wines of macedonia – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 03 Mar 2020 11:53:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png wines of macedonia – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Македонското вино е најдобриот бренд амбасадор на Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonskoto-vino-e-najdobriot-brend-ambasador-na-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonskoto-vino-e-najdobriot-brend-ambasador-na-makedonija/#respond Tue, 03 Mar 2020 11:31:22 +0000 https://kurir.mk/?p=311421

На овогодинешното пролетно оценување на престижниот натпревар за вино „Мундус вини“ кој по 26ти пат се одржа во Нојштад, Германија во перидот од 18ти до 23ти Февруари 2020 година, 268 експерти за вино од 54 земји оценуваа околу 7.500 вина кои потекнуваат од 45 земји.
Македонските вина забележаа значителен успех со вкупно освоени 42 награди од кои 29 златни медали и 13 сребрени.
Ова преставува своевиден рекорд за македонските вина во освоени награди на поединечен натпревар за вино каде скоро 70% од регистрираните вина од нашата земја се закитија со медал. Со најголем број на освоени награди се закитија земјите од стариот вински свет: Италија, Шпанија, Франција, Португалија и Германија. Во насока на промоција на винската индустрија од земјата, Здужението „Вина од Македонија“ во рамките на „Мундус Вини“ на 22ри Февруари организираше Мастерклас презентација за македонските вина со фокус на вина од сортата Вранец, пред повеќе од 140 вински судии од цел свет. Овој настан, кој беше и финансиски поддржан од МЗШВ преку Програмата за Рурален развој 2020, беше оценет како една од најдобрите презентации на нашето вино на интернационалните пазари. На натпреварот, 10 македонски винарии освоија награди меѓу кои: Винарија Далвина со 9 златни и два сребрени медали преставува најуспешната македонска винарија која покрај освоените 4 златни и 1 сребрен медал за своите линии Hermes, Dioniz  и Ar-Makedon, освои и 5 златни и 1 сребрен медал за вината од линијата Touch која е приватна  марка за хрватската компанија WINE BUSINESS d.o.o., Zagreb. Имено виното Touch Premium Merlot од берба 2017 беше прогласено и за Best of Show Macedonia. Винарија Стоби освои 6 златни и 1 сребрен медал пред сè за вината од линијата Private Reserve, а дополнително оваа винарија доби признание и за Best Producer Macedonia. Винарија Камник се закити со 5 златни и 1 сребрен медал за вината од линиите Ten Barrels, Signature, Winemaker's selection и Cuvee de Prestige, како и новото вино од линијата Heritage за соратата Каберне Совињнон 2016. Винарија Тиквеш со освоени 4 златни и 3 сребрени ја продолжи низата на најнаградувана македонска винарија во измнинатите години. Врвните вина од премиум брендот на Тиквеш Tikveš Châteaux & Domaines од Domain Barovo и Domain Lepovo се закитија со златни и сребрени медали, а сребрен медал освои и француското вино Terrasse à l'Ombre 2018 од Château de Gourdon која е под истиот бренд. Винарија Попов исто така се најде на листата на наградени винарии со освоени 2 златни и 2 сребрени медали. Со златни медали од оваа винарија се закитија Vrshnik Pinot Gris 2018 и Cuvée Prestige од берба 2017. По еден златен медал освоија вината од винариите Венец, Сопот и Лазар, а со сребрени медали се закитија и 3 вина на Винарија Бовин и 2 вина на Винарија Имако. Радува фактот што 15 вина од македонските вина се со освоени награди за 100% вино од соратата Вранец, а 10 вина се купажи од  Вранец со други сорти. Вранецот е соратата на вино преку која македонските винарии и Здружението Вина од Македонија го градат брендот и имиџот на македонското вино на интернационалните пазари. Нашата земја располага со најголеми површни на лозови насади кои достигнуваат скоро 11.000 хекари, што преставува близу 40% од вкупниот број на лозови насади во нашата земја.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonskoto-vino-e-najdobriot-brend-ambasador-na-makedonija/feed/ 0
Забележителен успех на македонските винарии на „Мундус Вини“ во Германија https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/zabelezitelen-uspeh-na-makedonskite-vinarii-na-mundus-vini-vo-germanija/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/zabelezitelen-uspeh-na-makedonskite-vinarii-na-mundus-vini-vo-germanija/#respond Fri, 01 Mar 2019 11:39:32 +0000 https://kurir.mk/?p=169803

На пролетното издание на „Мундус Вини“ во исклучително висока конкуренција од 7.200 вина што потекнуваат од 156 вински региони од различни делови на светот, се натпреваруваа и вината на ВВ „Тиквеш“, „Далвина“, „Стоби“, „Бовин“, „Камник“ и „Домен Лепово“. Значителен успех имаа вината на „Далвина“ со освоени пет златни медали за Hermes Vranec 2015, Dioniz Merlot 2016, Dioniz Vranec 2016, Hermes Cabernet Sauvignon 2015 и Hermes Merlot 2015 и еден сребрен медал за Dioniz Syrah 2016. Највисоката специјализирана награда ја понесе виното Hermes Vranec 2015 што беше прогласено за најдобро меѓу црвените вина од Македонија и се закити со медаљата Grand Gold. Награди освоија и шест вина на винарската визба „Тиквеш“, и тоа: Barovo 2018 (бело), Vranec Special Selection 2017, Alexandria Cuvee 2017 (црвено) и Bela voda 2016 (црвено) освоија златни медали, а Barovo 2016 (црвено) и Sauvignon Blanc Special Selection 2018 освоија сребрени медали. Златни медали освоија Verdot Reserve 2015 и Veritas Reserva 2015 на винаријата „Стоби“, како и A’Gupka Vranec 2012 и Alexandar 2017 од „Бовин“. Виното Cuvee de Prestige 2016 на „Камник“ освои златен медал, додека Merlot Single vineyard 2015 од истата винарија понесе среберeн медал. Со златен медал беше наградено и Domaine Lepovo Rose 2015, додека со сребен медал се закити Domaine Lepovo Chardonnay 2018 на винаријата „Домен Лепово“. За успехот на македонските винарии на овој престижен натпревар говори и фактот што во регионални рамки ниту една земја немаше толку голем број освоени награди. Конкретно, од Србија беа наградени 10 вина, 5 вина од Хрватска, шест вина од Црна Гора и 2 вина од Босна и Херцеговина. Винариите ќе ги подигнат освоените награди на овогодинешното издание на најголемиот вински саем во светот ProWein кој ќе се одржи од 17ти до 19ти Март 2019 година во Дизелдорф, Германија каде 10 македонски винарии ќе изложуваат на национален штанд организиран од Здружението Вина од Македонија. Учеството на винариите на овој саем е финансиски поддржано од Министерството за земјоделство на РМ, преку Програмата за поддршка на руралниот развој за 2019та година. Во рамките на истата Програма, Министерството финансиски ги поддржува винариите и за освоени златни и специјализирани награди од најважните меѓународни и регионални натпревари за вино.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/zabelezitelen-uspeh-na-makedonskite-vinarii-na-mundus-vini-vo-germanija/feed/ 0