забелешки – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 01 Feb 2020 17:34:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png забелешки – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Мицкоски бара забелешките на експертите да бидат внесени во новиот закон за Јавно обвинителство https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-bara-zabeleshkite-na-ekspertite-da-bidat-vneseni-vo-noviot-zakon-za-javno-obvinitelstvo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-bara-zabeleshkite-na-ekspertite-da-bidat-vneseni-vo-noviot-zakon-za-javno-obvinitelstvo/#respond Sat, 01 Feb 2020 14:48:04 +0000 https://kurir.mk/?p=297969

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ не достави амандмани за новиот закон за јавно обвинителство. Претседателот на партијата Христијан Мицкоски при денешната посета на Радовиш истакна дека суштински треба да се гледа на овој закон и во новиот закон да се внесат забелешките од експертите дадени на дводневната јавна расправа во Собранието. -Кажаа што мисли фелата, екпсертската јавност, како треба еден реформски закон да изгледа и што не е во согласност со Уставот. Ниту Зоран Заев, ниту Рената Дескоска се секунданти, ниту луѓе коишто поднесуваат ултиматуми, ниту пак ние сме луѓе коишто ултиматуми прифаќаат. Така што, сите оние експертски забелешки што можеше да ги слушне министерката Дескоска, господинот Зоран Заев можат едноставно преку институциите, коишто ги владеат, а тоа е предлагачот, во овој случај Министерството за правда, да ги преточат во амандмани, во содржина на законско решение и истото тоа законско решение да го поднесат во рамките на процедурите на Парлмаентот и ние како ВМРО ДПМНЕ ќе ги поддржиме, рече Мицкоски. Ставот на ВМРО-ДПМНЕ, како што рече, е јасен, гласен и прецизен по оваа прашање, а тоа е дека ќе поддржат сè што кажаа експертите. -Не можеме ние политичарите да бидеме поголеми експерти од експертите, коишто практично го посветиле својот живот на оваа проблематика. Тие имаа јасни и недвосмислени ставови, додаде лидерот на опозициската партија. Ги повика Дескоска и Заев да излезат, како што рече, од тесно партиските интереси и да работат за општиот интерес на државата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-bara-zabeleshkite-na-ekspertite-da-bidat-vneseni-vo-noviot-zakon-za-javno-obvinitelstvo/feed/ 0
Кaракамишева за Законот за ЈО: Пред нас е своевидна камуфлажа на балканските решенија кои се кријат зад европски стандарди! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/karakamisheva-za-zakonot-za-jo-predlog-zakonot-koj-e-pred-nas-e-svoevidna-kamuflaza-na-balkanskite-reshenija-koi-se-krijat-zad-evropskite-standardi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/karakamisheva-za-zakonot-za-jo-predlog-zakonot-koj-e-pred-nas-e-svoevidna-kamuflaza-na-balkanskite-reshenija-koi-se-krijat-zad-evropskite-standardi/#respond Tue, 28 Jan 2020 17:23:30 +0000 https://kurir.mk/?p=295960

Свои забелешки на предлогот на законот за јавното обвинителство на јавната дискусија организирана во Собранието на Македонија изложи и проф. д-р Тања Каракамишева-Јовановска, професор по Уставно право на Правниот факултет „Јустинијан Први“. Се добива впечаток дека законите се буткаат на мускули, за нив се дискутира во затворени политички кругови при што речиси без исклучок исходот од таквите затворени средби во јавноста се презентира како да е постигнат општествен и политички консензус за законите што не е точно, посочи Каракамишева-Јовановска. Во продолжение ги изложуваме нејзините детално образложени забелешки и силни аргументи на контрадикторниот и недоработен закон за ЈО: „Сосема е сигурно дека законот за јавното обвинителство, исто како и оној за судството, е закон од поширок јавен интерес. И покрај неговото значење зачудува фактот што оваа содржина на предлог законот не е доставен до Венецијанската комисија со цел да се добие итно мислење за неговата усогласеност со европските стандарди имајќи предвид дека итното мислење е можна варијанта согласно најновите