очекува врвот на вториот бран во средината на декември https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shvedska-go-ochekuva-vrvot-na-vtoriot-bran-vo-sredinata-na-dekemvri/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shvedska-go-ochekuva-vrvot-na-vtoriot-bran-vo-sredinata-na-dekemvri/#respond Thu, 26 Nov 2020 18:25:11 +0000 https://kurir.mk/?p=434970

Вториот бран на Ковид-19 што ја погоди Шведска може да го достигне врвот во средината на декември, соопштија денеска здравствените власти, истакнувајќи дека развојот на настаните ќе зависи од тоа колку јавноста ќе ги следи советите за социјална дистанца. Како што пренесуваат шведските медиуми, новите инфекции достигнаа рекордно ниво во последниве недели по затишјето во текот на летото, повторно фокусирајќи ја „полесната“ стратегија на државата за борба против пандемијата. Досега, во Шведска починале 6.622 лица, што е значително повеќе по глава на жител од соседните Норвешка, Данска и Финска, кои се определија за построги мерки во текот на пролетта, но бројките во Шведска се пониски од оние во поголемите европски земји. Построгите ограничувања кои се на сила од средината на октомври, сепак, можеби помогнаа да се забави ширењето на болеста, а Агенцијата за јавно здравје соопшти дека заразата може да го достигне врвот во следните недели. Владата и даде задача на Агенцијата да моделира како ќе се развива пандемијата за да им помогне на властите и здравствени служби во планирањето. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shvedska-go-ochekuva-vrvot-na-vtoriot-bran-vo-sredinata-na-dekemvri/feed/ 0
Белгиските лекари сметаат дека вториот бран е полош од првиот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/belgiskite-lekari-smetaat-deka-vtoriot-bran-e-polosh-od-prviot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/belgiskite-lekari-smetaat-deka-vtoriot-bran-e-polosh-od-prviot/#respond Mon, 19 Oct 2020 12:29:56 +0000 https://kurir.mk/?p=418106

Шефот на единицата за интензивна нега во една најголемите болници во Белгија предупреди дека состојбата во болниците е повеќе од загрижувачка и повика да се почитуваат мерките, јави дописничката на МИА од Брисел. Во интервју за јавниот сервис, РТБФ, докторот Филип Девос, шеф на интензивна нега во болницата во градот Лиеж, кој е моментално најтешко погоден, изјави дека бројката на хоспитализирани овие денови ја надмина мартовската и изрази надеж дека ќе пристигне помош од другите градови. -Нема да можеме да ја обезбедиме вообичаената нега на едноставен начин, ќе биде многу комплицирано да се фокусираме на било што освен Ковид, изјави докторот. Девос вели дека од март предупредува дека вториот бран може да биде полош од првиот. -Со епидемиите најчесто вториот бран е полош од првиот поради тоа што се појавува замор и политичка непослушност од населението кон мерките, рече лекарот во интервју. Од денеска болницата очекува да нема доволно места веќе со оглед на експоненцијалниот раст на случаите на новозаразени, кој е зголемен седумкратно во последните три седмици. Тој ги повика граѓаните да ја носат својата заштитна маска и да покажат солидарност со здравствените работници преку почитување на мерките. Белгиската влада минатата недела донесе одлука да ги затвори сите ресторани и кафулиња, да воведе полициски час од полноќ до пет наутро, и побара задолжително да се работи од дома ако е возможно.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/belgiskite-lekari-smetaat-deka-vtoriot-bran-e-polosh-od-prviot/feed/ 0
Бабиш: Поголема ЕУ соработка во борбата против вториот бран на Ковид-19 https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/babish-pogolema-eu-sorabotka-vo-borbata-protiv-vtoriot-bran-na-kovid-19/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/babish-pogolema-eu-sorabotka-vo-borbata-protiv-vtoriot-bran-na-kovid-19/#respond Thu, 15 Oct 2020 14:41:13 +0000 https://kurir.mk/?p=416860

Чешкиот премиер Андреј Бабиш побара поголема координација внатре во ЕУ околу прашањето за борбата против Ковид-19. – Коронавирусот се враќа и ќе има проблеми, изјави Бабиш. Заминувајќи на самитот на ЕУ 27 во Брисел, чешкиот премиер ја нагласи потребата за подобра европска соработка и помош кога станува збор за медицинска опрема и персонал, болнички капацитети и вакцини. Тој потенцира дека Република Чешка во првиот бран на коронавирусот била многу успешна, но сега е „меѓу најлошите“ во Европа. Чешка во однос на бројот на население моментно е меѓу најголемите светски жаришта на Ковид-19 со над 400 новозаразени на 100.000 жители.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/babish-pogolema-eu-sorabotka-vo-borbata-protiv-vtoriot-bran-na-kovid-19/feed/ 0
ЕУ во обид да го координира ограничувањето на слободата на движење во пресрет на вториот бран https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-vo-obid-da-go-koordinira-ogranichuvanjeto-na-slobodata-na-dvizenje-vo-presret-na-vtoriot-bran/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-vo-obid-da-go-koordinira-ogranichuvanjeto-na-slobodata-na-dvizenje-vo-presret-na-vtoriot-bran/#respond Tue, 13 Oct 2020 11:07:08 +0000 https://kurir.mk/?p=415683

