задолжителна вакцинација – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 22 Mar 2022 10:10:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png задолжителна вакцинација – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Задолжителната вакцинација во Германија неприменлива поради недостиг на хартија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zadolzitelnata-vakcinacija-vo-germanija-neprimenliva-poradi-nedostig-na-hartija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zadolzitelnata-vakcinacija-vo-germanija-neprimenliva-poradi-nedostig-na-hartija/#respond Tue, 22 Mar 2022 10:10:33 +0000 https://kurir.mk/?p=651237

Задолжителната вакцинација против коронавирусот која Германија планира да ја воведе, е неприменлива поради недостиг на хартија. Нацрт законот за задолжителната вакцинација е завршен, а тој предвидува задолжително советување за возрасни и покрај тоа предвидува и задолжителна вакцинација за лица над 50 години. Покрај тоа населението ќе биде информирано преку пошта за вакцинацијата и новите обврски. Тоа ќе биде проблем, укажува Здружението за здравствено осигурување. На веб-страницата на Бундестагот, ГКВ објави став според кој општа вакцинација не е применлива. Како главна причина ГКВ ја наведува инфраструктурата која не може толку брзо да се реализира, пишува Танјуг. Така, постои закана од хаос околу ослободувањето од вакцинација, а тоа би довело до преоптоварување на надлежните институции. Друга причина би била откажувањето на задолжителната вакцинација, а тоа е до 15 мај да се испратат писма до сите граѓани. Тоа би значело дека компаниите за здравствено осигурување треба да печатат до 1,8 милиони писма неделно. Од ГКВ посочуваат дека тоа не може да се реализира ниту со внатрешно, ниту со екстерно печатење, бидејќи за ваква работа мора да се следи европската тендерска процедура. Дополнително, ГКВ посочува дека во Европа има сериозен недостиг на хартија, а со тоа и недостига материјал за околу 120 милиони писма.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zadolzitelnata-vakcinacija-vo-germanija-neprimenliva-poradi-nedostig-na-hartija/feed/ 0
По само една недела австрискиот канцелар се предомислува: Ќе се укине ли задолжителната вакцинација во Австрија? https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/po-samo-edna-nedela-avstriskiot-kancelar-se-predomisluva-kje-se-ukine-li-zadolzitelnata-vakcinacija-vo-avstrija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/po-samo-edna-nedela-avstriskiot-kancelar-se-predomisluva-kje-se-ukine-li-zadolzitelnata-vakcinacija-vo-avstrija/#respond Mon, 14 Feb 2022 13:23:02 +0000 https://kurir.mk/?p=631296

Една недела по стапувањето во сила на Законот за задолжителна вакцинација, под голем притисок на гувернерите на провинциите, австрискиот канцелар Карл Нехамер првпат најави можност за отстапување од оваа мерка. Тој за весникот „Кронен цајтунг“ изјави дека не ја исклучува можноста за укинување на Законот за задолжителна вакцинација. Доколку експертите на комисијата што треба да ја именува Владата, одлучат да ја стават вон сила задолжителната вакцинација, тоа ќе го слушнеме – рече тој. Нехамер рече дека законот постојано се анализира, а тоа го бараат гувернерите на провинциите. Се додека експертите велат дека вакцината е клучна алатка, задолжителната вакцинација останува на сила. Меѓутоа, доколку и предложат на владата да го укине законот, тоа ќе биде направено – објасни тој. Сè уште не е формирана комисијата на експерти што ја споменува Нехамер. Тој подвлече дека задолжителната вакцинација е совршена алатка, како и дека Законот е добро подготвен и може флексибилно да реагира на секоја ситуација. Затоа решивме да формираме експертска комисија како советодавно тело, со цел постојано да се анализира усогласеноста со Уставот и дали мерката е сè уште неопходна, особено дали вакцинацијата е вистинската алатка во борбата против вирусот – рече тој. Во Долна Австрија, експертите предупредуваат на „бран во бран“. Австриската министерка за економија Маргарете Шрамбек повика на укинување на бесплатните тестови за корона вирус. Шрамбек е првиот член на австриската влада што се изјасни против бесплатното тестирање, кое досега беше инструмент за контрола на епидемиолошката ситуација. Бесплатните тестови од почетокот на пандемијата скапо ја чинеа австриската држава, особено ако се има предвид дека невакцинираните мора да имаат негативен тест за да одат на работа или да користат одредени услуги, а вакцинираните не мора.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/po-samo-edna-nedela-avstriskiot-kancelar-se-predomisluva-kje-se-ukine-li-zadolzitelnata-vakcinacija-vo-avstrija/feed/ 0
Германскиот суд ја отфрли петицијата против задолжителната вакцинација https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanskiot-sud-ja-otfrli-peticijata-protiv-zadolzitelnata-vakcinacija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanskiot-sud-ja-otfrli-peticijata-protiv-zadolzitelnata-vakcinacija/#respond Fri, 11 Feb 2022 10:11:23 +0000 https://kurir.mk/?p=630090

