втор мандат – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 31 May 2022 05:08:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png втор мандат – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Вучиќ ќе положи заклетва за вториот претседателски мандат https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vuchikj-kje-polozi-zakletva-za-vtoriot-pretsedatelski-mandat/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vuchikj-kje-polozi-zakletva-za-vtoriot-pretsedatelski-mandat/#respond Tue, 31 May 2022 05:24:14 +0000 https://kurir.mk/?p=683928

Претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска ќе положи заклетва пред пратениците од старото свикување на Собранието на Србија за втор претседателски мандат, јави дописникот на МИА од Белград. Денеска ќе се одржи единаесеттата специјална седница на Народното собрание на Србија, на која претседателот на Србија, Александар Вучиќ ќе положи заклетва и ќе ја преземе функцијата во вториот мандат. По полагањето заклетва, претседателот ќе се обрати пред пратениците, а на седницата не е предвидена расправа. Мандатот на Вучиќ истекува на 31 мај, со оглед на тоа што тој ја презеде функцијата истиот ден во 2017 година. На претседателските избори на 3 април годинава, Вучиќ ја доби довербата на 58,59 отсто од гласачите, односно на 2.224.914 граѓани. На овие избори гласале 3.811.585 од 6.502.307 запишани гласачи во избирачкиот список, односно 58,62 отсто. Претседателските избори беа повторени на 16 април на 35 избирачки места.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vuchikj-kje-polozi-zakletva-za-vtoriot-pretsedatelski-mandat/feed/ 0
Де Соуса победи на претседателските избори во Португалија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/de-sousa-pobedi-na-pretsedatelskite-izbori-vo-portugalija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/de-sousa-pobedi-na-pretsedatelskite-izbori-vo-portugalija/#respond Mon, 25 Jan 2021 08:11:47 +0000 https://kurir.mk/?p=459350

Португалскиот претседател Марсело Робело де Соуса победи во првиот круг од претседателските избори, стекнувајќи ја довербата на гласачите за втор мандат, покажаа официјалните резултати. На вчерашните избори 72-годишниот претседател освои 61 процент од гласовите, девет проценти повеќе отколку при победата во 2016 година, пренесуваат британските медиуми. Меѓутоа, на овие избори излезноста беше само 40 отсто од гласачите, што е најниска во историјата на Португалија. Резултатите од противниците на Де Соуса беа очекувани – кандидатот на социјалистите Ана Гомес доби 13 проценти од гласовите, а лидерот на популистичката десничарска партија Чега (Доста!) Андре Вентура беше трет со 12 проценти од гласовите. Откако резултатот од изборите беше соопштен Де Соуса изјави дека најважното прашање што треба да се реши е борбата против коронавирусот. -Тоа е мојот приоритет, во целосна соработка со парламентот и владата, рече старо-новиот претседател.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/de-sousa-pobedi-na-pretsedatelskite-izbori-vo-portugalija/feed/ 0
Мадуро почнува втор мандат, опозицијата со став дека ќе биде прогласен меѓународно за диктатор https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/maduro-pochnuva-vtor-mandat-opozicijata-so-stav-deka-kje-bide-proglasen-megjunarodno-za-diktator/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/maduro-pochnuva-vtor-mandat-opozicijata-so-stav-deka-kje-bide-proglasen-megjunarodno-za-diktator/#respond Thu, 10 Jan 2019 09:34:19 +0000 https://kurir.mk/?p=150446

Претседателот на Венецуела Николас Мадуро почнува денеска втор мандат и покрај меѓународните критики дека неговиот повторен избор е незаконски. Со тоа дополнителчно се изолира таа јужноамериканска држава во која економската криза се претвора во хуманитарна катастрофа. Лидери на владејачката Социјалистичка партија отфрлаат критики кон Мадуро и неговиот избор што ќе трае до 2025 година, повикувајќи на собири за поддршка и преку социјални мрежи. Опозицијата смета дека инаугурацијата денеска е момент во кој Мадуро ќе биде обележан меѓународно како диктатор по бојкотираните избори во минатата година за кои меѓународната заедница ги нарече фарса. Но, непрекинатата поддршка од армијата, разбиената опозиција и немилосрдното уништување критики од опозицијата, значат дека Мадуро ќе се соочи со неколку сериозни предизвици во државата. Церемонијата на која ќе му биде доделен мандатот е закажана за 10 часот по локално време. Триумфот на Мадуро не е како ониј на неговиот претходник Хуго Чавес кој користеше приходи од нафта да ја преплави Венецуела со странски стоки додека истовремено субвенционираше храна и лекови. Инфлацијата денес е речиси два милиони отсто, месечната минимална плата е доволна само за едно пакување јајца. Од 2015 година околу три милиони жители на Венецуела емигрираа од државата за да се спасат од болести и глад, објавија ОН. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/maduro-pochnuva-vtor-mandat-opozicijata-so-stav-deka-kje-bide-proglasen-megjunarodno-za-diktator/feed/ 0