забрана – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 19 Oct 2023 12:47:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png забрана – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ЦУК: Поради боево гаѓање, в петок и недела забрането движење кај Виречка полјана, делчевско https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tsuk-poradi-boevo-gagane-v-petok-i-nedela-zabraneto-dvizhene-kaj-virechka-poljana-delchevsko/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tsuk-poradi-boevo-gagane-v-petok-i-nedela-zabraneto-dvizhene-kaj-virechka-poljana-delchevsko/#respond Thu, 19 Oct 2023 12:47:55 +0000 https://kurir.mk/?p=890816

Регионалниот центар за управување со кризи Делчево го известува населението од селата Стамер, Град, Вирче, Тработивиште и Разловци дека на ден 20.10.2023 година (петок) во периодот од 08.00 часот до завршување на гаѓањето од страна на РЦ – ИСТОК и ПС за граничен надзор – Делчево, ќе се спроведе гаѓање со огнено оружје. Боевото гаѓање како што се вели во соопштението ќе се изврши на временото стрелиште на место наречено Виречка полјана-атар на селото Вирче, поради што посочија дека на споменатата локација времено ќе биде забрането движењето на луѓе како и испаша на домашни животни. -Исто така го известуваме населението дека на ден 22.10.2023 година (недела) ПС од општа надлежност – Делчево, ќе спроведе боево гаѓање со огнено оружје. Во периодот од 09.00 часот до 14.00 часот. Поради тоа се забранува секакво движење на луѓе и вршење на каква било работа и испаша на домашни животни, се вели во информацијата од Регионалната канцеларија на ЦУК Делчево. Целта како што додаваат оттаму е да се спречат евентуални несакани последици по населението кое живее во поширокиот реон на стрелиштето. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tsuk-poradi-boevo-gagane-v-petok-i-nedela-zabraneto-dvizhene-kaj-virechka-poljana-delchevsko/feed/ 0
Франција бара поддршка од ЕУ за укинување на евтините летови https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/frantsija-bara-poddrshka-od-eu-za-ukinuvane-na-evtinite-letovi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/frantsija-bara-poddrshka-od-eu-za-ukinuvane-na-evtinite-letovi/#respond Fri, 22 Sep 2023 09:18:27 +0000 https://kurir.mk/?p=880634

Франција најави дека ќе бара поддршка од другите ЕУ држави за воведување минимална цена на летови со цел да се намалат јаглеродните емисии од авио-индустријата. Ова го најави францускиот министер за транспорт, Клемен Бун, кој смета дека во ЕУ треба да се отвори дискусија за „фер социјална и еколошка цена на авионскиот билет“. Претходно годинава Бун најпрво предложи да се укинат супер-евтините летови. „Авионски билети за 10 евра повеќе не се возможни“, рече тој додавајќи дека оваа сума не ја рефлектира цената која ја плаќа Планетата. Експертите велат дека ваквата идеја е добра, но треба да се отвори и прашањето со луѓето кои често користат авиосообраќај, пренесува Еуроњуз.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/frantsija-bara-poddrshka-od-eu-za-ukinuvane-na-evtinite-letovi/feed/ 0
Јужна Кореја ќе забрани јадење кучиња https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/juzhna-koreja-ke-zabrani-jadene-kuchina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/juzhna-koreja-ke-zabrani-jadene-kuchina/#respond Mon, 18 Sep 2023 09:42:35 +0000 https://kurir.mk/?p=879058

Јужнокорејските пратеници планираат да воведат легислатива насочена кон забрана на продажба и консумирање на кучешко месо, контроверзен вековен обичај кој во моментов ниту е експлицитно забранет ниту легализиран. Според извештаите на медиумите, актот беше предложен од главната опозициска Демократска партија во четвртокот и веднаш доби поддршка од владејачката Партија на моќта на народот, која ќе донесе доволно гласови за усвојување на законот. „Околу 10 милиони јужнокорејски домаќинства одгледуваат домашни миленици. Сега е време да се стави крај на јадењето кучиња“, рече шефот на политичкиот комитет на владејачката партија, Парк Дае-Чул, цитиран од Блумберг. Првата дама ја поддржа забраната за сите видови трговија и консумирање кучешко месо. Минатиот месец, таа го повика Националното собрание да донесе закон за ставање крај на оваа практика и вети дека „ќе води кампања и ќе вложи напори за да се стави крај на консумирањето кучешко месо“. „Луѓето и животните треба да коегзистираат“, рече таа на прес-конференцијата организирана од граѓанска група кон крајот на август, додавајќи дека „треба да се стави крај на незаконските активности со кучешко месо“. Консумирањето кучешко месо е вековен обичај на Корејскиот полуостров, но во последните неколку години е во опаѓање. Во последниве години, бројот на фарми низ Јужна Кореја е намален за половина, но од 700.000 до еден милион кучиња сè уште се колат секоја година, што е пад од милионите од пред една деценија, според здружението на фармерите на кучиња. Претходните обиди на владата целосно да ја забрани индустријата за кучешко месо беа спротивставени од фармерите на кучиња и сопствениците на ресторани поради страв да не ја загубат својата егзистенција. Фармерите тврдат дека кучињата кои се одгледуваат за нивното месо се разликуваат од домашните миленици.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/juzhna-koreja-ke-zabrani-jadene-kuchina/feed/ 0
Белгија ја продолжува шестмесечната забрана за користење на TikTok од владини претставници https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/belgija-ja-prodolzhuva-shestmesechnata-zabrana-za-koristene-na-tiktok-od-vladini-pretstavnitsi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/belgija-ja-prodolzhuva-shestmesechnata-zabrana-za-koristene-na-tiktok-od-vladini-pretstavnitsi/#respond Fri, 15 Sep 2023 12:43:36 +0000 https://kurir.mk/?p=878402

