задолжително носење маски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 08 Aug 2020 13:37:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png задолжително носење маски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Повеќе од 1.400 француски општини наложија задолжително носење маски надвор https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/povekje-od-1-400-francuski-opshtini-nalozija-zadolzitelno-nosenje-maski-nadvor/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/povekje-od-1-400-francuski-opshtini-nalozija-zadolzitelno-nosenje-maski-nadvor/#respond Sat, 08 Aug 2020 13:37:52 +0000 https://kurir.mk/?p=388132

За да се запре ширењето на коронавирусот во Франција, маската отсега ќе биде потребно да се носи и во градските центри, на пазарите или на зелените површини, како парковите, јави дописникот на МИА од Париз. Првпат беше задолжително да се носи маска на сите јавни места, на 20 јули. И сега таа обврска се прошири на многу градски центри. Ова најмногу, со оглед на тоа што Министерството за здравство препорачува да се носи маска на главните прометни улици, каде што не може да се почитува социјалното растојание, по што повеќе градови ја преземаат својата одговорност со што се наложи носење на маска.   Повеќе од 60 општини во Мајен, департман каде што вирусот активно циркулира веќе неколку недели, воведоа обврска за носење маска. И таа е радикална. Маската мора да се носи на сите места во градот, како што се Лавал, Мајен, Шанже или Лувиње и може да се извади само дома. Брест, Бајон, Нанси, Стразбур, Ле Тукет, Валенсиен, Кан, Ница, Орлеанс … И уште многу други градови бараат носење маска, или насекаде и во кое било време (што е поретко, како во Мајен), или во дефинирани делови, како што се туристички делови и пазари и во одредени периоди. На пример, во Марсеј се однесува на три зони. Исто е и во Рен, каде е задолжителна во центарот на градот и на пазарите на отворено. Турс и Ница го направија задолжително носењето на маска  од 10 до 1 часот по полноќ на одредени места, Лил, во пешачки области, трговски центри, пазарите и зелените површини, во Тулуз е слично како и во Амиен. Во Париз, сепак, ситуацијата сè уште не е јасна. Префектурата, на барање на градоначалничката Ан Хидалго, пред неколку дена објави дека маската ќе стане задолжителна во дел од градот. Од 4 август, списокот на овие места сè уште се подготвува и треба да биде објавен „на почетокот на неделава“. Во Корзика, носењето маска станува задолжително од оваа сабота во туристичките области на големите градови, како Ајачио, Порто-Векио, Сартен, Портичио, Бастија, Калви, Л’Иле-Рус, Сен Флорент, Алерија или Корте. Исто како и за затворените јавни места, казната за непочитување на носење маска на отворено е 135 евра. Во случај на повторен прекршок, тогаш може да се искачи на 1.500 евра. Во екстремен случај, оној на тројно повторување, ќе бидат потребни 3.750 евра парична казна и шест месеци затвор. Така, околу 1.400 општини ја наметнаа досега оваа обврска за носење маска. Пред неколку месеци генералниот директор за здравство Жером Саломон уверуваше преку радио и телевизија дека нема полза од  носењето на маската на улица. Но, во меѓувреме нештата се променија  и Оливие Веран, министерот за здравство, потсети дека маската е корисна кога не може да се почитува социјалното растојание, како на пазарите, галериите за купување или главните туристички улици. Оттогаш, таа стана задолжителна. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/povekje-od-1-400-francuski-opshtini-nalozija-zadolzitelno-nosenje-maski-nadvor/feed/ 0
Задолжително носење маски во Мадрид https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zadolzitelno-nosenje-maski-vo-madrid/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zadolzitelno-nosenje-maski-vo-madrid/#respond Tue, 28 Jul 2020 13:42:09 +0000 https://kurir.mk/?p=382713

Властите во Мадрид донесоа одлука за задолжително носење маски секаде, како дел од мерките за да се спречи ширењето на коронавирусот во градот. Баровите во шпанскиот главен град мора да бидат затворени во еден часот по полноќ, а собирањата во рестораните на отворено ќе бидат ограничени на 10 лица. Проверките ќе бидат зголемени и на главниот аеродром во шпанскиот главен град. Властите исто така препорачаа и максимално собирање до 10 лица на приватни собири дома, но таа препорака не е обврзувачка.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zadolzitelno-nosenje-maski-vo-madrid/feed/ 0
Задолжително носење маски во Франција од следната седмица https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zadolzitelno-nosenje-maski-vo-francija-od-slednata-sedmica/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zadolzitelno-nosenje-maski-vo-francija-od-slednata-sedmica/#respond Thu, 16 Jul 2020 14:05:52 +0000 https://kurir.mk/?p=377202

