заболени – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 24 May 2022 07:49:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png заболени – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 САД сакаат вакцинирање на лицата кои биле во контакт со заболени од мајмунски сипаници https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-sakaat-vakciniranje-na-licata-koi-bile-vo-kontakt-so-zaboleni-od-majmunski-sipanici/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-sakaat-vakciniranje-na-licata-koi-bile-vo-kontakt-so-zaboleni-od-majmunski-sipanici/#respond Tue, 24 May 2022 07:49:06 +0000 https://kurir.mk/?p=680806

Здравствените власти во САД се подготвуваат да ги вакцинираат луѓето кои биле во близок контакт со заболени од мајмунски сипаници, во време кога државата која во моментов има пет веројатни или потврдени случаи на инфекција очекува тој број да се зголеми. – Сакаме да ја максимизираме дистрибуцијата на вакцини на оние за кои знаеме дека ќе имаат корист, изјави Џенифер Меквистон од Центарот за превенција и контрола на болести. – Станува збор за луѓе кои биле во личен близок контакт со заболени од мајмунски сипаници, а особено луѓе кои се изложени на ризик да развијат потешка форма на болеста, рече таа на прес-конференција. Еден случај е потврден во државата Масачусетс, а четири се анализираат, но се сметаат за многу веројатни, еден во Њујорк и Флорида и два во Јута. Сите случаи се кај мажи кои патувале надвор од САД. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-sakaat-vakciniranje-na-licata-koi-bile-vo-kontakt-so-zaboleni-od-majmunski-sipanici/feed/ 0
Стоилковски: Нема терапија за заболени од карцином, тендерот не е по мерка на ДУИ СДСМ? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stoilkovski-nema-terapija-za-zaboleni-od-karcinom-tenderot-ne-e-po-merka-na-dui-sdsm/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stoilkovski-nema-terapija-za-zaboleni-od-karcinom-tenderot-ne-e-po-merka-na-dui-sdsm/#respond Fri, 20 May 2022 09:08:56 +0000 https://kurir.mk/?p=679412

Власта на СДСМ и ДУИ повторно ги доведува животите на пациентите во опасност, овој пат пациентите со карцином. Неодговорноста на СДСМ и ДУИ веќе цел месец ги остави без терапија пациентите со колоректален, оваријален и цервикален карцином. За појаснување, биолошката терапија за пациентите болни од карцином е од животно значење за нив, а оставањето без терапија е животно загрозувачки, изјави денеска за медиумите портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски. Тој посочи дека во ризик се доведуваат и пациентите со рак на бели дробови, рак на бубрег и рак на дојка, за коишто резервите на терапија ги има само за кус период од неколку месеци. - Терапија нема затоа што Власта на СДСМ и ДУИ, Министерството за здравство и Беким Сали не извршиле и не прават набавка Потребно е најитно решавање на проблемот со тендерот за набавка на биолошка терапија. Можеби овој тендер не е по мерката на СДСМ и ДУИ, но тој е неопходен за животот на многу пациенти. Со секој поминат ден без решена набавка на биолошка терапија за различни видови карцином, СДСМ и ДУИ на душа носат десетици човечки судбини и се директно одговорни за последиците, појасни Стоилковски. Тој додаде дека и еден ден повеќе поминат со СДСМ и ДУИ е премногу! ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stoilkovski-nema-terapija-za-zaboleni-od-karcinom-tenderot-ne-e-po-merka-na-dui-sdsm/feed/ 0
Лани во земјава 7.432 новозаболени од дијабетес https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lani-vo-zemjava-7-432-novozaboleni-od-dijabetes/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lani-vo-zemjava-7-432-novozaboleni-od-dijabetes/#respond Fri, 12 Nov 2021 14:01:55 +0000 https://kurir.mk/?p=594662

