второ полугодие – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 23 Jan 2023 07:15:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png второ полугодие – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Почнува второто полугодие од учебната 2022/2023: Наставата нема да заврши на 10-ти јуни https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochnuva-vtoroto-polugodie-od-uchebnata-2022-2023-nastavata-nema-da-zavrshi-na-10-ti-juni/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochnuva-vtoroto-polugodie-od-uchebnata-2022-2023-nastavata-nema-da-zavrshi-na-10-ti-juni/#respond Mon, 23 Jan 2023 07:15:50 +0000 https://kurir.mk/?p=790484

За основците и средношколците денеска почнува второто полугодие од учебната 2022/2023 година. Со одлука на Владата, зимскиот распуст беше продолжен и почетокот на наставата одложен од 18-ти на 23 јануари заради функционалност на училиштата. Најверојатно учебната година ќе заврши на 14 јуни наместо на 9 јуни (петок) затоа што, како што изјави министерот за образование и наука Јетон Шаќири, учениците треба да ги одработат сите 180 работни наставни денови утврдени со Календарот за воспитно-образовниот процес во училиштата. -За подобро функционирање на процесот, поради тоа што 18 јануари е среда, 19-ти е празник за поголем дел од граѓаните и 20-ти е петок, одлучивме второто полугодие да почне во понеделник. Исто така, да се изработат сите 180 работни денови до крајот на ова второ полугодие. Има три работни наставни денови и не гледам причина да има некаков проблем, рече Шаќири минатата недела. Министерот вчера најави дека на почетокот на второто полугодие ќе се испорачаат учебниците по матетматика и општество за второ одделение. Тој пред почетокот на второто полугодие истакна дека годинава ќе има и дел од учебниците за средно гимназиско образование, а речиси сите учебници за средно стручно образование ќе бидат целосно достапни и во електронска форма. Министерството за образование и наука годинава ќе обезбеди и нови учебници за странски јазици за основно и средно образование. Министерот Шаќири го најави и новиот Закон за учебници. -Министерството за образование и наука со оглед на предизвиците со учебниците што се појавија, утврди дека има потреба од нов подобар Закон за учебници, со кои ќе се минимизираат можностите за грешки, доцнење и слични проблеми и убеден сум дека следниот септември дел од проблемите што се појавија ќе бидат минато и нема да се повторат. Иако МОН не е дел од процесот на одобрување на учебници, ја користам приликата да ја информирам јавноста дека ги активираме сите можни механизми, довербата на граѓаните да биде уште поголема, рече Шаќири. (МИА)
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochnuva-vtoroto-polugodie-od-uchebnata-2022-2023-nastavata-nema-da-zavrshi-na-10-ti-juni/feed/ 0
Учениците од второ одделение на почетокот на полугодието ќе добијат учебници по математика и општество https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/uchenitsite-od-vtoro-oddelenie-na-pochetokot-na-polugodieto-ke-dobijat-uchebnitsi-po-matematika-i-opshtestvo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/uchenitsite-od-vtoro-oddelenie-na-pochetokot-na-polugodieto-ke-dobijat-uchebnitsi-po-matematika-i-opshtestvo/#respond Sun, 22 Jan 2023 15:25:07 +0000 https://kurir.mk/?p=790372

