Втора фаза – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 05 Apr 2022 18:34:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Втора фаза – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Почна втората фаза од продажбата на мундијалските влезници https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/pochna-vtorata-faza-od-prodazbata-na-mundijalskite-vleznici/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/pochna-vtorata-faza-od-prodazbata-na-mundijalskite-vleznici/#respond Tue, 05 Apr 2022 15:19:28 +0000 https://kurir.mk/?p=658829

Втората фаза од продажбата на влезници за Светското фудбалско првенство во Катар почна денеска и ќе трае до 28 април во 11 часот по средноевропско време, соопштија организаторите. – Лицата чие барање за влезници ќе биде одобрено ќе бидат известени за исходот по пат на електронска пошта до 31 мај, објави Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА). За навивачите од странство цените на влезниците за групната фаза се движат меѓу 62 и 200 евра, додека билет за финалето чини од 550 до 1.460 евра. Цените на влезниците за катарските државјани се движат од 10 до 190 евра за првата фаза од Мундијалот. Влезниците за завршниот турнир што од 22 ноември до 18 декември ќе се одржи во Катар во просек се за 30 отсто поскапи во однос на Светското првенство 2018 во Русија. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/pochna-vtorata-faza-od-prodazbata-na-mundijalskite-vleznici/feed/ 0
Француската Влада ќе ја образложи втората фаза за ублажување на мерките https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/francuskata-vlada-kje-ja-obrazlozi-vtorata-faza-za-ublazuvanje-na-merkite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/francuskata-vlada-kje-ja-obrazlozi-vtorata-faza-za-ublazuvanje-na-merkite/#respond Thu, 28 May 2020 10:02:55 +0000 https://kurir.mk/?p=350984

Францускиот премиер Едуар Филип попладнево ќе ја претстави втората фаза за ублажување на рестриктивните мерки, која ќе започне на 2 јуни, јави дописникот на МИА. Благодарејќи на здравствената ситуација која се подобрува, и вториот епидемиолошки бран, кој засега не се најавува, Владата на Франција ќе може да ја започне втората фаза за ублажување на мерките. Едуар Филип околу 17 часот ќе ги соопшти рамките на неговиот план, веднаш по одржувањето на Советот за одбрана во Елисејската палата. Една од очекуваните мерки е проширувањето на дозволата за слободно движење на граѓаните, која во моментов е ограничена на радиус од 100 километри од домот. Другата многу очекувана мерка е повторното отворање на кафулињата и рестораните во зелените зони, почнувајќи од 2 јуни. Исто така се очекува најава за помасовно враќање во основните училишта, откако на 11 мај се вратија во училишните клупи само 20 до 25 отсто од учениците. Се очекува и одлуката во сферата на културата, која е тешко погодена од кризата. Премиерот веројатно ќе даде попрецизни информации за отворањето на киносалите, театрите и салите за одржување културни манифестации. Во очекување на владините мерки, на повеќе места во Франција, како во Стразбур и во парискиот регион, беа забележани собири на повеќе стотици лица, кои организираа спортски турнири и покрај забраната за собирање на повеќе од десет лица.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/francuskata-vlada-kje-ja-obrazlozi-vtorata-faza-za-ublazuvanje-na-merkite/feed/ 0
Кипарската влада даде зелено светло за втората фаза на олабавување на рестриктивните мерки https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kiparskata-vlada-dade-zeleno-svetlo-za-vtorata-faza-na-olabavuvanje-na-restriktivnite-merki/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kiparskata-vlada-dade-zeleno-svetlo-za-vtorata-faza-na-olabavuvanje-na-restriktivnite-merki/#respond Wed, 20 May 2020 10:23:43 +0000 https://kurir.mk/?p=348228