Во Република Македонија во 2020 година имало 7432 новозаболени од дијабетес. Новите бројки на Меѓународната федерација за дијабетес откриваат алармантен раст на застапеноста на дијабетесот. Вкупно 537 милиони возрасни луѓе ширум светот живеат со дијабетес. Ова го покажуваат бројките на Државниот завод за статистика што ги објави во пресрет на Светскиот ден на дијабетесот, 14 Ноември. Во земјава минатата година 1365 луѓе починале од дијабетес мелитус. Дијабетесот е значаен глобален предизвик за здравјето и благосостојбата на луѓето, семејствата и земјите. Владите мора да ги преточат зборовите во дела за да овозможат достапен и непрекинат пристап до грижа за дијабетесот за сите луѓе на кои им е потребна и да помогнат во спречување на состојбата кај луѓето со висок ризик. Се предвидува дека 643 милиони возрасни луѓе во светот ќе живеат со дијабетес до 2030 година, покажуваат предвидувањата. Речиси едно до две возрасни лица кои живеат со дијабетес не се дијагностицирани. Се проценува дека 6,7 милиони возрасни луѓе починале поради дијабетес или неговите компликации во 2021 година. Kако земја и како подрачје со 11,2 проценти заболени, влегуваме во групата држави со висока преваленца на дијабетес. Тоа е повеќе од алармантен показател за една динамична прогресија на оваа здравствена состојба. Потребни се системи на континуирано следење на гликемијата и нивна достапност за поголем број на пациенти, изјави денеска Димче Велев, претседател на Сојуз на здруженија на дијабетичари на Северна Македонија на Форумот за одбележување на Светскиот ден на дијабетесот – 14-ти Ноември, насловен „Што не сторивме против Дијабетесот?“, што денеска се одржа во Скопје. Во рамки на настанот, Министерството за здравство и Сојузот на дијабетичари потпишаа Меморандум за соработка, а беа одбележани и јубилеите „Сто години инсулин“ и „20 години Сојуз на здруженија на дијабетичари на Македонија“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lani-vo-zemjava-7-432-novozaboleni-od-dijabetes/feed/ 0
Заев: Не се разговара за карантини или посебни огрничувања, се очекува пад на бројот КОВИД заболени https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-ne-se-razgovara-za-karantini-ili-posebni-ogrnichuvanja-se-ochekuva-pad-na-brojot-kovid-zaboleni/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-ne-se-razgovara-za-karantini-ili-posebni-ogrnichuvanja-se-ochekuva-pad-na-brojot-kovid-zaboleni/#respond Thu, 26 Aug 2021 09:55:07 +0000 https://kurir.mk/?p=555192

Премиерот Зоран Заев денеска рече дека засега не се разговара за специјални карантини или за посебни ограничувања поради актуелната епидемиолошка состојба во земјава. -Се надеваме дека бројките кои во последните неколку дена се стабилизираа, ќе почнат да паѓаат, особено ако се придржуваме до мерките и ако внимаваме, истакна Заев, одговорајќи на новинарски прашања по увидот во изградбата на мостот „Љубљанска“. Во однос на зголемениот број КОВИД случаи, посебно во тетово и Гостивар, Заев рече дека главно се работи за граѓани со хронични болести. Но, тоа што се случува кај нас, додаде, се случува и во регионот и во светот, и според бројките и според смрноста. Ако повеќе се внимава и ако бидеме поодговорни, ситуацијата ќе биде подобра. -Не би сакал да зборувам подетално од тоа што министерот за здравство и Комисијата го кажуваат, но јас како претседател на Владата кој има обврска да ги следи парамтерите, би рекол дека е добро што последните денови бројките се стабилизираат во Тетово и Гостивар. Тоа значи дека силата на вирусот се намалува, мерките веројатно давата резултат, а и граѓаните повеќе внимаваат, нагласи Заев. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-ne-se-razgovara-za-karantini-ili-posebni-ogrnichuvanja-se-ochekuva-pad-na-brojot-kovid-zaboleni/feed/ 0
Коронавирусот зема голем замав во Гостивар: Се’ повеќе заразени и хоспитализирани https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/koronavirusot-zema-golem-zamav-vo-gostivar-se-povekje-zarazeni-i-hospitalizirani/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/koronavirusot-zema-golem-zamav-vo-gostivar-se-povekje-zarazeni-i-hospitalizirani/#respond Fri, 13 Aug 2021 06:49:58 +0000 https://kurir.mk/?p=549934

