втор ден – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 07 Jan 2023 19:15:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png втор ден – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ОВА НИКАКО НЕ ГО ПРАВЕТЕ НА ВТОР ДЕН БОЖИЌ – верниците утре треба да се помолат на оваа икона, целата година ќе ви биде благословена! https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ova-nikako-ne-go-pravete-na-vtor-den-bozikj-vernicite-utre-treba-da-se-pomolat-na-ovaa-ikona-celata-godina-kje-vi-bide-blagoslovena/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ova-nikako-ne-go-pravete-na-vtor-den-bozikj-vernicite-utre-treba-da-se-pomolat-na-ovaa-ikona-celata-godina-kje-vi-bide-blagoslovena/#respond Sat, 07 Jan 2023 19:15:18 +0000 https://kurir.mk/?p=784477

Денот по празнувањето на најрадосниот христијански празник, односно вториот ден од Божиќ, се нарекува и Собор на Пресвета Богородица. Верниците и оддаваат почит и благодарност за раѓањето на спасителот на човечкиот род. Вториот ден од Божиќ е посветен на Богородица, а третиот ден од најрадосниот христијански празник е Свети Стефан. На вториот ден од Божиќ одите кај пријателите, кумовите, гостите се пречекани. Православните верници го слават Божиќ полни три дена, од кои секој има свое име. Според вообичаениот календар, тие три дена не се чисти куќата, особено не со метла. Вториот ден од Божиќ во СПЦ е посветен на Соборот на Пресвета Богородица, а според народните верувања на собирање добри дела и помирување. Се нарекува и Божји или Пладен, а се слави свечено, во знак на солидарност, милосрдие и пријателство. На вториот ден од Божиќ треба да се посетат пријатели, роднини или кумови, а се верува дека ниту еден гостин не смее да се оттргне од прагот бидејќи на овој ден се помируваат и оние кои се скарале. На некои места, обичајот на коледарење сè уште е зачуван. Група маскирани млади момчиња ги посетуваат куќите, пеат коледарски песни, посакувајќи на домаќинството здравје и просперитет. На некои места младите во соседството, на пристаништето или на раскрсниците играат во рингишпил, а други на трките, на украсени коњи, го „радуваат“ Божиќ. Невестите одат во својето семејство каде што остануваат неколку дена. На третиот ден од Божиќ се празнува Светиот архиѓакон и првомаченик Стефан, кој многу семејства го слават како слава. Прославата трае до Малиот Божиќ, односно до 14 јануари. Не постете до Божиќ. Кога луѓето се среќаваат, тие се поздравуваат со традиционална Божиќна честитка, се ракуваат и се бакнуваат.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ova-nikako-ne-go-pravete-na-vtor-den-bozikj-vernicite-utre-treba-da-se-pomolat-na-ovaa-ikona-celata-godina-kje-vi-bide-blagoslovena/feed/ 0
Втор ден од Мундијалот: Дерби меѓу Холандија и Сенегал, Англија против Иран, САД играат со Велс https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/vtor-den-od-mundijalot-derbi-megju-holandija-i-senegal-anglija-protiv-iran-sad-igraat-so-vels/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/vtor-den-od-mundijalot-derbi-megju-holandija-i-senegal-anglija-protiv-iran-sad-igraat-so-vels/#respond Mon, 21 Nov 2022 08:00:36 +0000 https://kurir.mk/?p=763998

На вториот ден од Мундијалот во Катар закажани се три натпревари - во групата А се среќаваат Холандија и актуелниот африкански шампион Сенегал, додека во групата Б Англија игра против Иран, а противникот на Соединетите Американски Држави ќе биде Велс. Во 14 часот почнува првиот натпревар на вториот ден од Светското првенство во Катар - во групата Б на меѓународниот стадион „Калифа“ се среќаваат Англија и Иран. Дербито на денот ќе биде дуелот помеѓу Холандија и актуелниот африкански шампион Сенегал. Натпреварот започнува во 17 часот, а ќе се игра на стадионот „Ал Тумама“. Последниот натпревар денеска е меѓу репрезентациите на САД и Велс кои по 64 години ќе одиграат натпревар на Светското првенство. Натпреварот во групата Б е закажан на стадионот „Ахмад бин Али“ од 20 часот. Светското првенство во Катар започна вчера со мечот меѓу Катар и Еквадор, по што репрезентацијата на Катар испиша историја како прв домаќин на Мундијалот кој го загубил првиот меч. Група A: Катар - Еквадор 0:2 (0:2) 17.00 Сенегал - Холандија Табела: Еквадор 3 Холандија 0 Сенегал 0 Катар 0 Група Б: 14.00 Англија - Иран 20.00 САД - Велс Табела: Англија 0 Велс 0 Иран 0 САД 0]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/vtor-den-od-mundijalot-derbi-megju-holandija-i-senegal-anglija-protiv-iran-sad-igraat-so-vels/feed/ 0