Со отворање на основните и дел од средни училишта, со целосно укинување на забраната за движење и полицискиот час и слободно движење во паркови, на плоштади и сл, со отворање на фризерските и козметичките салони, како и на кафулињата и угостителските објекти, од утре започнува втората фаза на олабавување на рестриктивните мерки на Кипар, откако Владата даде зелено светло, јави дописничката на МИА од Атина. На владината седница, како што соопшти портпаролот Кирјакос Кусиос, било одлучено освен планираното олабавување за 21 мај 2020 година, два дена подоцна да се отворат и религиозните објекти, плажите и обложувалниците. Во однос на образовните институции, градинките и високото (незадолжително) средно образование за деца од 15 до 18 годишна возраст ќе останат затворени, а ќе се отворат само основните и средните училишта што се дел од ниското (задолжително) средно образование. Во третата фаза, на 1 јуни 2020 година, вратите одново ќе ги отворат археолошките локалитети, музеите и библиотеките. Портпаролот на кипарската Влада, упати апел до граѓаните во име на претседателот и владата на земјата, да ги почитуваат превентивните мерки на лична хигиена и да го одржуваат потребното растојание. -Досегашниот одговорен став на нашите сограѓани ќе треба да продолжи. Пандемијата не заврши и ќе треба да го заштитиме она што сите заедно, со жртвувања и труд го постигнавме во земјата, рече Кусиос. На 4 мај со отворањето на продавниците, со исклучок на трговските центри, отворањето на пазарите, туристичките агенции, враќање на работа на државните службеници, беше воведена првата фаза од олабавувањето на рестриктивните мерки на Кипар, но за граѓаните продолжи да важи забраната за движење и полицискиот час Согласно последните официјални податоци од Министерството за здравство на Кипар, од почетокот на епидемијата, заклучно со вчера регистрирани се 918 случаи на Ковид-19, а починаа 17 лица кај кои новиот коронавирус беше главната причина за смртта. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kiparskata-vlada-dade-zeleno-svetlo-za-vtorata-faza-na-olabavuvanje-na-restriktivnite-merki/feed/ 0
Косово: Втора фаза од 18 мај со олеснети мерки за малите бизниси и граѓаните https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kosovo-vtora-faza-od-18-maj-so-olesneti-merki-za-malite-biznisi-i-gragjanite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kosovo-vtora-faza-od-18-maj-so-olesneti-merki-za-malite-biznisi-i-gragjanite/#respond Fri, 15 May 2020 19:59:28 +0000 https://kurir.mk/?p=346440

Владата на Косово најави дека од 18 мај ќе се спроведуваат нови, олеснети мерки за заштита од епидемијата на Ковид-19, меѓу кои е и зголемувањето на времето што граѓаните можат да го поминуваат на отворено, од три, колку што е сега, на четири часа дневно. Ккао што јави дописникот на МИА од Приштина, вршителот на должноста премиер на Косово, Албин Курти изјави пред медиумите дека новите мерки подразбираат и отоврање на одредени бизниси на кои досега им беше забранета работата. Меѓу другите, со работа ќе можат да почнат берберите и фризерите, стоматолозите, трговците на мало и зелените пазари, градскиот и меѓуградскиот сообраќај со посебни дозволи, уметничките галерии, музеите и други. Како што информираа Курти и вршителот на должноста министер за здравство, граѓаните ќе можат да излегуваат, според нивните персонални броеви во личните документи, два пати на ден по два часа, наместо по еден и пол час, како што беше регулирано со досегашните мерки. Институтот за јавно здравство на Косово во својот последен извештај за состојбата со пандемијата на Ковид-19, објави дека во земјата во четвртокот се извршени 300 тестирања, при што се потврдени 18 нови случаи на заразени од новиот коронавирус. Вкупно заболени, од појавата, пред околу два месеци, на првите случаи на заразени се 945 лица. Во периодот на кој се однесува последниот извештај на косовските здравствени власти се забележани 19 излекувани од болеста и ниту еден починат. Според овие официјалните статистики, во Косово има 690 излекувани и 29 починати од Ковид-19, што значи дека во земјата моментно има 226 активни носители на новиот коронавирус. Вклучително вчерашните податоци, во Косово, заклучно со вчерашниот ден, се извршени вкупно 10.942 тестирања.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kosovo-vtora-faza-od-18-maj-so-olesneti-merki-za-malite-biznisi-i-gragjanite/feed/ 0