задолжително – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 11 Oct 2020 07:34:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png задолжително – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Носењето маска на отворено стана задолжително во Техеран https://arhiva.kurir.mk/makedonija/nosenjeto-maska-na-otvoreno-stana-zadolzitelno-vo-teheran/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/nosenjeto-maska-na-otvoreno-stana-zadolzitelno-vo-teheran/#respond Sun, 11 Oct 2020 07:34:51 +0000 https://kurir.mk/?p=414950

Иранскиот претседател Хасан Рохани им соопшти на Иранците дека носењето маска на отворени јавни места во главниот град Техеран станува задолжително, а оние што нема да ја почитуваат оваа нова мерка ќе бидат казнети. Иран поминува низ третиот бран од епидемијата, а дневниот број на смртни случаи неделава достигна црн рекорд, со 239 лица жртви на инфекцијата со коронавирусот. Во последните 24 часа во земјата умреа 195 лица, со што вкупниот број на смртни случаи од коронавирус достигна 28.293, а бројот на заразени во просек дневно изнесува 3.875, соопшти Министерството за здравство, пренесе Гардијан. Иран уште во јули ја воведе обврската за носење маска на затворени јавни простории, но без казни за прекршителите на оваа мерка. Маските сега се задолжителни и на отворен и на затворен јавен простор во Техеран. Рохани во телевизиско обраќање рече дека сите што ќе се најдат без маска ќе бидат казнети со 500 ријали, а заразените кои не биле во карантин ќе треба да платат два милиони ријали (речиси 2.000 американски долари). Британските медиуми пренесуваат дека од 3 октомври во Техеран се затворени училиштата, продавниците, рестораните и другите јавни институции. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/nosenjeto-maska-na-otvoreno-stana-zadolzitelno-vo-teheran/feed/ 0
Задолжително носење маски во Сеул поради зголемен број заразени од Ковид-19 https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zadolzitelno-nosenje-maski-vo-seul-poradi-zgolemen-broj-zarazeni-od-kovid-19/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zadolzitelno-nosenje-maski-vo-seul-poradi-zgolemen-broj-zarazeni-od-kovid-19/#respond Mon, 24 Aug 2020 09:27:29 +0000 https://kurir.mk/?p=394514

Првпат од избувнувањето на пандемијата на коронавирусот, Сеул воведе обврска за носење заштитни маски во јавност, како во затворен простор, така и на отворено, поради зголемениот број новозаразени, што на ниво на цела Јужна Кореја веќе 11. ден е изразено во трицифрен број. Во мај, градските власти во Сеул наложија задолжително носењето маски во јавниот превоз и такси возилата, што беше случај досега. Како што јавуваат агенциите, бројот на нови случаи на Ковид-19 вчера бил 266, од кои повеќето се жители на градското подрачје на Сеул, но има заразени и во други големи градови, како Бусан, Теџон и Сеџон. Заразата се шири во сите 17 региони низ Јужна Кореја, што доведе до построги мерки на социјално дистанцирање во сите делови на земјата. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zadolzitelno-nosenje-maski-vo-seul-poradi-zgolemen-broj-zarazeni-od-kovid-19/feed/ 0
Париз: Забрането собирање на повеќе од 10 луѓе, задолжително е носење маска https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pariz-zabraneto-sobiranje-na-povekje-od-10-lugje-zadolzitelno-e-nosenje-maska/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pariz-zabraneto-sobiranje-na-povekje-od-10-lugje-zadolzitelno-e-nosenje-maska/#respond Sat, 15 Aug 2020 08:27:52 +0000 https://kurir.mk/?p=390970

Во Париз е забрането е да се собираат повеќе од 10 лица ако не можат да се почитуваат епидемиолошките мерки, соопшти париската полиција. Задолжителното носење заштитна маска, кое веќе е на сила на повеќе места во главниот град на Франција, е продолжено утрово во 08,00 часот на дел од Елисејските полиња и на централниот дел на градот каде се наоѓа музејот Лувр. „Ако епидемиолошката состојба се влоши повторно, носењето маска би можело да биде задолжително низ целиот главен град“, додаде полицијата. Маските се задолжителни од понеделник во некои делови на Париз, вклучително и на шеталиштата по должината на реката Сена. Француската Влада вчера ги прогласи Париз и Марсеј и околината на тие градови за зони со висок ризик за инфекција со коронавирус.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pariz-zabraneto-sobiranje-na-povekje-od-10-lugje-zadolzitelno-e-nosenje-maska/feed/ 0
Од денеска задолжителна маска во сите затворени простори во Грција и на Кипар https://arhiva.kurir.mk/svet/region/od-deneska-zadolzitelna-maska-vo-site-zatvoreni-prostori-vo-grcija-i-na-kipar/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/od-deneska-zadolzitelna-maska-vo-site-zatvoreni-prostori-vo-grcija-i-na-kipar/#respond Sat, 01 Aug 2020 13:20:17 +0000 https://kurir.mk/?p=384798