ВТОР ДЕН ВЕЛИГДЕН: Денеска е светол понеделник – ден по воскресението Христово https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vtor-den-veligden-deneska-e-svetol-ponedelnik-den-po-voskresenieto-hristovo-2/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vtor-den-veligden-deneska-e-svetol-ponedelnik-den-po-voskresenieto-hristovo-2/#respond Mon, 25 Apr 2022 07:09:09 +0000 https://kurir.mk/?p=667505

Денеска е Светол понеделник, втор ден Велигден, ден кога се расчу веста за воскреснувањето на Исус Христос. Со овој ден, започнува Светлата недела, односно неделата по Велигден, во која сите христијани го слават воскреснувањето. И во овој ден продолжува славењето на Неговиот живот, со гозби и дружење. Доколку овој ден го поминете во веселба, радости и добро расположение, таква ќе ви биде и следната година, до наредните велигденски празници. Откако слугите на првосвештениците израилски го фатија Исус и Го предадоа на Пилат со барање да биде распнат, а Пилат за да им угоди конечно така и пресуди иако не Му најде вина, Господ пострада со смрт на Крст. Висеше меѓу двајца разбојници, од кои едниот Го похули а другиот Го прослави, спасувајќи се со ова себеси за живот вечен. Во оној страшен миг неговите ученици се разбегаа како што Самиот им предрече; освен апостолот Јован Заведеев и мајка Му под Крстот, малку подалеку стоеја и неколку жени коишто последните години Му служеа со своите имоти. Покрај Него тогаш немаше други, освен непријателите и минувачите во неверие. Евангелието подробно пишува за смртта. Потоа Јосиф од Ариматеја, кој Му беше ученик, се осмели и го побара од Пилат телото за да го погребе. Го положија во еден нов гроб којшто Јосиф го имаше скроено во карпа. Го затворија влезот со камен и заминаа. За воскресението дознаа во мугрите во неделата, кога оние верни жени појдоа со миризливи масла на гробот за да Го помазаат телото, кое не Го најдоа. Веста ја прими прва Марија Магдалина и побрза да им јави на апостолите и тие не и поверуваа. Петар и Јован самите се стрчнаа до гробот и го најдоа каменот одвален, а од телото лежеа оставени само повоите. По ова, кога се собраа заедно во куќата, Исус им се јави и разбраа дека воскреснал. Но им го отвори умот и за да ги разбираат Писмата. Им се јави и на Лука и Клеопа додека одеа во Емаус, но не Го препознаа веднаш. Срцата им гореа на сите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vtor-den-veligden-deneska-e-svetol-ponedelnik-den-po-voskresenieto-hristovo-2/feed/ 0
Денеска е втор ден Божиќ – Собор на Пресвета Богородица https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/deneska-e-vtor-den-bozikj-sobor-na-presveta-bogorodica/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/deneska-e-vtor-den-bozikj-sobor-na-presveta-bogorodica/#respond Fri, 08 Jan 2021 07:39:05 +0000 https://kurir.mk/?p=452767

На втор ден Божик, според Јулијанскиот календар, се одбележува уште еден голем празник – Собор на Пресвета Богородица. На вториот ден од Божик христијанската Црква ѝ оддава слава на Пресветата Божја Мајка, која што го роди Господ и Спасителот наш Исус Христос. Во Охрид од древноста беше устроено спроти вториот ден на Божик вечерната да се служи само во црквата на Пресвета Богородица, наречена Челница. Целото свештенство со народот овде соборно ја прославуваше Пречистата Божја Мајка. Кога стана успението на пресвета Богородица ангелите и апостолите на облаците се собираа и, Тома наречен бизнак. Сета Индија