За македонскиот XIX век – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 05 Aug 2020 07:29:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png За македонскиот XIX век – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Објавена книгата „За македонскиот XIX век“ од Свето Стаменов https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/objavena-knigata-za-makedonskiot-xix-vek-od-sveto-stamenov/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/objavena-knigata-za-makedonskiot-xix-vek-od-sveto-stamenov/#respond Wed, 05 Aug 2020 07:29:32 +0000 https://kurir.mk/?p=386325

Во издание на „Македоника литера“ од Скопје од печат излезе најновата книга на новинарот на Македонското радио – Радио Скопје и познат македонски публицист Свето Стаменов „За македонскиот XIX век (радио–интервјуа со Славчо Ковилоски)“. Книгата е своевидна збирка од девет интервјуа реализирани во рамки на редовната попладневна програма „Актуелно“ на Македонското радио – Радио Скопје од 2017 до 2019 година со д-р Славчо Ковилоски, научен соработник во Институтот за македонска литература (Одделение за македонска литература во XIX век) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиj“ во Скопје, културолог, книжевен историчар, поет и прозаист, еден од ретките македонски истражувачи кои работат на проблематиката на XIX век. Како што информира авторот, темите на интервјуата се поврзани со македонската книжевност и култура и воопшто со состојбите во нашата држава во XIX век, односно поконкретно се однесуваа на културно-политичката состојба во земјава, на Македонија како „јаболко на раздорот“ на Балканот и во Европа, на продорот на западноевропските влијанија во Македонија, на црковното прашање и за обновата на Охридската архиепископија. Во книгата се опфатени и почетоците и развојот на македонската книжевност во XIX век (жанрови, дела, автори), македонското фолклорно богатство, животот и положбата на македонските жени во градовите и во селата, спецификите на македонското јазично прашање во XIX век. Меѓу темите се и Григор Прличев, еден од најзначајните културни и општествени дејци на македонскиот XIX век, Крсте Петков Мисирков и неговото место во македонската историја, филолошкиот профил на Блаже Конески и неговата улога во стандардизацијата, развојот, негувањето и афирмацијата на македонскиот литературен јазик, на идентитетските прашања итн. – Токму затоа, на оваа книга може да се гледа и како на еден вид кратка историја на општествено – историските и културните настани и процеси што се одвивале на македонската територија во XIX век, смета авторот Свето Стаменов. Пред петнаесетина дена од печат излезе и двотомното издание „Македонија во НАТО“, чии автори се Свето Стаменов и проф. д-р Трајан Гоцевски. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/objavena-knigata-za-makedonskiot-xix-vek-od-sveto-stamenov/feed/ 0