заболени лица – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 10 Mar 2021 08:04:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png заболени лица – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Расте бројот на заразени и хоспитализирани од коронавирус, вчера починаа 22 пациенти https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/raste-brojot-na-zarazeni-i-hospitalizirani-od-koronavirus-vchera-pochinaa-22-pacienti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/raste-brojot-na-zarazeni-i-hospitalizirani-od-koronavirus-vchera-pochinaa-22-pacienti/#respond Wed, 10 Mar 2021 06:19:08 +0000 https://kurir.mk/?p=479862

Бројот на новозаболени од Ковид-19 и на хоспитализирани во земјава секојдневно се зголемува. Според вчера објавените податоци од Институтот за јавно здравје за изминати 24 часа, регистрирани се уште 872 случаи со Ковид-19, 22 пациенти починаа, а 412 пациенти се оздравени. На инфективните оддели во земјава се лекуваат 899 пациенти со Ковид-19 од кои 353 се во Скопје и има околу 330 празни болнички кревети во ковид – центрите, соопшти Министерството за здравство. Вкупниот број Ковид-дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 108.350, бројот на оздравени пациенти е 95.822, на починати е 3.228, а на активни случаи изнесува 9.300. Од вкупниот број активни случаи 4485 се во Скопје, 704 во Прилеп, 531 во Кавадарци, 428 во Охрид, 355 во Куманово, 318 во Неготино, 271 во Тетово, 267 во Гевгелија… Вакцина против Ковид-19 до вчера примиле 3.759 здравствени работници. За вакцинација против Ковид-19 до вчера се пријавиле 130.463 граѓани од кои 76.990 преку веб-страницата vakcinacija.mk, а 53.473 преку матичните лекари. Од вкупно пријавените за вакцинација 61.908 граѓани се на возраст над 70 години. Премиерот Зоран Заев синоќа во телевизиско гостување рече дека државава има нарачано околу 2 милиони и 350 илјади вакцини и оти се очекува од крајот на месецов да почнат да пристигнуваат поголеми количини. -Договорот со „Фајзер“е потпишан. До крајот на март 21.000 вакцини ќе стигнат. Од април, мај почнуваат да стигнуваат поголемите количини. Преку Ковакс очекуваме од 20.000 до 30.000 да стигнат до крајот на март. Во март очекуваме да стигнат и кинеските вакцини. Работите зависат од севкупните количини произведени во светот, додаде Заев Владата вчера во рамки на 51.седница ја разгледа и усвои информацијата за потребата од реструктуирање на проектот за итно справување со Ковид-19, односно на заемот од Светска Банка во висина од 90 милиони евра, и за оваа своја намера да ја извести банката. Со реструктуирањето на планот за користење на овој заем, како што соопшти владината прес-служба, ќе се обезбедат средства за финансиска награда за здравствените работници за зголемен обем на работа во борбата со Ковид-19 во висина од 7,7 милиони евра за исплата на планираниот бонус за период од девет месеци, односно од април заклучно со декември 2020 година. Дел од средствата ќе бидат пренаменети за набавка на опрема за регионалните здравствени центри, како и за финансирање на набавка на вакцини. Владата донесе одлука да се спроведе едукативна и информативна кампања од исклучителен јавен интерес за заштита и за имунизација на населението од Ковид-19 и го задолжи Генералниот секретаријат во рок од 15 дена во координација со Министерството за здравство и со Секторот за односи со јавност на Владата да спроведе јавна набавка за избор на идејно и креативно решение и за реализација на кампањата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/raste-brojot-na-zarazeni-i-hospitalizirani-od-koronavirus-vchera-pochinaa-22-pacienti/feed/ 0
СЗО: Бројот на заразени до крај на јануари ќе достигне 100 милиони https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-brojot-na-zarazeni-do-kraj-na-januari-kje-dostigne-100-milioni/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-brojot-na-zarazeni-do-kraj-na-januari-kje-dostigne-100-milioni/#respond Fri, 22 Jan 2021 07:29:11 +0000 https://kurir.mk/?p=458348