Зголемениот број нови случаи на Ковид-19, како во Грција, така и на Кипар донесе и нови превентивни мерки, меѓу кои и задолжителното носење маска во затворени простори, а во спротивно, предвидени се казни, јави дописничката на МИА од Атина. Откако вчера во Грција беа регистрирани 78 нови случаи, најголем број во изминатите пет дена и поради појавите на опуштеност и непочитување на превентивните мерки, грчката Влада, презема дополнителни мерки, кои вчера ги соопшти заменик-министерот за цивилна заштита на Грција Никос Хардаљас, а дел од нив денеска стапија во сила. До 31 август задолжително е носењето маска во сите затворени простори, вклучувајќи ги и црквите, а за прекршувањето, предвидена е казна од 150 евра. Додека пак постои силна препорака, до 15 август, да се користи и на отворен простор доколку е невозможно одржувањето растојание. Откако беше соопштено дека маската е задолжителна, голем дел од министрите во грчката Влада, како и премиерот Кирјакос Мицотакис, на социјалните мрежи ги променија нивните профилни фотографии, заменувајќи ги со нови, на кои носат маска. Дополнително, до крајот на месецов се забранува организирање на традиционалните фестивали со жива музика т.н. панаѓури. Од денеска, во следните две седмици се откажуваат сите посети во центрите за нега на стари лица, како што се старечките домови, во центрите за бездомници и бегалци, како и во болниците. Дел од мерките ќе стапат во сила во понеделник, како што е онаа за ограничување на 100 лица на бројот на гостите на свадбите, крштенките и погребите, а откако едемиолозите во Грција, во изминатиот период изразуваа особена загриженост за ситуацијата во ноќните клубови, во баровите и слично, каде што на забавите не се почитуваа мерките за одржување растојание, па така, до 9 август, забрането е стоење во кафулињата и ноќните клубови. Зголемен број на новозаразени со Ковид-19 има и на Кипар, вчера беа соопштени 25 случаи, бројка што е особено висока, со оглед на тоа дека во изминатиот период, дневните случаи се движеа од нула до шест. Кипарскиот министер за здравство Константинос Јоану соопшти нови дополнителни мерки, меѓу кои и задолжително носење маска во сите затворени простори, а предвидена е казна од 300 евра за непочитувањето на мерката, како и зголемување од 600 на 1.000 на тестирањата по случаен избор на аеродромите со акцентот ставен на кипарските државјани кои се враќаат од одмор во странство. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/od-deneska-zadolzitelna-maska-vo-site-zatvoreni-prostori-vo-grcija-i-na-kipar/feed/ 0
Романија планира да воведе задолжително носење маски https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/romanija-planira-da-vovede-zadolzitelno-nosenje-maski/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/romanija-planira-da-vovede-zadolzitelno-nosenje-maski/#respond Wed, 29 Jul 2020 12:10:15 +0000 https://kurir.mk/?p=383176

Романските власти планираат да воведат задолжително носење маски на јавни места каде има голем број луѓе и затворање на баровите во 23 часот за да се справи со зголемувањето на бројот на новозаразени со коронавирусот. Во Романија, според податоци на универзитетот Џонс Хопкинс, регистрирани се 47.053 случаи на коронавирус и 2.239 смртни случаи, но бројот на заболени од неодамна се зголемува, така што минатата недела имаше повеќе од 1.000 нови случаи секој ден, јави Би-Би-Си. Романската Влада до јули со указ ги хоспитализираше заразените лица и им нареди на оние што се изложени на вирусот да останат дома. Сепак, на почетокот на месецот Уставниот суд донесе одлука дека тоа не е легално, па 972 позитивни пациенти беа пуштени од болница и покрај советите на лекарите, а околу 3.680 заразени лица воопшто не беа лекувани во болница. Од тогаш донесен е нов закон со кој Владата може да спроведе изолација и хоспитализација. Романскиот министер за здравство, Нелу Татару предупреди дека нивното пуштање може да доведе до скок на бројот на нови случаи. Властите лица исто така истакнаа дека луѓето не преземале хигиенски мерки и не одржувале растојание, а не ја почитувале ниту наредбата да носат маски во јавниот превоз. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/romanija-planira-da-vovede-zadolzitelno-nosenje-maski/feed/ 0
Грција воведува задолжително носење маска во продавници, фурни, месарници, фризерски салони https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grcija-voveduva-zadolzitelno-nosenje-maska-vo-prodavnici-furni-mesarnici-frizerski-saloni/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grcija-voveduva-zadolzitelno-nosenje-maska-vo-prodavnici-furni-mesarnici-frizerski-saloni/#respond Tue, 28 Jul 2020 13:03:27 +0000 https://kurir.mk/?p=382664