Гостивар е третиот град, по Скопје и Тетово, каде ширењето на коронавирусот почнува да зема голем замав. За едно деноноќие регистрирани се 99 новозаразени. Ако бројот на активни случаи на 7 август во овој град бил 176, според последните податоци, сега е 467. Според статистиката на Министерството за здравство за број на вакцинирани по градови објавена деновиве, Гостивар е градот со најмалку вакцинирани полнолетни граѓани, односно само 19 проценти. Но, со зголемувањето на новозаразени се зголеми и интересот за заштита со вакцинирање во гостиварско, јави дописникот на МИА од Гостивар. Дневно се аплицираат од 300 до 500 вакцини. Она што ги загрижува здравствените работници од гостиварско е што на голем број пациенти им е потребна хоспитализација. Според клиничката слика, дел од нив добиваат кислородна поддршка, а има и случаи во потешка состојба и тоа се пациенти со други коморбидитети. -Карактеристично е што станува збор за помлади пациенти, главно под 35 години. Порастот на новозаболени според него е непочитување на мерките за заштита, изјави вчера за МИА раководителот на инфективното одделението д-р Ратко Наумоски. Покрај Гостивар и натаму продожува да расте бројот на новозаразени во Скопје и Тетово. А Неготино вчера го забележа првиот случај на Ковид-19, по повеќе месеци. Вчера беа регистрирани 639 нови случаи од направени 5.390 тестирања, починати шест лица и 22 оздравени. Најголем број од активните случаи има во Скопје и Тетово. Во Скопје има 1257, а во Тетово 864. Следи Гостивар со 467, Куманово – 222, Кичево – 193, Струмица – 124, Битола – 90, Струга – 83, Охрид – 75, Дебар – 81. По подолг период во Неготино регистриран првиот случај на заразен со коронавирусот. Уште пет градови се без ковид и тоа: Богданци, Крушево, Демир Хисар, Кратово и туристичкиот Дојран. Министерството за здравство вчера информира дека бројот на аплицирани дози вакцини во земјава надмина милион. Со засилување на четвртиот бран и најавените рестриктивни мерки, интересот за вакцинација од пред два дена е значително зголемен. На вакциналните пунктови и на терен, заклучно со завчера вакцинирани се вкупно 561 912 граѓани. Вчера вкупно се вакцинирале 16 020 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 1.016.700 дози вакцини, а ревакцинирани се 454 788 граѓани, соопшти Министерството за здравство.Со последните бројки барем една доза вакцина примиле: 66 проценти од населението над 70 години, 64 отсто над 65 години, 60 отсто над 60 години и 50 отсто над 50 години. Граѓаните без закажан термин се вакцинираат, во постоечките вакцинални пунктовите низ државата. Процесот на теренска вакцинација се одвива на територија на цела држава. Сајтот vakcinacija.mk е отворен за закажување на термини за вакцинација на децата. Центарот за јавно здравство (ЦЈЗ) ќе ги спроведува здравствените протоколи за денешното одбележување на 20-годишнинаната од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, соопшти вчера првиот вицепремиер и министер за полтички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, додавајќи дека за ова прашање го контрактирал и министерот за здравство Венко Филипче. Актуелните ковид-мерки за влез во Грција, пак, се продолжени за уште една седмица. Задолжителен документ за Ковид-19 и пополнет PLF формулар, се продолжени до 19 август, согласно новата министерска одлука „Предуслови за влез во земјата за да се ограничи ширењето на Ковид-19“, што вчера стапи во сила. Северна Македонија и понатаму е на листата трети земји за кои не важи забраната за влез во Грција, отворени се сите копнени гранични премини, а за патување во Грција потребен е сертификат за вакцинација или негативен ПЦР/ рапид тест или потврда за прележан вирус, заедно со пополнет PLF формулар. За прекршување на законските мерки и обврски во Грција, предвидени се парични казни од 500 до 5.000 евра. Можноста за нов целосен карантин во Грција наесен, ја отфрли грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за време на вчерашната прес конференција, а паралелно изрази загриженост за намалениот број дневни вакцинации, јави дописничката на МИА од Атина. Според статистиката на светско ниво, над 205 милиони луѓе се заразиле со коронавирусот, починале 4,3 милиони, оздравеле 184 милиони. Австралиската