ја уверија во тој час, три илјади луѓе, и не сакаше да дојде дури не го увери сиот народ. Зеде облак светол и тој го донесе, и ја сретна света Богородица што се носеше на облаците и во рајот влегуваше. Црквата утврдила веднаш после големите празници да се слават и учесниците во настанот што се празнува. Затоа денес се слави Пресвета­та Богородица. Зашто најчистата утроба на Марија беше единствена способна да го прими оној кој го надвишува се она што е создадено. Во таа смисла Црквата ја нарекува Девица Марија врата на спасението. По повод празникот Собор на Пресвета Богородица-втор ден Божиќ, утрински богослужби ќе има во сите парохиски цркви во Охрид.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/deneska-e-vtor-den-bozikj-sobor-na-presveta-bogorodica/feed/ 0
Грција втор ден без вести и информативни емисии поради штрајкот на вработените во грчките телевизии https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grcija-vtor-den-bez-vesti-i-informativni-emisii-poradi-shtrajkot-na-vrabotenite-vo-grchkite-televizii/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grcija-vtor-den-bez-vesti-i-informativni-emisii-poradi-shtrajkot-na-vrabotenite-vo-grchkite-televizii/#respond Thu, 10 Dec 2020 10:35:02 +0000 https://kurir.mk/?p=441384

Веќе втор ден во Грција не се емитуваат вести и информативни емисии, а државната агенција не објавува и не дистрибуира вести, поради штрајкот на новинарите во грчките национални и локални телевизии, во државната телевизија, радиото и интернет страницата на ЕРТ, во државната новинска агенција АНА-МПА, како и во Генералниот секретаријат за медиуми, што започна во вторникот попладне, а вчера беше продолжен за уште 24 часа, јави дописничката на МИА од Атина. Причината за штрајкот е новиот предлог закон на Владата за кој од здруженијата на новинари и вработени во медиумите велат дека вклучува одредби кои се „закана за работните односи и права и носи намалување на работните места и масовни отпуштања“, бараат веднаш да се повлечат конкретните одредби од законот и Владата да започне дијалог со инволвираните страни. Координативната комисија на вработените во медиумите, вчера имаше одвоени средби со лидерите на опозициските партии, кои изразија поддршка за новинарите. Лидерот на СИРИЗА Алексис Ципрас, рекол дека предлог законот е неприфатлив бидејќи „се однесува на потребите на некои бизнис интереси и е во согласност со идеологијата на Владата“, но и дека создава три вида вработени: „вработени со полно работно време, вработени на договор за дело и вработени во придружни фирми, односно вработени кои може да се префрлаат“ и на овој начин „удира врз можноста за потпишување на колективен договор“. Поддршка изразиле и лидерите на Движење на промена, на Комунистичката партија, на МЕРА25 и на Грчко решение. Паралелно, поддршка и солидарност за грчките новинари стигнала и од Меѓународната федерација на новинари. Освен тоа што не се емитуваат вести и информативни емисии на телевизиите, а новинската агенција АНА-МПА не објавува и не дистрибуира вести, поради штрајкот, беа одложени и брифинзите на портпаролите на Владата и грчкото МНР што требаше да се одржат денеска. Единствен исклучок од штрајкот е информирањето за ситуацијата со Ковид-19 во земјата. Штрајкот доколку не биде продолжен за уште 24 часа, планирано е да заврши денеска во 18 часот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grcija-vtor-den-bez-vesti-i-informativni-emisii-poradi-shtrajkot-na-vrabotenite-vo-grchkite-televizii/feed/ 0
Втор ден од самитот на ЕУ за буџетот и фондот за опоравување https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vtor-den-od-samitot-na-eu-za-budzetot-i-fondot-za-oporavuvanje/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vtor-den-od-samitot-na-eu-za-budzetot-i-fondot-za-oporavuvanje/#respond Sat, 18 Jul 2020 10:17:46 +0000 https://kurir.mk/?p=378056

