вулкан мерапи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 14 Mar 2023 08:32:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png вулкан мерапи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ВИДЕО: Вулканот Мерапи исфрла пепел и гас https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-vulkanot-merapi-isfrla-pepel-i-gas/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-vulkanot-merapi-isfrla-pepel-i-gas/#respond Tue, 14 Mar 2023 08:32:56 +0000 https://kurir.mk/?p=811677

Мерапи, еден од најактивните вулкани во Индонезија, денеска исфрли врели облаци од пепел и гас, кои се протегаат два километри по неговата падина, јави ДПА. Според Центарот за вулканологија и ублажување на геолошките опасности, владина агенција која ја следи вулканската активност, ерупцијата траела 160 секунди, испраќајќи врели вулкански остатоци долж реката Красак. Нема информации за жртви или штети, но агенцијата ги предупреди жителите и туристите да се држат подалеку од опасната зона во радиус од 5 километри од врвот. Мерапи, што значи „Огнена планина“ на јавански, се наоѓа на границата со провинциите Централна Јава и покраината Јогјакарта, на околу 400 километри југоисточно од главниот град Џакарта. Вулканот еруптира со прекини од 2020 година, принудувајќи илјадници луѓе да ги напуштат своите домови. Последната голема ерупција на планината Мерапи се случи во 2010 година, кога загинаа повеќе од 350 луѓе, а околу 400.000 други беа раселени.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-vulkanot-merapi-isfrla-pepel-i-gas/feed/ 0
Ерупција на индонезискиот вулкан Мерапи https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/erupcija-na-indoneziskiot-vulkan-merapi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/erupcija-na-indoneziskiot-vulkan-merapi/#respond Mon, 09 Aug 2021 07:39:29 +0000 https://kurir.mk/?p=548210

Вулканот на планината Мерапи, на индонезискиот остров Јава, еруптираше рано утринава, исфрлајќи облаци чад, соопшти Националната геолошка агенција, пренбесе ДПА. Според агенцијата, микс од жешка лава, пепел и гасови, попознати како пирокластични текови, патувале до 2.000 метри на југозападната падина на вулканот. Нивото на тревога на вулканот остана на второто,највисоко ниво, што беше прогласнео од почетокот на повремените ерупции во ноември минатата година. ДПА пренесува дека при последната смртоносна ерупција во 2010 година, повеќе од 340 лица загинаа, а 60.000 други беа раселени. Индонезија се наоѓа на Пацифичкиот огнен прстен, област позната по сеизмички потреси и со околу 128 активни вулкани.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/erupcija-na-indoneziskiot-vulkan-merapi/feed/ 0
ИЗБУВНА МЕРАПИ – најактивниот вулкан во Индонезија исфрла лава (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izbuvna-merapi-najaktivniot-vulkan-vo-indonezija-isfrla-lava-foto/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izbuvna-merapi-najaktivniot-vulkan-vo-indonezija-isfrla-lava-foto/#respond Wed, 27 Jan 2021 09:14:43 +0000 https://kurir.mk/?p=460421

Најактивниот вулкан во Индонезија, Мерапи кој се наоѓа на островот Јава почна повторно да исфрла топла лава и облаци со врела пареа. Топлата лава и облаците со врела пареа се спуштиле по падините во должина од дури 1.500 метри. Шефицата на Центарот за вулканологија и геолошко ублажување на опасностите, Ханик Хумаида за „Ројтерс“ изјавила дека откако властите го подигале нивото на опасност од овој активен вулкан во ноември, ова сега било најдолгиот проток на лава на таа планина. - Засега, нивото на готовност е на второто највисоко ниво, населението треба да се држи настрана од постојната опасна зона од 5 километри околу кратерот, рече таа. Мерапи се наоѓа на надморска висина од 2.968 метри и е околу 30 километри од центарот на градот Јогјакарта. Околу 250.000 луѓе живеат на оддалеченост од 10 километри од вулканот. Мерапи еруптираше и исфрли пепел и лава во јуни минатата година, но немаше жртви. За време на последната голема ерупција во 2012 година загинаа 347 луѓе, а беа евакуирани 20.000 жители. Во Индонезија има над 120 активни вулкани.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izbuvna-merapi-najaktivniot-vulkan-vo-indonezija-isfrla-lava-foto/feed/ 0
Индонезија: Еруптираше вулканот Мерапи https://arhiva.kurir.mk/makedonija/indonezija-eruptirashe-vulkanot-merapi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/indonezija-eruptirashe-vulkanot-merapi/#respond Sun, 21 Jun 2020 08:42:13 +0000 https://kurir.mk/?p=360364

Вулканот Мерапи на индонезискиот остров Јава исфрли облаци од пепел и врел гас во висина од околу 6.000 метри. Голема количина пепел ги прекри неколкуте села на островот, а властите го советуваа локалното население да останат три километри оддалечени од вулканскиот кратер и да бидат свесни дека постои опасност од лава. Властите не го кренаа нивото на предупредување за вулканската активност на Мерапи. Планината и вулканот Мерапи, висок 2.968 метри е еден од најактивните вулкани во Индонезија. Големата ерупција на Мерапи се случи во 2010 година, кога загинаа 353 луѓе.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/indonezija-eruptirashe-vulkanot-merapi/feed/ 0
ФОТО: Ерупција на вулканот Мерапи https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/foto-erupcija-na-vulkanot-merapi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/foto-erupcija-na-vulkanot-merapi/#respond Tue, 03 Mar 2020 08:50:12 +0000 https://kurir.mk/?p=311319

Утрово еруптираше вулканот Мерапи на индонезискиот остров Јава. Над градот Столо се надви столб од чад и пепел висок околу шест километри, поради што е затворен аеродромот на овој густо населен остров. Мерапи е меѓу најактивните вулкани во Индонезија, а во серијата ерупции во 2010 година животот го загубија 350 луѓе. Локалниот центар за геолошки катастрофи, технолошки истражувања и развој соопшти дека ерупцијата траела речиси осум минути и најверојатно ќе се повтори поради континуираното движење на магмата. Планината Мерапи на Јава е популарна туристичка дестинација.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/foto-erupcija-na-vulkanot-merapi/feed/ 0
Нова ерупција на вулкан https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nova-erupcija-na-vulkan/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nova-erupcija-na-vulkan/#respond Mon, 21 May 2018 09:59:05 +0000 https://kurir.mk/?p=56450

Најактивниот вулкан во Индонезија повторно почна да исфрла чад и пепел во најновиот од неколкуте ерупции за помалку од две недели. -Вулканот Мерапи на островот Јава еруптираше два пати и исфрли вулканска материја до 1.200 метри во висина, по што пепелта падна на неколку села, изјави портпаролот на Агенцијата за ублажување на природни катастрофи, Сутопо Пурво Нугрохо. Вели дека нивото на предупредување не е зголемено, што значи дека не се очекува нова ерупција во блиска иднина. Поради ерупцијата на Мерапи, на 11. мај жителите на блиските места се засолнија во побезбедни области. Мерапи се наоѓа на истоимената планина на висина од 2.968 метри и е најактивен од околу 500 индонезиски вулкани. Од голема ерупција во 2010. година настрадаа 347 луѓе, а евакуирани беа 20.000 мештани.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nova-erupcija-na-vulkan/feed/ 0