измени во Статутот на Комисијата. Но за тоа да се случи потребна е политичка волја на власта. Овој предлог закон очигледно е дека претставува компилација на одредби од важечкиот закон за јавното обвинителство, во него се ученички вметнати препораките што Венецијанската комисија ги има дадено за законот од 2007 година, плус предлагачот дополнително ја искористил или ја злоупотребил реформската потреба за подобрување на квалитетот на работата на ЈО и ги вметнал одредбите за вдомување на кадрите и надлежностите од неуставното СЈО. Одредбите за барање начин како да се вдомат кадрите и надлежностите од СЈО не се препораки на Венецијанската комисија. Оттука, новата компилација е вид имитација на реформски акт. Сакам да напоменам дека препораките од ВК кои се применети во овој предлог на закон важеле за законот од 2007 година, а не за оваа компилација од предлог закон. Предлог законот кој е пред нас е всушност своевидна камуфлажа на балканските решенија кои се кријат зад европските стандарди, и тоа мора јасно и гласно да се каже. Оваа состојба ми наликува на девојка која во 2007 година одлично и стоела одредена облека, но по 13 години голема е веројатноста дека таа облека повеќе нема да и прилега на жената која се оформила по 13 години. Или со други зборови, препораките на ВК се однесувале на девојката пред 13 години, но не и на оформената жена по 13 години. Второ, кога сме кај почитување на правото, ме интересира дали за овој предлог на закон е испочитуван Деловникот на Собранието, односно дали овој предлог на закон е офиццијално доставен до Собранието? Со оглед дека поднесувањето на предлогот на законот е клучен момент за да започне законодавната постапка ова е важно претходно прашање кое е поврзаноо и со одржувањето на јавната дискусија. Познато е дека за да има јавна дискусија предлогот на законот требал да помине прво читање во законодавно-правната комисија како матично работно тело. Седница на Собранието за прво читање на предлог на закон се одржува во рок од десет работни дена од денот на донесувањето на решението за свикување на седницата, но не подолго од 20 работни дена од денот на доставувањето на предлогот на законот до пратениците. Според член 144 од Деловникот, по општата расправа Собранието одлучува дали предлогот на законот може да се даде на второ читање. Ако Собранието одлучи дека предлогот на законот е прифатлив и може да се даде на натамошно читање се продолжува со законодавната постапка. Според член 145 за предлогот на закон кој е од поширок интерес, Собранието по општата расправа, може да одлучи по тој закон да се спроведе јавна дискусија и да определи матично работно тело што ќе ја организира јавната дискусија. Прашањето ми е зошто не е почитувана деловничката процедура? Трето, во 2015 година Собранието донесе неуставен Закон за СЈО. И покрај предупредувањата на експертската јавност дека законот е спротивен на уставното начело на единственост на органот и неговата хиерархија, дека воспоставувањето на СЈО во системот ќе доведе до паралелизам во јавнообвинителската организација и функција, тогашната власт и опозиција останаа глуви на овие предупредувања. Не само што го донесоа законот, туку и создадоа јавнообвинителски орган каде беа вработени најблиски роднини на главната обвинителка, но и на други лица во јавното обвинителство и во судството, и спротивно на член 12 од Законот за кривичната постапка ги озаконија т.н. „бомби“ односно материјалите кои произлегоа од незаконското прислушување како докази врз основа на кои беа донесоа и судски пресуди. Уставниот суд остана нем набљудувач на прекршувањата на Уставот, не покрена постапка за оценка на уставноста на законот. Тие не се одважија ниту за поведување постапка по службена должност со што ја аминуваа оваа неуставна творба. Факт е дека јавното обвинителство и судството во Македонија се заложници на политиката. И покрај уставните одредби за независност, политичка непристрасност, и работа со интегритет, дел од судиите и од јавните обвинители со години не го положуваат