второ место – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 10 May 2022 07:42:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png второ место – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Илиоски го освои второто место на БMУ Европскиот мотокрос шампионат https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/ilioski-go-osvoi-vtoroto-mesto-na-bmu-evropskiot-motokros-shampionat/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/ilioski-go-osvoi-vtoroto-mesto-na-bmu-evropskiot-motokros-shampionat/#respond Tue, 10 May 2022 07:42:50 +0000 https://kurir.mk/?p=674347

Мотокрос шампионот Христијан Илиоски го освои второто место на БMУ Европскиот мотокрос шампионат што се одржа во Романија. Илиоски го освои второто место по пет години пауза од големи интернационални натпревари. – Се враќам на старите патеки, со нови успеси после подолга пауза. Ова е како нов убав сон и пресреќен сум. Благодарен сум на мојот клуб до моите спонзори, до сите мои фанови и до моето семејство, истакна Илиоски на својот фејсбук-профил. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/ilioski-go-osvoi-vtoroto-mesto-na-bmu-evropskiot-motokros-shampionat/feed/ 0
Меси на второ место во Ла Лига по број на постигнати голови како резервен играч https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/mesi-na-vtoro-mesto-vo-la-liga-po-broj-na-postignati-golovi-kako-rezerven-igrach/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/mesi-na-vtoro-mesto-vo-la-liga-po-broj-na-postignati-golovi-kako-rezerven-igrach/#respond Mon, 08 Feb 2021 08:17:07 +0000 https://kurir.mk/?p=465656

Капитенот на Барселона, Лионел Меси по постигнатиот гол синоќа против Бетис (3:2) во мечот од 22. коло на шампионатот на Шпанија се најде на второто место на листата на стрелци на играчи кој на натпреварот влегле од клупата за резерви. Триесет и тригодишниот Аргентинец има 27 голови по замената, со што го стигна играчот на Реал Сосиедад, Оскар де Пол. Во водство е уште еден поранешен Каталонец, Хулио Салинас кој своевремено постигна 28 погодоци, откако во игра влегол како замена. По 22 кола, Барселона е на делба на 2. место во Ла Лигата со 43 бода колку што има и Реал Мадрид. Лидер е Атлетико со 50 бода и два натпревари помалку. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/mesi-na-vtoro-mesto-vo-la-liga-po-broj-na-postignati-golovi-kako-rezerven-igrach/feed/ 0
Џиролами со автомобилот на Давидовски го освои второто место на ТЦР Европа https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/dzirolamipo-so-avtomobilot-na-davidovski-go-osvoi-vtoroto-mesto-na-tcr-evropa/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/dzirolamipo-so-avtomobilot-na-davidovski-go-osvoi-vtoroto-mesto-na-tcr-evropa/#respond Mon, 24 Aug 2020 08:25:35 +0000 https://kurir.mk/?p=394466

Нестор Џиролами го освои 2. место првата трка од ТЦР Европа во Ле Кастеле, крај Марсеј. Аргентинецот се најде зад воланот на Хонда Сивик подготвена за македонскиот возач Виктор Давидовски од тимот ПСС Рејсинг, откако француските власти не дозволија влез на Македонецот поради мерките за заштита од коронавирусот. За официјалниот веб сајт на европското првенство во туринг возила (ТЦР), Џиролами откри дека резултатот се должи на добриот план пред трката, како и на перфектната реализација. – Навистина сум среќен со овој резултат. На првата трка во саботата имавме послаба крајна брзина поради високите температури, па одлучив да нападнам веднаш, во првиот круг. Од седмо до четврто место стигнав речиси веднаш. Потоа дојде и дуелот за третото место, па тогаш помислив дека би можел да одам и на второто, но Таофик од Ауди доби казна и мораше во бокс, па всушност втората позиција ја добив без труд. Џиролами беше петтопласиран на првата трка, па со вчерашните бодови за второто место сега е трет во генералниот пласман, зад вчерашните победници Даниел Лојд со Хонда и Мехди Бенани со Ауди. Првиот има 69 бода, вториот 68, а Џиролами е трет со 66 поени, по што следуваат Кларе со 62, Филипи со 58, Халдер со 52 и Бекман со 48 бода. Следните две трки се закажани на 12 и 13 септември на патеката Золдер во Белгија. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/dzirolamipo-so-avtomobilot-na-davidovski-go-osvoi-vtoroto-mesto-na-tcr-evropa/feed/ 0
Конте: Борбата за второто место е бесмислена, ова е прво место за губитниците https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/konte-borbata-za-vtoroto-mesto-e-besmislena-ova-e-prvo-mesto-za-gubitnicite/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/konte-borbata-za-vtoroto-mesto-e-besmislena-ova-e-prvo-mesto-za-gubitnicite/#respond Thu, 23 Jul 2020 08:26:44 +0000 https://kurir.mk/?p=380034

