забрана за работа – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 16 Mar 2021 10:17:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png забрана за работа – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Асфалтна база во Куманово доби забрана за работа заради прекумерно загадување https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/asfaltna-baza-vo-kumanovo-dobi-zabrana-za-rabota-zaradi-prekumerno-zagaduvanje/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/asfaltna-baza-vo-kumanovo-dobi-zabrana-za-rabota-zaradi-prekumerno-zagaduvanje/#respond Tue, 16 Mar 2021 10:17:11 +0000 https://kurir.mk/?p=483089

Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) на 5 март изврши вонреден надзор на асфалтната база Кооп инженеринг ДОО во Куманово, при што е утврдено повеќекратно надминување на граничните вредности за прашина, а на асфалтната база ѝ е наредено да престане со работа во период до 30 дена. Како што посочија од ДИЖС, граѓаните од населбите Железничка станица, Бедиње и Черкези доставиле видео запис на кој може да се види емисија на густ чад, поради што во текот на ненајавениот надзор се извршиле мерења на отпадни гасови и прашина од страна на акредитирана лабораторија. Целта на мерењата е утврдување на реалните емисии и проверка на претходни извештаи за почитување на граничните вредности од дозволата, нарачани од страна на самата инсталација. Со Извештајот на акредитираната лабораторија е утврдено повеќекратно надминување на граничните вредности за прашина. -Во согласност со наодот на лабораторијата, на 12-ти март на асфалтната база ѝ беше наредено да престане со работа во период до 30 дена, односно додека се постави соодветен вреќаст филтер. Филтерот ќе обезбеди дека со наредни лабораториски мерења емисиите ќе бидат во рамките на дозволените граници, соопштија од ДИЖС. Државниот инспекторат за животна средина информира дека ќе продолжи со ненајавени мерења на емисиите во воздухот и испуштањето на отпадни води од страна на загадувачите, што ќе ги врши акредитирана лабораторија, ангажирана по пат на јавна набавка.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/asfaltna-baza-vo-kumanovo-dobi-zabrana-za-rabota-zaradi-prekumerno-zagaduvanje/feed/ 0
Дури четири пациентки досега го пријавиле доктор Асани: ДСЗИ му издаде забрана за извршување на здравствена дејност во неговиот дом https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/duri-chetiri-pacientki-dosega-go-prijavile-doktor-asani-dszi-mu-izdade-zabrana-za-izvrshuvanje-na-zdravstvena-dejnost-vo-negoviot-dom/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/duri-chetiri-pacientki-dosega-go-prijavile-doktor-asani-dszi-mu-izdade-zabrana-za-izvrshuvanje-na-zdravstvena-dejnost-vo-negoviot-dom/#respond Tue, 26 Jan 2021 15:00:34 +0000 https://kurir.mk/?p=460137

Врз основа на наодите од вонредниот инспекциски надзор од Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ), во врска со случајот за директорот на струшката болница, д-р Мухамед Асани, кабинетот на заменикот на претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, е во постојна комуникација со инспекторатот за сите преземени активности. ДСЗИ ги презема сите мерки во рамки на законските надлежност за постапување со конкретниот случај, соопштуваат од Кабинетот на Николовски. ДСЗИ во ординацијата која се наоѓа во домот на д-р Асани, веќе изврши вонреден инспекциски надзор со полициска асистенција, како што налагаат правилата за надзор во објект каде нема обележано дека постои приватна здравствена устанува. При надзорот, е констатирано комплетно опремена гинеколошка ординација, нерегистрирана, односно за која нема никаков документ, како што се потребните дозволи за работа и за основање на фирма. Во меѓувреме, до ДСЗИ се пристигнати четири нотарски заверени изјави од пациентки, кои потврдуваат дека докторот во ординацијата сместена во неговиот дом им вршел прегледи по 15 часот, посочуваат од кабинетот на Николовски. Една од пациентките во изјавата посочува дека во истата ординација, докторот ја контролирал нејзината бременост уште пред осум години. Во текот на вчерашниот ден ДСЗИ на д-р Мухамед Асани му издаде решение за забрана за вршење на здравствена дејност во ординацијата која се наоѓа во неговиот дом. Државниот санитарен и здравствен инспекторат, ќе постапи согласно надлежностите и ќе ги извести сите надлежни институции за констатираната состојба во ординацијата сместена во домот на д-р Асани, стои во соопштението.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/duri-chetiri-pacientki-dosega-go-prijavile-doktor-asani-dszi-mu-izdade-zabrana-za-izvrshuvanje-na-zdravstvena-dejnost-vo-negoviot-dom/feed/ 0
Затворени неколку кафеани кои, не ја почитувале забраната за работа https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zatvoreni-nekolku-kafeani-koi-ne-ja-pochituvale-zabranata-za-rabota/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zatvoreni-nekolku-kafeani-koi-ne-ja-pochituvale-zabranata-za-rabota/#respond Fri, 10 Apr 2020 13:11:31 +0000 https://kurir.mk/?p=330240

