забрани – Kurir.mk
https://arhiva.kurir.mk
Најнови вестиWed, 05 May 2021 13:19:23 +0000mk-MK
hourly
1 https://wordpress.org/?v=6.3.3https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.pngзабрани – Kurir.mk
https://arhiva.kurir.mk
3232До кога е забрането правење на свадби во Македонија?
https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/do-koga-e-zabraneto-pravenje-na-svadbi-vo-makedonija/
https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/do-koga-e-zabraneto-pravenje-na-svadbi-vo-makedonija/#respondWed, 05 May 2021 13:19:23 +0000https://kurir.mk/?p=506016Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи ја отфрла можноста во овој момент да се дозволи организирање свадби во Македонија и порачува дека актуелните протоколи за работа на угостителските објекти важат до 15 мај, кога ќе се ревидираат согласно препораките од Комисијата за здравство.
Тоа значи дека до 15-ти мај свадбите се забранети, а наскоро ќе се дознае дали оваа забрана ќе продолжи или ќе се укине.
-Во овој момент очите се свртени кон Комисијата за здравство и тоа ни е единствената точка според која ги носиме економските одлуки. Со последната одлука на Владата им дозволивме на угостителските објекти кои се категоризирани за организирање настани да работат под истите услови како што работат и сите други угостителски објекти, а тоа е да работат на отворени тераси и според протоколите. Вчера зборувавме за евентуално дополнително прилагодување на протоколите за работа на оваа категорија на угостители, рече Битиќи.
Се надевам, додаде, дека здравствената криза полека ќе спласне и ќе се намали притисокот кај здравствените работници и дури тогаш ќе може да зборуваме дали полека ќе се вратиме во нормалност.]]>Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи ја отфрла можноста во овој момент да се дозволи организирање свадби во Македонија и порачува дека актуелните протоколи за работа на угостителските објекти важат до 15 мај, кога ќе се ревидираат согласно препораките од Комисијата за здравство.
Тоа значи дека до 15-ти мај свадбите се забранети, а наскоро ќе се дознае дали оваа забрана ќе продолжи или ќе се укине.
-Во овој момент очите се свртени кон Комисијата за здравство и тоа ни е единствената точка според која ги носиме економските одлуки. Со последната одлука на Владата им дозволивме на угостителските објекти кои се категоризирани за организирање настани да работат под истите услови како што работат и сите други угостителски објекти, а тоа е да работат на отворени тераси и според протоколите. Вчера зборувавме за евентуално дополнително прилагодување на протоколите за работа на оваа категорија на угостители, рече Битиќи.
Се надевам, додаде, дека здравствената криза полека ќе спласне и ќе се намали притисокот кај здравствените работници и дури тогаш ќе може да зборуваме дали полека ќе се вратиме во нормалност.]]>https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/do-koga-e-zabraneto-pravenje-na-svadbi-vo-makedonija/feed/0Властите во Белгија ги одбија сите барања за дозвола за протест против рестриктивните мерки
https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vlastite-vo-belgija-gi-odbija-site-baranja-za-dozvola-za-protest-protiv-restriktivnite-merki/
https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vlastite-vo-belgija-gi-odbija-site-baranja-za-dozvola-za-protest-protiv-restriktivnite-merki/#respondThu, 28 Jan 2021 15:58:02 +0000https://kurir.mk/?p=461142Белгиските власти ги одбија сите барања за дозвола за протест против рестриктивните мерки воведени за спречување на епидемијата од Ковид-19, јави дописничката на МИА од Брисел.
Повеќе иницијативи се појавија на социјалните мрежи, откако слични протести се одржаа во соседна Холандија и доведоа до немири.
Барањата за дозвола за протест во недела во центарот на Брисел се сите одбиени и бриселските власти им препорачуваат на граѓаните да не одат на демонстрациите кои би можеле сепак да се одржат и покрај забраната.
Портпаролската служба на полицијата во Брисел порача дека дозволи не се издадени затоа што нема гаранции дека ќе се запазат мерките за безбедност и хигиена.
Минатата недела во центарот на Брисел се одржа мирна демонстрација против “класната правда“, на која не е регистриран ниту еден инцидент, но полицијата сепак приведе над 200 лица. (МИА)]]>Белгиските власти ги одбија сите барања за дозвола за протест против рестриктивните мерки воведени за спречување на епидемијата од Ковид-19, јави дописничката на МИА од Брисел.