Лидерите на ЕУ денеска повторно се на состанок во Брисел, во обид да постигнат договор за пакетот за опоравување на ЕУ, што вклучува седумгодишен заеднички буџет и фонд за обнова од последиците од кризата со Ковид-19. Пленарната средба почна во 11 часот, а и претходеше работен појадок организиран од претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, за лидерите на Германија, Франција, Италија, Шпанија и Холандија. Првиот ден на самитот заврши без консензус по 13 часа разговори. На маса е „пакет“ вреден 1.824 милијарди евра, што вклучува 1.074 милијарди евра за буџетот на ЕУ за периодот од 2021 до 2027 година и Инструментот за обновува од 750 милијарди евра. Предлогот на Европската комисија е ЕУ да се задолжи во наредниот период на светските пазари на пари до износ од не повеќе од 750 милијарди евра, од кои земјите и регионите на ЕУ ќе имаат заеми од 250 милијарди евра и грантови до 500 милијарди евра. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vtor-den-od-samitot-na-eu-za-budzetot-i-fondot-za-oporavuvanje/feed/ 0
Во Куманово втор ден целосен карантин- улиците празни, граѓаните се храбрат на социјалните мрежи https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vo-kumanovo-vtor-den-celosen-karantin-ulicite-prazni-gragjanite-se-hrabrat-na-socijalnite-mrezi/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vo-kumanovo-vtor-den-celosen-karantin-ulicite-prazni-gragjanite-se-hrabrat-na-socijalnite-mrezi/#respond Sun, 05 Apr 2020 07:40:45 +0000 https://kurir.mk/?p=327472

Куманово втор ден од викенд карантинот. Тивко е, улиците се празни. Граѓаните се повлекоа во домовите од петокот кога Владата донесе одлука да се воведе забрана за движење во градот.Забраната се однесува за периодот од петок од 21:00 часот се до понеделник до пет часот. На улиците кружат само автомобили на полицијата и на здравствениот дом, а на плоштадот има само новинарски екипи кои известуваат за ситуацијата. Исклучоците од забраната за движење важат за полицијата, армијата, здравствените работници. Општинскиот кризен штаб, вчера информираше дека согласно препораките на Владата и информацијата од МВР сите граѓани кои имаат потреба за итни излегувања од дома за време на полициски час (потреба од медицинска услуга, работно ангажирање и друго) треба да го најават своето излегување на телефонскиот број 192. Општината, вчера објави и листа на дежурни аптеки и на неколку маркети со телефонски броеви. Според објавата дежурни аптеки во градот со работно време од 08:00 до 15:00 часот, се: ПЗУ Аптека Еурофарм број.1, Плоштад Нова Југославија бр.2 (стара градска аптека) , 071/291-851, ПЗУ Аптека Про Виталис, улица. „11 Октомври“ број.45, 072/227-077 и 031/415-303, ПЗУ Аптека Куманово 2, улица „Христијан Тодоровски Карпош“ 35 (аптека Зегин кај пазарот зад Лукоил), 075/918-659 Владата го задолжи Општинскиот кризен штаб на Куманово да определи економски оператор/и – маркет/и од каде ќе се обезбедуваат само најнеопходните намирници, согласно приоритетните барања на граѓаните за време на забраната за движење на подрачјето на Куманово во деновите сабота и недела. Претходно и општинскиот кризен штаб побара да се овозможи дистрибуција на храна до купувачите на домашните адреси. Во текот на вчерашниот ден неколку маркети се пријавиле за оваа услуга, а Општината и ги повика останатите да ја контактираат за да се координираат за оваа акција. На листата што ја објави општина Куманово се маркетите, Ацидо Ком маркети 078311077 и 078352669, Ќошар ДООЕЛ Куманово 078258607 и 078258708, Елида 031419521, Јахи Маркет ДООЕЛ с.