забранување – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 02 Sep 2020 07:28:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png забранување – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Шкотска забрани собири и по куќи https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shkotska-zabrani-sobiri-i-po-kukji/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shkotska-zabrani-sobiri-i-po-kukji/#respond Wed, 02 Sep 2020 07:28:46 +0000 https://kurir.mk/?p=398060

Шкотските власти од денеска забранија собири во куќи во Глазгов и два блиски окрузи поради зголемувањето на бројот на заразени со коронавирус. Од полноќ, 800.000 жители на Глазгов, Западен Данбартоншир и Источен Ренфрушир не смеат да примаат луѓе кои не се дел од нивното домаќинство во нивните домови, ниту им е дозволено да се посетуваат едни со други. Шкотската премиерка Никола Старџен ја објасни оваа одлука со изјавата дека инфекцијата најмногу се пренесува во домовите и дека мерката ќе важи две недели, пишува Гардијан. -Знам колку е непопуларна оваа мерка за луѓето во тие области. Го знам тоа затоа што живеам и во Глазгов. Значи, правилата важат и за мене како и за секој друг – рече Старџен на прес-конференција. Училиштата, пабовите и рестораните ќе останат отворени.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shkotska-zabrani-sobiri-i-po-kukji/feed/ 0
Можно е Фејсбук да забранува вести во Австралија поради начинот на плаќање https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/mozno-e-fejsbuk-da-zabranuva-vesti-vo-avstralija-poradi-nachinot-na-plakjanje/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/mozno-e-fejsbuk-da-zabranuva-vesti-vo-avstralija-poradi-nachinot-na-plakjanje/#respond Tue, 01 Sep 2020 10:17:05 +0000 https://kurir.mk/?p=397713

Американската компанија „Фејсбук“ најави можно спречување на објавување вести на социјалните мрежи „Фејсбук“ и „Инстаграм“ за компании и приватни лица од Австралија, доколку биде усвоен закон според кој ќе треба да им се плаќа на австралиските медиумски куќи за таа содржина. Австралиската Влада во јули најави воведување на систем со кој Фејсбук и Гугл би плаќале еден вид авторски права на медиумите за објавените вести. Законот би требало да биде усвоен оваа година. Кон крајот на минатата година, Владата препорача Фејсбук и Гугл доброволно да склучат договори со австралиските медиумски компании, но преговорите што следеа потоа, беа неуспешни. Затоа, австралиското регулаторно тело за прашања околу конкуренцијата подготви нацрт-закони според коишто медиумските куќи ќе имаат право да преговараат за праведен паричен надоместок за работата на нивните новинари. Реагирајќи на тоа, директорот на „Фејсбук“ за Австралија, Вил Истон изјави дека предложените закони предизвикуваат недоразбирања кои само ќе им наштетат на медиумските компании. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/mozno-e-fejsbuk-da-zabranuva-vesti-vo-avstralija-poradi-nachinot-na-plakjanje/feed/ 0