Повеќе иницијативи се појавија на социјалните мрежи, откако слични протести се одржаа во соседна Холандија и доведоа до немири.
Барањата за дозвола за протест во недела во центарот на Брисел се сите одбиени и бриселските власти им препорачуваат на граѓаните да не одат на демонстрациите кои би можеле сепак да се одржат и покрај забраната.
Портпаролската служба на полицијата во Брисел порача дека дозволи не се издадени затоа што нема гаранции дека ќе се запазат мерките за безбедност и хигиена.
Минатата недела во центарот на Брисел се одржа мирна демонстрација против “класната правда“, на која не е регистриран ниту еден инцидент, но полицијата сепак приведе над 200 лица. (МИА)]]>https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vlastite-vo-belgija-gi-odbija-site-baranja-za-dozvola-za-protest-protiv-restriktivnite-merki/feed/0МВР: Забранети се собирања на отворен и затворен простор за време на претстојните празници
https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mvr-zabraneti-se-sobiranja-na-otvoren-i-zatvoren-prostor-za-vreme-na-pretstojnite-praznici/
https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mvr-zabraneti-se-sobiranja-na-otvoren-i-zatvoren-prostor-za-vreme-na-pretstojnite-praznici/#respondTue, 05 Jan 2021 15:19:04 +0000https://kurir.mk/?p=452219Согласно Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за превентивни препораки, времени мерки, наредени мерки, наменски протоколи, планови и алгоритми за постапување за заштита на здравјето на населението од заразна болест COVID 19 предизвикана од вирусот SARS COV 2, случаите и временскиот период на нивна примена (Службен весник на РСМ, број: 298 од 16.12.2020 година) се забранува организација и одржување на прослави на јавни места и површини по повод престојните празници, како и организација и одржување на каков било друг тип на прослави и собирања на отворен и затворен простор од страна на физички и правни лица, особено во периодот од 18 декември 2020 до 21 јануари 2021 година.
Во насока на доследно и целосно почитување на уредбите на Владата на Република Северна Македонија, МВР ги информира граѓаните дека сѐ уште е во функција бесплатниот телефонски број 0800-00-201 и електронската адреса [email protected], на кои граѓаните анонимно можат да пријават групирање и организирано одбележување на претстојните празници.
МВР, ценејќи ја заложбата на граѓаните во насока на спречување на пандемијата и зачувување на јавното здравје, уште еднаш упатува апел до населението да се воздржи од групни собирања и да ги почитува мерките на Владата, а сѐ со цел заштита на индивидуалното и јавното здравје.
]]>Согласно Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за превентивни препораки, времени мерки, наредени мерки, наменски протоколи, планови и алгоритми за постапување за заштита на здравјето на населението од заразна болест COVID 19 предизвикана од вирусот SARS COV 2, случаите и временскиот период на нивна примена (Службен весник на РСМ, број: 298 од 16.12.2020 година) се забранува организација и одржување на прослави на јавни места и површини по повод престојните празници, како и организација и одржување на каков било друг тип на прослави и собирања на отворен и затворен простор од страна на физички и правни лица, особено во периодот од 18 декември 2020 до 21 јануари 2021 година.
Во насока на доследно и целосно почитување на уредбите на Владата на Република Северна Македонија, МВР ги информира граѓаните дека сѐ уште е во функција бесплатниот телефонски број 0800-00-201 и електронската адреса [email protected], на кои граѓаните анонимно можат да пријават групирање и организирано одбележување на претстојните празници.
МВР, ценејќи ја заложбата на граѓаните во насока на спречување на пандемијата и зачувување на јавното здравје, уште еднаш упатува апел до населението да се воздржи од групни собирања и да ги почитува мерките на Владата, а сѐ со цел заштита на индивидуалното и јавното здравје.
]]>https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mvr-zabraneti-se-sobiranja-na-otvoren-i-zatvoren-prostor-za-vreme-na-pretstojnite-praznici/feed/0Ова е важно да го знаете: Кои се препораките и што е забрането за време на празниците?
https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ova-e-vazno-da-go-znaete-koi-se-preporakite-i-shto-e-zabraneto-za-vreme-na-praznicite/
https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ova-e-vazno-da-go-znaete-koi-se-preporakite-i-shto-e-zabraneto-za-vreme-na-praznicite/#respondWed, 30 Dec 2020 12:52:52 +0000https://kurir.mk/?p=450300Владата на сите граѓани им ги честита новогодишните и божиќни празници со апел во овој период да се почитуваат рестриктивните мерки и препораки за да се избегне зголемувањето на бројот на заболени од КОВИД-19.