Франција воведе задолжително носење маски на јавни затворени места од следната недела, соопшти владата откако земјата регистрира ново зголемување на случаите со коронавирус. До сега, маските беа задолжителни само во јавниот превоз. Но, пред Сенатот, премиерот Жан Кастекс најави дека маските ќе бидат задолжителни и во продавниците и друг затворен простор. Министерот за здравство Оливие Веран изјави дека има знаци дека случаите со коронавирус почнуваат да се зголемуваат. Во епидемијата досега починаа повеќе од 30 000 луѓе во Франција. Тој објасни дека е забележано зголемување на бројот на пациенти во некои болници во Париз. Министерот ги повика Французите да останат будни и активни во борбата против вирусот. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zadolzitelno-nosenje-maski-vo-francija-od-slednata-sedmica/feed/ 0
Брнабиќ: Ќе предоложам задолжително носење маски во затворен простор во цела Србија https://arhiva.kurir.mk/svet/region/brnabikj-kje-predolozam-zadolzitelno-nosenje-maski-vo-zatvoren-prostor-vo-cela-srbija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/brnabikj-kje-predolozam-zadolzitelno-nosenje-maski-vo-zatvoren-prostor-vo-cela-srbija/#respond Mon, 13 Jul 2020 14:28:09 +0000 https://kurir.mk/?p=375243

Српската премиерка Ана Брнабиќ денеска изјави дека ќе предложи задолжително носење маски во затворен простор во цела Србија, без оглед дали во некое место е прогасена или не вонредна состојба. Таа истакна дека во изминатите четири дена се намалил бројот на новозаболени лица со Ковид-19, додавајќи оти тоа е резултат на носењето заштитни маски во градовите, каде е прогласена вонредна состојба. Брнабиќ наведе и дека во изминатите 24 часа во Србија хоспитализирани се 159 лица позитивни на новиот коронавирус. Во Србија досега со Ковид-19 се инфицирале 18.639 лица, од кои 405 починаа, а оздравеле 13.940 луѓе. (MИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/brnabikj-kje-predolozam-zadolzitelno-nosenje-maski-vo-zatvoren-prostor-vo-cela-srbija/feed/ 0
Задолжително носење маски на затворени места во Франција https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zadolzitelno-nosenje-maski-na-zatvoreni-mesta-vo-francija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zadolzitelno-nosenje-maski-na-zatvoreni-mesta-vo-francija/#respond Mon, 13 Jul 2020 11:14:46 +0000 https://kurir.mk/?p=375119

Министерот за здравство на Франција најавува дека на идниот Совет за одбрана ќе се разгледа прашањето за задолжително носење маски на затворени места. -Гледаме дека има опуштање,  изјави министерот за здравство Оливие Веран, пренесе „Франс Инфо“. Ситуацијата може да ја натера владата „посилно да охрабрува во одредени ситуации да се почитува растојанието и доколку е потребно да се носи маска“. -Целооо проблем се затворените места, каде се собираат луѓе (и) не можат да го почитуваат растојанието од најмалку еден метар. Денеска им препорачуваме на Французите кои не можат да го почитуваат растојанието и со тоа се изложуваат на ризик да го пренесат вирусот, да носат маска, изјави Оливие Веран. Одлуката за задолжително носење маска, во случај на непочитување, може да доведе до санкции, но според министерот, тоа треба да биди предмет на одлука на Национален совет за одбрана. Ова прашање може да се разгледа на следниот Совет за одбрана, закажан за среда. Во колумната објавена во „Ле Паризиен“ во саботата, десетина лекари повикуваат маската да се носи на сите затворени места, да се почитува физичкото растојание колку што е можно повеќе и да се мијат рацете што е можно почесто. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zadolzitelno-nosenje-maski-na-zatvoreni-mesta-vo-francija/feed/ 0