забранет влез – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 15 Dec 2020 15:41:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png забранет влез – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 СРБИЈА ОДЛУЧИ – за влез во државата мора негативен ПЦР тест https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srbija-odluchi-za-vlez-vo-drzavata-mora-negativen-pcr-test/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srbija-odluchi-za-vlez-vo-drzavata-mora-negativen-pcr-test/#respond Tue, 15 Dec 2020 15:41:51 +0000 https://kurir.mk/?p=443621

Српската Влада соопшти дека донела нови мерки кои во понеделникот беа предложени од Кризниот штаб за заштита на здравјето на населението од Ковид-19, кои стапуваат на сила во недела, на 20 декември, јави дописникот на МИА од Белград. Као што стои во соопштението на Владата на Србија, новите мерки се однесуваат за влез на домашните и на странски државјани во Србија. -Имајќи ги предвид новогодишните и божиќните празници, се очекува традиционално поголема фреквенција на луѓе на сите гранични премини. Со цел спречување на ширењето на коронавирусот, раното откривање на заразените лица и заштита на здравјето на жителите на Србија, владата донесе решение со кое е дозволен влез во Србија само со негативен ПЦР тест, не постар од 48 часа, се наведува во соопштението. Во него се додава дека граѓаните на Србија кои немаат негативен ПЦР тест, мора да бидат во домашна изолација 10 дена. Тие можат да се тестираат во Србија и ако нивниот ПЦР-тест е негативен, повеќе нема да имаат обврска да бидат во домашна изолација. -Од денес цената на тестирањето на лично барање за странските државјани е 18.000 динари (153 евра), додека за српските граѓани цената до крајот на годината изнесува 6.000 динари, а од 1 јануари 2021 година цената на тестирање на лично барање за домашните државјани ќе биде 9000. динари (76 евра) , соопштија од Владата на Србија, од каде апелираа до сите граѓани кои сакаат да бидат тестирани по лично барање да закажат тестирање исклучиво електронски. Од владата додаваат дека граѓаните, странски државјани со одобрен престој во Србија, како и странските државјани без одобрен престој (туристи), „можат лесно и брзо да закажат термин во една од 26-те лаборатории во 23 градови и општини во Србија на е-Управа. “ -За ПЦР тестирањето по лично барање, не е потребно граѓаните да се регистрираат на порталот за е-Управа. Потврда дека успешно сте закажале термин добивате преку е-поштата што ја имате дадено, како и со СМС порака,соопштија од владата. „Почитувањето на превентивните мерки и понатаму остануваат единствениот безбеден и докажан начин за заштита од коронавирус. Носењето маска во затворен простор, одржувањето на растојание, како и редовната хигиена на рацете и дезинфекцијата на просторот се клучни за сите нас и единствениот начин да се зачува нашето здравје”, заклучија од Владата на Србија. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srbija-odluchi-za-vlez-vo-drzavata-mora-negativen-pcr-test/feed/ 0
На Британците од 1 јануари им е забранет влез во ЕУ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/na-britancite-od-1-januari-im-e-zabranet-vlez-vo-eu/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/na-britancite-od-1-januari-im-e-zabranet-vlez-vo-eu/#respond Thu, 10 Dec 2020 09:40:39 +0000 https://kurir.mk/?p=441328

На британските туристи ќе им биде забранет влез во Европската унија поради сегашните рестриктивни мерки воведени со цел спречување на ширењето на коронавирусот. Европската комисија најави дека Велика Британија нема да биде исклучок, пренесува „Гардијан“. Само неколку земји со ниска стапка на зараза со коронавирус се ослободени од правилата кои забрануваат влез на посетители во ЕУ и Европската економска област (ЕЕА) – а Британците можат да патуваат само до крајот на преодниот период на Брегзит, кој трае до 31 декември. Членките на ЕУ во октомври се согласија да го усвојат предлогот да им се дозволи на граѓаните на земјите со мала стапка на зараза да влезат во Унијата, вклучувајќи ги Австралија, Нов Зеланд и Јужна Кореја.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/na-britancite-od-1-januari-im-e-zabranet-vlez-vo-eu/feed/ 0
И во септември затворени копнените граници на Грција и забранет влез за државјани на трети земји https://arhiva.kurir.mk/svet/region/i-vo-septemvri-zatvoreni-kopnenite-granici-na-grcija-i-zabranet-vlez-za-drzavjani-na-treti-zemji/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/i-vo-septemvri-zatvoreni-kopnenite-granici-na-grcija-i-zabranet-vlez-za-drzavjani-na-treti-zemji/#respond Tue, 01 Sep 2020 05:54:42 +0000 https://kurir.mk/?p=397549