испитот на заштита на правото и правдата во земјата. Во најголем дел од случаите законите не се виновни за политичката пристрасност, зависност на судиите и на обвинителите од политичарите. Во најголем дел од случаите, функционираат лични интереси, материјални интереси, други спреги и врски кои не се поврзани со примена на законите, туку исклучиво со личните материјални или професионални интереси. Конкретни забелешки за неуставноста на предлог на законот Предлогот на законот за јавното обвинителство е спротивен на: - член 8, став 1, алинеја 1, 3 и 11, - член 9, - амандман 21 со кој се замени член 15 од Уставот, - член 51, - член 106 и амандман 30 од Уставот. 1.Со оглед дека со предлогот на законот се крши Уставот на Македонија се доведува во прашање начелото на владеење на правото, основните слободи и права на човекот и граѓанинот признати во меѓународното право и утврдени со Уставот како и почитувањето на општоприфатените норми на меѓународното право, предлагам оваа верзија на предлог законот да биде вратена на предлагачот со цел да биде квалитетно подобрена во својата содржина, и со цел да стане уставна. 2.Член 8 од предлогот на законот треба целосно да биде преформулиран, бидејќи вака како што е наведено изгледа дека само став 3 се однесува на кршење на УСТАВНИТЕ ПРАВА на презумпцијата на невиност, принципот на самостојност на јавното обвинителство или работењето на ЈО врз основа на Уставот и закон, при што се добива впечаток дека само во тие случаи државниот јавен обвинител има обврска јавно да укаже на повредата на наведените принципи од страна на медиумите. Вака како што е поставен, член 8 е спротивен на член 7, посебно на став 1 и 2 од член 7 на предлогот на законот. 3. Член 26, став 2 не води сметка за уставното начело на двостепеност во заштитата на правата на јавните обвинители, односно е спротивен на амандман 21, член 15 од Уставот. Ако одлуката на Советот на ЈО е конечна, без при тоа да му се овозможи судска инстанца за заштита на правата на јавниот обвинител, тогаш се повредува уставно загарантираната двостепеност во заштитата на правата. Амандман 21, став 1 вели дека „Се гарантира правото на жалба против одлуки донесени во постапка во прв степен пред суд.“ Исто така, став 5 на член 26 го става во привилегирана позиција јавното обвинителство на ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција и јавните обвинители од тоа ЈО во однос на другите јавни обвинители со што се повредува член 9 од Уставот, односно правото на недискриминација, заштита во случај на нееднаков статус и позиција меѓу јавните обвинители во случај кога таква нееднаквост е утврдена со закон. 4.Член 24 од предлогот на законот се однесува и на јавните обвинители од поранешното СЈО. Во став 3 од член 24 стои дека државниот јавен обвинител ќе ги распореди вработените од јавното обвинителство кое се укинува во другите јавни обвинителства на соодветни работни места, со истиот статус на работниот однос. Овој член е во колизија со член 109 од предлогот на законот. 5.Член 29, став 3 од предлогот на законот е спротивен на член 3 од предлогот на законот, бидејќи го прекршува принципот на хиерархија и субординација. Како што е формулиран став 3 излегува дека јавниот обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција може да не му дозволи на државниот јавен обвинител да преземе кривично гонење или вршење на одредени работи за кое е надлежно ОЈО за организиран криминал со што директно се повредува принципот на хиерархија и субординација. По начинот како е поставено ОЈО за организиран криминал во законот и дискреционото право на јавниот обвинител на ова обвинителство да одлучува дали ќе предаде одреден предмет на државниот обвинител или не, се нарушува и член 106 од Уставот, односно единственоста на јавното обвинителство изградена врз принципите на хиерархија и субординација. Принципот на хиерархија не дозволува понизок јавен обвинител да одлучува дали ќе му даде предмет на повисок јавен обвинител, туку обратно. Во чл. 29, став 3 од предлогот на законот