Вучиќ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 25 May 2022 11:55:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Вучиќ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Пендаровски, Вучиќ, Пленковиќ, Абазовиќ, Курти и Мицотакис на работен појадок на Економскиот форум во Давос https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pendarovski-vuchikj-plenkovikj-abazovikj-kurti-i-micotakis-na-raboten-pojadok-na-ekonomskiot-forum-vo-davos/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pendarovski-vuchikj-plenkovikj-abazovikj-kurti-i-micotakis-na-raboten-pojadok-na-ekonomskiot-forum-vo-davos/#respond Wed, 25 May 2022 11:55:14 +0000 https://kurir.mk/?p=681351

Важноста на стабилноста на Западен Балкан и важноста на стабилно и безбедно снабдување со енергија на регионот, биле истакнати на работниот појадок на Светскиот економски форум во Давос, на кој присуствувале претседателите на Северна Македонија и Србија и премиерите на Грција, Хрватска, Црна Гора и Косово, информираат од кабинетот на грчкиот премиер, јави дописничката на МИА од Атина. Додаваат дека за енергетиката Грција може да игра уште поважна улога, благодарение на развојот на клучните инфраструктури за енергетското снабдување. На работниот појадок посветен на Западен Балкан на маргините на форумот, меѓу другите, присуствувале претседателот на Северна Македонија Стево Пендаровски, претседателот на Србија Александар Вучиќ, грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, премиерот на Црна Гора Дритан Абазовиќ и косовскиот премиер Албин Курти.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pendarovski-vuchikj-plenkovikj-abazovikj-kurti-i-micotakis-na-raboten-pojadok-na-ekonomskiot-forum-vo-davos/feed/ 0
Наследниците на барон Муртинхаузен https://arhiva.kurir.mk/kolumni/naslednicite-na-baron-murtinhauzen/ https://arhiva.kurir.mk/kolumni/naslednicite-na-baron-murtinhauzen/#respond Thu, 03 Mar 2022 10:10:05 +0000 https://kurir.mk/?p=640031

Кој лаже, тој краде, вошки врие и на таван спие. Ова е старата поговорка. Новокомпонираната вели: Кој лаже, тој краде, пари врие и на Илинденска бр.2 спие. Ко „саливена“ им стои и онаа втората, дека на лагата и се кратки нозете. Ги фаќаат во неа, во просек за ден-два. Национални лилипутанци, без трунка осет и чувство за болката и потребите на сопствениот народ... Да, дефинитивно, Таче продолжува онаму каде што Зоче застана. Секој Божји ден се подобро сфаќате чуму Заев така демек апансас бркна во шеширот и на сечие изненадување го измкна токму Ковачевски назначувајќи го за престолонаследник. Уште вториот ден од „мандатот“, кој не ни требаше да го тера, Таче се покажа јако на национален план со писмото до ООН и улизувањето околу Петков. Оригинал ЗЗ, сервилна копија број еден. Го видовме и како се справува со безбедносни проблеми и предизвици. Исто како Црпко. Ѓоамити близнаци. Онака како што ќе му кажат другите. И на здравствен план се како клонирани. Немаат поим што прават. Од прв до