Потсетува дека за периодот од 18-ти декември до 20-ти јануари постои ограничување на работното време на угостителските објекти, до 18:00 часот. Во сила е и забраната за организирање предновогодишни и новогодишни прослави на отворен и затворен простор, за сите граѓани, за општините, работните организации, како и забрана за работа после 21:00 часот на рестораните во хотелските објекти.
Забрането е собирање во групи (групирање) на повеќе од четири лица на јавен простор, односно паркови, јавни површини или било каде на отворен простор во текот на целиот ден.
Секој граѓанин, потенциараат од Владата, мора да носи лична заштитна опрема на лицето (прекривка на устата и носот) при излегување надвор од својот дом, односно при движење на јавни места и површини од отворен и затворен тип, на пазари, во јавен превоз и при влез во затворени простори каде се собираат повеќе лица. Остануваат активни и јасните препораки до верските заедници, да не повикуваат на масовни собири и групирања за време на претстојните верски празници.
-Според препораките, апелираме да не се излегува од дома без некоја голема потреба после 18:00 часот, за да се избегнат ризиците од формирањето групи на граѓани. Во домовите, по повод празниците и семејните прослави, да ги почитуваме и препораките кои налагаат во рамките на еден дом да нема присутни повеќе од четири лица како гости, истакнуват од Владата.
Прекршувањето на задолжителните мерки, правила, рестрикции и протоколи за спречување и заштита од коронавирусот, потсетуваат, е казниво заради загрозување на животот и здравјето на граѓаните.
-Со своето одговорно однесување да покажеме почит и благодарност и кон претставниците на министерствата, за здравство, внатрешни работи и одбрана, припадниците на Црвениот крст и Противпожарната бригада, како и на медиумските работници кои се во првите редови во борбата, справувањето со корона кризата или известувањето за неа.Да празнуваме одговорно!, порачуваат од Владата. (МИА)]]>Владата на сите граѓани им ги честита новогодишните и божиќни празници со апел во овој период да се почитуваат рестриктивните мерки и препораки за да се избегне зголемувањето на бројот на заболени од КОВИД-19.
Потсетува дека за периодот од 18-ти декември до 20-ти јануари постои ограничување на работното време на угостителските објекти, до 18:00 часот. Во сила е и забраната за организирање предновогодишни и новогодишни прослави на отворен и затворен простор, за сите граѓани, за општините, работните организации, како и забрана за работа после 21:00 часот на рестораните во хотелските објекти.
Забрането е собирање во групи (групирање) на повеќе од четири лица на јавен простор, односно паркови, јавни површини или било каде на отворен простор во текот на целиот ден.
Секој граѓанин, потенциараат од Владата, мора да носи лична заштитна опрема на лицето (прекривка на устата и носот) при излегување надвор од својот дом, односно при движење на јавни места и површини од отворен и затворен тип, на пазари, во јавен превоз и при влез во затворени простори каде се собираат повеќе лица. Остануваат активни и јасните препораки до верските заедници, да не повикуваат на масовни собири и групирања за време на претстојните верски празници.
-Според препораките, апелираме да не се излегува од дома без некоја голема потреба после 18:00 часот, за да се избегнат ризиците од формирањето групи на граѓани. Во домовите, по повод празниците и семејните прослави, да ги почитуваме и препораките кои налагаат во рамките на еден дом да нема присутни повеќе од четири лица како гости, истакнуват од Владата.
Прекршувањето на задолжителните мерки, правила, рестрикции и протоколи за спречување и заштита од коронавирусот, потсетуваат, е казниво заради загрозување на животот и здравјето на граѓаните.