оваа хиерархија, како и правото на авокација е повредено (повисокиот јавен обвинител може да преземе вршење на одделни работи за кои е надлежен понискиот јавен обвинител). Исто така, овој член не е усогласен со член 41, член 42, член 43, и член 44 од Законот за кривичната постапка каде детално е уредено прашањето на кривичното гонење. Со овој член практично се повторува неуставноста на СЈО, се повторува паралелизмот во работењето на јавното обвинителство само сега тој паралелизам е пресликан во ОЈО за организиран криминал и корупција. Паралелизмот е посебно евидентен во член 100, став 3 каде е предвидена и финансиска самостојност на ОЈО како посебен буџетски корисник, но и додатоците на плати кои јавните обвинители на ова ОЈО може да си ги делат. Предлогот на законот не е усогласен со Кривичниот законик, бидејќи во КЗ кривичното дело утврдено во член 151 и во член 152 е неовластено прислушкување и тонско снимање и неовластено снимање, а не како што е наведено во предлогот на законот незаконско прислушување. Она што може да се забележи во член 32 од предлогот на законот, во делот на надлежноста на ОЈО за организиран криминал и корупција е дека не се наведени делата утврдени во член 151 и 152 од Кривичниот законик. 6.Член 69, став 5 од предлогот на законот е спротивен на член 51 од Уставот. Законот за употреба на јазиците, закон кој се носи со апсолутно мнозинство гласови, не може да се наметне и да има посилно дејство од законот за јавното обвинителство кој се носи со 2/3 мнозинство од вкупниот број пратеници во Собранието. Оваа одредба ќе мора да се преформулира согласно амандман 5 на член 7 од Уставот. 7.Член 81 од предлогот на законот е спротивен на член 13 од Уставот, на амандман 21 од Уставот. Суспендирањето на јавниот обвинител од вршењето на функцијата треба да се преформулира согласно Законот за кривичната постапка и да се стави формулацијата „се оддалечува од своето работно место“. Суспендирањето е претешка формулација во случај на поведена дисциплинска постапка против јавниот обвинител. Предлагам преформулирање на член 81 од предлогот на законот во согласност со ЗКП и со Уставот на Македонија, како и допрецизирање за каков вид дисциплинска постапка станува збор, бидејќи во член 91 и во член 92 од предлогот на законот се наброени тешки и лесни дисциплински повреди. За кои дисциплински постапки може да се суспендира јавен обвинител, дали и во случај на лесни дициплински повреди и дали е тоа решение со кое власта ќе се одмаздува на обвинителите кои не им се по волја? II. При изработката на предлогот на законот очигледно е дека не се земени предвид препораките на Европската мрежа на судството и на јавното обвинителство , препораките на Комитетот на министри при СоЕ за подготовка на мислење за независноста, одговорноста и етиката на обвинителите. 1.Предлогот на законот не ја разработува на квалитетен начин НЕЗАВИСНОСТА (надворешна, внатрешна, објективна, субјективна) на јавното обвинителство, европска вредност содржана и детално разработена во сите документи на СоЕ, Венецијанската комисија, и слично. Предлагам во неколку члена од предлогот на законот да биде разработен концептот на независност на јавното обвинителство согласно европските стандарди, бидејќи во спротивно член 3, став 2 од предлогот на законот, ако остане во оваа форма би внел уште поголема забуна во јавноста. Дали според предлагачот ако изрично нагласи дека јавното овинителство не е дел од извршната власт, значи дека одобрува јавното обвинителство да може да биде дел од законодавната или од судската власт? 2. Истата дилема од претходната точка важи и за член 3, став 1, односно за принципите на хиерархија и субординација. Сметам дека овие два принципа не е доволно само да бидат споменати во чл. 3, став 1, туку мора да бидат и соодветно објаснети, бидејќи како што видовме погоре тие се прекршуваат од страна на предлагачот во самиот предлог на законот. 3.Член 16 од предлогот на законот да се усогласи со член 45 од Законот за кривичната постапка. 