Највисокиот германски суд денеска соопшти дека ја отфрлил претставката поднесена против задолжителната вакцинација, со која болничкиот персонал се обврзува да се вакцинира против Ковид-19. Задолжителната вакцинација за персоналот во болниците и здравствените установи треба да стапи на сила во Германија на 15 март, но многу луѓе кои ќе бидат погодени од мерката поднеле итни претставки до Уставниот суд во Карлсруе, пренесува Ројтерс. Германскиот министер за здравство изјави дека сегашниот бран на коронавирус во Германија најверојатно ќе го достигне својот врв кон средината на месецот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanskiot-sud-ja-otfrli-peticijata-protiv-zadolzitelnata-vakcinacija/feed/ 0
Горниот дом на австрискиот Парламент го поддржа законот за задолжителна вакцинација https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/gorniot-dom-na-avstriskiot-parlament-go-poddrza-zakonot-za-zadolzitelna-vakcinacija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/gorniot-dom-na-avstriskiot-parlament-go-poddrza-zakonot-za-zadolzitelna-vakcinacija/#respond Fri, 04 Feb 2022 07:05:34 +0000 https://kurir.mk/?p=626758

Горниот дом на австрискиот парламент во четвртокот усвои закон со кој вакцините против коронавирус ќе бидат задолжителни за возрасни, што е прв таков потег во Европската унија. Околу 69 отсто од австриското население е целосно вакцинирано против коронавирус, што е една од најниските стапки во Западна Европа. Со овој потег, новата влада остана на одлуката што ја објави поранешната канцеларка во ноември, и покрај сомневањата дека таа никогаш нема да биде целосно спроведена. Заложбата, која треба да се спроведува етапно, најверојатно ќе стапи на сила во рок од неколку дена, но полицијата ќе почне да проверува дури на 15 март за да види дали луѓето кои застануваат во редовните патроли се вакцинирани. Подоцна, во третата фаза, ќе почнат потемелни проверки кога ќе профункционира регистарот за вакцинација. „Се надевам дека третата фаза воопшто не ни е потребна. Ако експертите проценат дека не е неопходно, ако уставните адвокати кажат дека не е пропорционално, третата фаза нема да се случи“, изјави министерот за здравство Волфганг Мукенштајн за радиото ОРФ неколку часа пред усвојувањето на законот со 47 гласа „за“ и 12 „против“. Истовремено, Владата ги олеснува епидемиолошките мерки за невакцинираните бидејќи зафатеноста на болничките кревети за интензивна нега е на „добро ниво“. Пред да стапи на сила, законот за задолжителна вакцинација допрва треба да биде потпишан од претседателот Александар Ван дер Белен и канцеларот Карл Нехамер, формалност што ќе трае само неколку дена. Владата веќе подолго време зборуваше дека обврската за вакцинација ќе почне од почетокот на февруари.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/gorniot-dom-na-avstriskiot-parlament-go-poddrza-zakonot-za-zadolzitelna-vakcinacija/feed/ 0
КАЗНИ ОД 600 ДО 3.600 ЕВРА ЗА СЕКОЈ ШТО ЌЕ ОДБИЕ ВАКЦИНА: Од денес во оваа европска држава стапува на сила законот за задолжителна вакцинација https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kazni-od-600-do-3-600-evra-za-sekoj-shto-kje-odbie-vakcina-od-denes-vo-ovaa-evropska-drzava-stapuva-na-sila-zakonot-za-zadolzitelna-vakcinacija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kazni-od-600-do-3-600-evra-za-sekoj-shto-kje-odbie-vakcina-od-denes-vo-ovaa-evropska-drzava-stapuva-na-sila-zakonot-za-zadolzitelna-vakcinacija/#respond Tue, 01 Feb 2022 09:10:42 +0000 https://kurir.mk/?p=625282

