задолжителна – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 08 Feb 2022 14:31:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png задолжителна – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Петличковски и Мехмедовиќ: Не се размислува за задолжителна вакцинација https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/petlichkovski-i-mehmedovikj-ne-se-razmisluva-za-zadolzitelna-vakcinacija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/petlichkovski-i-mehmedovikj-ne-se-razmisluva-za-zadolzitelna-vakcinacija/#respond Tue, 08 Feb 2022 14:31:00 +0000 https://kurir.mk/?p=628708

Портпаролот на Комисијата за заразни болести, д-р Злате Мехмедовиќ денеска на прес-конференција посочи дека не се размислува за задолжителна вакцинација, туку Комисијата разговарала како е можно да се поттикне вакцинацијата, со цел создавање колективен имунитет. – Се разговараше на таа тема како е можно да се поттикне вакцинацијата. Се размислува во насока на тоа да има и централизирана кампања за да може да имаме малку поорганизиран пристап до начинот со којшто допираме до граѓаните, за да им објасниме кој е бенефитот од вакцинацијата. Од друга страна, се размислува и за такви групи односно за оние што ни се најпроблематични. Пред се, тука треба да ги споменеме оние кои имаат сериозни коморбидитети, заболувања коишто ја влошуваат ситуацијата кога ќе имате КОВИД-19 пропратен како на еден од ризик-факторите којшто може да даде тешка клиничка форма на болеста или којшто може да даде смртен исход. Тие таргет групи сега се сериозно во фокусот, вели Мехмедовиќ. Тој додаде дека се разработува брза стратегија која што ќе даде сериозен акцент на вакцинација за да се подигне колективниот имунитет. Во однос на извештајот кој беше презентиран од Институтот за јавно здравје каде е направена анализа на сите случаи на хоспитализација и смрт од КОВИД-19 во периодот од 1 до 31 јануари за 2022 година, претседателот на Комисијата Александар Петличковски вели оти тој имал за цел да ги потврди ризиците за смрт и хоспоталицација не само по однос вакциниран, туку колку време поминало после вакцинацијата. – И ако по таа основа сметаме повеќе од шест месеци поминато време, ефикасноста на вакцината не е истата со три месеци после вакцинацијата, затоа се издвоени во таа анализа и тие податоци, вели тој додавајќи дека 97 отсто се намалува ризикот за смрт и 91 отсто рзикот од хоспиталицација ако вакцината е примена во последните три месеци, или доколку се работи за вклучена трета доза, рече тој. Петличковски кажа дека во светот за заокружен циклус на вакцинација се однесува или на три дози или на две дози со прележаност, а трите дози даваат 95 отсто гаранција за заштита од смрт. Во однос дали Комисијата размислува за ограничување на сертификатите за втората доза, по примерот на ЕУ, Петличковски одговори потврдно. – Јасно ни е дека треба да се движиме накај трета доза. Во Англија, на пример, над 65 проценти од населението, имаат примено трета доза. Кај нас тој процент е околу пет. Значи тука имаме дупка и нашиот фокус е таа дупка е да ја пополниме. И таму ќе се насочиме, да стимулираме, поттикнуваме вакцинација со трета доза, вели Петличковски. Мехмедовиќ, пак, на истотот прашање одговори оти направиле куса анализа за тоа како системот тоа би можел да го поддржи. – Ова како предлог треба да се искомуницира со јавноста и да се види како тоа ќе биде прифатено, меѓутоа, во основа медицинското укажување е дека треба да има ограничување на таа втора доза на вакцинација, рече Мехмедовиќ. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/petlichkovski-i-mehmedovikj-ne-se-razmisluva-za-zadolzitelna-vakcinacija/feed/ 0
Задолжителна вакцинација во Формула 1 https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/zadolzitelna-vakcinacija-vo-formula-1/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/zadolzitelna-vakcinacija-vo-formula-1/#respond Mon, 31 Jan 2022 16:37:32 +0000 https://kurir.mk/?p=625116