4. Член 24, став 2 и 3 се контрадикторни. Во став 2 се вели дека Советот на ЈО ЌЕ ГО РАСПОРЕДИ ЈАВНИОТ ОБВИНИТЕЛ ОД УКИНАТОТО ИЛИ РЕОРГАНИЗИРАНОТО ЈО, а во став 3 стои дека тоа го прави Државниот Јавен обвинител. Овој член е понатаму контрадикторен и со преодните и завршните одредби од предлогот на законот. 5.Член 26, став 5 ги става во привилегирана позиција јавниот обвинител на ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција и јавните обвинители од тоа ОЈО во однос на другите ЈО, бидејќи само тие не можат да бидат упатени во друго јавно обвинителство со што се покренува прашањето на законски дозволена дискриминација/нееднаков статус и позиција меѓу јавните обвинители и јавните обвинителства аминувана со закон. 6.Точка 5 од предлогот на законот „Преземање на кривично гонење“ треба да се помести во рамките на точка 6 од предлогот на законот „Надлежност на јавното обвинителство“, бидејќи преземањето на кривичното гонење е основна надлежност на јавното обвинителство утврдена во Уставот на Македонија. 7.Во член 29, став 3, како што нагласив и погоре, се крши принципот на хиерархија во јавното обвинителство според кој Државниот јавен обвинител е највисока инстанца во јавното обвинителство на земјата. Ако остане овој член неизменет повторно ќе биде доведена во опасност уставната единственост на јавното обвинителство, односно повторно ќе се создаде паралелизам во делувањето на јавните обвинителства по теркот на СЈО. Државниот јавен обвинител мора да остане главен и највисок орган во јавното обвинителство, а не како што е сега случајот Јавниот обвинител на ОЈО за организиран криминал и корупција да може да му се наметнува над Државниот обвинител по сила на закон. 8.Со оглед дека во член 32 и во член 33 од предлогот на законот се регулира специјализација на дел од јавните обвинители за кривични дела извршени од лица со полициски овластувања и припадниците на затворската полиција предлагам да се изврши продлабочена специјализација и на другите јавни обвинители. Специјализацијата на јавните обвинители е пракса во повеќе европски држави за случаи поврзани со корупција, кривични дела сторени од високи функционери, перење на пари, и слично. Специјализацијата на обвинителите ќе придонесе до поквалитетна истрага и до поднесување на обвинителски предлози од специјализирани обвинители. Меѓународните инструменти каде се дефинирани обврските на јавните обвинители посебно ги споменуваат надлежностите на обвинителите да се справуваат со случаи на кривични дела сторени од високи функционери. Специјализираните оддели за ваков вид криминал се вообичаени во последниве неколку години. Венецијанската комисија во своите мислења дава посебно поддршка на воспоставување специјализиран оддел за антикорупциска истрага кое обвинителство ужива соодветна самостојност во рамките на целиот јавнообвинителски систем. 9.Точка 17 од предлогот на законот „Именување и избор на јавни обвинители“ треба да се префрли пред точка 7 „Оценување на работата на јавните обвинители“, затоа што прво јавните обвинители се избираат, па потоа се оценува нивната работа со цел нивно унапредување во службата. 10.Во член 62 во делот на посебните услови за избор на јавните обвинители предлагам да се зголемат годините потребни за избор, па така за Државен јавен обвинител наместо предложените најмалку 12 години како јавен обвинител или најмалку 15 години непрекинат работен стаж како судија од областа на кривичното право да се стави најмалку 15 години како јавен обвинител и најмалку 20 години години непрекинат работен стаж како судија од областа на кривичното право. Не е јасно зошто предлагачот се откажал од можноста и редовни и вонредни професори по право од правосудната практика да имаат можност да станат државен јавен обвинител? Ова не е на линија на европските стандарди. Зошто предлагачот на законот ја избришал можноста која беше дадена во стариот закон, конкретно во член 44, став 2 „За Јавен обвинител на Република Македонија може да биде именувано лице кое покрај условите од став 1 на овој член ги исполнува и