последен. Ветувањата беа дека на економски план ќе биле поинакви. Директорот Ковачевски тука бил јак. Заборавија само да кажат дека и директорувањето му е благодарение на партија, а тука за јаката „кариера“ и опозицијата имала вина во минатото. И онаму каде најмногу го фалеа, во се’ друго тапосаниот харвардски курсист, падна и трасна ко  балван. Долни или горни, не е битно. А го фативме во лага благодарение на Вучиќ, кој ги издаде македонските лажливи наследници на барон Муртинхаузен. Интересно е што никој воопшто не се изненади што во период на светска воена криза Ковачевски и бандата околу него ја оставиле Македонија без основни намирници во стоковите резерви, уште помалку што лажеа и се фалеа дека се полни. Ќе се изненадевме доколку не беше така. Е, тоа ќе беше изненадување. Вака си доживеавме реприза на вакцините, Србија пак не спаси, сега со брашно. Живи и здрави да се, оти инаку со оваа неспособна банда го обравме бостанот.... Проблемот е што поради стокхолмскиот синдром со кои се задоивме ко нација, ни стана „добар ден“ молчешкум да ги гледаме злодејанијата и криминалот на северџаните и интегративната банда на Ахмети, армија тендерољупци и неспособњаковиќи кои гарант ја искористиле ситуацијата и дефокусот со Украина за да лапнат уште некој тендер и да направат нови матни бизниси. Врховниот им Заев во тоа е „струја“, брзо реагираше на првата шанса за правење пари, па ко шлепер улета  токму во бизнисот за струја. Следејќи го примерот на Рашко, преку синот и гарант со парите од мекици и родендени. Можеби е подготовка за обновување на дружбата во некоја институција, па да имаат за што да муабетат... Лажеа за вакцините во ек на светска здравствена криза, лажеа за стоковите резерви среде светска безбедносна криза. Лажеа и за промената на светото име, лажеа и за Уставот, лажеа и за двојазичноста. Лажеа за департизација на државата и судството, за дигање на стандардот, за задолжувањата, муљаа за некрадење државни пари, сушеа за некакво едно општество за сите, лажувкаа и за уште понекаков влез во ЕУ. Аман бре луѓе, што уште треба да излажат за да го извадиме оној „кубурот за црни денови“? Или и натаму ќе го гланцаме и ќе се вадиме и перчиме дека не не’ излажале нас, туку „другите“.  Ќе се топориме ли дека ние сме знаеле дека Муртинхаузеновци лажат. И што со тоа? Ќе ни биде ли полесно, државата ќе тргне на поарно, така ли ќе си го вратиме името, ќе го спречиме селењето на нашите деца, ќе превенираме нова продажба на историјата и револуционерите, така ли ќе си ја вратиме Македонија? Велат, им се погоди короната, а сега и Украина. Паразитите најдобро егзистираат во криза, кога организмот/државата е ослабен. Факт е и дека светот рапидно се менува и освестува преку кризите кои, колку и да се болни, се еден вид катарза за човештвото. Се случува секаде, освен под стакленото ѕвоно под кое се наоѓа Македонија. Да, дефинитивно светот се менува, буди и освестува. За жал, имам чувство дека само ние остануваме исти...]]>