Бројот на лица заразени со Ковид-19 ќе достигне 100 милиони до крајот на јануари, но вакцините имаат потенцијал да ја контролираат пандемијата. Тоа го изјави шефот на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Гебрејесус. Повеќе од два милиони луѓе починаа од Ковид-19 ширум светот. Тој смета дека развојот и одобрувањето на безбедни и ефикасни вакцини помалку од една година по појавата на новиот вирус е зачудувачко научно достигнување и извор на надеж. – Вакцинацијата против Ковид-19 во моментов е во тек во повеќе од 50 земји, рече Тедрос, но скоро сите се земји со високи или средни приходи. – Треба да работиме заедно како едно глобално семејство за да обезбедиме итно и правично испорачување на вакцините. Шефот на СЗО исто така истакна дека вакцините надополнуваат, но не ги заменуваат основните мерки за јавно здравје. Според последните податоци на СЗО, заклучно со вчера во светот имало 95.612.831 потврден случај на Ковид-19 и 2.066.176 смртни случаи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-brojot-na-zarazeni-do-kraj-na-januari-kje-dostigne-100-milioni/feed/ 0
Словачка со масовно тестирање за 60 проценти го намали бројот на заболени од Ковид-19 https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/slovachka-so-masovno-testiranje-za-60-procenti-go-namali-brojot-na-zaboleni-od-kovid-19/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/slovachka-so-masovno-testiranje-za-60-procenti-go-namali-brojot-na-zaboleni-od-kovid-19/#respond Tue, 08 Dec 2020 10:46:06 +0000 https://kurir.mk/?p=440378

Масовното тестирање на новииот коронавирус во Словачка го намали бројот на новозаразенилица за 60 отсто во една недела, во комбинација со карантинот и другите рестриктивни мерки. – На примерот на Словачка видовме силен доказ дека масовното тестирање во комбинација со карантинот доведе до драстично намалување на бројот на заболени со Ковид-19, изјави англискиот професор Стефан Флаш. Словачка бесплатно го тесираше речиси целото население (околу пет милиони жители) во краток рок. Инфицираните лица, заедно со цело семејство беа ставени во 10-дневна изолација, а вработените, иако во изолација зедоа цела плата. Додека на лицата со негативни тестови им беше дозволено да одат на работа, но не можеа да одат во домовите за стари лица, а студентите не можеа да се вратат дома за празниците.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/slovachka-so-masovno-testiranje-za-60-procenti-go-namali-brojot-na-zaboleni-od-kovid-19/feed/ 0
СЗО: Ремдесивир не е ефикасен во лекувањето на заболени од Ковид https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-remdesivir-ne-e-efikasen-vo-lekuvanjeto-na-zaboleni-od-kovid/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-remdesivir-ne-e-efikasen-vo-lekuvanjeto-na-zaboleni-od-kovid/#respond Fri, 20 Nov 2020 09:47:57 +0000 https://kurir.mk/?p=432104

Лекот Ремдесивир, произведен од компанијата „Гилид“, не се препорачува за третман на пациенти хоспитализирани поради Ковид-19, без оглед на тоа колку се болни, бидејќи нема докази дека ја намалува смртноста или потребата за механичка вентилација, соопшти панел на Светската здравствена организација. Панелот на СЗО соопшти дека нема докази дека ремдесивирот го подобрува исходот на болеста во смисла на намалување на смртноста, потреба за механичка вентилација, време на опоравување и слично. Покрај тоа, лекот се дава интравенски, а сегашната евиденција не ја оправдува неговата употреба, која е компликувана и скапа, според панелот. Препораката се заснова на податоци од четири испитувања со повеќе од 7.000 пациенти хоспитализирани поради Ковид-19.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-remdesivir-ne-e-efikasen-vo-lekuvanjeto-na-zaboleni-od-kovid/feed/ 0
Рекорден број новозаразени во САД, повеќе од 80.000 https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rekorden-broj-novozarazeni-vo-sad-povekje-od-80-000/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rekorden-broj-novozarazeni-vo-sad-povekje-od-80-000/#respond Sat, 24 Oct 2020 06:57:49 +0000 https://kurir.mk/?p=419991