следниве посебни услови: - да има работно искуство од најмалку осум години со потврдени резултати на правни работи по положениот правосуден испит, или редовен или вонреден универзитетски професор кој предавал повеќе од десет години правен предмет од правосудната практика. Предлагам враќање на старото решение со цел зголемување на конкурентноста и квалитетот на кадровските решенија при изборот на државен јавен обвинител. Во однос на изборот на јавните обвинители во државното јавно обвинителство предлагам наместо предлогот најмалку 8 години во Вишото ЈО или во ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција да се внесе најмалку 10 години непрекинат работен стаж и позитивна оценка во последните 6 години. Во однос на изборот на виш јавен обвинител на вишото јавно обвинителство наместо постојните најмалку 6 години до моментот на пријавување за именување да стои најмалку 8 години со позитивна оценка во последните 4 години, а во однос на изборот на јавен обвинител на ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција предлагам наместо најмалку 4 години непрекинат работен стаж да се внесе најмалку 6 години непрекинат работен стаж со позитивна оценка во последните четири години. 11. Во член 65 од предлогот на законот не е наведено со какво мнозинство Советот на јавните обвинители го избира вишиот јавен обвинител на вишите јавни обвинителства, јавниот обвинител на ОЈО за организиран криминал и корупција и основниот ЈО на ОЈО. Истото се однесува и на став 2 од член 65. Ова е сериозен процедурален пропуст кој не е дозволен при изработка на закон! Дали ова значи дека сите членови на Советот треба едногласно да се согласат за изборот на одделните јавни обвинители? Дури и да е така, повторно едногласност треба да биде содржана во законот, а не да се претпоставува. Овој член исто така не е усогласен со член 89, став 6 од предлогот на законот каде стои дека „Јавните обвинители се разрешуваат со мнозинство гласови од вкупниот број членови на Советот на јавни обвинители на седница на која присуствуваат најмалку 2/3 од вкупниот број членови. Истото се однесува и на став 7 од член 89 каде се вели дека „Јавниот обвинител на ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција се разрешува со 2/3 мнозинство од вкупниот број членови на Советот на јавните обвинители“. Овој процедурален недостаток во предлогот на законот каде е стриктно наведено мнозинството на членови на Советот на ЈО кои треба да гласаат за разрешување на јавните обвинители, но не е наведено мнозинството потребно за избор на јавните обвинители од страна на Советот е повреда на начелото на законитост и повреда на темелната вредност владеење на правото, утврдена во член 8, став 1, алинеја 3 од Уставот на Македонија. Преодните и завршните одредби ќе мора да се усогласат со членовите посочени погоре, бидејќи целата материја е веќе регулирана со претходните одредби. Во преодните одредби и натаму се користи неуставната и незаконска формулација „незаконско следење на комуникациите“ во смисла дека јавните обвинители од СЈО и натаму продолжуваат да постапуваат по тие предмети кои се предадени на ЈО на Република Македонија, без да се води сметка на еднаквиот статус на јавните обвинители и нивното право да се пријават на оглас како што стои во член 109 од предлогот на законот. Во предлогот на законот, во преодните и завршните одредби треба да се брише се, освен член 112 каде стои дека со влегувањето во сила на овој закон престанува да важи законот за СЈО“,  пренесе денеска во Собранието проф. д-р Тања Каракамишева Јовановска на расправата за предлог-законот за ЈО:]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/karakamisheva-za-zakonot-za-jo-predlog-zakonot-koj-e-pred-nas-e-svoevidna-kamuflaza-na-balkanskite-reshenija-koi-se-krijat-zad-evropskite-standardi/feed/ 0
