забавен – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 17 Jun 2022 09:46:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png забавен – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Забавен и хуманитарен настан за најмладите – „Среќно лето, весел распуст“ во Општина Аеродром https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/zabaven-i-humanitaren-nastan-za-najmladite-srekjno-leto-vesel-raspust-vo-opshtina-aerodrom/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/zabaven-i-humanitaren-nastan-za-najmladite-srekjno-leto-vesel-raspust-vo-opshtina-aerodrom/#respond Fri, 17 Jun 2022 09:46:48 +0000 https://kurir.mk/?p=692088

Во пресрет на долгоочекуваното лето и на самиот почеток од летниот распуст, Општина Аеродром и „Capitol Mall“ организираат хуманитарен настан, на кој најмладите ќе можат низ забава да го одбележат успешниот крај на учебната година. Настанот ќе се одржи во понеделник (20.06.2022г.), со почеток во 18:45 часот, на плоштадот позади Трговскиот центар „Capitol Mall“, а предвидена е богата музичка и забавна програма во која ќе можат да уживаат дечињата, но и повозрасните. Забавниот настан ќе биде отворен со детско магионичарско шоу на Кристиан Шопов, по што најмладите посетители ќе можат да уживаат во настапот и изведбите на познатите „Поточиња“. Потоа, свој настап ќе има популарниот Таско, како и Некст Тајм, кои ќе го затворат настанот со големо изненадување за сите посетители. За присутните, предвидени се и голем број награди и изненадувања од Фудбалската федерација на Македонија, како и други партнери. Настанот е од хуманитарен карактер, а сите посетители кои се во можност ќе имаат шанса да донираат средства кои потоа ќе бидат наменети за помош на оние на кои им е најпотребно. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/zabaven-i-humanitaren-nastan-za-najmladite-srekjno-leto-vesel-raspust-vo-opshtina-aerodrom/feed/ 0
„Волт Дизни“ на 20 мај го отвора својот забавен и шопинг комплекс на Флорида https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/volt-dizni-na-20-maj-go-otvora-svojot-zabaven-i-shoping-kompleks-na-florida/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/volt-dizni-na-20-maj-go-otvora-svojot-zabaven-i-shoping-kompleks-na-florida/#respond Sun, 17 May 2020 10:00:34 +0000 https://kurir.mk/?p=346884

Компанијата „Волт Дизни“ на 20 мај ќе го отвори забавниот и трговски комплекс „Дизни Спрингс“ во рамките на дизниевото светско одморалиште на Флорида, јавија британските медиуми. Компанијата „Волт Дизни“ и работничките синдикати од филијалата на Флорида постигнаа договор за правилата чија првична цел ќе биде заштита на вработените од заразата со коронавирусот, што ќе бидат во сила кога ќе се отвори комплексот, соопштија од синдикатот. Раководството на компанијата наведува дека „Дизни Спрингс“ ќе биде отворена следната недела, а подоцна, во текот на месецот, ќе се отворат уште три продавници и објекти во сопственост на „Дизни“. Тематските паркови и хотели ќе останат привремено затворени некое време, но другите објекти постепено ќе се отвораат. За да се спречи ширење на коронавирусот компанијата ќе воведе задолжително почитување на заштитните мерки, како и промени во начинот на водење на бизнисот. Плаќањата во објектите ќе се вршат со картички, на вработените ќе им се мери телесната температура и ќе имаат обврска да ги покријат устата и носот, ќе треба да се почитуваат мерките за социјално растојание, а ќе биде засилена и хигиената и дезинфекцијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/volt-dizni-na-20-maj-go-otvora-svojot-zabaven-i-shoping-kompleks-na-florida/feed/ 0