Вухан – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 31 Dec 2022 13:30:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Вухан – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Вухан сензационален фудбалски шампион на Кина https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/vuhan-senzacionalen-fudbalski-shampion-na-kina/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/vuhan-senzacionalen-fudbalski-shampion-na-kina/#respond Sat, 31 Dec 2022 13:30:24 +0000 https://kurir.mk/?p=782741

Фудбалерите на Вухан по првпат во клупската историја ја освоија титулата во кинеската Суперлига, откако во последното коло Тијанџин го предаде натпреварот без борба. Вухан направи вистинско мало чудо бидејќи ги освои титулите во секоја од последните три сезони. Новиот кинески фудбалски шампион пред две години триумфираше во Третата лига, а екипата лани ја освои Втората лига и избори промоција во најсилното друштво. Екипата која ја тренира Шпанецот Мориља, а главни ѕвезди се Бразилците Давидсон и Валас, ја заврши сезоната пред ланскиот шампион Шандонг, кој, исто така, не го одигра натпреварот од последното коло против Пекинг во време кога Кина и натаму се бори со растот на бројот заразени со коронавирусот ширум земјата. Вухан и Шандонг завршија израмнети со 78 бодови по 34 натпревари во сезоната под големо влијание на пандемијата, а Вухан ја освои шампионската титула поради подобрата гол – разлика.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/vuhan-senzacionalen-fudbalski-shampion-na-kina/feed/ 0
Делумно затворање на кварт во Вухан поради Ковид-19 https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/delumno-zatvoranje-na-kvart-vo-vuhan-poradi-kovid-19/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/delumno-zatvoranje-na-kvart-vo-vuhan-poradi-kovid-19/#respond Wed, 27 Jul 2022 08:25:36 +0000 https://kurir.mk/?p=710674

Во квартот Џиангсја во кинескиот град Вухан, во кој живеат околу еден милион луѓе привремено се затвораат дел од компаниите и јавниот транспорт откако синоќа беа регистрирани два нови случаи на Ковид-19. Властите во округот Џиангсја, дом на повеќе од 900.000 луѓе, соопштија дека од денеска се воведени тридневни ограничувања во главни урбани области, вклучително и забрана за големи јавни настани, посета на ресторани, затворени се јавните места за забава, пазарите малите клиники. Исто така суспендирани се и автобуските и метро линиите. Властите ги повикаа жителите да не ја напуштаат областа во следните три дена, а исто така апелираа и другите жители на Вухан да го избегнуваат реонот Џиангсја. Во Вухан, град во централна Кина, живеат над 11 милиони луѓе.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/delumno-zatvoranje-na-kvart-vo-vuhan-poradi-kovid-19/feed/ 0
Вухан за пет дена го заврши тестирањето на 11, 28 милиони жители против Ковид-19 https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vuhan-za-pet-dena-go-zavrshi-testiranjeto-na-11-28-milioni-ziteli-protiv-kovid-19/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vuhan-za-pet-dena-go-zavrshi-testiranjeto-na-11-28-milioni-ziteli-protiv-kovid-19/#respond Mon, 09 Aug 2021 07:38:38 +0000 https://kurir.mk/?p=548218

Во рок од само пет дена централниот кинески град Вухан го заврши тестирањето на 11,28 милиони жители, што го спроведе поради зголемувањето на бројот на лица кои се заразија со Ковид-19, соопштија локалните власти. -Тестирани се сите жители на Вухан, освен децата помлади од шест години и студентите кои се на летен одмор, изјави заменик -секретарот на градската влада Ли Тао, пренесува Ксинхуа. До саботата, во последниот бран од заразата, во Вухан беа регистрирани 37 локални пренесувања на коронавриусот, како и 41 асимптоматски случаи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vuhan-za-pet-dena-go-zavrshi-testiranjeto-na-11-28-milioni-ziteli-protiv-kovid-19/feed/ 0
Шестмина рудари разболени во 2012 година клучни во напорите да се открие потеклото на Ковид-19 https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shestmina-rudari-razboleni-vo-2012-godina-kluchni-vo-naporite-da-se-otkrie-potekloto-na-kovid-19/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shestmina-rudari-razboleni-vo-2012-godina-kluchni-vo-naporite-da-se-otkrie-potekloto-na-kovid-19/#respond Thu, 10 Jun 2021 07:54:29 +0000 https://kurir.mk/?p=521359