„Советот на амбасадори“ до МНР ќе достави писмени забелешки за предложениот закон за надворешни работи https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sovetot-na-ambasadori-do-mnr-kje-dostavi-pismeni-zabeleshki-za-predlozeniot-zakon-za-nadvoreshni-raboti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sovetot-na-ambasadori-do-mnr-kje-dostavi-pismeni-zabeleshki-za-predlozeniot-zakon-za-nadvoreshni-raboti/#respond Tue, 17 Dec 2019 07:08:45 +0000 https://kurir.mk/?p=278452

Извршниот одбор на здружението за надворешна и меѓународна политика „Совет на Амбасадори„  на 16 ноември 2019 одржа седница и со посебно внимание го разгледa текстот на Нацрт Законот за надворешни работи предложен минатата недла од Министерството за надворешни работи. -Совет на Амбасадори„ го поздравува фактот дека МНР Нацрт законот го стави на јавна расправа  а со цел да се добијат квалитетни решениа за поефикасно и  подобро функционирање на дипломатската служба во целина и афирмација на земјата во меѓународните односи.  „Совет на Амбасадори„ поедетални забелешки и сугестии  во писмена форма ќе ги достави до МНР, но, смета дека за генералното видување  околу предложениот нацрт текст треба да биде запозната и јавноста.  „Совет на Амбасадори „ ја поздравува заложбата на министерот и неговите соработници да преку нов закон се создаваат претпоставки за креирање на вистински професионална дипломатија, но, смета дека предуслов за такво нешто се професионалната работа на дипломатите во самото МНР и професионалната и рационална дипломатска мрежа. Професионалноста не се состои само во фактот на донесување на закони туку и на нивното професионално имплементирање во пракса, што досега не била заложба на голем број на досегашни министри, се вели во соопштението. Генералната забелешка на Советот е дека со Нацрт законот за надворешни работи  уште повеќе се зголемува соодносот на раководни лица во МНР на штета на извршителите, (како што е случај со именувањето на „генерални директори„, формирање на нови служби и сл.) со  што МНР станува неефикасна институција каде помал број на дипломати читаат, подготвуваат, пишуваат, истражуваат и  работат на сложени задачи  а поголемиот број дипломати со повисок ранг , одобруваат, парафираат а во меѓувреме помалку  потребно или непотребно се на разни патувања и посети на  разни земји. „Советот на Амбасадори„ смета дека  новиот  Закон за надворешни работи треба да задржи голем дел на решенијата кои се дел на законот за надворешни работи кој е на снага затоа што како такви се над решенијата на предложениот текст. „Советот на Амбасадори„ како пример , смета дека досегашното законско решение од членот 64-б,в и г на Законот за надворешни работи за редовното унапредување во дипломатските звања е по прецизено и по применливо во пракса одколку предложеното решение. Во врска со досегашната пракса на редовно  унапредување проблемот не  беше  во лошото законското решение туку во лошата примена на истото што во пракса   даде негативен ефект  при што се појави состојба со недоволен број  дипломати со високо дипломатско звање. Советот смета дека зголемување на основите за вонредно унапредување во дипломатските звања е непотребно и тоа може да послужи (како што беше случај и досега) како прозорец за понатамошна партизација на надворешните работи. „Совет на Амбасадори„ смета и е убеден дека услов за креирање на вистинска професионална дипломатија  е  идните кариерни амбасадори и генерални конзули  да се бираат преку интерен оглас објавен во МНР со создавање на ранглиста на  кандидати кои аплицирале и  ги исполнуваат  условите а не преку составување листа на   кадри аминувани од политичкте партии и  предложени од директорите и шефовитет на разни кабинети од разни министерства. Што се однесува до заложбата  за пополнување на испразнетите амбасадорски места во нашите ДКП-а Советот на Амбасадори го поздравува тој чин и смета дека МНР требаше да вложи големи напори за именување на амбасадори од кариерните дипломати преку мерит системот а не преку партиски инструкции и влијанија. Советот смета дека е непримерно дел од предложените амбасадори (како што медиумите информираат)  шест месеци  во текот на оваа година да служеле како вршители на должноста во земјите каде сега