задолжување – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 21 Feb 2023 16:28:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png задолжување – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Собранието го донесе Законот за задолжување на ЕСМ кај КфВ банката за ревитализација на хидроелектраните https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sobranieto-go-donese-zakonot-za-zadolzhuvane-na-esm-kaj-kfv-bankata-za-revitalizatsija-na-hidroelektranite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sobranieto-go-donese-zakonot-za-zadolzhuvane-na-esm-kaj-kfv-bankata-za-revitalizatsija-na-hidroelektranite/#respond Tue, 21 Feb 2023 16:28:00 +0000 https://kurir.mk/?p=803277

Собранието во рамки на попладневниот дел од денешната работа по дневниот ред на 103-тата седница едногласно со 89 гласа „за“ го донесе Законот за државна гаранција на обврските по Договорот за заем за финансирање на Програмата за обновлива енергија ЕСМ - Компонента I: Ревитализација на хидроелектрани, кој ќе се склучи меѓу Кредитната банка за обнова – КфВ и АД ЕСМ. Со Законот се овозможува државната енергетска компанија да добие заем од 25 милиони евра од Кредитната банка за обнова – КфВ. Рокот на отплата на заемот е 15 години, со вклучен грејс период од пет години. Каматната стапка ќе се утврдува одделно за секоја транша од заемот при нејзино повлекување. При повлекување на секоја наредна транша се пресметува пондерирана просечна каматна стапка и истата ќе се применува на повлечениот износ од заемот. Заемот ќе се отплаќа во полугодишни рати кои пристигнуваат за плаќање на 30 јуни и 30 декември. Преку Програмата за обновлива енергија ЕСМ - Компонента I ќе се спроведува ревитализација на хидроелектраните Вруток, Врбен, Равен, Тиквеш, Шпилје, Глобочица, Козјак и Св.Петка. Вкупно се потребни 36,2 милиони евра, а покрај заемот од 25 милиони евра, обезбедени се и 11,2 милиони евра инвестициски грант од Инвестицискиот фонд за Западен Балкан - ВБИФ. Со ревитализацијата се очекува да се добие зголемување на инсталираната моќност од минимум 13,5 мегавати и зголемено производство на електрична енергија од околу 47,5 гигават часови годишно, намалени трошоци за одржување, зголемена доверливост и стабилност на системот за снабдување со електрична енергија. Претходните две фази за ревитализација на хидроелектраните исто така се финансирани со заеми, од Светска банка и од КфВ. Нивната инсталирана моќност изнесува околу 85 проценти од вкупната инсталирана моќност на хидроелектраните државата. Овие електрани учествуваат со просечно производство од 1.280 гигават часови, односно со нив се обезбедува 20 проценти од вкупното производство на електрична енергија во државава. Претходно, во попладневниот дел од работата пратениците од опозицијата истакнаа дека со последното задолжување долгот на земјава е зголемен за четири пати и посочија дека единствено решение за спас од непродуктивните задолжувања се предвремени избори и да дојде некоја друга поодговорна власт. Според нив, доколку се продолжи со задолжување во многу скоро време земјава нема да може да го сервисира долгот. Во реплика пратениците од владејачкото мнозинство посочија дека за разлика од порано кога се задолжувавме за изградба на споменици сега од заемите кои се земни од оваа власт за подобрување на патната и водоводната инфраструктура и за поставување на фотоволтаици на јавни објекти се реализираат проекти во општините во интерес на граѓаните со кои се фалат токму градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ. По гласањето претседателот на Собранието Талат Џафери ја прекина седницата и кажа дека за нејзиното продолжение пратениците дополнително ќе бидат известени. Тој за утре го закажа продолжението на 104-тата седница на која се расправа за разрешување на министерот за дијаспора Џемаил Чупи.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sobranieto-go-donese-zakonot-za-zadolzhuvane-na-esm-kaj-kfv-bankata-za-revitalizatsija-na-hidroelektranite/feed/ 0
Николоски: Владата планира задолжување од фрапантни 1 милијарда и 600 милиони евра само за една година https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikoloski-vladata-planira-zadolzhuvane-od-frapantni-1-milijarda-i-600-milioni-evra-samo-za-edna-godina/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikoloski-vladata-planira-zadolzhuvane-od-frapantni-1-milijarda-i-600-milioni-evra-samo-za-edna-godina/#respond Tue, 21 Feb 2023 09:34:01 +0000 https://kurir.mk/?p=803063