Сите инволвирани во Формула 1 шампионатот во новата сезона ќе мора да бидат вакцинирани и нема да има можност за ослободување од оваа обврска, – одлучило раководството на шампионатот. Одлуката значи дека не само возачите, туку и сите вработени во боксовите на екипите, пропратен персонал, вип гости, па и новинарите кои ќе бидат акредитирани мора да имаат примено две дози ковид вакцина, а на тој начин нема да има ограничувања во однос на индивидуалните ограничувања на државите организатори на Ф1 трките. Од друга страна, ваквиот статус на сите учесници може да донесе помалку тестирања и намалување на нивото на ригорозност околу специфичните меури кои ги наметна Формула 1 за намалување на ризикот од ширење на вирусот. Формула 1 беше првиот спорт кој ги активираше активностите по првичните одлагања на почетокот на пандемијата, а целосната вакцинираност за сите инволвирани беше одамна најавена и сега само потврдена и од клубовите учесници. Новата сезона е најавена со 23 трки, а одлуката во однос на вакцините не би требало да има влијание врз статусот на возачите, бидејќи се верува дека сите се вакцинирани.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/zadolzitelna-vakcinacija-vo-formula-1/feed/ 0
Грција воведе задолжителна вакцинација за лица над 60 години https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grcija-vovede-zadolzitelna-vakcinacija-za-lica-nad-60-godini/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grcija-vovede-zadolzitelna-vakcinacija-za-lica-nad-60-godini/#respond Mon, 17 Jan 2022 09:11:24 +0000 https://kurir.mk/?p=620189

Грчкиот премиер го испрати последниот повик до постарите граѓани да се вакцинираат пред месечните казни да почнат да се наметнуваат следната недела. Нашите сограѓани постари од 60 години и сè уште невакцинирани – ги охрабрувам денес: направете го овој чекор“, рече премиерот Киријакос Мицотакис во саботата за време на посетата на здравствениот центар во Мегара, во близина на Атина. Заштитете го вашиот живот и животите на оние што ги сакате и разберете дека вакцината е безбедна и спасува животи“. Граѓаните над 60 години ќе се казнуваат со 50 евра од понеделник и по 100 евра секој месец од февруари, доколку не се вакцинирани. Сите приходи ќе бидат наменети за здравствениот систем на земјата, објавија грчките медиуми. Оние кои имаат потврди за закрепнување од ковид и докажани медицински ослободувања нема да подлежат на казни. Луѓето вакцинирани во странство ќе можат да ги регистрираат своите вакцини преку владината веб-страница.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grcija-vovede-zadolzitelna-vakcinacija-za-lica-nad-60-godini/feed/ 0
Србија ќе ја враќа задолжителната воена служба? https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srbija-kje-ja-vrakja-zadolzitelnata-voena-sluzba/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srbija-kje-ja-vrakja-zadolzitelnata-voena-sluzba/#respond Thu, 28 Jan 2021 14:31:03 +0000 https://kurir.mk/?p=461076

На денешниот состанок на српскиот воен врв со претсеателот Александар Вучиќ, разговарано е за можноста за враќање на задолжителната воена служба, на електронското војување и купување на нови беспилотни летала, јави дописникот на МИА од Белград. Претседателот Вучиќ по средбата изјави дека е направено „многу“ на подобрување на борбената готовност и на набавката на „најмодерното оружје и воена опрема“. -Набавивме од системот Панцир до беспилотни летала, оваа година ќе посветиме посебно внимание на електронското војување. Ги утврдивме нашите недостатоци, ќе купиме уште повеќе радарски системи, уште беспилотни летала, изјави Вучиќ. Тој кажа дека е покренато прашањето и за враќање на задолжителната воена служба и дека за тоа ќе се води широка дискусија во јавноста. -Тоа има свои добри и лоши страни. Некои од лошите се тоа што само во објектите и храната тоа ќе чини над осум милијарди евра, сметајте 70 милиони евра (годишно), а кога ќе се обезбедат и приходите за војниците, треба да се издвојат уште 1,2 до 1,8 милијарди евра, кажа Вучиќ, Како што оцени, „добра страна е што некои гарнизонски места што се празни ќе бидат пополнети и во некои помали општини животот ќе се врати “. Имаме проблем со оние кои имаат малку пониски плати и можат на друго место да добијат многу повисоки плати. Сега имате, на пример, две фабрики во Лозница – Минт и Алиент. Ние на обичниот војник му даваме 45.000 динари, а просечната плата во тие фабрики е 51.000. Зошто некој би бил во војска кога таму платата е многу поголема, кажа Вучиќ кој најави дека оваа година ќе има „големо зголемување“ на платите на припадниците на српската војска.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srbija-kje-ja-vrakja-zadolzitelnata-voena-sluzba/feed/ 0