Во Австрија денеска стапи на сила законoт, според кој вакцинацијата е задолжителна за сите лица над 18 години. Неколку земји ширум светот воведоа задолжителна вакцинација за постарите граѓани или медицинскиот персонал, но Австрија е прва во Европа што усвои слични прописи. Австриската администрација посочува дека вакцинацијата е ефикасна во борбата против тешките болести и дека законот е неопходен за да се избегнат нови блокади. Австриската министерка за ЕУ ​​и устав, Каролин Едштадлер изјави дека администрацијата е свесна дека ова е многу тешка мерка, но дека е неопходна. - Ние како политичари имаме одговорност да ја обезбедиме работата на здравствениот систем, за да може општеството нормално да функционира, рече Едштадлер. Таа признава дека задолжителната вакцинација е мешање во човековите права, но посочува и дека во овој случај тоа е оправдано. - Неопходно е да се излезе од пандемијата, а вакцинацијата е единствениот начин да се направи тоа и да се вратиме на нормалниот тек на животот, вели таа. Едштадлер нагласи дека Законот за задолжителна вакцинација истекува во јануари 2024 година, но дека тоа може да се случи и порано доколку пандемијата го дозволи тоа. Таа додаде дека властите нема да го проверуваат статусот на вакцинација на населението до средината на март. Оние кои ќе одбијат вакцинација ќе се соочат со казни од 600 до 3.600 евра. Исклучоци од вакцинација се дозволени само поради медицински причини или бременост.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kazni-od-600-do-3-600-evra-za-sekoj-shto-kje-odbie-vakcina-od-denes-vo-ovaa-evropska-drzava-stapuva-na-sila-zakonot-za-zadolzitelna-vakcinacija/feed/ 0
САД ќе бараат задолжително вакцинирање против Ковид-19 за работниците кои ја минуваат копнената граница https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-kje-baraat-zadolzitelno-vakciniranje-protiv-kovid-19-za-rabotnicite-koi-ja-minuvaat-kopnenata-granica/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-kje-baraat-zadolzitelno-vakciniranje-protiv-kovid-19-za-rabotnicite-koi-ja-minuvaat-kopnenata-granica/#respond Fri, 21 Jan 2022 07:28:32 +0000 https://kurir.mk/?p=621536