https://arhiva.kurir.mk/kolumni/naslednicite-na-baron-murtinhauzen/feed/ 0
Вучиќ до Заев: Зоки доста! (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vuchikj-do-zaev-zoki-dosta-video/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vuchikj-do-zaev-zoki-dosta-video/#respond Sun, 14 Feb 2021 18:14:39 +0000 https://kurir.mk/?p=468678

Зоки сакаше да се фали, да се умилкува на српскиот претседател, ама Вучиќ му рече: „Зоки доста“! ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vuchikj-do-zaev-zoki-dosta-video/feed/ 0
Вучиќ: Советникот на Заев, Зоран Башановиќ е газда на пола Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vuchikj-sovetnikot-na-zaev-zoran-bashanovikj-e-gazda-na-pola-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vuchikj-sovetnikot-na-zaev-zoran-bashanovikj-e-gazda-na-pola-makedonija/#respond Wed, 10 Feb 2021 08:29:28 +0000 https://kurir.mk/?p=466627

Еден од најблиските луѓе на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, неговиот кум Никола Петровиќ, ја купил авиокомпанијата „Ер Пош“ од контроверзниот бизнисмен Станко Суботиќ, откриваат КРИК и ОЦЦРП. Според КРИК, оваа зделка е направена далеку од очите на јавноста – Петровиќ ја скрил зад оф-шор компанија регистрирана во Луксембург. Кумот на претседателот ја купил компанијата која е сопственик на авионот вреден повеќе од половина милион евра, судејќи според договорот, доста евтино, за само 100.000 евра, според КРИК. Запрашан за коментар, Вучиќ рече дека нема идеја што купува и што прави неговиот кум … -Тој е во приватниот сектор, тој отсекогаш бил богат човек. Имам и друг кум, Зоран Бажановиќ, кој купува телевизии со Џилас и заедно со Џилас денес ме уништува, имам многу кумови, но не знам што има тоа со мене. Човекот цел живот бил во приватниот сектор, немам ништо со тоа… Никогаш не сум имал приватен бизнис, никогаш не сум возел со неговите автобуси, авиони или што било друго… Ова е човек кој бил богат многу пред политиката, и единствената врска што ја имаше со државата е кога режимот на ДС му даваше дозволи за некои хидроцентрали: Во наше време, тој не доби ништо од тоа. „Она што го работи приватно е негова лична работа, рече тој. А го споменав другиот мој кум. И мојот кум (Зоран) Башановиќ – Гледам дека сите сили се обидува да ме сруши, а ја поседува половина од Грција и Македонија, да се каже метафорички. Верувајте ми – тој не доби ништо од мене, ниту може. Горд сум на фактот дека сега ќе се формира оваа комисија за испитување на имот, и ќе побарам да бидам барем во првите десет чиј имт ќе биде проверен, бидејќи сакам да им покажам на граѓаните колку многу ги почитувам – имотот не ми е зголемен во последните девет години, ниту имотот на моите блиски роднини … Немам сметки во ниту една странска банка, не ме интересира богатството, имам едно хоби, сакам да се напијам добро вино, но сега сум повеќе ориентиран кон „домашна“,рече тој. Вучиќ, исто така, истакна дека тој сè уште вози Шкода, -Кога ќе се обидам да избегам од безбедносните луѓе, најмногу сакам да возам со Синиша Мали“ и дека е регистриран кај неговиот брат, дека станува збор за автомобил од 2006 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vuchikj-sovetnikot-na-zaev-zoran-bashanovikj-e-gazda-na-pola-makedonija/feed/ 0
Вучиќ: Србија договори набавка на 6,5 милиони вакцини, но не може сите да ги добие https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vuchikj-srbija-dogovori-nabavka-na-6-5-milioni-vakcini-no-ne-moze-site-da-gi-dobie/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vuchikj-srbija-dogovori-nabavka-na-6-5-milioni-vakcini-no-ne-moze-site-da-gi-dobie/#respond Thu, 28 Jan 2021 14:05:22 +0000 https://kurir.mk/?p=461066

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави денес дека е лут и нервозен секогаш кога размислува за вакцинирањето, бидејќи Србија досега договорила набавка од околу 6,5 милиони вакцини, кои не може да ги добие во таа количина, јави дописникот на МИА од Белград. Вучиќ кажа дека некои богати земји зеле до шест пати повеќе вакцини отколку што имаат жители, како и дека сакале да ги вакцинираат „сите кучиња и мачиња“ и затоа другите земји не можат да ги вакцинираат своите граѓани. -Но, нивниот план не успеа, затоа што се појавија некои мали земји, како што е Србија, која се снајде. Буквално се снајдоа. И кога ќе видите дека имаат шест пати повеќе дози од жители, ви се смачува од сè. Но, што да се прави – им се може. Што велат децата: „Така се во можност“, изјави Вучиќ и додаде дека и Србија ќе се обиде да „таа биде во можност“. Тој ги потврди најавите на премиерката Ана Брнабиќ дека утре во Србија стиаат вкупно 40.000 вакцини Спутник V од Русија и најави дека попладнево ќе има нови разговори на „отворените и заштитени линии“ во кои ќе се обиде да набави нови дози на вакцини, додавајќи дека наскоро ќе пристигнат помеѓу 9.000 и 11.000 дози на вакцината на Фајзер, потоа во февруари уште 41.000 парчиња од истиот производител и дека ќе побара од Кина да испрати уште повеќе од своите вакцини. Вучиќ кажа дека само вчера 53.000 лица примиле вакцина и дека на списокот на пријавени за вакцинација има повеќе од 700.000 граѓани.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vuchikj-srbija-dogovori-nabavka-na-6-5-milioni-vakcini-no-ne-moze-site-da-gi-dobie/feed/ 0
Тајно пришлушувани српскиот претседател Вучиќ и неговата фамилија https://arhiva.kurir.mk/svet/region/tajno-prishlushuvani-srpskiot-pretsedatel-vuchikj-i-negovata-familija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/tajno-prishlushuvani-srpskiot-pretsedatel-vuchikj-i-negovata-familija/#respond Sat, 23 Jan 2021 12:21:55 +0000 https://kurir.mk/?p=458925