Американскиот главен епидемиолог и советник на претседателот Џо Бајден, Ентони Фаучи апелираше Кина да пружи увид во информации за шестмина рудари кои се разболеле во 2012 година работејќи во рудник на југозападот од Кина, бидејќи овие податоци би можеле да бидат клучни во напорите да се открие потеклото на вирусот Ковид-19. Кинеските рудари се на возраст од 30 до 63 години и биле ангажирани за миење на бакарна руда од фекалии од лилјаци во април 2012 година. Неколку недели подоцна биле примени во болница со симптоми на кашлица, температура, главоболка, болка во градите и отежнато дишење. Подоцна тројца од нив починале, пренесува Ројтерс. Се смета дека овој рудник одалечен околу 1.500 километри од Вухан, е местото каде прв пат е идентификуван Ковид-19. Податоците за овие рудари се наведуваат во 2013 година во научна работа на Ли Суа, постдипломец на Медицински факултет каде се рзгледуваат симптомите на секој пациент поединечно и се заклучува дека сите биле заразени преку лилјаци со „вирус кој личи на САРС“. Научниците подоцна во 2012 година при истражување на рудникот пронашле примероци на патогени кај глувци, но со дополнителни истражувања не било можно да се утврди дали и шестмината рудари биле заразени со истиот вирус.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shestmina-rudari-razboleni-vo-2012-godina-kluchni-vo-naporite-da-se-otkrie-potekloto-na-kovid-19/feed/ 0
„Волстрит џурнал“: Ковид-19 можно е да протекол од кинеска лабораторија во Вухан https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/volstrit-dzurnal-kovid-19-mozno-e-da-protekol-od-kineska-laboratorija-vo-vuhan/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/volstrit-dzurnal-kovid-19-mozno-e-da-protekol-od-kineska-laboratorija-vo-vuhan/#respond Tue, 08 Jun 2021 06:17:18 +0000 https://kurir.mk/?p=520307

Според извештај на САД за потеклото на Ковид-19, хипотезата дека новиот коронавирус протекол од кинеска лабораторија во Вухан е можна и заслужува понатамошна истрага, објави „Волстрит џурнал“ повикувајќи се на извори запознати со содржината на тајниот документ. Студија на Националната лабораторија на САД – Националната лабораторија Лоренс Ливермор во Калифорнија, беше подготвена во мај минатата година и испратена до американскиот Стејт департмент кога се истражуваше потеклото на пандемијата, за време на последните месеци на поранешниот американски претседател Доналд Трамп. Проценката на американската лабораторија дека вирусот „избегал“ од лабораторијата, според „Волстрит џурнал“, произлегла од анализа на геномот на вирусот Ковид-19. Сепак, лабораторијата на Лоренс Ливермор одби да го коментира написот. Американскиот претседател Џо Бајден во мај рече дека побарал помош за да најде одговори за потеклото на Ковид-19. Според американските разузнавачки агенции, постојат две можни сценарија – дека вирусот се проширил по лабораториска несреќа или бил предизвикан од човечки контакт со заразено животно, но заклучоците се уште не се донесени. Во таен извештај на разузнавачките служби на САД, што циркулираше за време на администрацијата на Трамп, се вели дека тројца научници од кинескиот институт за вирусологија во Вухан во ноември 2019 година биле болни и побарале болничка нега.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/volstrit-dzurnal-kovid-19-mozno-e-da-protekol-od-kineska-laboratorija-vo-vuhan/feed/ 0
Се огласи научник од Вухан по повод тврдењето дека коронавирусот потекнува од нивната лабараторија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/se-oglasi-nauchnik-od-vuhan-po-povod-tvrdenjeto-deka-koronavirusot-poteknuva-od-nivnata-labaratorija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/se-oglasi-nauchnik-od-vuhan-po-povod-tvrdenjeto-deka-koronavirusot-poteknuva-od-nivnata-labaratorija/#respond Fri, 14 May 2021 10:05:04 +0000 https://kurir.mk/?p=510235

Научник од Институтот за вирусологија во Вухан, д-р Ши Зенгли, познат како „Жена лилјак“, ги отфрли новите тврдења дека Кводи-19 можеби избегал од нивната лабораторија и ги нарече „тажни и неприфатливи“. Група од 18 научници, вклучително и еден од најистакнатите светски истражувачи на коронавируси, ја започнаа дебатата за тоа дали Ковид-19 избегал од лабораторијата во Вухан преку ноќ. Предупредувајќи дека нема доволно докази за да се исклучи таа можност, групата му напишала на престижното списание „Сајанс“, повикувајќи на понатамошно истражување за потеклото на видот Ковид-19, одговорен за глобалната пандемија. - Мораме сериозно да ги сфатиме хипотезите за природна и лабораториска трансфузија додека не добиеме доволно податоци - се наведува во писмото. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/se-oglasi-nauchnik-od-vuhan-po-povod-tvrdenjeto-deka-koronavirusot-poteknuva-od-nivnata-labaratorija/feed/ 0
Што вели нацрт-извештајот на СЗО: Коронавирусот не е дојден од лабораторија, се чини дека ова е сценариото https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shto-veli-nacrt-izveshtajot-na-szo-koronavirusot-ne-e-dojden-od-laboratorija-se-chini-deka-ova-e-scenarioto/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shto-veli-nacrt-izveshtajot-na-szo-koronavirusot-ne-e-dojden-od-laboratorija-se-chini-deka-ova-e-scenarioto/#respond Mon, 29 Mar 2021 08:58:49 +0000 https://kurir.mk/?p=489073