Рекорден број од повеќе од 80.000 нови случаи на коронавирус се регистрирани во САД во последните 24 часа. Универзитетот „Џон Хопкинс“ соопшти дека се потврдени 80.005 нови случаи во најзагрозената земја во светот. Претходниот рекорд беше на 16 јули, кога за еден ден беа потврдени 77.362 нови случаи. Црниот биланс доаѓа во време кога расте бројот на хоспитализирани и смртни случаи, а експертите предупредуваат дека најлошото допрва доаѓа, пренесува Си-Ен-Ен. Во болниците низ САД има повеќе од 41.000 пациенти, што е најголем број од 20 август досега. Од почетокот на октомври, бројот на хоспитализации е зголемен за 33 проценти. Бројот на смртни случаи исто така расте, така што универзитетот „Џон Хопкинс“ пријавил 856 смртни случаи во изминатиот ден. Водечкиот американски експерт за заразни болести Ентони Фаучи изрази загриженост за зголемувањето на бројот на новозаразени и ги повика граѓаните да ги зголемат мерките на претпазливост. Иако претходно изјави дека не смета дека носењето маски ќе успее, тој рече дека можеби е време сега, иако ќе биде тешко, да се спроведе мерката. Според универзитетот „Џонс Хопкинс“, од почетокот на епидемијата во САД биле заразени вкупно 8.491.459 лица, од кои 223.975 починале.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rekorden-broj-novozarazeni-vo-sad-povekje-od-80-000/feed/ 0
Сведоштво: Ако ја знаете голготата на болните од корона ќе знаете зошто има толку многу починати https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/svedoshtvo-ako-ja-znaete-golgotata-na-bolnite-od-korona-kje-znaete-zoshto-ima-tolku-mnogu-pochinati/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/svedoshtvo-ako-ja-znaete-golgotata-na-bolnite-od-korona-kje-znaete-zoshto-ima-tolku-mnogu-pochinati/#respond Fri, 23 Oct 2020 09:44:01 +0000 https://kurir.mk/?p=419684

Ако воопшто сте се запрашале зошто имаме толку голем број на заболени, како и огромна смртност, доволно е само да прашате некој од пациентите кои се лечат во домашни услови низ каква се голгота поминуваат. Од сведоштво на пациент од Куманово околу начинот на третирање дознаваме шокантни информации околу несериозноста и комплетната неорганизираност на здравствените власти. -Кај пациентот после 9 дена домашно лекување, само со комбинација на витамини и парацетамол по препорака на матичен лекар, доаѓа до нагло влошување на состојбата, иако во тие 9 дена уредно се консултиташе со матичен лекар и пријавуваше дека температурата воопшто не се симнува, истиот матичен лекар после 9 дена препорачува пациентот да се јави во болница на инфективното одделение во Куманово. И тука почнува голготата која трае цели 12 часа, раскажува лице од семејството на болниот од корона. Фамилијата која е негативна на вирусот и тукушто излезена од изолација заради контакт со заболениот успева некако да повика возило на Брза помош за пренос на пациентот до инфективното одделение, но откако доаѓаат, веднаш го известуваат членот на фамилијата да појде заедно со нив со сопствено возило, за да после прегледот го врати пациентот дома, бидејќи тие не возеле втора смена. Значи , членот на фамилијата сакал несакал ќе мора повторно да стапи во контакт со заболениот. -Доаѓаме некако до инфективното одделение во Кумановската болница, пациентот е видно истоштен и со температура, за преглед заедно со огромен број други заболени го чекаме докторот цели 3 часа за преглед, бидејќи истиот бил на состанок. Откако инфектологот се појави по прегледот препорачува да се направи крвна слика и рентгенска снимка. Бидејќи лабораторијата и рентгенот се во различни објекти, а нема болничар кој би го спровел пациентот до двете места, морав јас да го носам пациентот низ лавиринтите во болницата. И повторно шок, рентгенот не работи, не препраќат во ургентниот центар каде работи. Па самото чекање за снимка и крвна слика ви одзема 3 часа, раскажува нашиот соговорник. Повторно се враќаме со резултатите за преглед кај инфектологот после поминати 6 часа, и секако повторно шок, докторот заборавил да напише да се испита параметарот ЦРП во крвната слика, важен параметер кај сите инфекции вклучително и корона. -Ме праќаат повторно со пациентот во лабораторија за нова крвна слика, при што поминуваат уште 2 часа додека да се добие новиот резултат. И конечно со пациентот доаѓам на ред за преглед со сите резултати, докторот препорачува примање на инфузија со антибиотици во дневната болница и истата терапија да ја прима во домашни услови во наредните 5 дена. Некако денот со тешки маки завршува, пациентот повеќе измалтретиран отколку стабилизиран, а јас во уште еднаш ризик да заболам поради интензивиниот контакт во текот на денот, раскажува лице од семејството на болниот. Следното утро, вели соговорникот, уредно го пријавувам пациентот за домашна нега во рамките на Здравствениот дом Куманово, и таму не еден туку два шока истовремено. -Прво сите лекови, системи за инфузија ми велат да ги купам оти они немаат, а во тековнит ден нема да можат да дојдат да го третираат пациентот, бидејќи требало да се пријави за домашна нега до 9 часот, значи без око да им трепне пациентот ќе мора да прескокне еден ден од потребниот третман поради тоа што не било пријавено до 9 часот, зачудено раскажува соговорникот. На пациентот и на фамилијата само им останува надежта дека следните денови ќе ја имаат таа привилегија да добијат домашна нега, а во меѓувреме да се молат на Господ да не дојде до поголеми компликации на заболениот пациент, а останатите членови на фамилијата да не заболат од корона поради интензивниот контакт со заболениот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/svedoshtvo-ako-ja-znaete-golgotata-na-bolnite-od-korona-kje-znaete-zoshto-ima-tolku-mnogu-pochinati/feed/ 0
Во Аргентина има над милион заразени со Ковид-19 https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-argentina-ima-nad-milion-zarazeni-so-kovid-19/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-argentina-ima-nad-milion-zarazeni-so-kovid-19/#respond Tue, 20 Oct 2020 05:32:04 +0000 https://kurir.mk/?p=418334