Учениците од второ одделение на почетокот на второто полугодие ќе ги добијат учебниците по математика и општетство, најави денеска Министерот за образование и наука, Јетон Шаќири. Тој пред почетокот на второто полугодие истакна дека годинава ќе има и дел од учебниците за средно гимназиско образование, а речиси сите учебници за средно стручно образование ќе бидат целосно достапни и во електронска форма. Министерството за образование и наука годинава ќе обезбеди и нови учебници за странски јазици за основно и средно образование. Министерот Шаќири го најави и новиот Закон за учебници. – Министерството за образование и наука со оглед на предизвиците со учебниците што се појавија, утврди дека има потреба од нов подобар Закон за учебници, со кои ќе се минимизираат можностите за грешки, доцнење и слични проблеми и убеден сум дека следниот септември дел од проблемите што се појавија ќе бидат минато и нема да се повторат. Иако МОН не е дел од процесот на одобрување на учебници, ја користам приликата да ја информирам јавноста дека ги активираме сите можни механизми, довербата на граѓаните да биде уште поголема, рече Шаќири. Најавува дека и инвестициите во нови лаборатории, надгледни средства, таблети и компјутери ќе се удвојат, а стотина училишта ќе имаат целосна вифи покриеност, со што, како што, вели Шаќири ќе се намали дигиталниот јаз. Прашан дали годинава ќе има зголемување на платите на наставниот кадар во основните и средни училишта, Шаќири вели дека лани добиле рекордно покачување на платите од 15 отсто, а оти во моментов со синдикатите се разговара и за донесување нов колективен договор. -Ценам дека трудот на наставниците се уште е недоволно награден, со оглед и на инфлацијата, па така ние и во моментов разговараме со синдикатите и бараме решение за нов колективен договор, со кој ќе се покачат платите во образованието, рече Шаќири. Министерот за образование и наука смета дека со инвестициите во наставниот кадар, неговото усовршување, реновирањето на училиштата, со воведување нa целодневна настава на целата територија на државата ќе се побара и поголем труд од наставниците, со цел да има поподготвени ученици, кои полесно ќе се вклучат на пазарот на трудот. Забележа дека лани МОН имало 95 ороценти реализација на капиталните инвестиции, а годинава околу 50 училишта ќе се реновираат, но и ќе се градат нови училишта во дваесеттина општини.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/uchenitsite-od-vtoro-oddelenie-na-pochetokot-na-polugodieto-ke-dobijat-uchebnitsi-po-matematika-i-opshtestvo/feed/ 0
МОН: Второто полугодие почнува на 23 јануари, апелираме училиштата да користат субвенционирана енергија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mon-vtoroto-polugodie-pochnuva-na-23-januari-apelirame-uchilishtata-da-koristat-subventsionirana-energija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mon-vtoroto-polugodie-pochnuva-na-23-januari-apelirame-uchilishtata-da-koristat-subventsionirana-energija/#respond Tue, 17 Jan 2023 13:34:22 +0000 https://kurir.mk/?p=788432

Министерството за образование и наука информира дека учебната година продолжува на 23 јануари. Со одлука на Владата, на предлог на Министерството, второто полугодие од учебната 2022/23 година наместо на 18 јануари почнува на 23 јануари (понеделник), со физичко присуство за сите ученици. Зимскиот распуст е продолжен поради заштита на здравјето на учениците и заштеда на електрична енергија за греење. -Со оглед на тоа што дел од јавните основни и средни училишта сè уште ја немаат искористено поволноста за снабдување со субвенционирана електрична енергија, апелираме до раководствата на образовните установи и општините како нивни основачи, да ја реализираат оваа можност. Со тоа, училиштата ќе ги намалат трошоците за електрична енергија и ќе се овозможи непречено одржување на настава со физичко присуство до крајот на учебната година, информираат од МОН. Оттаму посочуваат дека одговорноста на секој чинител во реализацијата на воспитно-образовниот процес придонесува за повисок квалитет на образованието.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mon-vtoroto-polugodie-pochnuva-na-23-januari-apelirame-uchilishtata-da-koristat-subventsionirana-energija/feed/ 0
Второто полугодие со физичко присуство, МОН апелира училиштата да користат субвенционирана енергија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vtoroto-polugodie-so-fizichko-prisustvo-mon-apelira-uchilishtata-da-koristat-subventsionirana-energija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vtoroto-polugodie-so-fizichko-prisustvo-mon-apelira-uchilishtata-da-koristat-subventsionirana-energija/#respond Tue, 17 Jan 2023 12:50:16 +0000 https://kurir.mk/?p=788407

Министерството за образование и наука информира дека учебната година продолжува на 23 јануари. Со одлука на Владата, на предлог на Министерството, второто полугодие од учебната 2022/23 година наместо на 18 јануари почнува на 23 јануари (понеделник), со физичко присуство за сите ученици. Зимскиот распуст е продолжен поради заштита на здравјето на учениците и заштеда на електрична енергија за греење. -Со оглед на тоа што дел од јавните основни и средни училишта сè уште ја немаат искористено поволноста за снабдување со субвенционирана електрична енергија, апелираме до раководствата на образовните установи и општините како нивни основачи, да ја реализираат оваа можност. Со тоа, училиштата ќе ги намалат трошоците за електрична енергија и ќе се овозможи непречено одржување на настава со физичко присуство до крајот на учебната година, соопштуваат од МОН. Одговорноста на секој чинител во реализацијата на воспитно-образовниот процес придонесува за повисок квалитет на образованието.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vtoroto-polugodie-so-fizichko-prisustvo-mon-apelira-uchilishtata-da-koristat-subventsionirana-energija/feed/ 0
Шаќири: До крајот на второто полугодие треба да се одработат сите 180 работни денови https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shakiri-do-krajot-na-vtoroto-polugodie-treba-da-se-odrabotat-site-180-rabotni-denovi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shakiri-do-krajot-na-vtoroto-polugodie-treba-da-se-odrabotat-site-180-rabotni-denovi/#respond Mon, 16 Jan 2023 13:08:48 +0000 https://kurir.mk/?p=787947