Забраната за користење на кинеската апликација за социјални медиуми TikTok на уредите на федералните министри и државните службеници ќе биде продолжена за шест месеци, соопшти белгискиот Национален совет за безбедност. Белгија ја забрани употребата на TikTok за државните службеници од нивните официјални уреди на различни политички нивоа. Причината е загриженоста за начинот на кој апликацијата се справува со податоците на корисниците. Федералната влада ја воведе привремената забрана во март, наведувајќи дека алгоритмите на апликацијата можат да манипулираат со протокот на информации и содржина. Според кинескиот закон, TikTok е обврзан да соработува со кинеските разузнавачки служби. Кога беше воведена забраната, беше договорено таа да трае шест месеци, а потоа да се ревидира. Кинеската компанија ByteDance, која е сопственик на TikTok, се најде на удар на критики откако технолошката фирма призна дека одредени вработени имале пристап до кориснички податоци од САД и Европа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/belgija-ja-prodolzhuva-shestmesechnata-zabrana-za-koristene-na-tiktok-od-vladini-pretstavnitsi/feed/ 0
Американската стопанска комора во Косово бара укинување на забраната за увоз од Србија https://arhiva.kurir.mk/svet/region/amerikanskata-stopanska-komora-vo-kosovo-bara-ukinuvane-na-zabranata-za-uvoz-od-srbija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/amerikanskata-stopanska-komora-vo-kosovo-bara-ukinuvane-na-zabranata-za-uvoz-od-srbija/#respond Tue, 05 Sep 2023 18:21:08 +0000 https://kurir.mk/?p=874918

Американската стопанска комора во Косово (АСКК) побара од владата на Албин Курти итно да ги преиспита мерките, воведени во јуни годинава, со кои се забранува увозот на стоки од Србија, јави дописникот на МИА од Приштина. Според соопштението што денеска го достави до медиумите, АСКК оценува дека со одлуката на владата во Приштина „се попречуваат меѓународните комерцијални интереси, преку ограничување на прометот на стоки од светски познати брендови“. Американската комора соопшти дека влијанието на оваа одлука во голема мера ги погодува меѓународните компании, вклучително и оние од Соединетите Американски Држави. Според официјалните податоци на кои се повикува Комората, „увозот од компании со значителна американска сопственост е намален за над 39 отсто во споредба со 2022 година, што го истакнува значителното влијание што сегашните мерки на Владата на Косово го имаат врз меѓународните претпријатија“. „Податоците откриваат тмурна реалност; увозот поврзан со американски компании се намалува со алармантен ритам. Понатаму, секоја трговска бариера, како што е оваа забрана, неминовно ги зголемува потрошувачките цени, дополнително оптоварувајќи ги буџетите на косовските семејства. Дотолку повеќе, во услови кога Косово веќе ја укина забраната за увоз на суровини и полуфинални производи од Србија, бесмислено и иронично е да остане на сила мерката со која се забранува увоз на стоки што претставуваат меѓународни комерцијални интереси“, се наведува во соопштението. Американската комора цени дека економската нормализација на Косово и Србија „ги надминува билатералните интереси“. „Постојано залагајќи се за отворена и урамнотежена трговска политика, АСКК бара брзи и решителни активности кои ќе го поддржат економскиот раст, просперитетот и регионалната хармонија“, се вели во соопштението. Владата на Курти одлучи да го запре увозот од Србија како економска мерка по киднапирањето на тројца косовски полицајци на територијата на земјата од страна на српските сили во јуни оваа година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/amerikanskata-stopanska-komora-vo-kosovo-bara-ukinuvane-na-zabranata-za-uvoz-od-srbija/feed/ 0
Канје и Бјанка добија доживотна забрана за пловење со брод, откако раперот ги разоткри интимните делови (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/kanje-i-bjanka-dobija-dozhivotna-zabrana-za-plovene-so-brod-otkako-raperot-gi-razotkri-intimnite-delovi-foto/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/kanje-i-bjanka-dobija-dozhivotna-zabrana-za-plovene-so-brod-otkako-raperot-gi-razotkri-intimnite-delovi-foto/#respond Tue, 05 Sep 2023 08:29:09 +0000 https://kurir.mk/?p=874684