Затворени се четири угостителски објекти во Битола, Гостивар и Тетово кои не ја почитувале забраната за работа, а надвор од употреба се ставени 40 кафемати во Скопје, Охрид и во Гостивар, при надзорите што ги спровеле пазарните инспектори од 6 до 8 месецов во однос на почитување на мерките и препораките на Владата за спречување на ширењето на коронавирусот. Претседателката на Инспекцискиот совет Магдалена Филиповска Грашкоска денеска соопшти дека од 6 до 8 април шесте инспекциски служби спровеле вкупно 1.346 надзори од кои 547 од страна на Државниот пазарен инспекторат. Пазарните инспектори извршиле и визуелни контроли на угостителските објекти низ државата при што е констатирано дека ја почитуваат забраната за работа, а кај мал дел од трговците се констатирани зголемени цени на производи и по надзорите се вратени на изност од 11 март. Во тек на 164. надзори од инспекторите при Агенцијата за храна и ветеринарство се изречени шест мерки и едукациии поради неспроведени обуки за основни знаења за безбедност на храна и се изречени седум решенија за костатирана лоша општа хигенска состојба, а правните субјекти се задолжени да извршат дезинфекција. Спроведени се и 43 контроли од инспекторите од Агенцијата за лекови, кои констатирале дека нема специфични отстапувања и оти секторот ги почитува препораите, односно се одржува ред во аптеките, а цените се во согалсност со одлуките на Владата. Трудовиот инспекторат, пак, извршил 422 надзора, во тек на кои изрекол едно решение и 11 укажувања во однос на почитување на препораката за ослободување од работа на лица со деца до 10 години. Работодавачите генерално ги почитуваат препораките на Владата. Транспортниот инспекторат, пак, извршил 114 надзори и повторно е констатирано дека меѓуопштинскиот превоз е редуциран за 90 проценти, а автобуските станици ги почитуваат влаидните препораки. Филиповска Грашкоска повторно апелираше да се почитиваат мерките препораките за заштита од коронавирсот, најавувајќи санкции дека ќе биде санкциониран секој кој нема да ги почитува.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zatvoreni-nekolku-kafeani-koi-ne-ja-pochituvale-zabranata-za-rabota/feed/ 0
И покрај забраната за работа, го отвориле локалот: Едниот муштерија се сокрил под шанкот, другиот во тоалетот – Моментот кога полицијата упадна во отворениот кафе бар! (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/svet/region/i-pokraj-zabranata-za-rabota-go-otvorile-lokalot-edniot-mushterija-se-sokril-pod-shankot-drugiot-vo-toaletot-momentot-koga-policijata-upadna-vo-otvoreniot-kafe-bar-video/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/i-pokraj-zabranata-za-rabota-go-otvorile-lokalot-edniot-mushterija-se-sokril-pod-shankot-drugiot-vo-toaletot-momentot-koga-policijata-upadna-vo-otvoreniot-kafe-bar-video/#respond Tue, 24 Mar 2020 14:47:14 +0000 https://kurir.mk/?p=321479

Албанската полиција продолжува со редовните контроли на целата територија во земјата, со цел да се осигураат дека предложените мерки од надлежните се почитуваат. За време на контролите утврдено е дека се прекршуваат препораките, односно еден кафе бал работел, а надворешниот влез затворен и спуштена ролетна. Полицијата побара од жената да отвори и да ја дигне ролетнат, додека таа тврдела дека нема никој во локалот. Кога полицијата влегла во објектот останале зачудени. Имено, еден човек се сокрил под шанкот пошто се прекрил со перде, додека друг муштерија се сокрил во тоалетот, пренесуваат тамошните медиуми. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/i-pokraj-zabranata-za-rabota-go-otvorile-lokalot-edniot-mushterija-se-sokril-pod-shankot-drugiot-vo-toaletot-momentot-koga-policijata-upadna-vo-otvoreniot-kafe-bar-video/feed/ 0