Според календарот за работа во образованието, до крајот на второто полугодие треба да се одработат 180 наставни денови, изјави министерот за образование и наука Јетон Шаќири одговарајќи на новинарско прашање дали е точно дека поради одложениот почеток на второто полугодие учебната година ќе заврши на 14-ти наместо на 9 јуни. На владина седница минатата недела беше одлучено наместо на 18-ти, второто полугодие од учебната 2022/2023 година да почне на 23 јануари, а Шаќири денеска образложи дека причина за одложениот почеток е подобро функционирање на наставниот процес. -За подобро функционирање на процесот, поради тоа што 18 јануари е среда, 19-ти е празник за поголем дел од граѓаните и 20-ти е петок, одлучивме второто полугодие да почне во понеделник. Исто така, да се изработат сите 180 работни денови до крајот на ова второ полугодие. Што значи дека иако, освен 10-ти, има три работни наставни денови, не гледам причина да има некаков проблем, рече Шаќири одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференцијата на премиерот Димитар Ковачевски.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shakiri-do-krajot-na-vtoroto-polugodie-treba-da-se-odrabotat-site-180-rabotni-denovi/feed/ 0
Донесена одлука: Второто полугодие ќе започне на 23 јануари https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/donesena-odluka-vtoroto-polugodie-ke-zapochne-na-23-januari/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/donesena-odluka-vtoroto-polugodie-ke-zapochne-na-23-januari/#respond Tue, 10 Jan 2023 14:21:45 +0000 https://kurir.mk/?p=785617

Наместо на 18 јануари, второто полугодие од учебната 2022/2023 година ќе почне на 23 јануари (понеделник) со физичко присуство за сите ученици. Владата го разгледа и го усвои овој предлог на Министерството за образование и наука денеска на 118-та редовна седница. – Во образложението од Министерството за образование и наука е наведено дека зимскиот распуст се продолжува поради заштеда на греење и заштита на здравјето на учениците, информира владината прес-служба.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/donesena-odluka-vtoroto-polugodie-ke-zapochne-na-23-januari/feed/ 0
Барања за онлајн настава пред утрешниот почеток на второто полугодие https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/baranja-za-onlajn-nastava-pred-utreshniot-pochetok-na-vtoroto-polugodie/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/baranja-za-onlajn-nastava-pred-utreshniot-pochetok-na-vtoroto-polugodie/#respond Mon, 31 Jan 2022 06:15:58 +0000 https://kurir.mk/?p=624823