престолнина Канбера вчера влезе во еднонеделен општ карантин поради еден случај на заразен со коронавирусот, првпат во текот на последната година. Побарано е затворање на целата територија на австралиската престолнина, каде живеат околу 400 000 луѓе, бидејќи властите не знаат како лицето се заразило. Австралија се обидува да го спречи ширењето на делта сојот на вирусот, па затоа веќе е воведен карантин во двата најголеми града, Мелбурн и Сиднеј. Нов Зеланд планира да ја отвори својата граница од почетокот на 2022 година и да им овозможи на вакцинираните патници од земјите со низок ризик да влезат без задолжителниот карантин, што сега е во важност, соопшти премиерката Јасинда Ардерн. Од март 2020 година, Нов Зеланд целосно ја затвори својата граница за сите, освен нејзините граѓани и лица со дозволи за престој. Во април годинава границата беше кратко отворена за граѓаните на соседна Австралија, но повторно се затвори кон крајот на јули, откако Австралија се соочи со нови жаришта на заразата. Строгата политика за елиминација резултираше со само 2.500 регистрирани случаи на инфекција со коронавирус во Нов Зеланд и вкупно 26 смртни случаи. Американскиот експерт за заразни болести и медицински советник на претседателот Џозеф Бајден, Ентони Фаучи, пак, информираше рече дека трета доза на вакцината против коронавирус ќе се препорача во САД за оние со послаб имунолошки систем. Препораката ќе се однесува на веќе вакцинирани лица со ослабен имунолошки систем поради трансплантација на органи, рак или други болести. Австриски епидемиолози предупредуваат дека следниот бран ќе биде бран на невакцинираните. Епидемиолозите Џералд Гартленер и Петер Климек тврдат дека, сепак, нема да има преоптоварување на одделенијата за интензивна нега и оти не е потребно заклучување на есен. Тие веруваат дека заштитните мерки, како што се носење маски и држење растојание ќе бидат неопходни.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/koronavirusot-zema-golem-zamav-vo-gostivar-se-povekje-zarazeni-i-hospitalizirani/feed/ 0
Во пораст бројот на заболени од Ковид-19, можни рестрикции за невакцинираните https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-porast-brojot-na-zaboleni-od-kovid-19-mozni-restrikcii-za-nevakciniranite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-porast-brojot-na-zaboleni-od-kovid-19-mozni-restrikcii-za-nevakciniranite/#respond Thu, 29 Jul 2021 05:20:35 +0000 https://kurir.mk/?p=543288

Во пораст е бројот на заболени од Ковид-19 во државава. Податоците што ги објави вчера Институтот за јавно здравје за претходното деноноќие покажуваат дека при направени 3.593 тестирања се регистрирани 47 нови случаи на Ковид-19, како и дека оздравеле 14, а нема починати пациенти. Бројот на активни ковид случаи изнесува 359 од кои 130 се во Скопје. Министерот за здравство Венко Филипче вчера оцени дека во насока на заштита на населението ќе нема друга можност освен да воведат некаква форма на рестрикција и оти е разговарано и дополнително ќе се разговара за мерки кои би се однесувале на невакцинираните. За конкретни мерки, најави министерот, ќе разговараме подетално во август. – Видовме во изминативе години што значи да нема вакцина за една болест, какви рестрикции, полициски часови итн., гледаме и следиме примери и од другите земји, има приватни компании кои едноставно сакаат вработените да им се вакцинирани за да може нормално да функционира работниот процес, а ние ќе го штитиме јавното здравје со тоа што евентуално би вовеле такви мерки таму кај што има можност за масовни собири, јавни настани, можеби влез за некои јавни места итн, нагласи Филипче. Во однос на вакцинацијата на децата, тој потенцира дека немаат во план, како за нив, така и за возрасните да наметнат правила и таа да биде задолжителна. – Апсолутно, ниту за училишта, ниту за средни, ниту за факултети итн. Меѓутоа, во овие места кај што има ризик за големи собири, тука размислуваме без разлика дали станува збор за адолесценти, постари луѓе. Така што допрва ќе разговараме за мерките. Како и се до сега што добро го осмислувавме