Черкези 070467311, ДТГМУ Тинекс-МТ ДООЕЛ Скопје 071340742, 071340963, 070358500, 072256100, 071285386, 070299507. Ниту за време на полицискиот час не се заборавени социјално ранливите категории граѓани. Со поддршка на бројни компании од Куманово и од Скопје, вчера тимовите на општинскиот кризен штаб и на општинската организација на Црвениот крст почнаа со дистрибуција на пакети со прехранбени производи и пијалоци, средства за лична заштита, хигиена и дезинфекција. Донациите од општествено-одговорните компании ги обезбеди локалниот социо-економски совет. Најзагрозени социјални случаи за асистенција при набавка на неопходни продукти, можат да се јавуваат на телефонските броеви : 075 207 126 и 077 71 94 94, повикаа вчера од општинскиот кризен штаб. Во Куманово, според последните податоци на Министерството за здравство (сабота) има осум новозаболени лица од коронавирус. Во петокот имаше регистрирано 85 лица од кои единаесет се здравствени работници. Владата на седница заклучи сите вработени во здравствениот систем кои се од Куманово, а работат во други градови во државата, да се стават на располагање на болницата во Куманово. Ќе се определат инфектолози од другите градови во регионот, Крива Паланка и Кратово, кои ќе бидат повлечени за да работат во Центарот за јавно здравје во Куманово. Здравствениот персонал што ќе биде ангажиран како дополнителен, ќе работи најмногу 14 дена, а потоа ќе биде заменет со нов тим според систем на ротација. Според одлуката на Владата од 34-тата седница во работните денови, од понеделник до петок, забраната важи секој ден во периодот од 16:00 до 05:00 часот. Владата, напиша вчера на социјалните мрежи, техничкиот премиер Оливер Спасовски ги задолжува сите органи на државната управа, јавните претпријатија основани од државата, акционерските друштва во државна сопственост, агенции, фондови, бироа, заводи, управи и сите останати државни институции, а се укажува на единиците на локалната самоуправа во Република Северна Македонија, јавните претпријатија и другите правни лица основани од единиците на локалната самоуправа, како и се препорачува на приватниот сектор, за вработените лица кои работат во овие институции и фирми, а кои живеат на подрачјето на општина Куманово, да завршат со своите работни задачи и активности и да бидат ослободени за враќање во своите домови во периодот од 14.30 часот до 15.00 часот, со цел пред почетокот на забраната за движење на подрачјето на општина Куманово, односно пред 16.00 часот да можат да бидат во своите домови. И додека трае вториот ден од карантинот жителите на најголемата општина во државата со над 100.000 жители на социјалните мрежи се храбат, Куманово е херојски град, сме поминале многу битки, ќе ја добиеме и оваа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vo-kumanovo-vtor-den-celosen-karantin-ulicite-prazni-gragjanite-se-hrabrat-na-socijalnite-mrezi/feed/ 0
ОД ВЕЧЕРВА СЛЕДУВА КАЗНАТА ЗАТВОР: Втора ноќ полициски час со изменето времетраење, од утре нови мерки за младите и старите лица! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-vecherva-sleduva-kaznata-zatvor-vtora-nokj-policiski-chas-so-izmeneto-vremetraenje-od-utre-novi-merki-za-mladite-i-starite-lica/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-vecherva-sleduva-kaznata-zatvor-vtora-nokj-policiski-chas-so-izmeneto-vremetraenje-od-utre-novi-merki-za-mladite-i-starite-lica/#respond Mon, 23 Mar 2020 20:17:22 +0000 https://kurir.mk/?p=320994

Вечерва од 21 часот втора ноќ по ред почна полицискиот час односно забраната за движење на граѓаните во ноќните часови како мерка за заштита на населението и справување со коронавирусот. Владата, како што информира вечерва премиерот Оливер Спасовски, одлучи полицискиот час да се помести од 21 до 05 наместо до 06 часот. Дополнителни мерки се воведени за младите до 18 години и постарите од 67 години. Се забранува движењето на младите до 18 години од 21 до 12 часот, а на постарите од 67 години од 11 до 05 часот следниот ден. Тоа значи дека младите до 18 години ќе можат да се движат од 12 напладне до 21 часот, а возрасните над 67 години од 05 до 11 часот претпладне. Тоа е направено за да не се поклопуваат овие две возрасни групи, младите како преносители на коронавирусот, а повозрасните како најризична категорија граѓани. Со полицискиот час не се опфатени припадниците на МВР, АРМ, противпожарните екипи и лицата од комунална хигиена кои моментно работат во смени, а за медицинските лица ќе бидат обезбедени специјални