-Со своето одговорно однесување да покажеме почит и благодарност и кон претставниците на министерствата, за здравство, внатрешни работи и одбрана, припадниците на Црвениот крст и Противпожарната бригада, како и на медиумските работници кои се во првите редови во борбата, справувањето со корона кризата или известувањето за неа.Да празнуваме одговорно!, порачуваат од Владата. (МИА)]]>https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ova-e-vazno-da-go-znaete-koi-se-preporakite-i-shto-e-zabraneto-za-vreme-na-praznicite/feed/0Од утре стапуваат на сила новите рестриктивни мерки, еве што е ЗАБРАНЕТО
https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-utre-stapuvaat-na-sila-novite-restriktivni-merki-eve-shto-e-zabraneto/
https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-utre-stapuvaat-na-sila-novite-restriktivni-merki-eve-shto-e-zabraneto/#respondThu, 17 Dec 2020 14:37:23 +0000https://kurir.mk/?p=444740Од утре стапува на сила новиот пакет на рестриктивни мерки кои ги усвои Владата на предлог на Комисијата за заразни болести. Новиот пакет мерки, кој ќе важи до 21 јануари, има за цел да избегне зголемување на бројот на заболени од Ковид – 19 во престојниот период на празници, соопшти Министерството за здравство.
Со новите мерки е предвидена реорганизација на работното време на угостителите и тие од утре ќе затвараат во 18 часот, наместо до 21 часот како што беше досега. На сила останува забраната за собири на јавни места и се апелира до единиците за локална самоуправа да го засилат надзорот за почитување и спроведување на оваа мерка.
Забрането е групирање по плоштади за пречек и прослава на Новата година, како и секаков вид собири во периодот на празниците, а хотелите ќе треба да ги затворат своите ресторани по 21 часот. Забраната за собири на отворено и ограничен број посетители во затворен простор со задолжително носење на маски ќе важи и за празнување на верските празници кои следат, стои во соопштението.
-Апелираме и препорачуваме да нема домашни собири за празниците. Да празнуваме одговорно заради сите нас, порача министерот за здравство Венко Филипче]]>Од утре стапува на сила новиот пакет на рестриктивни мерки кои ги усвои Владата на предлог на Комисијата за заразни болести. Новиот пакет мерки, кој ќе важи до 21 јануари, има за цел да избегне зголемување на бројот на заболени од Ковид – 19 во престојниот период на празници, соопшти Министерството за здравство.
Со новите мерки е предвидена реорганизација на работното време на угостителите и тие од утре ќе затвараат во 18 часот, наместо до 21 часот како што беше досега. На сила останува забраната за собири на јавни места и се апелира до единиците за локална самоуправа да го засилат надзорот за почитување и спроведување на оваа мерка.
Забрането е групирање по плоштади за пречек и прослава на Новата година, како и секаков вид собири во периодот на празниците, а хотелите ќе треба да ги затворат своите ресторани по 21 часот. Забраната за собири на отворено и ограничен број посетители во затворен простор со задолжително носење на маски ќе важи и за празнување на верските празници кои следат, стои во соопштението.
-Апелираме и препорачуваме да нема домашни собири за празниците. Да празнуваме одговорно заради сите нас, порача министерот за здравство Венко Филипче]]>https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-utre-stapuvaat-na-sila-novite-restriktivni-merki-eve-shto-e-zabraneto/feed/0Некои од најчудните закони и забрани на светот
https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/nekoi-od-najchudnite-zakoni-i-zabrani-na-svetot/
https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/nekoi-od-najchudnite-zakoni-i-zabrani-na-svetot/#respondMon, 30 Nov 2020 11:37:38 +0000https://kurir.mk/?p=436267Различни земји, држави, религии и култури во светот со текот на времето си создале свои табуа, закони и забрани, од коишто некои се, најблаго кажано – чудни.
Во Сингапур не смее да се џвака гума за џвакање! Постојат неколку верзии за настанувањето на забраната за употреба на овој производ, кој можете да го купите само во аптека со лична карта. Не е познато точно зошто гума за џвакање е забрането, но приказната говори дека гума за џвакање фрлена од еден граѓанин предизвикала дефект во метро и предизвикала штета од милиони долари… Некои веруваат дека забраната е воведена за да се спречи изџваканите гуми да се фрлаат на земја и да се намали загадувањето на животната средина. Како и да е, при патување во Сингапур, на тоа треба да обрне особено внимание.
Во Канада, децата не треба да се ставаат во дубалка! Оваа забрана е мотивирана од убедувањата дека дубалките го забавуваат умствениот развој на децата, па дури може и да го загрозат нивниот живот.
Не смеете да „тресете“ теписи во некои делови на Турција, но и во Велика Британија. Од друга страна, пак, во оваа западноевропска земја, тресењето постелнина на тераса, не е забрането.