Бројот на лица заразени со новиот коронавирус во Аргентина надмина еден милион. Во изминатите 24 часа, бројот на потврдени нови случаи на инфекција со коронавирусот во таа држава е 12.982, со што вкупниот број на заразени од почетокот на пандемијата достигна 1.002.662. Со тоа, Аргентина стана петтата земја во светот што ја премина границата од милион заразени, по САД, Бразил, Индија и Русија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-argentina-ima-nad-milion-zarazeni-so-kovid-19/feed/ 0
Над 40 милиони заболени од коронавирус во светот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nad-40-milioni-zaboleni-od-koronavirus-vo-svetot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nad-40-milioni-zaboleni-od-koronavirus-vo-svetot/#respond Mon, 19 Oct 2020 09:04:07 +0000 https://kurir.mk/?p=417985

Бројот на заразени со коронавирус во светот денеска надмина 40 милиони луѓе. Евиденцијата е заснована на податоци објавени од одделни земји, но експертите сметаат дека стапката на смртност и заразеност е далеку поголема од официјалната поради недоволно тестирање и пријавување. Рекорден дневен број на заразени се случи кон крајот на минатата недела кога тој број се искачи над 400.000 за првпат во светот. Во изминатата недела секој ден просечно се заразувале околу 347.000, а во првата недела од октомври 292.000. САД, Индија и Бразил остануваат трите земји кои се најпогодени од Ковид-19. Северна, потоа Централна и Јужна Америка заедно сочинуваат околу 47,27 проценти од сите заразени луѓе во светот, што е речиси половина. Во САД 247 се заразени на 10.000 лица, а во Индија и Бразил односот е 55, односно 248 на 10. 000 луѓе. Европа во моментов сочинува 17 проценти од сите заразени луѓе во светот и речиси 22 проценти од сите жртви на Ковид-19. Повеќе од 150.000 луѓе се заразуваат во Европа секој ден. Многу земји, вклучувајќи ги Италија, Холандија, Германија, Австрија, Полска, Украина, Кипар и Чешка, објавија рекордни дневни бројки на заразени. Европските земји повторно ги засилуваат мерките, воведуваат делумно затворање, а Франција воведе полициски час. Во Индија, бројот на заразени во саботата беше 7,43 милиони луѓе, а бројот на активни заразени падна под 800.000, првпат по месец и половина. Иран е најтешко погодена земја од пандемијата на Блискиот исток и ги прошири ограничувањата и затворањата во Техеран веќе трета недела. Бројот на починати од Ковид-19 во Иран е повеќе од 30.000. Од почетокот на пандемијата, 1,1 милиони луѓе починаа од последиците на таа болест, а вкупната смртност е околу 2,8 проценти. Официјален претставник на Светската здравствена организација (СЗО) рече дека смртноста од Ковид-19 може да се зголеми двојно пред да почне да се користи успешна вакцина, а бројот може да биде уште поголем доколку светот не се обедини и направи координирани напори за да се спречи пандемијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nad-40-milioni-zaboleni-od-koronavirus-vo-svetot/feed/ 0
СЗО: За една недела речиси два милиони новозаболени од Ковид-19 https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-za-edna-nedela-rechisi-dva-milioni-novozaboleni-od-kovid-19/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-za-edna-nedela-rechisi-dva-milioni-novozaboleni-od-kovid-19/#respond Tue, 22 Sep 2020 10:30:17 +0000 https://kurir.mk/?p=406690