Земјите членки на ЕУ претпладнево ја усвоија препораката на Европската комисија за координирање на рестрикциите врз слободното движење, но овие препораки не се обврзувачки, јави дописничката на МИА од Брисел. Поради вториот бран на Ковид-19 што се заканува да ги затвори повторно границите во Европската унија, земјите членки денеска се договорија за заеднички критериуми за ограничување на слободата на движење. Станува збор за заедничка картографија со која се идентификуваат ризичните зони во ЕУ и се темели на податоците на Европскиот центар за спречување на инфекции. Секоја недела, земјите членки на ЕУ треба да го информираат Центарот за бројот на новозаразени од Ковид-19 во последните 14 дена, бројот на тестови и бројот на позитивни случаи (стапка на позитивност). Врз основа на овие информации Центарот ќе објавува мапа на регионите на ЕУ во четири бои: зелена за најнизок ризик, портокалова за среден, црвена за висок ризик и сива за недоволни податоци или стапка на тестирање под 300. Регионите во зелено не треба да ја ограничуваат слободата на движење, додека портокаловите и црвените зони може да воведат рестрикции на пропорционален начин, препорачува Европската Комисија. Таа додава дека не смее да се забранува влез во земја членка на ЕУ, но може да се воведат мерки како карантин и/или задолжително тестирање. Препораката усвоена денеска исто така посочува дека земјите членки треба да информираат за секаква промена во епидемиолошката состојба и рестриктивните мерки во рок од 48 часа. Останува дека оваа препорака не е обврзувачка за земјите членки на ЕУ и дека не може да се исклучи повторување на ситуацијата од првиот бран кога некои земји целосно ги затворија своите граници за други државјани на ЕУ. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-vo-obid-da-go-koordinira-ogranichuvanjeto-na-slobodata-na-dvizenje-vo-presret-na-vtoriot-bran/feed/ 0
Вториот бран на коронавирус во Холандија многу загрижува, ќе бидат потребни нови мерки https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vtoriot-bran-na-koronavirus-vo-holandija-mnogu-zagrizuva-kje-bidat-potrebni-novi-merki/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vtoriot-bran-na-koronavirus-vo-holandija-mnogu-zagrizuva-kje-bidat-potrebni-novi-merki/#respond Fri, 25 Sep 2020 15:52:56 +0000 https://kurir.mk/?p=408550

Вториот бран на коронавирус во Холандија многу загрижува и ќе треба да се воведат нови ограничувачки мерки, изјави денеска холандскиот премиер Марк Руте. Тој ја даде изјавата откако беше регистриран уште еден рекорден број на нови инфекции во Холандија во претходните 24 часа – 2.777 случаи на заразени со новиот коронавирус. – Бројките изгледаат навистина ужасно…Накратко, ситуацијата е многу загрижувачка и ќе не принуди да воведеме дополнителни мерки, изјави Руте на прес-конференција. Објавување на мерките се очекува идната недела. (MИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vtoriot-bran-na-koronavirus-vo-holandija-mnogu-zagrizuva-kje-bidat-potrebni-novi-merki/feed/ 0
Доаѓа вториот бран на епидемијата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/doagja-vtoriot-bran-na-epidemijata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/doagja-vtoriot-bran-na-epidemijata/#respond Sat, 19 Sep 2020 16:21:26 +0000 https://kurir.mk/?p=405628

Британскиот премиер Борис Џонсон изјави денес дека втор бран на епидемијата на коронавирус пристигнува во Велика Британија. Во говорот што го одржа во центарот за производство на вакцини што во моментов се гради во близина на Оксфорд, Џонсон рече дека втор бран на епидемијата е забележан во Франција, Шпанија и низ цела Европа и дека се плаши дека е апсолутно неизбежно тоа да се случи и во Велика Британија. Официјалните податоци објавени вчера покажуваат дека во периодот помеѓу 4 и 10 септември, во Велика Британија во просек имало 6.000 нови случаи на зараза на ден, што е скоро двојно повеќе од претходната недела, пишува АП. Во Англија, наскоро ќе бидат воведени дополнителни ограничувања на собири и други активности во неколку региони во земјата. Се погласни се шпекулациите дека Велика Британија би можела да воведе мерки карантин во следните неколку недели, делумно поради недоволниот број на тестови. Во Велика Британија досега од ковид-19 се инфицирани 385.936 лица, а 41.732 пациенти починале како последица на ковид-19.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/doagja-vtoriot-bran-na-epidemijata/feed/ 0
Еве кое население е посебно погодено во вториот корона- бран https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eve-koe-naselenie-e-posebno-pogodeno-vo-vtoriot-korona-bran/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eve-koe-naselenie-e-posebno-pogodeno-vo-vtoriot-korona-bran/#respond Fri, 11 Sep 2020 14:47:09 +0000 https://kurir.mk/?p=402140