Со Одлука на Владата од минатата недела, второто полугодие во основните и средните училишта во земјава треба да почне утре со физичко присуство на учениците. Но, во пресрет на продолжението на учебната година зачестија барањата за почеток на второто полугодие со онлајн настава. По Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК), со вакво барења излезе и Првата детска амбасада во светот „Меѓаши”, како и опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Владата на 26 јануари по препорака на Комисијата за заразни болести, донесе одлука наставата во основното и средното образование да продолжи со физичко присуство на учениците на 1 февруари. Министерот за здравство Беким Сали во петокот изјави оти ваквата одлука е донесена откако е проценето дека епидемиолошката состојба дозволува настава со физичко присуство. Тој сепак нагласи дека Министерството за здравство ќе спроведува скрининг меѓу учениците по случаен избор и доколку се појави ширење на вирусот во одреден регион, општина или град, ќе бидат преземени соодветни мерки мерки. – Според нашите податоци нема потреба од онлајн учење во овој момент. Епидемиолошката состојба се менува секоја недела, а врз основа на тие податоци ние и ги носиме одлуките. Тоа значи дека од 1 февруари ќе се почне со физичко присуство во училиштата и како Министерството ќе преземеме превентивни мерки со случаен скрининг и зависно од регионот, градот или општината ако се појави епидемија, ќе се преземат мерки, изјави Сали. СОНК во четвртокот побара од Владата да ја преиспита одлуката за почеток на второто полугодие со физичко присуство, со оценка дека во ситуација кога расте бројот на новозаболени треба да се започне со онлајн настава во првите две недели, а потоа да се согледа епидемиолошката ситуација за да се почне со физичко присуство. Претседателот на СОНК, Јаким Неделков, во изјава за МИА истакна дека во период кога во земјава расте процентот на новозаболени од КОВИД-19, доколку наставата почне со физичко присуство, постои реална можност вирусот многу побрзо да се шири. – Бараме преиспитување на одлуката од причина што сметаме дека процентот на новозаболени секојдневно е во нагорна линија и доколку учениците одат со физичко присуство постои реална можност училиштата да се претворат во кластери и вирусот побрзо да се шири. Од таа причина сметаме дека одреден временски период од пример две недели наставата да биде онлајн, па да се согледаат состојбите од ширење на вирусот и доколку е во надолна линија, да се направи проценка и да се види дали постојат услови за физичко присуство, нагласи Неделков. Во петокот и Првата детска амбасада во светот „Меѓаши” соопшти дека упатила барање до Владата и до Комисијата за заразни болести за преиспитување на одлуката за почеток на второто полугодие со физичко присуство на учениците. Според „Меѓаши”, бројот на заболени деца што се јавиле во Институтот за белодробни заболувања во периодот крајот на декември 2021 – почетокот на втората половина на јануари е двојно зголемен од вообичаениот број за време на најголемите пикови во претходните бранови, па со оглед на ваквата состојба неопходно да се размисли дали започнувањето на наставата со физичко присуство е најсоодветниот начин на продолжување на наставата или е подобро да се започне барем две седмици подоцна или онлајн. – Цврсто веруваме дека оваа одлука треба да биде преиспитана во насока на започнување на полугодието со онлајн настава, најмалку за две седмици од февруари, а потоа да се одлучи повторно за евентуално продолжување одреден период, следејќи ја актуелната епидемиолошка состојба. Меѓу другото, сметаме дека е добро Владата да размисли за брзо реагирање и обезбедување на сите основни и средни училишта со брзи тестови, така како што и голем дел држави веќе подолго време практикуваат. Веруваме дека и приватниот сектор (особено фармацевтскиот) би можел да излезе во пресрет и да го заштити јавното или колективното здравје доколку им се обрати Владата. Искрено веруваме дека ќе ја донесете вистинската одлука што е во најдобриот интерес на децата, се наведува во барањето од „Меѓаши”. Вчера и ВМРО-ДПМНЕ побара власта да ја преиспита одлуката за започнување на второто полугодие со физички присуство „во услови кога сојот омикрон коси во државата”. – Затоа предлагаме наставата од второто полугодие за учениците од четврто до деветто одделение да продолжи онлајн во наредните две недели, а од прво до трето одделение наставата да започне со физичко присуство, но секојдневно да се следи епидемиолошката состојба во училиштата низ Македонија, наведоа од ВМРО-ДПМНЕ. Ваквото барање на ВМРО-ДПМНЕ од СДСМ го оценија како „лицемерно, неискрено и лажно”. – Одлуката за наставата да продолжи со физичко присуство е донесена врз основа на мислењето на стручните лица, на Комисијата за заразни болести и согласно препораките на УНИЦЕФ. Здравјето на учениците е заштитено со спроведувањето на протоколите за одржување настава со физичко присуство, а тоа се покажа и во минатото, се наведува во реакцијата на СДСМ. Здруженијата „Од нас за нас” и „Слобода и правда”, пак, вчера со протестен караван со автомобили и вклучени сирени низ улиците на Струмица побараа учебната година да продолжи со физичко присуство, но без протоколи за децата, односно без носење маски. – Ние како здружение излеговме со став уште на 30 август дека поддржуваме физичко присуство без никакви протоколи за децата. Се уште сме на тој став и сметам дека децата треба да бидат во училишните клупи и заради подобро образование и заради нивната дружба, меѓутоа маски не треба да носат, рече Гордана Гоџо, претседателка на Здружението „Од нас за нас”. Барање за укинување на задолжителното носење маски во училиштата, уште претходно достави и Иницијативата „СТОП за носењето маски во училиштата”, која дури најави дека нивните членови нема да ги пуштаат децата на настава во второто полугодие со маски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/baranja-za-onlajn-nastava-pred-utreshniot-pochetok-na-vtoroto-polugodie/feed/ 0
Протест во Струмица против ковид мерките: Се бара второто полугодие за децата да започне без маски и протоколи https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/protest-vo-strumica-protiv-kovid-merkite-se-bara-vtoroto-polugodie-za-decata-da-zapochne-bez-maski-i-protokoli/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/protest-vo-strumica-protiv-kovid-merkite-se-bara-vtoroto-polugodie-za-decata-da-zapochne-bez-maski-i-protokoli/#respond Sun, 30 Jan 2022 15:53:03 +0000 https://kurir.mk/?p=624739