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во гостување на Радио Лидер зборуваше за огромното задолжување од 1 милијарда и 600 милиони евра кое владата на СДСМ го планира само за 2023 година, за што рече дека е далеку над буџетскиот дефицит и дека и покрај ваквото фрапантно задолжување граѓаните не можат да забележат околу нив да се гради барем еден инфраструктурен објект. -Само за оваа 2023 година планот на Владата за задолжување е фрапантни, фантастични, незамисливи 1 милијарда и 600 милиони евра. Значи само за една година планираат да се задолжат за милијарда и 600 милиони евра. Буџетскиот дефифицит оваа година, тоа значи дека колку повеќе владата ќе потроши од тоа што може да собере е некаде околу 700 милиони евра или прецизно 695 милиони евра, што значи дека се задолжуваат далеку повеќе од тоа што е буџетски дефицит. Инаку во нормални услови задолжувањето треба да го финансира дефицитот, односно разликата во Буџетот. Е сега за сето ова да не им звучи на луѓето имагинарно затоа што најголемиот трик во овие криминали поврзани со задолжувањето на Македонија е што граѓаните овие работи не ги разбираат и им изгледаат далечно, јас секогаш ги поедноставувам работите, а тоа е следното. На вакво сериозно задолжување, да размислат граѓаните дали гледаат околу нив барем еден инфраструктурен објект кој што го гради државата, а да не е тоа локалната самоуправа. Затоа што градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ со сите проблеми колку можат се обидуваат да работат,истакна Николоски. -„Дали во Македонија во моментов се градат автопати? Дали се градат железници? Дали се градат мостови? Дали се градат брани? Дали се инвестира во брз интернет? Дали се инвестира во 5G мрежа? Дали се инвестира во нови болници или во реконструкција на постојните? Дали се инвестира во основни и средни училишта, дали се инвестира во факултети? Дали во една од овие десет работи може било кој слушател да види дека се инвестира во неговата околина?“ Николоски, исто така направи и компарацира меѓу владите на ВМРО-ДПМНЕ во кои иако задолжувањето било значително помало може да се набројат стотици инфраструктурни објекти и владите на СДСМ кои и покрај огромните задолжувања немаат изградено ништо. -Еве да се споредуваме. Во 2002 година како последна година на првата влада на ВМРО-ДПМНЕ, првата влада на ВМРО-ДПМНЕ беше 1998-2002 година, со војна во Србија и со бомбардирање на Србија 1999 година што резултираше со бегалска криза од Косово и 300 илјади бегалци кои што Македонија требаше да ги храни цела година и војна во Македонија во 2001 година, вкупното задолжување на Македонија во 2002 година, вкупно е милијарда и 500 милиони евра, а во оваа 2023 година, само за една година ќе земат милијарда и 600 милиони. Значи вкупно Македонија независна од 1991, за 11 години Македонија е задолжена милијарда и 500 милиони, а овие бандити сега за една година земаат милијарда и 600 милиони. Во 2008 година како најдобра година на втората влада на ВМРО-ДПМНЕ, вкупното задолжување е милијарда и 300 милиони, што значи се враќале пари, а во провцент од БДП, затоа што секогаш се мери така е 23%, а оваа година, за само една година задолжувањето ќе е милијарда и 600, а вкупното задолжување е 62% од БДП. Во исто време, за време на влади на ВМРО-ДПМНЕ и на првата и на втората можеме сега да наброиме стотина инфраструктурни објекти коишто се изградиле, од автопати до мостови, административни згради итн, а од овие не можеме да се сетиме на ниеден и тоа е огромната разлика во економијата која што ј гледаме, потенцираше Николоски.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikoloski-vladata-planira-zadolzhuvane-od-frapantni-1-milijarda-i-600-milioni-evra-samo-za-edna-godina/feed/ 0
ВМРО-ДПМНЕ: СДС ја задолжува државата 600 милиони евра, затоа што краделе, а во исто време кочи општински обврзници за проекти и развој https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-sds-ja-zadolzhuva-drzhavata-600-milioni-evra-zatoa-shto-kradele-a-vo-isto-vreme-kochi-opshtinski-obvrznitsi-za-proekti-i-razvoj/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-sds-ja-zadolzhuva-drzhavata-600-milioni-evra-zatoa-shto-kradele-a-vo-isto-vreme-kochi-opshtinski-obvrznitsi-za-proekti-i-razvoj/#respond Fri, 10 Feb 2023 07:58:40 +0000 https://kurir.mk/?p=798773

