забрана за летови – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 04 Mar 2022 21:19:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png забрана за летови – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 „Зона на забранети летови над Украина ќе доведе до целосна војна во Европа“ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zona-na-zabraneti-letovi-nad-ukraina-kje-dovede-do-celosna-vojna-vo-evropa/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zona-na-zabraneti-letovi-nad-ukraina-kje-dovede-do-celosna-vojna-vo-evropa/#respond Fri, 04 Mar 2022 21:19:24 +0000 https://kurir.mk/?p=641219

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави дека воспоставувањето зона на забранети летови над Украина од страна на САД и нивните сојузници во НАТО може да доведе до „целосна војна во Европа“. Тој нагласи дека Вашингтон ќе продолжи да работи со своите сојузници со цел да им обезбеди на Украинците средства за одбрана од руската агресија, пренесува Си-Ен-Ен. – Единствениот начин навистина да се спроведе нешто како зона на забранети летови е да се испратат авиони на НАТО во украинскиот воздушен простор и да се соборат руски авиони, а тоа може да доведе до целосна војна во Европа. Претседателот Бајден беше јасен дека нема да војуваме со Русија, истакна Блинкен на денешната прес-конференција во Брисел, каде што се состанува со европските сојузници по руската инвазија врз Украина. – Но, ќе работиме напорно со сојузниците и партнерите за да им обезбедиме на Украинците средства за ефикасно да се бранат себеси, и се разбира, секојдневно го гледаме нивното извонредно херојство, како и многу, многу реални резултати во она што тие го прават за да го постигнат тоа, порача шефот на американската дипломатија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zona-na-zabraneti-letovi-nad-ukraina-kje-dovede-do-celosna-vojna-vo-evropa/feed/ 0
Во Албанија продолжува полицискот час и забраната за летови со Велика Британија https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-albanija-prodolzuva-policiskot-chas-i-zabranata-za-letovi-so-velika-britanija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-albanija-prodolzuva-policiskot-chas-i-zabranata-za-letovi-so-velika-britanija/#respond Sat, 16 Jan 2021 18:23:31 +0000 https://kurir.mk/?p=456324

Националниот комитет на експерти за справување со пандемијата со Ковид-19, по анализата на состојбата во последните две недели, одлучи да остане во сила одлуката за полицискиот час, што секоја ноќ трае од 22 до 6 часот. -Полцискиот час, што беше воведен на 11 ноември, продолжува, бидејќи од направената анализа се гледа дека има зголемување на новозарзените, што е последица на групирањата за новогодишните и божикните празници и присуството на иселениците. Во овој двонеделен период се зголеми и бројот на хоспитализирани лица во ковид болниците, информираше вечерва министерката за здравство Огерта Манастрлиу, по средбата на Комитетот, чиј член е и таа. Додаде дека до следна одлука продолжува и онлајн наставата во универзитетите, а забраната за летови со Велика Британија до први февруари. -Во периодот од 2 до 15 јануари инциденцата бележи зголемување за 260 нови случаи на 100 илјади жители. Што се однесува до бројот на хоспитализирани пациенти, повторно се соочуваме со зголемување. Иако не сме во алармантна состојба, сепак, мора да бидеме многу внимателни за да спречиме какво било натамошно зголемување. И случаите на пациенти примени на интензивна нега, исто така, се зголемија, рече мнистерката. Она што посебно загрижува е фактот што новозаразените во последните две недели се главно од 15 до 24-годишна возраст. Во извештајниот период дневно се правеле многу повеќе тестови, а четирите ковид болници, како што рече, работат без прекин во служба на граѓаните. Досега, според неа, нема регистриран случај со новата варијанта на коронавирус, евидентран во Велика Британија. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-albanija-prodolzuva-policiskot-chas-i-zabranata-za-letovi-so-velika-britanija/feed/ 0
Донесена одлука за забрана на летови од Велика Британија и Северна Ирска https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/donesena-odluka-za-zabrana-na-letovi-od-velika-britanija-i-severna-irska/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/donesena-odluka-za-zabrana-na-letovi-od-velika-britanija-i-severna-irska/#respond Mon, 21 Dec 2020 21:37:01 +0000 https://kurir.mk/?p=446474

Владата на Република Македонија вечерва одржа седница на која донесе одлука за забрана на сите авионски летови од Велика Британија и Северна Ирска во Република Македонија до крајот на 2020 година, врз основа на препораката на Комисијата за заразни болести. Со оваа одлука на Владата ќе биде задолжителна проверка на сите патници кои влегуваат на територијата на Македонија од Велика Британија и Северна Ирска преку копнен граничен премин и на граничните премини на аеродромите во Скопје и Охрид и сите ќе бидат задолжително упатени во самоизолација од 14 дена, како и да пополнат пријава за влез во државата со податоци за местото на сместување.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/donesena-odluka-za-zabrana-na-letovi-od-velika-britanija-i-severna-irska/feed/ 0
Македонија воведува забрана за летови од Велика Британија- еве до кога ќе важи мерката https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonija-voveduva-zabrana-za-letovi-od-velika-britanija-eve-do-koga-kje-vazi-merkata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonija-voveduva-zabrana-za-letovi-od-velika-britanija-eve-do-koga-kje-vazi-merkata/#respond Mon, 21 Dec 2020 09:28:38 +0000 https://kurir.mk/?p=446111

Министерството за здравство информира дека на Главниот координативен кризен штаб е усвоен заклучок за нови рестриктивни мерки односно забрана за летови од нашата земја до и кон Велика Британија до крајот на годината. Дополнително мерката за задолжителна 14 дневна самоизолација за сите граѓани кои во земјава со директни летови ќе дојдат од Англија, ќе важи и за патниците кои од Велика Британија по копнен пат ќе стигнат во нашата земја. Комисјата за заразни болести мерката за самоизолација ја усвои на утринскиот состанок превентивно по информациите дека нова мутација на корона вирусот, се шири во Велика Британија и според првичните епидемиолошки анализи е позарзана.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonija-voveduva-zabrana-za-letovi-od-velika-britanija-eve-do-koga-kje-vazi-merkata/feed/ 0