На дисковите што му беа предадени на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, снимени се 660 минути на негови незаконски прислушувани разговори, вклучително и оние со неговиот син Данило и неговиот брат Андреј, пишуваат Новости. Работната група на Министерството за внатрешни работи, која собира информации по наредба на Обвинителството за организиран криминал, во случајот со прислушувањето на шефот на државата и членовите на неговото семејство, во петокот продолжи да испрашува припадници на полицијата и досега се сослушани околу 50 припадници на МВР. Клучен актер во оваа афера, барем засега, освен поранешниот државен секретар на Министерството за внатрешни работи, Дијана Хркаловиќ, која одбива да биде ставена на полиграфско испитување, е и Дејан Миленковиќ-Багзи, нејзин најблизок соработник и поранешен началник на Службата за специјални истражни методи на Управата за криминалистичка полиција, пренесуваат Новости. Според неофицијалните информации на Новости, Дејан Миленковиќ-Багзи се согласил на полиграф и го поминал овој тест, односно докажал дека не лаже за настаните во оваа служба, во времето кога бил на нејзино чело. Тој, наводно, потврдил дека имало тајни мерки за прислушување без судски наредби. -Имало и случаи кога се правеа транскрипти од тајни разговори кои се носеа на Дијана Хркаловиќ, без да бидат запишани во официјалните полициски документи, изјави соговорникот на Новости. Пред две недели, Вучиќ објави дека има докази дека бил прислушуван година и пол, дека станува збор за директен обид за државен удар и дека во прислушувањето „несомнено е дека учествувал и странски фактор“, додавајќи дека не ги обвинува странците, „кога пред сè се замешани наши“. -Ова дојде до мене, бидејќи имаше чесни полицајци кои ми ги донесоа, кажа Вучиќ, кој додаде дека му биле доставени дискови на кои биле снимени неговите прислушувани разговори. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/tajno-prishlushuvani-srpskiot-pretsedatel-vuchikj-i-negovata-familija/feed/ 0
Вучиќ до Транспортната заедница: Помош за воспоставување Зелени коридори на Западен Балкан со ЕУ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vuchikj-do-transportnata-zaednica-pomosh-za-vospostavuvanje-zeleni-koridori-na-zapaden-balkan-so-eu/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vuchikj-do-transportnata-zaednica-pomosh-za-vospostavuvanje-zeleni-koridori-na-zapaden-balkan-so-eu/#respond Tue, 12 Jan 2021 14:08:26 +0000 https://kurir.mk/?p=454324

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ и директорот на Постојаниот секретаријат на Транспортната заедница на ЈИЕ, Матеј Закошњек, на денешната средба разговораа за развој на регионалната транспортна мрежа и сообраќајната врска на Западен Балкан со ЕУ, што ќе донесе бројни придобивки за граѓаните и компаниите. Како што јави дописникот на МИА од Белград, Вучиќ побарал од директорот Закоњшек да помогне во воспоставувањето на Зелени коридори на границите на Западен Балкан и Европската Унија односно да се отстранат бариерите за побрз проток на стоки, следејќи го примерот на Зелените коридори воспоставени меѓу партнерите на Западен Балкан во вонредните околности на пандемијата со Ковид-19. – Вучиќ истакна дека за Србија е важно оваа иницијатива да се спроведе, пред сè, на границите со Хрватска и Унгарија, каде што неколкучасовниот задржувања се најдолги, соопшти прес-службата на претседателот на Србија. Тој ги издвоил и проектите кои се приоритет за Србија и побара забрзување на процедурите за реализација на автопатот Ниш – Приштина. Закоњшек на средбата ги презентирал приоритетите на работата на Транспортната заедница во врска со поврзувањето на сообраќајната инфраструктура со трансевропската мрежа, безбедноста во сообраќајот, имплементацијата на европското законодавство и стандардите во областа на транспортот, што вклучуваат и дигитализација и подобрување на животната средина, побрз проток на стоки на границите преку воспоставување заедничка контрола и ревитализација на железничкиот и воден транспорт. Целта на Постојаниот секретаријат на Транспортната зедница на ЈИЕ (Албанија, Босна и Херцеговина, Македонија, Србија, Косово и Црна Гора) е правилата, принципите и политиките на ЕУ за транспортниот пазар да се прошират до земјите од Западен Балкан преку правно обврзувачка рамка. Транспортната заедница е основана со Договорот за основање на ТЗ потпишан на 12 јули 2017 година на Самитот на Берлинскиот процес во Трст, а седиште на Постојаниот секретаријат на Транспортната заедница беше отворен во Белград кон средината на септември 2019 година. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vuchikj-do-transportnata-zaednica-pomosh-za-vospostavuvanje-zeleni-koridori-na-zapaden-balkan-so-eu/feed/ 0
Вучиќ утре во 6 часот ќе го отвори гасоводот „Турски тек“ во Србија https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vuchikj-utre-vo-6-chasot-kje-go-otvori-gasovodot-turski-tek-vo-srbija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vuchikj-utre-vo-6-chasot-kje-go-otvori-gasovodot-turski-tek-vo-srbija/#respond Thu, 31 Dec 2020 11:58:09 +0000 https://kurir.mk/?p=450677

