втор квартал – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 30 Jul 2020 10:13:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png втор квартал – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 БДП на Германија со пад за 10,1 проценти во вториот квартал https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bdp-na-germanija-so-pad-za-10-1-procenti-vo-vtoriot-kvartal/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bdp-na-germanija-so-pad-za-10-1-procenti-vo-vtoriot-kvartal/#respond Thu, 30 Jul 2020 10:13:13 +0000 https://kurir.mk/?p=383649

Германската економија во вториот квартал од оваа година падна за 10,1 процент на квартално ниво, покажуваат денешните прелиминарни податоци од Бирото за статистика, Дестатис. Тоа е последица на остриот пад на потрошувачката на домаќинствата, падот на деловните инвестиции и извозот поради вонредните мерки за затворање, воведени за да се спречи ширењето на пандемијата на Ковид-19. – Ова е најостар пад откако почнаа кварталните пресметки на БДП во Германија во 1970 година, соопшти Дестатис. Во кварталот април-јуни, БДП на најголемата економија во Европа на годишно ниво падна за 11,7 проценти, покажуваат сезонски адаптираните податоци од Федералното биро за статистика. Аналитичарите предвидуваат дека германската економија во второто тромесечиe ќе потоне за 9,0 проценти на квартална основа и за 11,3 проценти во однос на истиот период минатата година, на сезонски прилагодена основа. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bdp-na-germanija-so-pad-za-10-1-procenti-vo-vtoriot-kvartal/feed/ 0
Сејко: Најсилен удар економијата ќе претрпи во вториот квартал од годинава, закрепнување во 2021 https://arhiva.kurir.mk/svet/region/sejko-najsilen-udar-ekonomijata-kje-pretrpi-vo-vtoriot-kvartal-od-godinava-zakrepnuvanje-vo-2021/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/sejko-najsilen-udar-ekonomijata-kje-pretrpi-vo-vtoriot-kvartal-od-godinava-zakrepnuvanje-vo-2021/#respond Tue, 12 May 2020 12:12:10 +0000 https://kurir.mk/?p=344975

Централната банка на Албанија предвидува дека во второто тримесечие од годинава ќе има силен удар врз економијата, поради пандемијата со Ковид-19 и масовната изолација, јави дописничката на МИА од Тирана. Гостувајќи во телевизиска емисија, гувернерот Гент Сејко додаде дека и во второто и третото тримесечие од годинава ќе има, но помал пад на економијата, а нејзино закрепнување се очекува во 2021 година. – Албанската економија, како и во целиот свет, беше погодена од Ковид-19. Не само што побарувачката, туку и производството е погодено. Предвидуваме најсилниот удар врз албанската економија да биде во вториот квартал. Тој удар во третиот и четвртиот квартал на 2020 година ќе имаме економски пад не толку силен како во вториот квартал, но закрепнувањето ќе дојде во 2021 година, секако во случај да немаме враќање на коронавирусот и повторување на мерките за изолација, рече Сејко. Тој очекува во летниот период да има, како што вели, релаксирано менаџирање и повторно отворање на економската активност. Туризмот, посочува, е еден од главните сегменти во Албанија и очекува од јуни да има постепено отворање. Пред корона кризата јавниот долг на земјата бил 65 отсто од бруто домашниот производ и гувернерот предвидува негово зголемување, бидејќи Владата е принудена да се задолжи. – Албанската Влада зема кредит од ММФ за да се справи со економската криза предизвикана од пандемијата. Ова автоматски доведе до зголемување на јавниот долг кој пред пандемијата изнесуваше 65 отсто од БДП. Нивото на долг дефинитивно ќе се зголеми, но важно е да го поминеме ова време на криза без банкрот и разбивање и да можеме да ја одржиме финансиската и монетарната стабилност на земјата, изјави Сејко. Според него, во оваа криза принудени се да преминат од фискална консолидација во еден вид фискално олеснување. Тој е оптимист дека нивото на долг повторно ќе се намали, доколку има добро фискално управување. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/sejko-najsilen-udar-ekonomijata-kje-pretrpi-vo-vtoriot-kvartal-od-godinava-zakrepnuvanje-vo-2021/feed/ 0