забранети книги во – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 21 Nov 2022 13:57:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png забранети книги во – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Фајненшл тајмс: Рапидно расте бројот на забранети книги во американските училишта https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fajnenshl-tajms-rapidno-raste-brojot-na-zabraneti-knigi-vo-amerikanskite-uchilishta/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fajnenshl-tajms-rapidno-raste-brojot-na-zabraneti-knigi-vo-amerikanskite-uchilishta/#respond Mon, 21 Nov 2022 13:57:51 +0000 https://kurir.mk/?p=764271

Бројот на забранети книги во американските училишта и библиотеки рапидно расте, пишува „Фајненшл тајмс“. Рекорден број на забрани за книги оваа година треба да има во САД. Културните војни таму вршат зголемен притисок врз децата, воспитувачите и издавачите, наведува британското издание. Забележано е зголемување на активноста на родителите, лобистичките организации и политичарите кои го користат своето влијание за да забранат одредени книги за кои сметаат дека се несоодветни за помладите читатели, соопштија од Американската библиотечна асоцијација и ПЕН Америка. Според „Фајненшл тајмс“, најнов пример за таква забрана е законодавството во државата Мисури кое влијаеше на книгите за Леонардо да Винчи и Микеланџело, како и на илустрираните верзии на Библијата и делата на Шекспир. „Гледаме огромно зголемување на бројот на барања за цензурирање книги. Едноставно нема крај. Очекуваме рекорд оваа година“, изјави Дебра Колдвол-Стоун, директорка на Канцеларијата за интелектуална слобода при Американската библиотечна асоцијација. Забраните честопати се насочени против содржини за кои се тврди дека имаат сексуална природа. Под ударите на цензурата потпаѓаат и мемоарите, кои раскажуваат за конфронтацијата на црните деца со расизмот и животот на претставниците на верските малцинства. Американската библиотечна асоцијација соопшти дека минатата година регистрирала 729 обиди за воведување забрани за речиси 1.600 дела. Годинава обидите се 800 и се насочени против 1.651 наслов. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fajnenshl-tajms-rapidno-raste-brojot-na-zabraneti-knigi-vo-amerikanskite-uchilishta/feed/ 0