Раперот Канје Вест (46) и неговата сопруга Бјанка Ценсори (28) добија доживотна забрана за возење на бродот со кој неодамна се прошетаа во Венеција, на кој во еден момент раперот го покажа задниот дел. Бродот го изнајмила компанијата „Venezia Turismo Motoscafi“, која јасно ставила до знаење дека парот повеќе не е добредојден на ниту еден од нивните чамци. Според „Venezia Turismo Motoscafi“, тие не знаеле дека се случил инцидентот додека не ги виделе фотографиите кои се проширија на социјалните мрежи и медиумите. „Возачот морал да внимава на сообраќајот и не ја забележал ситуацијата, доколку ги видел веднаш ќе ги растоварал и би ги пријавил прекршителите кај надлежните“, велат оттаму. Тие за инцидентот го обвинија и трето лице кое било на бродот со Канје и Бјанка, а кое според нивните тврдења го блокирало погледот на тој дел од бродот. Канје седел на подигнат дел од бродот, а во еден момент го покажал голиот задник. Не се знае дали тоа го направил намерно или случајно. Сопружниците веќе подолго време привлекуваат внимание во Италија, најмногу со модните комбинации. Канје е главно облечен во црно од глава до пети, додека неговата сопруга излегува во јавност речиси гола.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/kanje-i-bjanka-dobija-dozhivotna-zabrana-za-plovene-so-brod-otkako-raperot-gi-razotkri-intimnite-delovi-foto/feed/ 0
Индија забрани извоз на неколку видови ориз https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/indija-zabrani-izvoz-na-nekolku-vidovi-oriz/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/indija-zabrani-izvoz-na-nekolku-vidovi-oriz/#respond Fri, 21 Jul 2023 10:58:49 +0000 https://kurir.mk/?p=858709

Индија го забрани извозот на неколку видови ориз за да го спречи растот на цените на домашниот пазар поради намалените залихи по монсунските дождови. Од 20 јули е забранет извозот на бел и скршен ориз, со исклучок на сортата басмати, соопшти Министерството за храна, додавајќи дека забраната не го опфаќа ниту „делумно варениот“ ориз. „Со цел да се обезбеди соодветна достапност на бел ориз на индискиот пазар, со исклучок на сортата басмати, и да се ублажи растот на цените, индиската Влада ја промени својата извозна политика“, соопштија од Министерството. Напоменуваат дека малопродажните цени на оризот во Индија во изминатата година се зголемени за 11,5 отсто. Индија учествува со повеќе од 40 отсто од светскиот извоз на ориз, а во 2022 година извезе околу 10 милиони тони бел и скршен ориз, без сортата басмати. Вкупно се извезени 22 милиони тони ориз. Оризот е основна храна за повеќе од три милијарди луѓе, а неговите цени на светските пазари се блиску до највисокото ниво во последните 11 години. Дури 90 отсто од културата, чие одгледување бара многу вода, се произведува во Азија, каде временскиот феномен Ел Нињо обично носи помалку врнежи. Поради Ел Нињо, цените на оризот од Виетнам, третиот најголем извозник во светот по Индија и Тајланд, скокнаа оваа недела на највисоко ниво во повеќе од 10 години.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/indija-zabrani-izvoz-na-nekolku-vidovi-oriz/feed/ 0
ВО ОВОЈ МАКЕДОНСКИ ГРАД ЗАБРАНА ЗА ШЕТАЊЕ ПО БИКИНИ – на удар се и мажите кои не смее да се шетаат низ центар само по шорцеви за капење! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-ovoj-makedonski-grad-zabrana-za-shetane-po-bikini-na-udar-se-i-mazhite-koi-ne-smee-da-se-shetaat-niz-tsentar-samo-po-shortsevi-za-kapene/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-ovoj-makedonski-grad-zabrana-za-shetane-po-bikini-na-udar-se-i-mazhite-koi-ne-smee-da-se-shetaat-niz-tsentar-samo-po-shortsevi-za-kapene/#respond Thu, 13 Jul 2023 07:04:04 +0000 https://kurir.mk/?p=856095