Здруженијата „Од нас за нас“ и „Слобода и правда“ денеска со протестен караван со автомобили и вклучени сирени побараа учебната година да продолжи со физичко присуство и без протоколи за децата, а се и со категоричен став дека маските не треба да се носат во училиште. -Ние како здружение излеговме со став уште на 30 август дека поддржуваме физичко присуство без никакви протоколи за децата. Се уште сме на тој став и сметам дека децата треба и е потребно да бидат во училишните клупи и заради подобро образование и заради нивната дружба, меѓутоа маските, особено маските од сите протоколи, не треба да ги носат, рече Гордана Гоџо, претседателка на Здружението „Од нас за нас“. Од Здружението „Слобода и правда“ од Струмица велат дека со актуелните протоколи се кршат повеќе закони и голем број човекови права. -Имаме повторно поднесено барање до училишните одбори да ни кажат дали тие ги имаат усвоени протоколите, а ако не по кој закон и по која основа ги применуваат протоколите, рече Лидија Панова од Здружението „Слобода и правда“. Граѓаните и здруженијата кои не ги поддржуваат ковид-мерките повеќе месеци повремено протестираат со организирање протестни каравани со автомобили и бараат укинување на мерките]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/protest-vo-strumica-protiv-kovid-merkite-se-bara-vtoroto-polugodie-za-decata-da-zapochne-bez-maski-i-protokoli/feed/ 0
СОНК бара две недели он лајн настава, додека не помине пикот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sonk-bara-dve-nedeli-on-lajn-nastava-dodeka-ne-pomine-pikot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sonk-bara-dve-nedeli-on-lajn-nastava-dodeka-ne-pomine-pikot/#respond Thu, 27 Jan 2022 13:43:22 +0000 https://kurir.mk/?p=623571

Министерството за образование и Владата треба да размислат за алтернативни методи на наставата во второто полугодие за учениците, додека бројот на заразени не падне и не се стабилизира епидемиолошката сосотојба во земјата, апелираат од СОНК. Според претседателот Јаким Неделков, сите се свесни дека омикрон-сојот побрзо и полесно се шири, но со оглед на минусните температури и на почитување на протоколите на проветрување на училниците, покрај ковид-19, може да има и ширење на грип, настинки и друго. Предлагаат првите две недели да се одвиваат онлајн, со оглед на тоа што за неа се веќе обучени наставниците. Иако потежок, овој начин е побезбеден велат од СОНК. Владата на вчерашната седница донесе одлука второто полугодие да започне на 1-ви февруари со физичко присуство и согласно протоколите за заштита од коронавирус. Одлуката е донесена по препорака на Комисијата за заразни болести и согласно препораките на УНИЦЕФ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sonk-bara-dve-nedeli-on-lajn-nastava-dodeka-ne-pomine-pikot/feed/ 0
Почетокот на второто полугодие одложен за 1 февруари https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochetokot-na-vtoroto-polugodie-odlozen-za-1-fevruari/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochetokot-na-vtoroto-polugodie-odlozen-za-1-fevruari/#respond Tue, 18 Jan 2022 09:39:11 +0000 https://kurir.mk/?p=620693

Почетокот на второто полугодие во основните и средните училишта се одложува за 1 февруари годинава, одлучи Владата на Република Северна Македонија сношти на владина седница по препорака на Главниот координативен кризен штаб и согласно епидемиолошките информации дека земјата се наоѓа во пик на заразата. Согласно одлуката, како што соопшти Министерството за образование и наука (МОН), наставата со физичко присуство во училиштата продолжува на првиот ден од месец февруари. – Оваа одлука нема да влијае на крајот на учебната година и таа ќе заврши на 10 јуни како што е предвидено во календарот за наставната програма за основно и средно образование, со соодветна адаптација на наставните планови, посочуваат од МОН. Оттаму апелираат до родителите, наставниците и учениците и за време на продолжениот распуст максимално да се придржуваат до мерките и препораките за заштита од Ковид-19, во домашни услови и на отворено. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochetokot-na-vtoroto-polugodie-odlozen-za-1-fevruari/feed/ 0