СДС ја задолжува државата 600 милиони евра, затоа што краделе, а во исто време кочи општински обврзници за проекти и развој. СДС се задолжува да покрива дупки кои немало да ги има доколку власта 6 години работеше домаќински. Иако земаат стотици милиони евра кредити, и трошат народни пари од буџети, 6 години немаат направено ниту еден поголем проект, напротив сите проекти се застанати, велат од ВМРО-ДПМНЕ. -Откако се дојдени на власт СДС го зголемија јавниот долг за 65%, т.е. за 3 милијарди евра, тоа се пари кои се потрошени, а ништо не е направено. Од друга страна, СДС како влада, кочи општински обврзници за општините водени од градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ, кои се наменети за капитални инвестиции, со кои им се дава можност на граѓаните преку своја инвестиција да учествуваат во изградба на проект од нивно значење, а потоа да добијат камата за истото во период додека трае обврзницата. Општинските обврзници се за финансирање на проекти, кои власта ги кочи, или за кои нема пари зошто СДС со години ја краде државата, а владата се задолжува за и понатаму да ја краде државата. Разликата е очевидна. Потребни се промени и на централно ниво, за Македонија да тргне кон подобро, стои во соопштението на партијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-sds-ja-zadolzhuva-drzhavata-600-milioni-evra-zatoa-shto-kradele-a-vo-isto-vreme-kochi-opshtinski-obvrznitsi-za-proekti-i-razvoj/feed/ 0
„Владата нема ниту една инвестиција, а се задолжува со 600 милиони евра еврообврзница за да краде, во исто време блокира општински обврзници идеа на ВМРО-ДПМНЕ за реализација на проекти“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-nema-nitu-edna-investitsija-a-se-zadolzhuva-so-600-milioni-evra-evroobvrznitsa-za-da-krade-vo-isto-vreme-blokira-opshtinski-obvrznitsi-idea-na-vmro-dpmne-za-realizatsija-na-proekti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-nema-nitu-edna-investitsija-a-se-zadolzhuva-so-600-milioni-evra-evroobvrznitsa-za-da-krade-vo-isto-vreme-blokira-opshtinski-obvrznitsi-idea-na-vmro-dpmne-za-realizatsija-na-proekti/#respond Thu, 09 Feb 2023 09:06:22 +0000 https://kurir.mk/?p=798275

Владата нема ниту една инвестиција, а се задолжува со 600 милиони евра еврообврзница за да краде, во исто време блокира општински обврзници идеа на ВМРО-ДПМНЕ за реализација на проекти. Вчера владата се задолжи 600 милиони евра, со камата од енормни 6.5%. Рокот на отплата е 4 години, и со тоа се гледа дека оваа обврзница е само за покривање на дупките во буџетот направени од крадење, но и за нови манипулации со јавните финансии, велат од ВМРО-ДПМНЕ. -СДС откако се на власт до сега го зголемиле јавниот долг за 65%, односно од нешто на 4.7 милијарди на 7.7 милијарди евра, а притоа немаат направено ниту една инвестиција, ниту еден нов автопат, пат, аеродром, железничка линија или друг капитален проект, парите ги нема, а никој не знае на што се потрошени. Наспроти инвестиции, секој ден гледаме милионски тендери и фирми блиски до власта кои се јавуваат како изведувачи на истите, парите се трошат, а резултат нема. Спротивната страна на СДС е ВМРО-ДПМНЕ и сосема поинаков пристап кон јавните финансии. Имено градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ со цел зголемена реализација на проекти пристапија кон метод на издавање на општински обврзници, како граѓаните и фирмите ќе можат да финансиираат проект во нивната локална заедница, а притоа во периодот на исплата да земаат и камата. Секој граѓанин ќе знае за што ги дава неговите пари, наместо со СДС, кога се задолжуваат милијарди, народот не знае за што, а утре треба да враќа, без да има бенефит од тоа. Владата уплашена од фактот дека со реализација на општинските обврзници градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ ќе реализираат многу повеќе од тоа што е ветено и тоа во пократок рок, ги кочи обврзниците, стои во соопштението.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-nema-nitu-edna-investitsija-a-se-zadolzhuva-so-600-milioni-evra-evroobvrznitsa-za-da-krade-vo-isto-vreme-blokira-opshtinski-obvrznitsi-idea-na-vmro-dpmne-za-realizatsija-na-proekti/feed/ 0
Задолжувањето на Велика Британија се зголеми во ноември https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zadolzuvanjeto-na-velika-britanija-se-zgolemi-vo-noemvri/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zadolzuvanjeto-na-velika-britanija-se-zgolemi-vo-noemvri/#respond Wed, 21 Dec 2022 14:00:13 +0000 https://kurir.mk/?p=778644