Тренерот на Интер, Антонио Конте го сподели своето мислење за позицијата на тимот во италијанскиот шампионат. На три кола пред крајот на сезоната 2019/20, „неро-азурите“ се на третото место, со бод заостанување од втората Аталанта. – Борба за второ место? Второто место во моите очи е бесмислено. Ова е прво место за губитниците. Се разбира, можете да се помирите со тоа, но јас нема да го сторам тоа, и не сакам моите играчи да се справат со тоа, изјави Конте. Со оваа изјава, предводникот на Интер јасно стави до знаење дека Интер има неуспешна сезона, бидејќи амбициите беа освојување на Скудетото.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/konte-borbata-za-vtoroto-mesto-e-besmislena-ova-e-prvo-mesto-za-gubitnicite/feed/ 0
Зидан се искачи на второто место меѓу тренерите на Реал по бројот на победи во првенството на Шпанија https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/zidan-se-iskachi-na-vtoroto-mesto-megju-trenerite-na-real-po-brojot-na-pobedi-vo-prvenstvoto-na-shpanija/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/zidan-se-iskachi-na-vtoroto-mesto-megju-trenerite-na-real-po-brojot-na-pobedi-vo-prvenstvoto-na-shpanija/#respond Mon, 15 Jun 2020 11:43:38 +0000 https://kurir.mk/?p=358134

Тренерот на Реал, Зинедин Зидан во синоќешниот натпревар од 28. коло од шампионатот на Шпанија против Еибар, прослави јубилеј 200. пат предводник на „кралскиот клуб“, како и искачување на второто место кај тренерите по бројот на победи. Французинот има 90 победи како предводник на Реал во првенството на Шпанија. Повеќе триумфи од Зидан има само Мигел Муноз кој го водеше тимот до успех – 257 пати. На третото место падна Лео Бенхакер со 89 победи. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/zidan-se-iskachi-na-vtoroto-mesto-megju-trenerite-na-real-po-brojot-na-pobedi-vo-prvenstvoto-na-shpanija/feed/ 0
Мурињо: Не е во моја природа да се радувам на второ место https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/murinjo-ne-e-vo-moja-priroda-da-se-raduvam-na-vtoro-mesto/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/murinjo-ne-e-vo-moja-priroda-da-se-raduvam-na-vtoro-mesto/#respond Fri, 11 May 2018 07:30:59 +0000 https://kurir.mk/?p=52871

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо рече дека не е особено среќен поради второто место што неговиот тим ќе го освои на крајот на сезоната во Премиер лигата. „Црвените ѓаволи“ одиграа без голови со Вест Хем во Лондон и ќе завршат зад убедливиот шампион Манчестер Сити. - Ние сме вториот најдобар тим во лигата. Оваа сезона, шест тима се натпреваруваа за титулата во оваа фантастична трка. Јас не сум многу среќен за второто место, бидејќи тоа не е во моја природа. Но, кога сфативме дека не можевме да станеме шампиони, целта беше да завршиме втори, а денес го направивме тоа, рече Мурињо. Португалецот одби да го критикува настапот на своите фудбалери. - На полувремето против Брајтон реков дека ќе изгубиме, а денес верував дека ќе победиме. Погрешив, но мислам дека игравме добро. Кон 80-тата минута сфативме дека бод ќе ни биде доволен и само ја доигравме средбата, објасни Жозе. Специјалниот даде и информации за последниот натпревар за сезоната, кој е во недел против Ватфорд. - Мајкл Карик ќе биде капитен на „Олд Трафорд“ во последниот натпревар во кариерата. Де Хеа ќе добие пауза и Серхио Ромеро ќе игра. Може да има и други промени, додаде Мурињо.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/murinjo-ne-e-vo-moja-priroda-da-se-raduvam-na-vtoro-mesto/feed/ 0