Во Швајцарија, не смеете да му подвикнете на куче што лае. Швајцарија е една од земјите каде што заштитата на правата на животните е најстрога во светот. Така што, тука, незаконски е да удрите, но и да свикате или да му се заканите на куче коешто лае.
Забрането муртење! Во Италија, земја на весели, насмеани луѓе, односно, поточно во Милано, забрането е да се муртите. Овој стар закон, кој е на сила многу години, се занемарува само на погребни поворки и в болница.
Во Австралија, поточно во сојузната држава Викторија, забрането е носење розови панталони. Причината е непозната, но спротивно на законот е да се носат розови панталони во ден недела.
Без чудни имиња за деца! Ова важи во Нов Зеланд, Данска и Шведска, каде што семејството мора да избере име за своето дете од списокот подготвен од државата.
Нема возење без кошула! Возењето автомобил и тоа само по маица по прерамки, е забрането на Тајланд. Ако седнете зад волан, мора да носите кошула.
Забрането поседување над 110 килограми компири! Во Западна Австралија еден човек не смее да складира повеќе од 110 килограми компири дома. ]]>Различни земји, држави, религии и култури во светот со текот на времето си создале свои табуа, закони и забрани, од коишто некои се, најблаго кажано – чудни.
Во Сингапур не смее да се џвака гума за џвакање! Постојат неколку верзии за настанувањето на забраната за употреба на овој производ, кој можете да го купите само во аптека со лична карта. Не е познато точно зошто гума за џвакање е забрането, но приказната говори дека гума за џвакање фрлена од еден граѓанин предизвикала дефект во метро и предизвикала штета од милиони долари… Некои веруваат дека забраната е воведена за да се спречи изџваканите гуми да се фрлаат на земја и да се намали загадувањето на животната средина. Како и да е, при патување во Сингапур, на тоа треба да обрне особено внимание.
Во Канада, децата не треба да се ставаат во дубалка! Оваа забрана е мотивирана од убедувањата дека дубалките го забавуваат умствениот развој на децата, па дури може и да го загрозат нивниот живот.
Не смеете да „тресете“ теписи во некои делови на Турција, но и во Велика Британија. Од друга страна, пак, во оваа западноевропска земја, тресењето постелнина на тераса, не е забрането.
Во Швајцарија, не смеете да му подвикнете на куче што лае. Швајцарија е една од земјите каде што заштитата на правата на животните е најстрога во светот. Така што, тука, незаконски е да удрите, но и да свикате или да му се заканите на куче коешто лае.
Забрането муртење! Во Италија, земја на весели, насмеани луѓе, односно, поточно во Милано, забрането е да се муртите. Овој стар закон, кој е на сила многу години, се занемарува само на погребни поворки и в болница.
Во Австралија, поточно во сојузната држава Викторија, забрането е носење розови панталони. Причината е непозната, но спротивно на законот е да се носат розови панталони во ден недела.
Без чудни имиња за деца! Ова важи во Нов Зеланд, Данска и Шведска, каде што семејството мора да избере име за своето дете од списокот подготвен од државата.
Нема возење без кошула! Возењето автомобил и тоа само по маица по прерамки, е забрането на Тајланд. Ако седнете зад волан, мора да носите кошула.
Забрането поседување над 110 килограми компири! Во Западна Австралија еден човек не смее да складира повеќе од 110 килограми компири дома. ]]>https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/nekoi-od-najchudnite-zakoni-i-zabrani-na-svetot/feed/0Грција воведува нови забрани на Халкидики и на Миконос
https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grcija-voveduva-novi-zabrani-na-halkidiki-i-na-mikonos/
https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grcija-voveduva-novi-zabrani-na-halkidiki-i-na-mikonos/#respondWed, 19 Aug 2020 15:06:15 +0000https://kurir.mk/?p=392686Забавите се целосно забранети, најмногу девет лица ќе можат да присуствуваат на сите јавни и приватни собири, а носењето маски е задолжително во затворено и на отворено.
Најмногу четири лица можат да седат на иста маса во рестораните, но ако се блиски роднини може да има до шестмина. Ограничувањата ќе стапат во сила од 21-31 август.
Грција вчера забележа рекордни 269 нови случаи на коронавирус во земјата најмногу од појавата на коронавирусот на 26-ти февруари.