Јавното задолжување на Велика Британија неочекувано скокна минатиот месец, достигнувајќи го највисокото ниво за кој било рекорд во ноември. Поддршката на Владата за домаќинствата и бизнисите со сметки за енергија и зголемување на каматните плаќања го поттикна јавното задолжување на земјата до рекордни 22 милијарди фунти во ноември, пишува „Гардијан“. Канцеларијата за национална статистика (ONS) соопшти дека Владата потрошила повеќе отколку што земала од даноци и други ставки, што значи дека морала да позајми 13,9 милијарди фунти повеќе во ноември отколку една година порано. Ова го зголеми задолжувањето во ноември на рекордно ниво за тој месец откако почнаа да се објавуваат месечните записи во 1993 година. Задолжувањето на јавниот сектор исто така беше поголемо минатиот месец отколку во екот на пандемијата на коронавирусoт, кога Владата започна масивни владини програми за трошење за поддршка на потрошувачите и бизнисите за време на повеќекратни последователни заклучувања. Финансиската поддршка за луѓето и бизнисите за да се справат со зголемените сметки за енергија беше во голема мера одговорна за скокот на исплатата на помош на 13,2 милијарди фунти, што е за 3,3 милијарди фунти повеќе во однос на една година порано, пишува лондонскиот весник. Влијанието на инфлацијата се чувствува и во државните финансии. Имено, од средината на 2021 година, државата мораше да плаќа повисока камата на својот долг главно поради зголемената инфлација, велат од ОНС. Каматата на долгот на централната Влада што требаше да се подмири во ноември изнесуваше 7,3 милијарди фунти, од кои 4,3 милијарди фунти го одразуваат влијанието на инфлацијата. Износот на платената камата беше за 2,4 милијарди фунти повисок отколку во ноември 2021 година и највисок во еден месец од 1997 година кога почна да се мери индексот. Шемата на Владата да им помогне на домаќинствата со сметките за струја ја чинеше земјата 1,9 милијарди фунти во ноември, додава „Гардијан“.

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zadolzuvanjeto-na-velika-britanija-se-zgolemi-vo-noemvri/feed/ 0
Новото задолжување од 530 милиони евра денеска пред пратениците https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/novoto-zadolzuvanje-od-530-milioni-evra-deneska-pred-pratenicite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/novoto-zadolzuvanje-od-530-milioni-evra-deneska-pred-pratenicite/#respond Mon, 14 Nov 2022 06:26:41 +0000 https://kurir.mk/?p=759994

Собранието денеска треба да ја одржи 92. седница. На предложениот дневен ред се две точки. Пратениците треба да ги разгледаат Предлог законот за задолжување на Република Северна Македонија кај Меѓународниот монетарен фонд со Кредитна линија за претпазливост и ликвидност и Предлог законот за задолжување на Република Северна Македонија со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка по Договорот за заем за финансирање на Проектот за градење ефективни, транспарентни и отчетни институции за управување со јавните финансии, двата по скратена постапка. Со кредитната линија за претпазливост и ликвидност од ММФ за поддршка на државниот Буџет треба да се обезбедат 530 милиони евра. Целта на кредитната линија е да обезбеди ефективна заштита од криза за оние земји членки на ММФ кои имаат здрави економски основи, односно политики. За Проектот за градење ефективни, транспарентни и отчетни институции за управување со јавните финансии, пак, се планирани 24,9 милиони евра, од кои заем од Светска банка во износ од 20 милиони евра и 4,9 милиони евра грант од ЕУ кој ќе се администрира преку СБ. Проектот ќе се имплементира преку Единица за управување со проектот, која ќе биде формирана во Министерството за финансии.ев/лв/]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/novoto-zadolzuvanje-od-530-milioni-evra-deneska-pred-pratenicite/feed/ 0
ВМРО-ДПМНЕ: Со новото задолжување од 900 милиони евра, власта на СДСМ и ДУИ ја турка Македонија во должничко ропство https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-so-novoto-zadolzuvanje-od-900-milioni-evra-vlasta-na-sdsm-i-dui-ja-turka-makedonija-vo-dolznichko-ropstvo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-so-novoto-zadolzuvanje-od-900-milioni-evra-vlasta-na-sdsm-i-dui-ja-turka-makedonija-vo-dolznichko-ropstvo/#respond Mon, 09 May 2022 07:31:09 +0000 https://kurir.mk/?p=673791