Во продавниците за малопродажба, во продавниците за храна, како што се фурни и месарници, во јавните служби што работат со странки, како и во фризерските и козметичките салони, Грција од утре воведува задолжително носење маска, како за граѓаните, така и за вработените, а за прекршување на мерката предвидена е казна од 150 евра, јави дописничката на МИА од Атина. Заменик-министерот за цивилна заштита на Грција Никос Хардаљас на денешната прес-конференција, соопштувајќи ја одлуката порача дека граѓаните ќе треба да научат да живеат со маска. Додаде дека освен новата мерка, продолжуваат да важат правилата за користење маска во супермаркети, јавен превоз, болници и слично. – Од утре во сила се следните мерки: употребата на маска е задолжителна за сите, вработени и странки во јавните служби, банките и останатите служби што работат со странки, во супермаркети и продавници за храна, во јавниот превоз и такси возилата, во лифтовите, во болниците, ординациите и дијагностичките центри, во малопродажбата, во фризерските и козметичките салони. Маската, исто така, е задолжителна за вработените во угостителството, рече Хардаљас и ја повтори силната препорака за употреба на маска во сите други затворени простори, но и на отворено, каде што има многу луѓе и не може да се држи растојание. Иако вчера портпаролот на грчката Влада, Стелиос Пецас спомена дека се разгледува можноста да се воведе задолжителна употреба на маска и за верниците во црквите, сепак, Хардаљас рече дека мнозинството од црквите ги почитуваат превентивните мерки. Говорејќи за текот на епидемијата во земјата, тој истакна дека од почетокот, односно од 25 февруари заклучно со 26 јули 2020 година, во Грција се регистрирани 4.193 случаи на Ковид-19 од кои 429 се активни, а починаа 202 лица. Во однос на контролите спроведени на влезните точки во земјата, Харадаљас соопшти дека од почетокот на месецов, заклучно со 26 јули во Грција влегле вкупно 1.294.798 посетители, биле направени 171.138 тестови и потврдени 344 позитивни случаи. Од нив, 70 се активни, 213 се вратиле во нивните земји на потекло, 61 не се активни и остануваат во Грција. Додека, пак, четири од првите пет земји со најголем број позитивни случаи се држави од Балканот. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grcija-voveduva-zadolzitelno-nosenje-maska-vo-prodavnici-furni-mesarnici-frizerski-saloni/feed/ 0
Во Албанија заштитна маска задолжителна во затворени простории https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-albanija-zashtitna-maska-zadolzitelna-vo-zatvoreni-prostorii/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-albanija-zashtitna-maska-zadolzitelna-vo-zatvoreni-prostorii/#respond Tue, 14 Jul 2020 20:09:53 +0000 https://kurir.mk/?p=375762

Во Албанија носењето заштитни маски и во затворени простории станува задолжително, изјави министерката за здравство Огерта Манастирлиу при посетата на Здравствен дом во Тирана, каде амбулантски се лекуваат пациенти заразени со Ковид-19, а нивната состојба ја следат матични лекари. Таа исто така рече дека ќе бидат казнети сите оние лица кои нема да носат заштитна маска. -Со одлука на Техничкиот комитет на експерти, онака како што тоа го направивме во јавниот превоз или активности со висок ризик, сега ќе бидат задолжителни за сите во затворен простор. Ќе биде една поголема одговорност на сите граѓани, да носат заштитни маски насекаде во затворено. Сите оние лица кои нема го почитуваат тоа ќе бидат казнети.Здравјето нема цена,посочи Манастирлиу. Таа ги отфрли обвинувањата на опозицијата дека во земјата нема доволно тестови. -Има доволно тестови и епидемолошката состојба се следи внимтелно.Апелирам до граѓаните да бидат посовесни во потувањето на препораките,рече таа. Албанија има капацитет за правење до 500 тестови дневно.Засега не се дозволува тестови да се прават во приватни клиники.Најавено е отворање нова лабораторија со над илјада тестови дневно. Послениот месец во Албанија секојдневно се регистрираат висики двоцифрени бројки а завчера за првпат беше регистрирана и троцифрена бројка. Дел од епидемиолозите бараат враќање на полицискиот час за викенд.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-albanija-zashtitna-maska-zadolzitelna-vo-zatvoreni-prostorii/feed/ 0
Во Шпанија задолжително носење маски https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-shpanija-zadolzitelno-nosenje-maski/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-shpanija-zadolzitelno-nosenje-maski/#respond Tue, 19 May 2020 12:03:22 +0000 https://kurir.mk/?p=347820