Бројот на новозаболени од Ковид-19 во светот во периодот од 14 до 20 септември забележа раст од речиси два милиона, додека бројот на починати се зголеми за 37.700, соопшти синоќа Светска здравствена организација. Според неделните податоци на СЗО, бројката на официјално потврдени случаи со новиот коронавирус се искачи над 30,6 милиони, што е за шест отсто повеќе во споредба со претходната недела. До 20 септември од последици со Ковид-19 починаа 950.000 луѓе ширум светот. Епидемиолошката ситуација и понатаму најсериозна е во Северна и во Јужна Америка, каде бројот на новозаболени минатата недела се зголемил за 38 проценти, а морталитетот се намалил за 22 отсто. Речиси 770.000 новозаболени се регистрирани минатата недела со што вкупниот број изнесува 15,5 милиони лица. Во истиот период регистрирани се повеќе од 19.000 смртни случаи, со што вкупниот број на починати изнесува приближно 530.000 луѓе. Околу 700.000 новозаболени се регистирани во земјите на Југоисточна Азија, каде вкупниот број изнесува 6,1 милиони, додека починале над 101.000 лица. Во Европа е забележан најголем пораст на смртни случаи минатата недела. Повеќе од 4.000 луѓе починале, со што вкупната цифра на смртни случаи изнесува 230.000. Бројот на потврдени случаи со Ковид-19 во Европа достигна до 5,2 милиони, односно за седум дена се зголемил за околу 360.000. Од 14 до 20 септември бројот на заболеми со Ковид-19 во Индија се зголеми за 646.000, за 273.000 во САД и за 213.000 во Бразил. Најголем пораст на инфицирани во Европа се регистрирани во Франција – 67.000, потоа следи Шпанија со над 50.000 и Русија со повеќе од 40.000 заразени лица. Во изминатата недела во Индија починаа над 8.000 луѓе, во САД – над 5.600, додека во Бразил забележани се над 5.300 смртни случаи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-za-edna-nedela-rechisi-dva-milioni-novozaboleni-od-kovid-19/feed/ 0
САД: Над 5 милиони случаи на коронавирус https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-nad-5-milioni-sluchai-na-koronavirus/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-nad-5-milioni-sluchai-na-koronavirus/#respond Mon, 10 Aug 2020 08:21:43 +0000 https://kurir.mk/?p=388655

Бројот на регистрирани случаи на коронавирус во САД синоќа надмина пет милиони луѓе, јавија американските медиуми. Разликата од четири до пет милиони случаи е надмината за релативно кусо време, или само за 17 дена во САД се заразиле еден милион луѓе, пишува „Вашингтон пост“. Прогресијата на епидемијата се одвиваше вака: Границата од милион случаи беше постигната 99 денови по првите забележани инфекции во јануари, а бројката од 2.5 милиони беше постигната при крајот на јуни, која што сега е удвоена и претставува четвртина од вкупниот број случаи на светско ниво. Најмалку 97.000 деца во земјата биле тестирани позитивно во последните две недели од јули, според американската Академија за педијатрија и Детската болничка асоцијација. Овој број претставува повеќе од четвртина од вкупниот број деца со коронавирусна инфекција регистрирани уште од март. Веднаш по првиот ден на отворање на училиштата и почетокот на школската година во Џорџија, во едно средно училиште биле регистрирани девет случаи на коронавирус, шест ученици и тројца учители. Информацијата дојде откако на социјалните мрежи се појави фотографија од преполн училишен ходник со ученици без маски. Средното училиште е привремено затворено и се враќа на одржување далечинска настава. Демократите вчера го искритикуваа потпишувањето извршни уредби од страна на претседателот Доналд Трамп за економска помош на Американците кои останаа без работа поради кризата. Уредбите беа потпишани и покрај тоа што Конгресот не согласи зелено светло за посеопфатен пакет мерки. Се работи за 400 долари дополнителна неделна помош и заштита на кираџиите од иселување во време на пандемија. Посебно се критикува и мерката за привремено прекин на плаќање данок на доход за Американците кои заработуваат помалку од 104.000 долари годишно. Демократите обвинуваат дека мерките се недовршени или правно неиздржани и дека мерката со данокот нема да има некаков ефект.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-nad-5-milioni-sluchai-na-koronavirus/feed/ 0