Владата на СДСМ и ДУИ ја турка Македонија во должничко ропство. Тие за 5 години ја задолжија државата речиси колку сите влади претходно. Долгот кога дојдоа на власт изнесуваше 4,7 милијарди евра, а сега веќе надмина 7 милијарди евра. Згора на тоа сега најавуваат ново задолжување од 900 милиони евра, што е најголемо задолжување кое Македонија го направила и со тоа долгот ќе дојде до 65% од БДП, односно ќе се доближи до фантастични 8 милијарди евра, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата велат дека ваквото ново задолжување од 900 милиони евра не е за развој , туку за одржување на буџетската ликвидност. - Со други зборови, заради дупката во буџетот, Македонија ќе ја задолжат со 900 милиони евра за преживување. Ете до каде не донесе оваа неспособна, неодговорна и криминална власт на СДСМ и ДУИ. Тие се задолжуваат, трошат на кафиња, мебел, службени возила, цвеќиња, фстаци, а народот после сето тоа ќе го враќа, се вели во партиското соопштение.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-so-novoto-zadolzuvanje-od-900-milioni-evra-vlasta-na-sdsm-i-dui-ja-turka-makedonija-vo-dolznichko-ropstvo/feed/ 0
Мицкоски: Власта се задолжува 900 милиони евра за криминал на ДУИ од епски размери https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-vlasta-se-zadolzuva-900-milioni-evra-za-kriminal-na-dui-od-epski-razmeri/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-vlasta-se-zadolzuva-900-milioni-evra-za-kriminal-na-dui-od-epski-razmeri/#respond Thu, 05 May 2022 11:56:41 +0000 https://kurir.mk/?p=672330

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски заедно со градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов во рамките на активноста „Промените се случуваат, секогаш со народот“, извршија увид на градежни активности во населеното место Негорци, каде беше дадена и изјава за медиумите. На новинарско прашање за тоа дали има оправдување за новото најавено задолжување од 900 милиони евра, Мицкоски истакна дека интересно во целата ситуација е тоа како власта сака да ја затскрие вистинската намена на овие 900 милиони евра кои всушност се наменети за проект кој што долго го најавува ДУИ, а како подготовка на истиот во последните денови лице блиско до ДУИ стана дел од сопственичката структура на една македонска градежна компанија. „Ветуваа европска иднина, а донесоа должничко ропство. Она што е интересно и што треба да го знаат граѓаните е обидот да се затскрие вистинската намена на овие 900 милиони евра. Прво ќе излезат и ќе кажат дека биле 900 милиони евра за буџетска поддршка, за ликвидноста на буџетот. Видоа дека таа приказна тешко проаѓа и наидува на критика во јавноста, па потоа се обидоа на мала врата да протнат една друга теза дека се потрошени државните резерви во четвртиот квартал од минатата година и првиот квартал од оваа година, нешто повеќе од дванаесет проценти од вкупниот волумен на државни резерви па требало тие да се покријат. Суштината е нешто друго и повторно главен играч тука е ДУИ, а СДСМ е само набљудувач на тој процес. Тоа се пари кои се наменети за тој проект кој што долго време го најавува ДУИ, а како подготовка на тој проект, изминативе денови е направена промена на сопственичката структура на една стара градежна македонска компанија сопственост на еден бизнисмен а сега во дел од сопственоста влезе лице кое што е блиско до ДУИ“, потенцираше Мицкоски. Тој додаде дека во деновите кои што следат на сите ќе им стане јасно за што се наменети тие 900 милиони евра и јавноста ќе биде сведок на епски криминал. „Почекајте и деновите кои што следат на сите ќе ни биде јасно зошто се наменети овие 900 милиони евра. Повторно за криминал, само на еден поинаков начин. Тоа е суштината и тоа треба да го знаат граѓаните. За реализација на еден проект кој што долго време ДУИ го најавува. А како предигра на таа реализација, ќе повторам, направена е промена на сопственичката структура на една градежна компанија каде што нов сопственик е човек, фамилија блиска до ДУИ. Ќе бидеме сведоци на еден епски криминал кој што ќе се случува во периодот кој што следи“, потенцираше Мицкоски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-vlasta-se-zadolzuva-900-milioni-evra-za-kriminal-na-dui-od-epski-razmeri/feed/ 0
ВМРО-ДПМНЕ: Власта на СДСМ за само 3 години ја задолжи државата за над 2.3 милијарди евра, а со тоа секој граѓанин го задолжи со нови 1.250 евра https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-vlasta-na-sdsm-za-samo-3-godini-ja-zadolzi-drzavata-za-nad-2-3-milijardi-evra-a-so-toa-sekoj-gragjanin-go-zadolzi-so-novi-1-250-evra/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-vlasta-na-sdsm-za-samo-3-godini-ja-zadolzi-drzavata-za-nad-2-3-milijardi-evra-a-so-toa-sekoj-gragjanin-go-zadolzi-so-novi-1-250-evra/#respond Mon, 25 Apr 2022 07:21:03 +0000 https://kurir.mk/?p=667511