Забраната за влез во Грција за државјани на трети земји, како и привремените ограничувања на копнените граници со Северна Македонија, Албанија и Турција, од денеска се продолжени за уште две седмици, односно до 15 септември 2020 година, согласно двете министерски одлуки објавени во Службен весник на Грција, јави дописничката на МИА од Атина. Новото продолжување на постоечките мерки го најави владиниот портпарол Стелиос Пецас во четвртокот одговарајќи на прашањето на МИА, а официјално ги соопшти заменик- министерот за цвилна заштита на Грција Никос Хардаљас на редовната прес конференција во петокот. Станува збор за двете министерски одлуки, кои во текот на летото се продолжуваа на секои две седмици. Во однос на копнените граници, ограничувањата, „од превентивни причини за заштита на јавното здравје од дополнително ширење на коронавирусот Ковид-19 на грчка територија“ се за временскиот период од 1 до 15 септември 2020 година и се однесуваат патните и железничките поврзувања на Грција со Северна Македонија, Албанија и на Турција. За туристите и странските државјани за кои не постои забрана, дозволен е влез само преку Бугарија, односно преку граничниот премин Промахонас (Кулата) и само со негативен молекуларен тест за Ковид-19 направен 72 часа пред пристигнувањето. Од останатите гранични премини што се отворени, односно Какавија и Кристалопиги кон Албанија, Евзони (Богородица) кон Северна Македонија, Нимфеа кон Бугарија и Кипи кон Турција, влезот во Грција е дозволен само за одредени категории и исто така со негативен ПЦР тест. Овие гранични премини се отворени од 7 часот наутро до 23 часот, а забраната не важи за грчки државјани, за лица кои имаат дозвола за престој и лица кои живеат во Грција, за влез на лица со апсолутно неопходни професионални или медицински причини за кои имаат и потребни документи, како и за транзит на болнички возила кои од Косово преку Северна Македонија влегуваат во Грција за хоспитализирање на пациенти кои припаѓаат на дипломатскиот, воениот или административниот персонал на земјите членки на ЕУ и EULEX на Косово. Втората министерска одлука се однесува на забраната за влез во Грција на државјани на трети земји, со исклучок на државјаните на Австралија, Грузија, Канада, Јапонија, Нов Зеланд, Руанда, Јужна Кореја, Тајланд, Тунис, Уругвај и Обединетите Арапски Емирати. Исто така, исклучок се и одредени категории граѓани, како што се медицинскиот персонал и здравствените работници, оние кои имаат дозвола за престој во земја членка на ЕУ или земја од Шенген зоната, членови на владини мисии, дипломати, превозници, возачи на камиони што пренесуваат стоки, транзит патници, студенти, лица кои се грижат за стари лица и лица со инвалидитет, како сезонски земјоделски работници.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/i-vo-septemvri-zatvoreni-kopnenite-granici-na-grcija-i-zabranet-vlez-za-drzavjani-na-treti-zemji/feed/ 0
МАКЕДОНЦИТЕ НЕМААТ СРЕЌА- ниту во септември нема одмор во Грција, еве до кога земјата забрани влез за нас https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedoncite-nemaat-srekja-nitu-vo-septemvri-nema-odmor-vo-grcija-eve-do-koga-zemjata-zabrani-vlez-za-nas/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedoncite-nemaat-srekja-nitu-vo-septemvri-nema-odmor-vo-grcija-eve-do-koga-zemjata-zabrani-vlez-za-nas/#respond Sat, 29 Aug 2020 09:01:12 +0000 https://kurir.mk/?p=396507

Копнените граници на Грција за македонските граѓани остануваат затворени уште две седмици. Грчката Влада, за уште две седмици ја продолжи забраната за влез во Грција на државјани на трети земји, како и мерката за ограничување на копнените поврзувања на земјата со Македонија и Албанија, јави дописничката на МИА од Атина. Продолжувањето на конкретните мерки е дел од низата ограничувања што исто така се продолжуваат за две седмици, а ги соопшти заменик-министерот за цивилна заштита на Грција Никос Хардаљас на редовната прес конференција за ковид-19 во Министерството за здравство.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedoncite-nemaat-srekja-nitu-vo-septemvri-nema-odmor-vo-grcija-eve-do-koga-zemjata-zabrani-vlez-za-nas/feed/ 0
Канада ја продолжи забраната за влез на странски патници https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kanada-ja-prodolzi-zabranata-za-vlez-na-stranski-patnici/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kanada-ja-prodolzi-zabranata-za-vlez-na-stranski-patnici/#respond Sat, 29 Aug 2020 07:27:33 +0000 https://kurir.mk/?p=396460

Канада ја продолжи забраната за влез во земјата на повеќето странски патници, во обид да се ограничи внесувањето и ширењето на коронавирусот, напиша на Твитер министерот за јавна безбедност Бил Блер. Мерката, која е продолжена до 30 септември, се однесува на странските патници кои се обидуваат да влезат во Канада од странство, освен од САД. Канада има посебен договор за граничен премин со Соединетите Американски Држави, кој е на сила до 21 септември. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kanada-ja-prodolzi-zabranata-za-vlez-na-stranski-patnici/feed/ 0