Заедничката студија на Светската здравствена организација (СЗО) и Кина за потеклото на Ковид-19 вели дека пренесувањето на вирусот од лилјаци на луѓе преку друго животно е најверојатно сценарио и дека пропуст во лабораторијата како причина е крајно неверојатно. Агенцијата наведува дека денес ја добила скоро финалната верзија на извештајот на СЗО од дипломат со седиште во Женева, кој не сакал да биде идентификуван бидејќи не бил овластен да дава информации пред нејзиното официјално објавување. Сè уште не е познато дали извештајот може да се промени пред да биде објавен, но наодите што ги содржи беа главно очекувани и оставија многу прашања без одговор, пренесува АП. Тимот на СЗО предложи понатамошно истражување во сите можни насоки во врска со потеклото на коронавирусот, освен хипотезата дека тој „избегал“ од лабораторијата. Истражувачите разгледале четири сценарија по редослед на веројатност. Тие заклучија дека пренесувањето преку друго животно е многу веројатно. Тие проценија дека е веројатно директното ширење од лилјаците на луѓето, и исто така рекоа дека е можно ширење со прехранбени производи со „ладен ланец“. Објавувањето на извештајот беше одложено неколку пати, а официјален СЗО кон крајот на минатата недела изјави дека очекува тој да биде подготвен за објавување во следните неколку дена. Извештајот главно се заснова на посетата на тим меѓународни експерти на СЗО на кинескиот град Вухан, каде што за прв пат беше откриен „Ковид-19“, во текот на јануари и февруари минатата година, според агенцијата. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shto-veli-nacrt-izveshtajot-na-szo-koronavirusot-ne-e-dojden-od-laboratorija-se-chini-deka-ova-e-scenarioto/feed/ 0
СЗО проверува друг пазар за храна во Вухан за појавата на коронавирусот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-proveruva-drug-pazar-za-hrana-vo-vuhan-za-pojavata-na-koronavirusot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-proveruva-drug-pazar-za-hrana-vo-vuhan-za-pojavata-na-koronavirusot/#respond Fri, 26 Feb 2021 16:26:03 +0000 https://kurir.mk/?p=474428

Експертите од Светската здравствена организација ја проверуваат верзијата дека коронавирусот можеби се појавил на друг пазар за храна во Вухан. Според „Волстрит журнал“, експертите не успеале да воспостават врска помеѓу „нултиот пациент“ и пазарот Хуанан, кој се смета за епицентар на првото избувнување на коронавирусот. Според изданието, Чан, жител на Вухан, кај кого беше детектиран коронавирус на 8 декември 2019 година, за мисијата на СЗО изјавил дека неговите родители купуваат од друг пазар за храна. Како резултат, експертите сугерираат дека вирусот е пренесен од животно на човек порано отколку што се сметаше и се проширил во Вухан пред појавата на огништето на пазарот во Хуанан. Тестовите на родителите на нулта пациентот биле негативни, но не е познато кога биле извршени или дали биле тестирани за антитела. Експертите на СЗО имаат намера да ја утврдат точната локација на овој пазар, како и да разјаснат дали постои врска помеѓу него и другите случаи на инфекција со коронавирус во Вухан во декември 2019 година. Мисијата на СЗО заедно со кинески експерти веќе утврдија дека некои од вкупно 174 случаи регистрирани во овој период се однесуваат на други трговски места во Вухан, но сè уште не ги соопштија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-proveruva-drug-pazar-za-hrana-vo-vuhan-za-pojavata-na-koronavirusot/feed/ 0
ТИМОТ НА СЗО СО НОВИ СОЗНАНИЈА: Ковид-19 циркулирал во Вухан и пред декември 2019 https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/timot-na-szo-so-novi-soznanija-kovid-19-cirkuliral-vo-vuhan-i-pred-dekemvri-2019/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/timot-na-szo-so-novi-soznanija-kovid-19-cirkuliral-vo-vuhan-i-pred-dekemvri-2019/#respond Mon, 15 Feb 2021 10:47:52 +0000 https://kurir.mk/?p=468905