Граѓаните во иднина нема да може да шетаат по бикини низ централното шеталиште на Струга. Општина Струга соопшти дека во текот на туристичката сезона мора да се почитува јавниот ред, а според нив тоа значи дека не смее да се шета по бикини низ градот. - Поради почитување на јавниот ред, особено за време на летната туристичка сезона, низ централното шеталиште (од Чаршискиот мост до Зелениот пазар), се забранува шетање во бикини и гаќички за плажа во текот на целиот ден. Ги замолуваме сите гости и туристи кои се разладуваат на езерото или на Црн Дрим, да ги почитуваат правилата на доброто однесување и на јавниот ред, со непокажување голотија на јавни места и простори, соопшти општина Струга.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-ovoj-makedonski-grad-zabrana-za-shetane-po-bikini-na-udar-se-i-mazhite-koi-ne-smee-da-se-shetaat-niz-tsentar-samo-po-shortsevi-za-kapene/feed/ 0
Суд во Бразил му забрани на поранешниот претседател Болсонаро да се кандидира за функција до 2030 година https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sud-vo-brazil-mu-zabrani-na-poraneshniot-pretsedatel-bolsonaro-da-se-kandidira-za-funktsija-do-2030-godina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sud-vo-brazil-mu-zabrani-na-poraneshniot-pretsedatel-bolsonaro-da-se-kandidira-za-funktsija-do-2030-godina/#respond Fri, 30 Jun 2023 18:35:51 +0000 https://kurir.mk/?p=851361

Судски совет денеска изгласа дека поранешниот бразилски претседател Жаир Болсонаро нема право да се кандидира за функција до 2030 година, бидејќи судиите заклучија дека тој ја злоупотребил својата моќ и неосновано го доведе во прашање електронскиот систем на гласање. Одлуката со која на 68-годишниот Болсонаро ќе му биде забрането да се кандидира до 2030 година, значи дека му е лишена шансата за каква било политичка иднина и можноста да се врати на власт. Четворица од седумте судии на највисокиот изборен суд во земјата се согласија дека Болсонаро ги злоупотребил своите овластувања користејќи владини комуникациски канали за да ја промовира сопствената кампања и да фрли сомнеж врз гласањето. Случајот се фокусира на состанокот на 18 јули 2022 година, кога Болсонаро ги искористи владините службеници, државната телевизија и претседателската палата во Бразилија за да им каже на странските амбасадори дека електронскиот систем за гласање во земјата е наместен. Експертот за изборно право Марлон Реис рече дека Болсонаро ја злоупотребил моќта на својата позиција со свикување на состанокот, бидејќи ги користел владините службеници и владините згради за да победи на изборите и ги идентификувал интересите на земјата со оние на неговата кампања. Болсонаро ќе може да поднесе жалба до Врховниот суд. Тој, исто така, се соочува со други правни проблеми, вклучително и кривична истрага. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sud-vo-brazil-mu-zabrani-na-poraneshniot-pretsedatel-bolsonaro-da-se-kandidira-za-funktsija-do-2030-godina/feed/ 0
Во Бих од денеска не се пуши во затворени јавни места https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-bih-od-deneska-ne-se-pushi-vo-zatvoreni-javni-mesta/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-bih-od-deneska-ne-se-pushi-vo-zatvoreni-javni-mesta/#respond Sun, 28 May 2023 15:53:18 +0000 https://kurir.mk/?p=839778

Во Федерацијата Бих од денеска не се пуши во затворени јавни места, во јавниот превоз и во автомобилите каде што има малолетници, бидејќи стапи во сила Законот за забрана за пушење на јавни места. Сопствениците на угостителски објекти во кои најмногу се конзумираат цигари ќе бидат обврзани на видливи места да го истакнат знакот „забрането пушење“, пренесува весникот „Независне новине“. Пепелници и други садови за одложување пепел не смеат да бидат изложени во објектот, а пушењето е дозволено само во посебни простории за оваа намена. Угостителските објекти ќе имаат рок од шест месеци за прилагодување, додека казнувањето на физичките лица ќе започне веднаш. - Важно е да се напомене дека опсегот на казните се движи од 100 до 15.000 конвертибилни марки, но тие почнуваат да се наплатуваат една година од датумот на примена на законот. Инспекции ќе вршат кантоналната инспекција, пазарно-туристичката инспекција, санитарната инспекција, секоја во рамките на својата надлежност, изјави портпаролката на Управата за инспекциски работи на кантонот Сараево, Вилдана Брдариќ. Покрај цигарите, забраната опфаќа и употреба на наргиле, водено луле, електронски цигари и билни производи за пушење.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-bih-od-deneska-ne-se-pushi-vo-zatvoreni-javni-mesta/feed/ 0