Владата се бори против јавните собири, затвора барови и ресторани на полноќ и ги повикува младите да носат маски кога ќе се вратат од одмор за да се борат против порастот на инфекцијата.
Заменик-министерот за цивилна заштита, Никос Хардалис, им рече на новинарите дека Грција и покрај растот на инфекциите, сепак е во „подобра состојба“ од другите европски земји.
Тој рече дека Грција е рангирана на 180-то место во однос на смртните случаи на милион жители и дека 83 проценти од неодамнешните инфекции се резултат на непочитување на социјалната дистанца.
На Миконос, остров што никогаш не спие, големите забави на плажите во екот на летната сезона ги принудија властите да ги забранат.
Грција регистрира вкупно 7.472 заразени со коронавирус и 232 смртни случаи.
Според Европскиот центар за контрола и спречување на болести, во изминатите две недели, Грција има 24,4 случаи на ковид-19 на 100.000 жители.]]>Забавите се целосно забранети, најмногу девет лица ќе можат да присуствуваат на сите јавни и приватни собири, а носењето маски е задолжително во затворено и на отворено.
Најмногу четири лица можат да седат на иста маса во рестораните, но ако се блиски роднини може да има до шестмина. Ограничувањата ќе стапат во сила од 21-31 август.
Грција вчера забележа рекордни 269 нови случаи на коронавирус во земјата најмногу од појавата на коронавирусот на 26-ти февруари.
Владата се бори против јавните собири, затвора барови и ресторани на полноќ и ги повикува младите да носат маски кога ќе се вратат од одмор за да се борат против порастот на инфекцијата.
Заменик-министерот за цивилна заштита, Никос Хардалис, им рече на новинарите дека Грција и покрај растот на инфекциите, сепак е во „подобра состојба“ од другите европски земји.
Тој рече дека Грција е рангирана на 180-то место во однос на смртните случаи на милион жители и дека 83 проценти од неодамнешните инфекции се резултат на непочитување на социјалната дистанца.
На Миконос, остров што никогаш не спие, големите забави на плажите во екот на летната сезона ги принудија властите да ги забранат.
Грција регистрира вкупно 7.472 заразени со коронавирус и 232 смртни случаи.
Според Европскиот центар за контрола и спречување на болести, во изминатите две недели, Грција има 24,4 случаи на ковид-19 на 100.000 жители.]]>https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grcija-voveduva-novi-zabrani-na-halkidiki-i-na-mikonos/feed/0Сеул забрани увоз на живина од Австралија поради птичји грип
https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/seul-zabrani-uvoz-na-zivina-od-avstralija-poradi-ptichji-grip/
https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/seul-zabrani-uvoz-na-zivina-od-avstralija-poradi-ptichji-grip/#respondSat, 01 Aug 2020 17:24:19 +0000https://kurir.mk/?p=384896Министерството за земјоделство на Јужна Кореја забрани увоз на месо од живина и јајца од Австралија, откако таму се појави екстремно патоген птичји грип, објавено е денеска во Сеул.
Забраната била воведена откако било откриено дека кокошки и јајца во Германија биле заразени со вирусот Х7Н7 на фарма на југот на Австралија.
На жителите им е советувано да се воздржат од посета на фарми и да не купуваат животни од погодените региони.
Се додава дека птичјиот грип Х7Н7 е многу патоген и може да предизвика сериозни заболувања или дури и смрт. (МИА)]]>Министерството за земјоделство на Јужна Кореја забрани увоз на месо од живина и јајца од Австралија, откако таму се појави екстремно патоген птичји грип, објавено е денеска во Сеул.
Забраната била воведена откако било откриено дека кокошки и јајца во Германија биле заразени со вирусот Х7Н7 на фарма на југот на Австралија.
На жителите им е советувано да се воздржат од посета на фарми и да не купуваат животни од погодените региони.
Се додава дека птичјиот грип Х7Н7 е многу патоген и може да предизвика сериозни заболувања или дури и смрт. (МИА)]]>https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/seul-zabrani-uvoz-na-zivina-od-avstralija-poradi-ptichji-grip/feed/0Трамп сака да ја забрани апликацијата ТикТок, Мајкрософт преговара да ја купи
https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tramp-saka-da-ja-zabrani-aplikacijata-tiktok-majkrosoft-pregovara-da-ja-kupi/
https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tramp-saka-da-ja-zabrani-aplikacijata-tiktok-majkrosoft-pregovara-da-ja-kupi/#respondSat, 01 Aug 2020 07:58:23 +0000https://kurir.mk/?p=384611Компанијата Мајкрософт наводно преговара за купување на кинеската видео апликација ТикТок откако американскиот претседател Доналд Трамп најави дека ја разгледува можноста да ја забрани апликацијата во САД.