и добро го димензиониравме сакаме и овие евентуални мерки да бидат добро осмислени со цел да продолжи нормално животот. Ние не можеме да живееме ниту затворени, ниту со рестрикции, ниту да трпи повеќе економијата посебно сега кога има вакцина на располагање, изјави Филипче. Повтори дека ако епидемиолошката ситуација остане стабилна ќе има настава со физичко присуство. – Ако епидемиолошката ситуација е како што е сега сите ученици ќе почнат за нешто повеќе од еден месец практично со физичко присуство без рестрикција во одделенијата или бројката во училници за што постојат протоколи – проветрување, начин на седење, менување на училниците за предметната настава итн., потенцира Филипче. Во однос на количината на вакцини, тој потсети, дека секој понеделник стигнуваат меѓу 20 и 30 илјади вакцини и тоа е комбинација од директниот договор со компанијата „Фајзер“ и помошта што стигнува преку земјите членки на ЕУ. За третиот и четвртиот квартал само од директниот договор вкупно треба да стигнат 700 илјади вакцини „Фајзер“, што, според Филипче, е сосема доволно и во овој момент има доволно вакцини. – На територијата на цела држава опфатот со вакцинација на граѓаните над 70 години е 63 проценти, над 50 години е 45 проценти. Понатаму како се намалува возрасната група опаѓа и опфатот со вакцинацијата, оцени ресорниот министер. Од Министерството за здравство вчера соопштија дека вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација. На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 500.995 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 4.098 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 13.810 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 862.426 дози вакцини, а ревакцинирани се 361.431 граѓани, соопшти Министерството за здравство. Со последните бројки, како што се посочува, 63 отсто од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 60 отсто од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина, 55 отсто од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина и 45 отсто од населението над 50 години е вакцинирано со барем една доза вакцина. Од Министерството потсетуваат дека граѓаните без закажан термин се вакцинираат во постоечките вакцинални пунктовите низ државата. Теренската вакцинација продолжува и денеска и ќе се одвива во 26 населени места. Сајтот vakcinacija.mk е отворен за закажување термини за вакцинација на децата. Вкупниот број ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 156.171 бројот на оздравени пациенти е 150.321, а на починати изнесува 5.491.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-porast-brojot-na-zaboleni-od-kovid-19-mozni-restrikcii-za-nevakciniranite/feed/ 0
Колкав е бројот за заболени од коронавирус кој се лекуваат на инфективните оделенија во Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kolkav-e-brojot-za-zaboleni-od-koronavirus-koj-se-lekuvaat-na-infektivnite-odelenija-vo-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kolkav-e-brojot-za-zaboleni-od-koronavirus-koj-se-lekuvaat-na-infektivnite-odelenija-vo-makedonija/#respond Wed, 05 May 2021 10:07:19 +0000 https://kurir.mk/?p=505844

Вкупниот број на пациенти позитивни и суспектни на вирусот Ковид-19 кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во останатите болници низ земјава е 1012, а има околу 750 слободни болнички кревети во ковид центрите, информира Министерството за здравство. Во изминатото деноноќие во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 43 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. На инфективните оддели во главниот град се лекуваат вкупно 435 лица сомнителни или потврдени за Ковид-19. Како што соопшти МЗ, во последното деноноќие, на интерните и хируршки клиники имало 13 приеми. Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 14 примени пациенти и девет билe примени на Инфективната клиника. Во Козле бил примен еден болен, a на Клиниката за детски болести имало шест приеми. На Институтот за физикална медицина немало примени пациенти. Од Министерството за здравство информираат дека во изминатите 24 часа дома се пуштени 50 оздравени пациенти. -Во моментов во ковид центрите на интерните и на хируршките клиники се лекуваaт 150 пациенти. Во ГОБ 8 Септември има вкупно 128 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 124 пациенти, додека на Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 13 пациенти. На Клиниката за детски болести има две деца позитивни на ковид 19 вирусот и две мајки, а на ГАК има три позитивни пациентки. На Институтот за физикална медицина и рехабилитација има 13 болни, соопшти Министерството за здравство. Голем дел од пациентите кои се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град се на кислородна поддршка. -Бројот на приеми во изминативе денови се намалува и утрово до 08:00 часот имало 311 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места. Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка, стои во соопштението. На територијата на цела држава во моментов се лекуваат 577 пациенти на инфективните одделенија. Според податоците на Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 72 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 62 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 25 пациенти, во Велес се лекуваат 77 болни, а во Куманово 68 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 60 пациенти, во Прилеп 48, во ковид центарот во Гостивар 14, а во Струга 17 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 60 пациенти, во Кочани 22 во Кичево 15, Кавадарци 30, а во Гевгелија седум лица позитивни и суспектни на корона вирусот. Сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород, се наведува во соопштението од Министерството и додаваат дека доколку има потреба капацитетот на одделенијата ќе биде дополнитело проширен.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kolkav-e-brojot-za-zaboleni-od-koronavirus-koj-se-lekuvaat-na-infektivnite-odelenija-vo-makedonija/feed/ 0
Над 150 милиони заболени од коронавирус во светот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nad-150-milioni-zaboleni-od-koronavirus-vo-svetot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nad-150-milioni-zaboleni-od-koronavirus-vo-svetot/#respond Thu, 29 Apr 2021 05:57:26 +0000 https://kurir.mk/?p=503545

Повеќе од 150 милиони случаи на коронавирус се регистрирани во светот од почетокот на пандемијата, од кои повеќе од 19 милиони се активни, покажуваат најновите податоци на страницата „Ворлдометар“. Како што е прецизирано на страницата, досега 150.133.225 луѓе ширум светот биле заразени со коронавирусот, 3.161.611 починале, а 127.582.445 закрепнале од болеста. Во моментов има 19.389.169 активни случаи, а 0,6 проценти од пациентите, поточно 110.777 се во сериозна или критична состојба. САД сè уште се на прво место по бројот на случаи и смртни случаи со 32.976.533 заразени и 588.180 починати. На второ место според бројот на болни е Индија со над 18 милиони заразени, а на трето е Бразил со над 14 милиони заразени, додека другите земји имаат помалку од шест милиони регистрирани случаи на коронавирус. Во однос на смртни случаи, Бразил е на второ место со 398.185 смртни случаи, а Мексико е на трето место со 215.547 починати.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nad-150-milioni-zaboleni-od-koronavirus-vo-svetot/feed/ 0
МАКЕДОНИЈА: Над 100.000 заболени од коронавирус, почина 3.098 лица – граѓаните се уште чекаат вакцини https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonija-nad-100-000-zaboleni-od-koronavirus-pochina-3-098-lica-gragjanite-se-ushte-chekaat-vakcini/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonija-nad-100-000-zaboleni-od-koronavirus-pochina-3-098-lica-gragjanite-se-ushte-chekaat-vakcini/#respond Thu, 25 Feb 2021 06:26:11 +0000 https://kurir.mk/?p=473518