би требало да бидат  именувани  во ранг на   амбасадори. „Совет на Амбасадори„ исто така смета дека, како и во многу други земји, треба да постои категорија на именување на амбасадори по политички основ, ова од причина што МНР нема доволен број на кариерни дипломати со високи дипломатски звања поради долгогодишнотата селектирана примена на  законското решение од член 64-б,в,г од сегашниот Закон за надворешни работи. Советот смета  дека таа бројка не треба да се пополни со патиски туку од истакнати познавачи и афирмирани лица во сферата на меѓународните односи, поранешни успешни амбасадори, министри, интелектуалци и уметници кои се познати во регионот , во ЕУ и пошироко. „Совет на Амбасадори„ смета дека именувањето на амбасадори (освен за НАТО) во услови кога веќе партиите водаат предизборна  кампања за идните парламентарни избори не води кон никаква полза за државата и за самите партии  предлагачи, туку ги заострува меѓупартиските односи. Извршен одбор на здружението за надворешна и меѓународна политика „Совет на Амбасадори„]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sovetot-na-ambasadori-do-mnr-kje-dostavi-pismeni-zabeleshki-za-predlozeniot-zakon-za-nadvoreshni-raboti/feed/ 0
Бугарија доставила над 30 страници со забелешки за учебниците по историја во Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bugarija-dostavila-nad-30-stranici-so-zabeleshki-za-uchebnicite-po-istorija-vo-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bugarija-dostavila-nad-30-stranici-so-zabeleshki-za-uchebnicite-po-istorija-vo-makedonija/#respond Sat, 10 Nov 2018 12:40:57 +0000 https://kurir.mk/?p=126167

Бугарија достави над 30 страници со забелешки на учебниците по историја во Македонија, изјави бугарската вицепремиерка и министерка за надворешни работи Екатерина Захариева. На пратеничко прашање во бугарскиот Парламент, Захариева рече дека заедничката Комисија за историски и образовни прашања формирана по Договорот за добрососедство помеѓу Бугарија и Македонија веќе имала два состанока, а третиот треба да се одржи до крајот на месецов. Се разгледуваат учебниците по историја и во двете земји, направен е преглед на учебниците од шесто до седмо одделение во Македонија и за нив се доставени над 30 страници забелешки. Захариева вели дека иако  бугарските претставници од комисијата констатирале сериозни проблеми во содржината на учебниците, атмосферата во комисијата е конструктивна. Таа посочи дека комисијата секоја година до владите на двете земји ќе треба да доставува извештај за сработеното. За Бугарија, вели Захариева, е важно да се постигне меѓусебна согласност за заедничките историски настани,  личности, кои би требало заедно да се чествуваат. Членовите на заедничката комисија веќе ја утврдиле методологијата на работа, а договорено е состаноците да се одржуваат на ротациски принцип, еднаш во Бугарија, еднаш во Македонија. Захариева истакна дека очекувањата од работата на комисијата се многу големи. Бугарските претставници во неа, како што наведе, се определени по сеопфатни консултации со Бугарската академија на науките и Факултетот по историја на Софискиот универзитет. Шефот на македонскиот тим Драган Ѓоргиев вчера во изјава за Канал 5 рече дека Македонија и Бугарија немаат никакви различни гледишта за праисторискиот и античкиот период, а забелешките се главно за содржините од средниот век – за Самоиловата држава и за просветителите Св. Кирил и Методиј. – Утврдени се пропусти и во нашите и во бугарските учебници и започната е анализа за дел од нив, вели Ѓоргиев. Бугарскиот историчар Стефан Дечев, пак, очекува промени во учебниците по историја во двете држави, но укажува дека за тоа ќе биде потребен подолг временски период. Со отворање на историографијата една кон друга и со вклучување на млади кадри кои имаат современо образование може да биде постигнат успех и меѓусебно разбирање, вели Дечев. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bugarija-dostavila-nad-30-stranici-so-zabeleshki-za-uchebnicite-po-istorija-vo-makedonija/feed/ 0