ТикТок е во сопственост на кинеската интернет компанија БејтДенс, чија вредност се проценува на 100 милијарди долари. Според американската администрација видео апликацијата претставува закана за националната безбедност.
Администрацијата на Трамп планира да и нареди на БејтДенс да го отуѓи американскиот имот што го стекна во 2017 година, што подоцна е припен кон ТикТок.
Администрацијата на Трамп разгледува и други потенцијални акции против БејтДенс, вклучително и додавање на кинеската фирма на така наречената „ентитетска листа“, која ги спречува странските компании да купуваат американски производи и услуги без посебна лиценца. (МИА)]]>Компанијата Мајкрософт наводно преговара за купување на кинеската видео апликација ТикТок откако американскиот претседател Доналд Трамп најави дека ја разгледува можноста да ја забрани апликацијата во САД.
ТикТок е во сопственост на кинеската интернет компанија БејтДенс, чија вредност се проценува на 100 милијарди долари. Според американската администрација видео апликацијата претставува закана за националната безбедност.
Администрацијата на Трамп планира да и нареди на БејтДенс да го отуѓи американскиот имот што го стекна во 2017 година, што подоцна е припен кон ТикТок.
Администрацијата на Трамп разгледува и други потенцијални акции против БејтДенс, вклучително и додавање на кинеската фирма на така наречената „ентитетска листа“, која ги спречува странските компании да купуваат американски производи и услуги без посебна лиценца. (МИА)]]>https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tramp-saka-da-ja-zabrani-aplikacijata-tiktok-majkrosoft-pregovara-da-ja-kupi/feed/0Донесени забрани за риболов заради непречен природен мрест на рибите
https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/doneseni-zabrani-za-ribolov-zaradi-neprechen-priroden-mrest-na-ribite/
https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/doneseni-zabrani-za-ribolov-zaradi-neprechen-priroden-mrest-na-ribite/#respondMon, 27 Apr 2020 10:59:35 +0000https://kurir.mk/?p=337998Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство согласно Законот за рибарство и аквакултура во изминатиот период донесе повеќе решенија за забрана за риболов во риболовните води во држвава.
Според МЗШВ, забраната за вршење риболов во риболовните подрачја, риболовните зони, риболовните ревири и рекреативните зони за различните видови риби се носи заради овозможување непречен природен мрест на рибите и зачувување на рибниот фонд.
-Периодот на природниот мрест на рибите е утврден во Риболовните основи за секоја риболовна вода поединечно, а се носи врз основа на одобрените годишни планови за заштита и стопанисување со рибите за 2020 година и поединечните барања за одобрување на период за забрана на риболов доставени од концесионерите на рибите. Прегледот (рокот) на периодот на забрана за риболов за одделни видови риби и риболовни води е објавен на страната на Македонската риболовна федерација и може да го погледнете на следниот линк: www.mrf1952.mk, наведува Министерството.]]>Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство согласно Законот за рибарство и аквакултура во изминатиот период донесе повеќе решенија за забрана за риболов во риболовните води во држвава.
Според МЗШВ, забраната за вршење риболов во риболовните подрачја, риболовните зони, риболовните ревири и рекреативните зони за различните видови риби се носи заради овозможување непречен природен мрест на рибите и зачувување на рибниот фонд.
-Периодот на природниот мрест на рибите е утврден во Риболовните основи за секоја риболовна вода поединечно, а се носи врз основа на одобрените годишни планови за заштита и стопанисување со рибите за 2020 година и поединечните барања за одобрување на период за забрана на риболов доставени од концесионерите на рибите. Прегледот (рокот) на периодот на забрана за риболов за одделни видови риби и риболовни води е објавен на страната на Македонската риболовна федерација и може да го погледнете на следниот линк: www.mrf1952.mk, наведува Министерството.]]>https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/doneseni-zabrani-za-ribolov-zaradi-neprechen-priroden-mrest-na-ribite/feed/0