Во земјава вчера од Србија пристигна втората пратка од осумте илјади вакцини од компанијата „Фајзер“, со кои се спроведува имунизацијата на здравствените работници. До вчера се вакцинирани околу 1500 здравствени работници. Во наредниве денови се очекува пристигнување и на 200.000 кинески вакцини, во март 20-30.000 вакцини преку КОВАКС механизмот и поголема доза од „Фајзер“, а Владата го доби и предлог договорот за набавка на 100.000 вакцини од Русија. Бројот на инфицирани со Ковид-19 во земјава  надмина 100.000. Со донираните вакцини Македонија ја започна имунизацијата. Министерот Венко Филипче нагласи дека од здравствените работници досега се вакцинирани околу 1500 со динамика од 250 – 300 на ден, која ќе продолжи и понатаму. Владата вчера го добила драфт договорот за набавка на најавените 100.000 вакцини од Русија. Министерот Филипче информира дека сè уште траат преговорите со „Фајзер“, од каде што се очекува поголема пратка вакцини. Додека тече набавката на вакцини, бројот на новозаразени кај нас почна да се зголемува. Министерот Филипче вчера изјави дека во овој момент се прави анализа на една серија во лабораторијата во МАНУ, од која резултатите се очекуваат следната недела, која треба да даде одговор и на зголемениот број случаи на ковид инфекции во последните неколку дена. Тој рече дека бројот на новозаразени најверојатно се должи на појавата на британскиот сој кај нас, непочитување на зашитните мерки и поголемата раздвиженост на граѓаните поради убавото време. И покрај зголемениот број на инфицирани, Филипче рече дека сега засега нема да има дополнителни мерки, но и тоа не е исклучено. Зголемување на бројот на инфицирани со коронавирусот покажаа и вчерашните резултати од тестирањата. Од направени 3.342 тестирања вчера беа регистрирани 725 нови случаи, починати 13 лица, а регистрирани 215 оздравени пациенти. Најмногу активни има во Скопје-3153, Прилеп – 551, Кавадарци – 508, Охрид активни 434, Тетово – 259, Велес – 235, Куманово – 222. Во другите градови има под 200 активни случаи. Досега во земјата се направени вкупно 509.720 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 100.632, бројката на оздравени пациенти е 90.311, на починати е 3.098, а бројот на активни случаи изнесува 7.223. Во светот досега се регистрирани 113 милиони инфицирани со САРС-КоВ-2, починати 2,5 милиони и оздравени 88,5 милиони. Според податоците на Светската здравствена организација (СЗО), во периодот од 15 до 21 февруари смртноста во светот од Ковид-19 е намалена за 20 отсто во однос на претходниот еднонеделен просек. Тенденцијата на намалување на смртноста трае веќе шест недели по ред, се наведува во редовниот неделен извештај на СЗО]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonija-nad-100-000-zaboleni-od-koronavirus-pochina-3-098-lica-gragjanite-se-ushte-chekaat-vakcini/feed/ 0
ВМРО-ДПМНЕ: Одговорност од бездушниците Филипче и Заев, 20 медицински лица заболени од корона од само една болница https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-odgovornost-od-bezdushnicite-filipche-i-zaev-20-medicinski-lica-zaboleni-od-korona-od-samo-edna-bolnica/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-odgovornost-od-bezdushnicite-filipche-i-zaev-20-medicinski-lica-zaboleni-od-korona-od-samo-edna-bolnica/#respond Wed, 27 Jan 2021 13:25:54 +0000 https://kurir.mk/?p=460598

Ситуацијата со корона вирусот е алармантна. Дваесет медицински лица заболени на една клиника во рамки на кампусот клиники Мајка Тереза. Или дваесет лица заболени на Клиниката за нефрологија, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. - Ќе може ли воопшто таа Клиника да функционира во наредниот период, што со пациентите кои секојдневно се таму на прегледи, што со пациентите кои без дијализа не можат да живеат, прашуваат од партијата. - Зарем не ги јаде совеста бездушниците Филипче и Заев? Очигледно не, гајле им е. Филипче и Заев дозволија покољ! Филипче и Заев направија покољ, ги оставија на цедило медицисните лица кои се на првата борбена линија! Филипче и Заев не обезбедија заштитна опрема за медицинските лица, а сега нема вакцини. Нема вакцини воопшто! Нема вакцини за никого! За ова одговорност мора да има и тоа веднаш, пишува во соопштението.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-odgovornost-od-bezdushnicite-filipche-i-zaev-20-medicinski-lica-zaboleni-od-korona-od-samo-edna-bolnica/feed/ 0