Израел оваа недела воведе нови ограничувања во делови од земјата за да се спротивстави на повторната појавува на коронавирус, а арапско-израелската заедница е особено погодена во вториот бран, јавува Франс24. Кога вирусот се појави во март, само пет проценти од регистрираните случаи беа меѓу арапските Израелци, потомци на Палестинците кои останаа по создавањето на Израел во 1948 година. Арапските Израелци претставуваат околу 20 проценти од израелското население, но според владините податоци, во оваа заедница се 30 проценти од новозаразените во земјата. – Не сакам да ве исплашам, но десетици арапски граѓани ќе умрат во следните недели ако не ја контролираме епидемијата, рече Рони Гамзу, кој ја предводи израелската битка против Ковид-19. Секојдневно по околу 750 нови случаи се појавуваат меѓу арапско-израелското население. Во меѓувреме, Владата најави дека ќе го прошири карантинот на цела земја, откако Министертсвото за здравство денеска информира за нови 4038 заразени со коронавирус. Тоа е најголем број на нови случаи од избувнувањето на епидемијата и четврти дневен рекорд по ред во земјата со девет милиони жители. Владината група за борба против коронавирусот вчера одлучи да воведе трофазен долгорочен план кој вклучува национален карантин, се вели во заедничката изјава на кабинетот на премиерот и Министерството за здравство. Во првата фаза, луѓето нема да можат да се оддалечат од домови над 500 метри, а училиштата, градинките, продавниците и рестораните ќе бидат затворени. Според извештаите на медиумите, мерките ќе бидат воведени пред еврејскиот новогодишен празник Рош Хашана (Рош Ашана), кој почнува следниот петок и ќе трае две недели. Во втората фаза, движењата меѓу градовите и масовните собири ќе бидат ограничени, а училиштата, рестораните и продавниците ќе останат затворени. Учениците од петто одделение па натаму ќе посетуваат часови преку Интернет, а на граѓаните ќе им се советува да работат од дома. Враќањето во сегашната состојба на мерките за ублажување ќе се разгледа ако бројките повторно почнат да паѓаат, пренесуваат медиумите. (MИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eve-koe-naselenie-e-posebno-pogodeno-vo-vtoriot-korona-bran/feed/ 0
ЕК: Втор бран на епидемијата е неизбежен https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ek-vtor-bran-na-epidemijata-e-neizbezen/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ek-vtor-bran-na-epidemijata-e-neizbezen/#respond Wed, 15 Jul 2020 14:26:13 +0000 https://kurir.mk/?p=376402

Втор бран на епидемијата на Ковид-19 е неизбежен, изјави денеска еврокомесарката за здравство Стела Киријакидис и додаде дека е важно на следниот карантин да му се пристапи попаметно. ЕК претстави краткорочни мерки за зајакнување на подготвеноста на европските здравствени системи за нов бран на коронавирусот. Според препораките на Европската комисија, националните мерки против епидемии мора да бидат прилагодени на карактеристиките на населението, вклучително и културолошките, со цел јавноста да има доверба. Ова не е најсветлиот момент за ЕУ изјави потпретседателот на Европската Комисија Маргаритис Схинас во врска со неисполнувањето на претходните препораки на Комисијата. Според ЕК, неопходна е постојана будност и подготвеност за брзо дејствување од нејзина страна и од страна на земјите од ЕУ за да може да се контролира ширењето на болеста и да се избегнат новите целосни ограничувања на слободата на движење. Секоја година, сезонскиот грип врши притисок врз европските здравствени системи, затоа ги повикуваме земјите на ЕУ да размислат за преземање на активности за да го спречат тоа, на пример со зголемување на пристап до вакцини, со порано започнување со кампањи за вакцинација и со проширување на обемот на овие кампањи, со јавна набавка за на лекови, соопшти ЕК. Наскоро се очекуваат насоки за сето ова од Европскиот центар за превенција и контрола на болести. Киријакидис рече дека ЕК сè уште преговара со производителот на лекот ремдесивир, што го забрзува закрепнувањето на пациентите со коронавирус. Според неа, лекот е доставен во ЕУ, а новите количини, за кои сега се преговара, ќе бидат распределени меѓу европските земји по потреба. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ek-vtor-bran-na-epidemijata-e-neizbezen/feed/ 0