Владата на Шпанија денеска соопшти дека носењето на маски за лице и понатаму ќе биде задолжително. Одлуката беше донесена по вчерашниот состанок на централната Влада и претставниците на 17 автономни региони на Шпанија. Како и до сега, маските ќе бидат задолжителни во јавниот превоз, во затворени простории и на улица доколку нема можност за дистанца од два метра. Наредбата што официјално го пропишува носењето маски ќе стапи на сила за неколку дена. Шпанија е на трето место по инфицирани лица со Ковид-19, чија бројка се искачи на 278.188, од кои 27.709 починаа, а оздравеа 196.958 луѓе. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-shpanija-zadolzitelno-nosenje-maski/feed/ 0
Носење заштитни маски на улица станува задолжително во Лос Анџелес https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nosenje-zashtitni-maski-na-ulica-stanuva-zadolzitelno-vo-los-andzeles/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nosenje-zashtitni-maski-na-ulica-stanuva-zadolzitelno-vo-los-andzeles/#respond Thu, 14 May 2020 20:31:51 +0000 https://kurir.mk/?p=346021

Носењето маски во Лос Анџелес на отворено сега е задолжително за сите лица над две години. Целта е да се помогне да се запре ширењето на коронавирусот. Тоа го изјави градоначалникот Ерик Гарсети. – Носењето маски кога излегувате од дома помага во заштитата на луѓето со кои влегуваме во контакт. Бараме сите во Лоа Анџелес, освен малите деца или лицата со посебни потреби, да носат заштита за лицето, рече Гарсети – Никогаш не знаете кога ќе се допрете до некој… Имајте ја маската со вас кога ќе го напуштите домот. Заштитни маски веќе се задолжителни во работни затворени простории, додека се користи јавен превоз и на меѓународниот аеродром во Лос Анџелес.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nosenje-zashtitni-maski-na-ulica-stanuva-zadolzitelno-vo-los-andzeles/feed/ 0
Носењето заштитна опрема на носот и устата е задолжително, забрането е групирање на повеќе од две лица https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nosenjeto-zashtitna-oprema-na-nosot-i-ustata-e-zadolzitelno-zabraneto-e-grupiranje-na-povekje-od-dve-lica/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nosenjeto-zashtitna-oprema-na-nosot-i-ustata-e-zadolzitelno-zabraneto-e-grupiranje-na-povekje-od-dve-lica/#respond Tue, 28 Apr 2020 14:27:08 +0000 https://kurir.mk/?p=338770

Владата денеска соопшти дека остануваат да важат мерките за лична заштита, односно задолжителното носење заштитна опрема (маска, марама или шал) на устата и носот, во сите јавни објекти како државни институции, маркети, продавници, банки, пошти, јавен превоз, чекални, здравствени институции и слично. Носењето на заштитна опрема е задолжително и на отворени простори, секогаш кога не може да се одржува минимална дистанца од два метри меѓу граѓаните. Заштитна опрема не е задолжителна за граѓаните кои престојуваат во двор на станбена семејна куќа, возат велосипед или спортуваат на отворено, (но со задолжително одржување на дистанца од два метри растојание), ако патуваат во моторно возило со лица кои заедно живеат, како и ако се наоѓаат на отворено каде може да одржуваат дистанца од два метри. За непочитување на Уредбата за носење на заштитна опрема, од 30-ти април предвидени се казни и тоа: во висина од 20 евра во денарска противвредност за физичките лица, а за компаниите каде не се почитуваат мерките за носење заштитна опрема за вработените и посетителите, предвидена е казна од 2.000 евра во денарска противвредност. Владата информира дека на сила е и забраната за групирање на повеќе од две лица на јавни површини, при што во група од двајца не се вбројуваат децата под 14 години на тие лица. Овој исклучок важи само за термините кога е дозволено движење на млади лица, надвор од полицискиот час. – Министерството за внатрешни работи интензивно врши контроли на почитување на уредбите и одлуките донесени од Владата и секое непочитување ќе биде санкционирано согласно законските норми, соопшти владината прес служба. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nosenjeto-zashtitna-oprema-na-nosot-i-ustata-e-zadolzitelno-zabraneto-e-grupiranje-na-povekje-od-dve-lica/feed/ 0