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ најави дека утре, во шест часот ќе го отвори за комерцијален сообраќај гасоводот „Балкански поток“, јави дописникот на МИА од Белград. -Имам неколку важни вести за луѓето. Утре, во 6 часот наутро, ќе го отвориме нашиот гасовод за комерцијален сообраќај за Србија, цената на гасот за нашата земја ќе биде 155 долари максимум, плус од 12 до 14 долари за транспорт. Многу пониска цена, многу поволна, а во исто време преку такси ќе добиеме она што ќе се искористи за отплата на кредитите, изјави Вучиќ на ТВ Пинк. Тој побара од граѓаните на Србија да започнат да го користат гасот, бидејќи на тој начин се добива почист воздух, како и поевтино гориво за граѓаните. – Им реков на Американците дека Србија е заинтересирана за одличен квалитет и цена на гасот и дека не можат да ни нудат по 600 американски долари, изјави Вучиќ. Тој посочи дека не е изградена примарната мрежа на гасоводот до Врање, Владичин Хан и Сурдулица и дека „има заинтересиран инвеститор за Врање“. Вучиќ кажа дека мора да се изгради секундарна гасоводна мрежа во сите осум општини во источна Србија. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vuchikj-utre-vo-6-chasot-kje-go-otvori-gasovodot-turski-tek-vo-srbija/feed/ 0
Косовско МНР: Нема да дозволиме Вучиќ да го посети Косово https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kosovsko-mnr-nema-da-dozvolime-vuchikj-da-go-poseti-kosovo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kosovsko-mnr-nema-da-dozvolime-vuchikj-da-go-poseti-kosovo/#respond Sat, 21 Nov 2020 13:23:52 +0000 https://kurir.mk/?p=432559

Косовското Министерство за надворешни работи и дијаспора на Косово соопшти дека нема да дозволи посета на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на Косово, пренесува Бета. Министерството за надворешни работи денеска, за порталот Газета експрес, потврди дека во четвртокот, 19 ноември, Вучиќ поднел барање за посета на Косово со уште тројца соработници. Во делегацијата со Вучиќ се предвидувало да бидат и министерот за внатрешни работи на Србија, Александар Вулин, директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија, Петар Петковиќ и поранешниот директор на таа канцеларија, Марко Ѓуриќ. Барањето за посета уследи по откривањето на масовна гробница во Србија, за која постои сомнение дека во неа се тела на косовски Албанци убиени во конфликтот во 1999 година, наведува „Газета експрес“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kosovsko-mnr-nema-da-dozvolime-vuchikj-da-go-poseti-kosovo/feed/ 0
Вучиќ: Србија никогаш нема да и воведе санкции на Русија https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vuchikj-srbija-nikogash-nema-da-i-vovede-sankcii-na-rusija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vuchikj-srbija-nikogash-nema-da-i-vovede-sankcii-na-rusija/#respond Wed, 14 Oct 2020 15:00:00 +0000 https://kurir.mk/?p=416414

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, изјави дека Србија никогаш нема да и воведе санкции на Русија, иако е под притисок и, како што кажа, и понатаму ќе биде под притисок, јави дописникот на МИА од Белград. -Ние сме на патот кон ЕУ, но, ќе ја зачуваме нашата позиција и нема да ги расипеме односите со Русија, кажа Вучиќ во интервју за руската агенција Тасс. Тој посочи дека и Србија била под санкции и оцени дека тие не се најдобра политика. -Србија плати висока цена. И тоа не доведе до добри резултати, кажа Вучиќ, кој додаде да Србија ќе ја брани својата територија без членство во ниту една воена структура. „Сакам да и го кажам тоа на целата руска јавност, дека веќе осум години слушам дека Вучиќ сака да ја вовлече Србија во НАТО, дека Вучиќ е предавник кој сака само да ја искористи можноста да го стори тоа … Се покажа дека сите ’големи руски пријатели’ влегле во НАТО, само не и ’предавникот Вучиќ’ “, изјави српскиот претседател. Тој го повтори ставот дека Србија никогаш нема да влезе во НАТО или во која било друга воена структура. Како што рече, Србија ќе биде самоодржлива, независна и слободна држава, која се придржува до политиката на воена неутралност. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vuchikj-srbija-nikogash-nema-da-i-vovede-sankcii-na-rusija/feed/ 0