Вашингтон, 21 јануари 2022 (МИА) – Американското Министерство за домашна безбедност (DHS) вчера најави дека есенцијалните работници, како што се возачите на камиони и медицинските сестри, кои ја преминуваат границата на копнените премини, од утре ќе мора да бидат целосно вакцинирани против Ковид-19. Администрацијата на претседателот Бајден во октомври најави дека на патниците од Канада и Мексико од 8 ноември повторно ќе им дозволи да влезат во САД преку копнените гранични премини, но само доколку се целосно вакцинирани. Границата на САД со Канада и Мексико веќе 20 месеци е затворена поради стравот од ширење на коронавирусот за секој што не патува поради обврска, а Министерството за домашна безбедност вчера најави дека ќе ја прошири одредбата на работници кои не се државјани на САД или во САД имаат постојан престој. -Граѓаните кои не се американски државјани кои влегуваат во САД преку копнени граници или терминали за траект долж северната и јужната граница од сабота ќе треба да бидат целосно вакцинирани против Ковид-19 и подготвени да приложат сертификат за вакцинација, изјави министерот Алехандро Мајоркас. За разлика од луѓето кои патуваат со авион, оние што ја минуваат границата на копнени премини не мора да покажат негативен тест за Ковид 19. Канада на 15 јануари донесе уредба со која се бара возачите на камиони кои влегуваат во земјата од САД да бидат вакцинирани.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-kje-baraat-zadolzitelno-vakciniranje-protiv-kovid-19-za-rabotnicite-koi-ja-minuvaat-kopnenata-granica/feed/ 0
Од 1 февруари во Австрија се воведува задолжителна ванцинација против Ковид-19 https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/od-1-fevruari-vo-avstrija-se-voveduva-zadolzitelna-vancinacija-protiv-kovid-19/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/od-1-fevruari-vo-avstrija-se-voveduva-zadolzitelna-vancinacija-protiv-kovid-19/#respond Thu, 20 Jan 2022 19:46:42 +0000 https://kurir.mk/?p=621460

Австрискиот парламент денеска изгласа задолжителна вакцинација на возрасните против Ковид-19 од 1 февруари. Австрија е првата земја во Европа која воведува задолжителна вакцинација. Пратениците гласаа за задолжителна вакцинација, што ќе важи за сите жители на возраст од 18 и повеќе години. Исклучок се бремените жени, лицата кои не можат да се вакцинираат од здравствени причини или кои закрепнале од инфекција со коронавирус во последните шест месеци. До средината на март е планиран преоден рок без казни, а потоа високи казни до 3.600 евра.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/od-1-fevruari-vo-avstrija-se-voveduva-zadolzitelna-vancinacija-protiv-kovid-19/feed/ 0
Австрискиот парламент ќе гласа за задолжителна вакцинација против Ковид https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/avstriskiot-parlament-kje-glasa-za-zadolzitelna-vakcinacija-protiv-kovid/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/avstriskiot-parlament-kje-glasa-za-zadolzitelna-vakcinacija-protiv-kovid/#respond Thu, 20 Jan 2022 08:24:28 +0000 https://kurir.mk/?p=621200

Австрискиот парламент денеска треба да гласа за воведување задолжителна вакцинација против Ковид-19, која треба да стапи на сила на почетокот на февруари. Како што пренесуваат австриските медиуми, за предлогот се очекува јасно мнозинство, бидејќи покрај владејачката партија од Австриската народна партија и Зелените, „за“ најверојатно ќе гласаат и многу пратеници меѓу опозициските социјалдемократи и либерали. Екстремно десничарската Партија на слободата (ФПО), од друга страна, жестоко се спротивставува и го критикува планот. Задолжителната вакцинација би важела за сите граѓани над 18 години. Исклучоци се планирани за трудниците и сите оние кои не треба да се вакцинираат од здравствени причини. Бундесратот, Горниот дом на австрискиот Парламент што ги претставува сојузните држави, се очекува да го поддржи законот на 3 февруари. Новиот закон е предмет на жестока јавна расправа. Десетици илјади луѓе редовно демонстрираат против Ковид мерките наметнати од Владата и против идејата за задолжителна вакцинација. Во моментов, околу 75 отсто од луѓето во Австрија примиле две дози од вакцината.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/avstriskiot-parlament-kje-glasa-za-zadolzitelna-vakcinacija-protiv-kovid/feed/ 0
Словенија се откажа од воведување задолжителна вакцинација https://arhiva.kurir.mk/svet/region/slovenija-se-otkaza-od-voveduvanje-zadolzitelna-vakcinacija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/slovenija-se-otkaza-od-voveduvanje-zadolzitelna-vakcinacija/#respond Wed, 12 Jan 2022 16:43:58 +0000 https://kurir.mk/?p=618549