Експертите од Светската здравствена организација кои трагаат по потеклото на коронавирусот во Кина утврдиле дека епидемијата на вирусот од декември 2019, всушност била распространета повеќе отколку што се мислело. Тимот побарал итен пристап доо стотиците илјадни примероци на крв на населението. Шефот на мисијата на СЗО Петер Вен Ембарек за Си-Ен-Ен изјавил дека мисијата открила дека вирусот бил многу повеќе распространет во 2019 година и дека во декември во Вухан постоеле десетина мутации на вирусот. Тимот разговарал и со првиот заболен, барем според тврдењето на официјалните лица, чиновник во 40-тите години кој никаде не патувал, а регистиран е како позитивен пациент на 8 декември. Постепено се појавуваат нови детални податоци кои мисијата на СЗО ги прибирала, а кои би можеле дополнително да ја потвдат загриженоста на одредени научници кои претходно го испитуваа потеклото на коронавирусот, дека тој во Кина бил раширен многу порано пред првиот регистриран официјален случај. Ембарек, кој се вратил во Швајцарија од Вухан, изјавил дека „вирусот бил широко распространет во Вухан во декември, што е ново откритие“. Специјалистот на СЗО за безбедност на храна истакнал дека кинеските научници претставиле 174 случаи на коронавирус во и од околината на Вухан од декември 2019 година. Од тие, 100 се потврдени со лабораториско тестирање, а останатите 74 со клиничка дијагноза на симптомите. Ембарек истакнал дека тимот на СЗО од 17 научници и 17 кинески експерти го проширил генетскиот материјал на вирусот кој бил проучуван и благодарение на тоа, за првпат откриени се 13 различни ггенетски секвенци на САРС КОВ-2 вирусот во декември 2019 година. Овие секвенци, ако се споредат со пошироките податоци од цела Кина во 2019 година би можеле да дадат добри насоки за географијата и тајмингот на епидемијата пред декември, Промените во генетскиот код кај вирусот се вообичаени. Ембарек одбил да заклучи дека 13-те мутации значи дека вирусот се појавил пред декември, но откривањето на колку соеви наведува на помислата дека вирусот циркулирал повеќе од еден месец, а генетскиот материјал кој тимот на СЗО го собрал е прв физички доказ за оваа теорија. Ембарек истакнал и дека кинеските научници на неговиот им им дале анализа на 92 случаи од октомври и ноември 2019 година, за кои се мисли дека биле позитивни на коронавирус. Тимот на СЗО побарал истите да бидат тестирани на антитела во јануари годината. Само 67 прифатиле да се тестираат и сите биле негативни. Ембарек вели дека со понатамошни тестови треба да се утврди дали антителата може да останат една година во телото на пациентот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/timot-na-szo-so-novi-soznanija-kovid-19-cirkuliral-vo-vuhan-i-pred-dekemvri-2019/feed/ 0
СЗО: Причина за инфекцијата од коронавирусот е „скокање на вирусот“ од животно врз човек https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-prichina-za-infekcijata-od-koronavirusot-e-skokanje-na-virusot-od-zivotno-vrz-chovek/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-prichina-za-infekcijata-od-koronavirusot-e-skokanje-na-virusot-od-zivotno-vrz-chovek/#respond Tue, 09 Feb 2021 11:31:45 +0000 https://kurir.mk/?p=466197

Исклучително неверојатно е коронавирусот да почнал по инцидент во лабораторија во Кина, изјавија денеска истражители на Светската здравствена организација, кои веќе неколку дена се обидуваат да го расветлат потеклото на коронавирусот во Кина, пренесува „Скај Њуз“. Истражувачите веруваат дека најверојатната причина за првичното избувнување на инфекцијата од коронавирусот е „скокање на вирусот“ од животно врз човек. Ова значи дека идните истраги нема да се фокусираат на лабораториски инцидент како можна причина за појавата на инфекцијата со коронавирусот. Меѓународен тим научници од Светската здравствена организација, кој работи со кинески експерти, веќе некое време се обидуваат да откријат како почна пандемијата на коронавирусите. Тимот истражувачи на СЗО гво изминатите неколку дена посетија клучни локации во Вухан, кинескиот град во кој беа пријавени првите случаи на инфекција, и во него разговараа со пациенти, здравствени работници и кинески научници. Досегашните докази сугерираат дека коронавирусот „скокнал“ од животни врз луѓе, а тимот истражувачи на денешната прес-конференција соопшти дека се уште не се сигурни за каков вид животно станува збор и каде тоа точно се случило. Научниците откриле и дека коронавирусот циркулирал во региони надвор од Вухан пред првиот пријавен случај на инфекција, пренесува „Скај Њуз“. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-prichina-za-infekcijata-od-koronavirusot-e-skokanje-na-virusot-od-zivotno-vrz-chovek/feed/ 0