Граѓаните во Република Македонија повторно ќе ги преживуваат истите слики и случувања од 90-тите години на минатиот век. Зголемена инфлација, високи цени на основни прехранбени продукти, а ниски примања. Се поголема е сиромаштијата во Македонија. Инфлацијата целосно го изеде стандардот на граѓаните, а власта со прст не мрдна за зголемување на куповната моќ кај населението. Единствено што знае оваа криминална власт предводена од СДСМ и ДУИ е целосен грабеж преку тендери и трошење за непродуктивни работи. Додека се луксузираат со парите на граѓаните, не видовме ниту еден капитален проект завршен од оваа најнеспособна власт. Бидејќи нема капитални инвестиции, БДП на државата за почетокот на оваа година е најниско во регионот, владата на Ковачевски реши повторно да ја задолжи државата. За последните две години криминалците од „Илинденска“ ја задолжија Македонија за над 1.6 милијарди евра, а со новото задолжување оваа власт ќе ги задолжи граѓаните за 2.3 милијарди евра и со тоа јавниот долг на државата ќе изнесува над 7.9 милијарди евра. Под превезот на кризите власта за само 3 години го задолжи секој граѓанин за нови 1.250 евра Економијата во државата е целосно урнисана заради најнеспособната власт која ја имала Македонија од осамостојувањето до денес. Потребни се брзи предвремени парламентарни избори за излез од оваа економска криза во која не втурнаа СДСМ и ДУИ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-vlasta-na-sdsm-za-samo-3-godini-ja-zadolzi-drzavata-za-nad-2-3-milijardi-evra-a-so-toa-sekoj-gragjanin-go-zadolzi-so-novi-1-250-evra/feed/ 0
ВМРО-ДПМНЕ: Задолжувањето кое го најавува Бесими е резултат на неспособноста и криминогеноста на владата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/vmro-dpmne-zadolzuvanjeto-koe-go-najavuva-besimi-e-rezultat-na-nesposobnosta-i-kriminogenosta-na-vladata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/vmro-dpmne-zadolzuvanjeto-koe-go-najavuva-besimi-e-rezultat-na-nesposobnosta-i-kriminogenosta-na-vladata/#respond Fri, 22 Apr 2022 06:59:55 +0000 https://kurir.mk/?p=666804

Задолжувањето кое го најавува Бесими е резултат на неспособноста и криминогеноста на владата. Фатмир Бесими најави ново задолжување, под превезот за буџетски потреби. Тоа буквално значи дека владата ја клекнала економијата на колена и во буџетот немаме намалени проливи, а зголемени расходи, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата потсетуваат дека 5 години ВМРО-ДПМНЕ предупредува на лошите економски политики, проследени со криминал, корупција и местење тендери, 5 години владата продолжува со исто темпо и резултат веќе сите го гледаме. - Државата има јавен долг над 7 милијарди евра, а повеќе не се задолжуваме како држава за нови проекти, туку за буџетско одржување, т.е. преживување. Потребни се итни мерки за заздравување на економијата и поттикнување на економскиот раст, а тоа се процеси кои СДСМ и ДУИ не можат да ги водат. Затоа потребни се предвремени избори час поскоро, се додава во партиското соопштение.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/vmro-dpmne-zadolzuvanjeto-koe-go-najavuva-besimi-e-rezultat-na-nesposobnosta-i-kriminogenosta-na-vladata/feed/ 0