легитимации. Полицискиот час нема да се однесува и на лицата кои имаат потреба од итна медицинска помош, лицата кои се во животно-загрозувачка состојба и лицата кои одат на дијализа. Тие ќе може да бидат придружувани исклучиво од најмногу две лица. Ако поради итноста на здравствената состојба возилото биде запрено од полициска придружба, дополнително ќе се евидентира и провери оправданоста на излегувањето и превозот до здравстевната инстуиција преку приложување на медицинската документација по завршување на медицинскиот преглед. За време на полицискиот час се ограничи и бројот на дежурни аптеки во градовите. Во аптека може да одат само лица кои имаат потврда дека претходно биле на лекарски преглед. Се ограничи и бројот на такси возила. Тие ќе може да превезуваат патници само кон болнички установи или аптеки. Таксистите притоа, ќе мора да имаат заштитна опрема – маска и ракавици. За време на полицискиот час е забрането движење и на возила од јавен превоз. Дежурни екипи на ЕВН, Водовод и канализација, Телекомуникации служби и Топлификација, пак, смеат да се движат само по претходна најава на 192 (МВР).]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-vecherva-sleduva-kaznata-zatvor-vtora-nokj-policiski-chas-so-izmeneto-vremetraenje-od-utre-novi-merki-za-mladite-i-starite-lica/feed/ 0
Втор ден протести во Скопје против договорот со Грција https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vtor-den-protesti-vo-skopje-protiv-dogovorot-so-grcija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vtor-den-protesti-vo-skopje-protiv-dogovorot-so-grcija/#respond Thu, 14 Jun 2018 19:32:06 +0000 https://kurir.mk/?p=65967

Пред Собранието на Република Македонија и вечерва се одржува протест на здруженија на граѓани поради договорот меѓу Македонија и Грција за решавање на спорот за името. Насобраните граѓани го блокираа булеварот „11 Октомври“ пред собраниската зграда, пред која е поставен полициски кордон. Побараа да запрат активностите за промена на името и оценија дека договорот е штетен за државата. Како што изјавија дел од учесниците на протестот, граѓаните треба да покажат дека тие одлучуваат за својата и иднинатата на државата. - Секој граѓанин без оглед на националноста и политичката определба треба да учествува на протестите и да се спротивстави на договорот, ова се критични времиња за државата, да им се спротивставиме на неодговорните политичари, беа дел од пораките на протестот. Дел од присутните пееја патриотски песни и го извикуваа името на претседателот на државата Ѓорге Иванов. За време на синоќешниот протест беа приведеи 10  лица поради нарушување на јавниот ред и мир.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vtor-den-protesti-vo-skopje-protiv-dogovorot-so-grcija/feed/ 0
Правослацвните верници го слават втор ден Велигден https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pravoslacvnite-vernici-go-slavat-vtor-den-veligden/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pravoslacvnite-vernici-go-slavat-vtor-den-veligden/#respond Mon, 09 Apr 2018 06:52:25 +0000 https://kurir.mk/?p=37978

Православните верници денеска го слават вториот ден од Христовото Воскресение. По овој повод архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан ќе богослужи во храмот „Рождество на Пресвета Богородица“ - Центар. Воскресението Христово беше објавено завчера на полноќ во сите храмови на Македонската православна црква, а празнувањето продолжува со воскресенски литургии. Христовото Воскресение Велигден се смета за најголем христијански празник, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Овој празник е спој на верата и традицијата, негувана од памтивек, а почнува на Велики четврток кога, пред изгрејсонце, домаќинките ги бојадисуваат првите црвени велигденски јајца. Вториот ден Велигден, е државен празник и неработен ден за сите граѓани во Република Македонија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pravoslacvnite-vernici-go-slavat-vtor-den-veligden/feed/ 0