Словенечките епидемиолози не и препорачуваат на владата да воведе задолжителна вакцинација против Ковид-19. Сепак, тие сугерираат дека поради зголемениот број на инфекции со омикрон, негативните тестови за коронавирус не се користат како олеснување во работата и активностите, туку само потврда за вакцинација или болест. Експертската група која работи во рамките на Словенечкиот институт за јавно здравје (NIJZ) и предложи на словенечката влада да ги заостри условите за работа и движење поради порастот на бројот на заразени, објави Словенечката новинска агенција (STA). На неодамнешниот состанок на советодавното тело, беше заклучено дека задолжителната вакцинација во сегашната фаза на епидемијата нема да биде соодветна, но дека поради брзиот раст на новите инфекции во последно време, се препорачува од т.н. PCT-услови за активности и работа (прележани, вакцинирани, тестирани), да се воведе правилото ПЦ, што значи дека негативниот тест за коронавирус повеќе нема да важи. Вакво решение веќе воведоа неколку европски земји, меѓу кои Австрија и Италија, но не се знае дали владата на Јанез Јанша веќе го разгледала предлогот и кога има намера да донесе одлука за него. Владата есента минатата година одлучи да воведе задолжителна вакцинација за државната администрација, но таа беше оспорена и суспендирана од Уставниот суд. Експертската група предложи владата да усвои стратегија во случај на нови бранови на епидемијата кои би можеле да ги оптоварат болниците и здравствениот систем.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/slovenija-se-otkaza-od-voveduvanje-zadolzitelna-vakcinacija/feed/ 0
Италија: Задолжителна вакцинација против коронавирус за лица над 50 години https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/italija-zadolzitelna-vakcinacija-protiv-koronavirus-za-lica-nad-50-godini/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/italija-zadolzitelna-vakcinacija-protiv-koronavirus-za-lica-nad-50-godini/#respond Thu, 06 Jan 2022 10:01:35 +0000 https://kurir.mk/?p=616415

Италијанската влада донесе мерка со која се бара лицата постари од 50 години да се вакцинираат против коронавирус, бидејќи земјата се соочува речиси секојдневно со нови рекорди во бројот на инфекции предизвикани од сојот омикрон – Сакаме да го запреме растот на инфекциите и да ги принудиме Италијанците кои се уште не се вакцинирани – изјави премиерот Марио Драги на седницата на Владата во средата, пренесува АП. Драги рече и дека одлуката за задолжителна вакцинација на старите лица е донесена поради загриженост дека тие се изложени на поголем ризик од хоспитализација и „да се намали притисокот врз болниците и да се спасат животи“. Претходно во текот на денот, во Италија беа потврдени 189.000 нови инфекции. Владата не кажа со какви казни ќе се соочуваат невакцинираните постари лица, но министерот за здравство Роберто Сперанза им рече на новинарите дека секој на возраст од 50 или повеќе години ќе биде проверен за „супер зелена пропусница“ пред да влезе на своите работни места. Условот за „супер зелена пропусница“ на работното место за повозрасните работници во јавниот и приватниот сектор стапува на сила од 15 февруари, за да им се овозможи целосно вакцинирање доколку тоа веќе не го сториле. Владата наведе и дека сите што работат на факултет мора да се вакцинираат, без разлика на возраста, а во моментов вакцинацијата е задолжителна за наставниците, здравствените работници, припадниците на армијата и полицијата, без разлика на возраста. Донесена е и мерка според која секој што работи или добива услуги во козметички салони и слични установи ќе мора да има негативен тест за корона вирусот, доколку не е вакциниран или неодамна не закрепнал од Ковид-19. Истото правило ќе важи и за продавниците во трговските центри и банките и поштите, а аптеките и продавниците за храна ќе бидат изземени од ова правило, наведува АП.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/italija-zadolzitelna-vakcinacija-protiv-koronavirus-za-lica-nad-50-godini/feed/ 0